RSS

31 недела по Педесетница. Исцелението на јерихонскиот слепец

19 Јан

ТРИЕСЕТ И ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“

(Лука 18: 38)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Светлината како поим отсекогаш го привлекувала вниманието на човекот низ сите времиња и кај сите народи. Затоа таа опфаќа едно големо поглавје во изучувањето на човечката духовност, а култот на светлината зазема значајно место во историјата на религијата.

Колку е тешка и мрачна состојбата на оној човек, кој, по Божја промисла, нема можност да ја здогледа светлината од овој свет и на истата да се радува. Токму таков случај ни беше опишан во денешното Евангелие, кога Спасителот Христос одејќи кон Ерихон, поминал покрај еден слеп човек, кој седел покрај патот и просел. Чувствувајќи дека покрај него поминува Оној, Кој има сила и мртви да воскреснува, слепецот на цел глас извикал: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“, со една и единствена желба: „Господи, да прогледам!“. На овој негов искрен и срдечен повик, Семожниот Бог кратко и јасно му одговорил: „Прогледај! Верата твоја те спаси!“.

Штом се најде во опасност, секое живо суштество на земјава бара помош. Малото дете кога покрај себе нема да го здогледа мајчиното лице веднаш почнува да плаче и да ја бара својата закрила. Патникот, кога ќе го загуби вистинскиот правец и ќе тргне во непозната насока, веднаш бара помош и го бара вистинскиот пат. Болниот, кога се наоѓа во ужасни маки, бара помош од било кого, сè со цел да најде утеха за својата болест. Впрочем, секоја од нас бара помош од некого, но најмногу, сите заедно, бараме помош од Бога. А помошта ја бараме затоа што длабоко потонавме во гревот, кој е причина за секое зло што ни се случува, но и за самата смрт, која ни се даде како плата за гревот. И денешниот слеп човек, кој собра храброст да повика кон Господа за помош, ја чувствуваше последицата од гревот, а таа беше неговата слепотија.

Ако го набљудуваме човекот и неговите должности кон Божјиот морален закон, ќе забележиме дека секој човек, а посебно православните, должни се да бидат постојани борци против гревот во себе и надвор од себе. Би било идеално кога секој човек би можел во таа борба да биде апсолутен победник, но реалноста е поинаква. Гревот длабоко навлегол во човечката природа и дејствува без прекин, или преку мислите, или преку зборовите, или преку делата, или, пак, преку сите три активности одеднаш.

На христијанинот не му е дадено во овој свет низ ударите од гревот да помине недопрен. Но, затоа пак, зададено му е против гревот постојано да се бори. Тој во таа борба е војник, па ако биде и ранет, не смее да се предава и засекогаш да крене раце од таа борба. Тоа е она што христијанинот може и мора да направи. Сето останато е дело на Божјата сезнајна правда, на Божјата милост и благодат.

Меѓутоа, многумина од нас, чувствувајќи колку многу се оддалечени од идеалот на праведноста, паѓаат во очај затоа што не можат да излезат пред Бога со чиста душа и да речат: „Еве, Боже, јас својата животна задача целосно ја завршив. Те молам, немој да ја одминеш и заборавиш мојата чистота и праведност“. Кога христијанинот ќе се најде во таква очајна состојба, тогаш очигледно тука лежи гревот на гордоста и надуеноста, па дури и некој вид на уценување на Бога, а тоа е, се разбира, уште еден тежок грев повеќе. Православниот кон Бога никогаш не смее така да се однесува, дури ни потсвесно. Напротив! Во таквите моменти ни е заповедано да ја бараме Божјата помош, истовремено верувајќи дека токму таа ќе ни помогне да се избавиме од тешките ситуации, кои можат нашата душа да ја одведат во вечната темнина. А токму во тие тешки моменти потребно е, подобно на слепиот Вартимеј, и ние да повикаме: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“.

Во секој миг од нашиот живот, кога ќе упатиме искрен повик кон Бога, сите треба цврсто да бидеме убедени дека Бог нè слуша и дека ќе ни притекне во помош. Може ли мајката да го заборави своето чедо и да не се смилува на плодот од својата утроба. Но, и да го заборави, Господ Бог никогаш нема да нè заборави, зашто Он е нашиотТворец, нашиот Искупител, нашиот Помошник и Застапник. Било каква несреќа и да не снајде, во било какви искушенија и неволји да паднеме, треба да знаеме дека Бог ни е засолниште и сила, помош и наша ограда. А Господ Бог е верен на Своето ветување, зашто ни рече: „Јас сум со вас до свршетокот на светот“. Слично на нежен родител, Бог се јавува на секој наш повик и го успокојува нашето срце, кога е потресено со жалост. Да се потсетиме само на какви искушенија, на какви жалости и несреќи бил изложен праведниот Јов, но секојпат Господ го чуваше неповреден, зашто Јов само на Господа ја полагаше својата надеж и своето спасение.

Навистина, кога ќе паднеме во жалост, кога поднесуваме некаква несреќа, нашиот јазик честопати го изговара Господовото име. Во тоа тажно лелекање навистина се слушаат повиците упатени кон небото, но тоа не се повици на надеж, туку тоа се жалби и роптања кои сведочат за нашата малодушност. Затоа нашата душа и не може да го слушне смирувачкиот глас од небото: „Не плашете се, Јас сум со вас!“. Зарем малкумина од нас, во моментите на најтешки искушенија, почувствувале моменти кога одеднаш душата постанува мирна, кога срцето почувствува некоја посебна пријатност, исто како ангелот на мирот и блаженството да н# засолнил под своите крилја. Всушност, тогаш Самиот Господ ни се приближил со Својата утеха и ѝ рекол на нашата душа: „Не плаши се, Јас сум со тебе!“.

Колку би биле блажени кога би можеле да ги вреднуваме тие моменти! Тогаш нема да паѓаме под тежината на искушенијата, несреќата и жалоста, туку цврсто би ги поднесувале, со голема надеж дека Господ нема да допушти да бидеме искушувани повеќе, отколку што можеме да поднесеме. Тогаш ние во секоја несреќа би ги виделе премудрите патишта на Промислителот, кои за нас се непознати и нејасни.

Денешниот повик на слепиот Вартимеј треба да допре до срцата на сите нас и истите да ги разбуди од мракот на гревовноста. Прекрасните зборови: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“, колку и да се тивко кажани, тие допираат до небото, зашто се кажани од срце и без никакво двоумење. Овие исти зборови почесто треба да ги кажуваме сите ние, зашто денес треба да ја согледаме и својата слепотија, своето потонување во мракот на гревот и сопствената неможност од тој мрак да се избавиме, без Божја помош. Ние сме слепи, зашто повеќе не умееме во себе да го здогледаме Божјиот лик, таа светиња, која Бог ја всадил во нас, а која ние сме должни да ја чуваме како скапоцен бисер преку целиот наш живот. Ако сме способни да ги гледаме гревовите на нашите ближни и истите да ги осудуваме, тогаш да не бидеме слепи за своите гревови, туку најнапред нив да ги видиме и очистиме.

„Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“ –  се зборовите кои не смееме да ги заборавиме. Тие се лекот за нашата слепотија, тие можат да ги отворат нашите духовни очи. Каде и да сме и во било какво искушение да се наоѓаме, веднаш да повикаме кон Господа со зборовите на слепиот Вартимеј, зашто освен нашиот Семожен и Семилостив Бог, друг помошник во жалоста и немаме. Господ Бог ќе нè чува од секое зло и од секое искушение во векови. Амин!

Протоереј Златко Ангелески

**************************************************

НЕДЕЛА ПО БОГОЈАВЛЕНИЕ

„Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина, и на оние, што седеа во место на сенка смртна, им изгреа светлина“

(Матеј 4: 16)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денес го слушнавме евангелското четиво кое е одредено да се чита во Неделата по Богојавление, во кое што ни се раскажува како Спасителот Христос, по крштевањето на реката Јордан и по 40- дневното искушување во Јорданската пустина, тргнал за Галилеја, во земјата на Завулоновото и Нефталимовото колено, за оттаму да замине на проповед. На прв поглед, можеби овој податок за повеќето од нас звучи како недоволно значаен детаљ од Христовиот живот и податок кој може и да се одмине. Меѓутоа, овој податок нè принудува да размислуваме за многуте старозаветни пророштва, кои го прет­скажуваат доаѓањето на Спасителот, а кои пророштва останале незабележани од избраниот еврејски народ, кој не поверувал во нив, ги отфрлил, погазил, а во исто време и не го прифатил Христос за свој Месија.

Имено, за појавата на Спасителот Христос говореле сите старозаветни пророци. Да се потсетиме само за миг на неколку од нив. Пророкот Михеј во својата книга запишал: „И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од вечноста“ (Мих. 5: 2); праведниот Мојсеј ги запишал Божјите зборови: „Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Он ќе им каже сè, што Јас ќе му заповедам; а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам“ (5. Мој. 18: 18- 19); а, пак, пророкот Малахија наговестил: „А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, исцеление ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе се разиграте како нахранети теленца“ (Малах. 4: 2). Но, пророштвото кое денес го слушнавме во евангелското четиво, кое го запишал евангелистот Матеј, а го искажал пророкот Исаиј, точно и прецизно ни ја одредува суштината на денешниот ден и конкретната ситуација која ја затекнал Христос со Своето излегување на проповед. Имено, пророкот Исаиј прорекол дека: „Земјата Заву­ло­нова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, отаде Јордан, е незна­бо­жеч­ка Галилеја. Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и на оние, што седеа во место на сенка смртна, им изгреа светлина“ (Матеј 4: 15- 16).

Токму таква била состојбата кога Спасителот се појавил на земјата и ја започнал Својата проповед. Боговдахновениот пророк јасно го видел благодатното дејство на Христовата проповед, од која срцата на сите кои со вера ја прифаќаат се озаруваат со неискажлива благодатна светлина и се прогонува секаква темнина. Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, каде што Господ отишол по Своето крштение, биле во соседство на јазичнички земји, па под нивно влијание прифатиле многу јазичнички обичаи и убедувања. Но, со појавата на Спасителот, овој јазичнички мрак бил расеан и народот здогледал голема светлина.

Но, иако од појавата на Спасителот поминаа две илјади години, иако Неговата спасоносна проповед стигна до секое човечко уво, и денес има луѓе коишто и понатаму седат во мрак и сенка смртна. И денес има луѓе кои не сакаат да ги прифатат најосновните спасителни вистини, упорно се предаваат на заблуди и на секакви пороци. Затоа нивниот живот е исполнет со нечесност и беззаконие. И меѓу нас, кои се нарекуваме дури и православни, има луѓе кои упорно живеат во гревовната смртна сенка, обоготворувајќи го секое бездушно нешто, својот ум, своите способности, па и самите себе. Таквите луѓе, кои сè уште живеат во темнина и кои не сакаат да бидат озарени од Христовата светлина, не можат да го сфатат човечкото достоинство, не знаат какво е неговото назначување во сегашниот живот, а какво во идниот, ниту, пак, го знаат патот како да стигнат до вечниот живот.

Не знаејќи го и не гледајќи го сето тоа, кое му е потребно на човекот како за овој, така и за идниот живот, луѓето упорно живеат како да не поседуваат разумна и бесмртна душа, се предаваат на пороците, не живеат благочестиво, па дури започнуваат да ги оправдуваат страстите и пороците и да ги сметаат за нормални појави. И, на крај, таквата човечка состојба навистина претставува темнина и сенка смртна, зашто нашата душа може да се просветува и да живее единствено преку познавањето на вистинскиот Бог и преку приближувањето кон Него со вера, надеж и љубов.

А евангелската проповед, Христовото учење, е вистинска светлина за нашата душа. Оној, кој со вера ја слуша евангелската наука, тој гледа голема светлина, според зборовите на Писмото. Христовата наука ни открива сè што човекот треба да знае за своето спасение. Тоа ни кажува дека човекот е создаден според Божјиот образ, за да му служи на Бога благочестиво и добродетелно, па на таков начин да достигне вечно спасение во небесните височини.

Свештената историја ни сведочи дека првиот човек згрешил, го навлекол врз себе Божјиот гнев и се подложил на вечна осуда, постанувајќи неспособен да го познае Бога и Неговата света волја. Милосрдниот Господ, пак, најпрво ветил, а потоа и го испратил во светот Својот Единороден Син Исус Христос, за да ги научи луѓето на вистинско познавање на Бога и за нивно спасение преку верата во Него, како Искупител и Спасител на светот. А Христос, пак, со Своето страдање и со крсната смрт, ја докажал Божјата правда и нè измирил нас со Отецот Небесен и на тој начин ни го отворил патот во вечниот живот.

Во книгите на Новиот Завет сè е напишано премногу јасно. Оној, кој со вера го прима тоа учење, тој ја гледа благодатната светлина, го спознава Бог Отец и Господ Исус Христос и Светиот Дух, го гледа своето назначување во вечниот живот, а го гледа и патот кој води кон достигнување на таа цел: тој пат е верата во Христа Исуса и исполнувањето на Неговите заповеди. Следејќи го своето назначение, човекот се труди да се оддалечува од пороците и да се усовршува во добродетелите, исполнувајќи ги заповедите. Оној, кој живее така, тој никогаш не паѓа во заблуда, туку, како при дневна светлина, го гледа патот кон Небесната Татковина и оди по него. При светлината на Христовата наука човекот може јасно да ги разликува слепите патишта, кои водат кон погибел и се труди да се оддалечува од нив, постојано цврсто газејќи по патот, по кој одел Самиот Спасител, повикувајќи ги сите да одат по Него: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и да оди по Мене“ (Матеј 16: 24).

Сите ние сме удостоени да бидеме просветени со благодатта и светлината на Христовото учење, но и покрај тоа што ги познаваме правилата и нормите за вистински христијански живот, во својот живот ние не покажуваме доволно дека постапуваме според духот на Христовата наука. Ние сме должни да мислиме, чувствуваме, говориме и постапуваме онака, како што мислел, чувствувал, говорел и постапувал Самиот Господ, онака како што ни заповедал во Своето свето Евангелие, за да не можат неверниците и оние кои сè уште живеат во мрак и сенка смртна да нè укорат дека ние не живееме според сопствената вера. Зашто, верата без дела е мртва (Јаков 2: 20). Освен тоа, подеднакво треба да се трудиме својата вера да ја преточиме во добри дела. Ако кај нас се појавува лагата, клеветата, омразата, злото, крадењето, тогаш нашата вера е лажна. Затоа, постојано својата вера да ја потврдуваме преку добрите дела, па на таков начин да го исполниме вечниот Христов завет: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен“ (Матеј 5: 16). Амин!

Протоереј Златко Ангелески

*********************************************

Изцелението на слепия Вартимей

(Ев. Марк 10:46-52)

Во имя Отца и Сина и Светаго Духа.

Ние встъпваме днес в подготвителните седмици към Великия пост. От Църквата е положено не през Великия пост да се замисляме над своите грехове, а именно в течение на тези подготвителни седмици: в течение на седмиците на Поста ще бъдем съсредоточени върху силата Божия, която се в немощ извършва; но в течение на настъпващите сега седмици Църквата обръща нашето внимание върху нас самите.

И първото, което тя поставя пред нашите очи, е образът на слепия Вартимей, който седи до йерихонските порти. Както и той – и ние сме слепи; ние не виждаме славата Божия, разлята по цялата земя, сияеща около нас. Ние виждаме само сумрак, понякога само тъмнина. Ние не виждаме и себе си нито в доброто, нито в злото, само в отделни минути провиждаме нещо в себе си.

Когато Христос призовал Йерихонския слепец при Себе си, Той го попитал: какво искаш да ти сторя?.. И той отвърнал: дай ми да прогледам!.. Той съзнавал своята слепота, – ние в по-голямата си част не я осъзнаваме; той съзнавал пленът, и нещастието, и мъката, които тя съставлява, – ние така сме свикнали с нея, че даже повече не я чувстваме.

И ето, ако Христос би застанал пред нас и би казал: какво искаш? – би ли се намерило в нас мъжество от всички дарове на земята да поискаме зрение, виждане, знаейки, че щом прозрем, ще видим не само светлината, нои тъмнината? Ние се страхуваме да прогледаме, боим се да видим себе си, каквито сме, защото встъпваме в това съзерцание без цел и без надежда. Без цел: защото не сме уверени, че онова, което виждаме, можем да го преодолеем, че онова, което ще се открие в нас греховно, тъмно или несъвършено, ние можем да поправим: затова струва ли си да се потапяме в тази тъмнина само за да изпаднем в отчаяние? В отчаяние не само за това, че нашият живот е така тежък и мъчителен, а за това, че и вътре в нас освен тъмнина, разруха, няма нищо.

И тук трябва да си спомним и да държим в паметта си през цялото време думите на Йоан Кронщадски, който в своя дневник говори, че Бог ни открива виждането на нашите недостатъци, на нашето несъвършенство, злото в нас само в мярата на онази вяра и надежда, които Той в нас вижда. Затова всеки път, когато пред нас се разкрива нова дълбочина на нашето падение, всеки път, когато чувстваме с още по-голяма сила, колко сме далеч от Бога, колко сме не примирени със своята съвест, колко ни е трудно с хората, колко далеч сме от онази слава, която ни е предназначена, ние трябва да си спомним: значи, Господ е видял в нас достатъчна мяра вяра и надежда, за да разкрие това пред нас, Господ знае, че ние заедно с Него можем да победим това.

И затова, встъпвайки в тази седмица, през немногото дни до следващата неделя, нека се замислим над самите себе си, нека се молим на Бога, да ни открие Той, дани даде да видим всичко, което можем да видим, без да се съкрушим, без да се скършим. Нека се вглеждаме в нашите дълбини и в нашия живот, в най-повъхностното и в най-дълбокото, за да видим всичко, което трябва да бъде победено, преодоляно, покорено на Бога, с вяра, че с Него – всичко е възможно за нас. Нека кажем и на Него: Господи! Дай ни да прозрем! – и дълбоко да се вгледаме във всичко, което ни открие Бог, с увереността, че Той вече със самото това ни дава победа. Амин.

Митрополит Антоний Сурожский

**************************************************

Светата Църква ни предлага повествованието за изцелението на Йерихонския слепец. Не е нужно дълго да ни се обяснява колко тежък е този недъг за всеки човек. Нали учените са изчислили, че 90% от информацията човек получава чрез органите на зрението, затова, ако човек няма зрение, колко по-беден е неговия живот, колко той е нещастен. И ето такъв слепец стоял край Йерихон и, чул шума на преминаващата тълпа, попитал: „Кой е този, който идва?”. Получил отговор, че това е Христос, той видял в него Божествения Лекар на душите и телата ни и се обърнал към Него с молба за помилване. И когато Господ му обърнал внимание и попитал: „Какво искаш?, този отвърнал: „Да оздравея”. И Господ, виждайки неотстъпчивостта на неговата вяра, защото той гръмко просил, даже викал, така че околните му направили забележка. На всички им се струвало, че неговото поведение излиза зад рамките на приличието. Това желание да получи Божествената милост било така голямо, че той получил просимото. Господ го исцелил, и той тръгнал, славейки Бога и проповядвайки на всички за това чудо, което Господ извършил с него.
Тук ние виждаме, братя и сестри, урок за нас. Този йерихонски слепец е нашият днешен учител. Ние трябва да се научим от него на тази ревност, решителност да молим Господа за разрешение на своите проблеми, недъзи. Ние всички сме зрящи. Но всички сме обложени с душевна слепота, която е грях, защото всеки грях, всяка страст затъмнява нашата душа, помрачава сърцето. Това не са празни думи, братя и сестри, Евангелието ни казва направо: само „чистите по сърце ще видят Бога”. А тези, у които сърцето е помрачено, душата сляпа, не ще видят Бога. Ето целта на нашето битие на земята, да можем после, преминавайки в задгробния живот, да съзерцаваме Бога. И ето у нас това няма да се получи, ако ние тук, в този живот, не очистим нашата съвест, нашата душа, не освободим нашето сърце от греховете. Йерихонският слепец още по време на своя земен живот се сдобил с това прозрение, както виждаме, и телесно, и душевно.
И ето пред нас стои задачата – да живеем така, че да видим Бога още на земята. Защото Светата Църква казва: „Това, което не започне на земята, то, разбира се, не ще започне след смъртта”. То ест, след смъртта ние ще имаме това, което имаме сега приживе. Вижте, какво е вътрешното ни състояние – угнетяващо. У някого има гордост, тщеславие, гняв. У другиго – униние и отчаяние. У някого – плътски похоти бушуват в душата. Ето какво имаме в наличност, в действителност. Ако ние с такава вътрешна нагласа умираме, преминаваме в задгробния живот, това болезнено състояние след предела на смъртта само се усилва. Така за какво виждане на Бога лице в лице може да стане дума? Засега Господ дава възможност да очистим себе си от сквернотата на плътта и духа.
Духовно слепи са също тези, които отричат съществуването на Бога, отричат значимостта на Църквата, нейните устави и тайнства. Слепи са и тези, които вместо в храма ходят в театри. Тези, които вместо Евангелието, свещената Книга, където можем да узнаем Божията воля и да сравним нашето вътрешно състояние с това, което ни проповядва Христос, четат само други книги, те също са вътрешно слепи. И затова днес йерихонският слепец е наш наставник. И нека молим Господа също така неотстъпно и горещо за изцеление на нашата вътрешна слепота и за даруване на възможност вечно да Го съзерцаваме. Амин.

Превод: прот. Йоан Карамихалев

********************************************

В името на Отца и Сина и Светия Дух! Всеки от нас добре знае, че големи и разнообразни са немощите, които ни пречат да вървим след Христос и не дават Царството Божие да бъде вътре в нас. И все пак те са преодолими за Бога, ако ние с вяра се обръщаме към Него.

Днес в Евангелието ние с вас чухме как един слепец седял, просейки милостиня край пътя,по който Христос, идвайки в Иерусалим да посрещне Своите волни страдания, се приближавал към Йерихон.”Като чу да минава покрай него народ,” слепецът „попита: какво е това?” И когато той узнал, че идва Иисус от Назарет,”той завика: Иисусе, Сине Давидов, помилуй ме!” Той Го нарича Син Давидов, т. е. Спасител, Месия, с пълна вяра, с пълна увереност, че Христос има власт да го изцели. И макар „тия, които вървяха напред” да се опитвали да го заставят да замълчи, и малка била надеждата, че Христос ще го чуе в тази тълпа, ”той още по-високо викаше: Сине Давидов, помилуй ме!”. Такава била вярата на този човек и надеждата му на Христа. И ето, Христос, „се спря и заповяда да Му го доведат. И когато оня се приближи до Него, попита го: какво искаш да ти сторя?”

Нима Той не знаел какво иска слепият? Разбира се, знаел. Но било нужно слепият сам добре да разбере какво именно иска и всички да разберат това. За да не помислят иудеите, както казва блажени Теофилакт, че слепецът искал от Него пари, а Христос вместо това го изцелил. Какво значи това: Помилуй ме? Това би могло да означава, че няма какво да яде, че му дават малко милостиня, че животът му е скучен и неинтересен, че у дома му не всичко е наред – с една дума, всичко, което е угодно могли да означават тези думи: Помилуй ме. Както ние с вас, стоейки в храма и повтаряйки: Господи, помилуй, не винаги сами разбираме какво именно искаме от Бога. Ето, слепецът казал: „Господи, да прогледам”. Христос му отговаря: „Прогледай! Твоята вяра те спаси”. И този човек, прогледнал, тръгва след Христос.

Той могъл при желание да облажава самия себе си, да се развлича и да мисли за своята полза, да си устрои приятен живот и да позабрави за Царството Божие. Но не, той тръгва след Христос и тук е отговорът на възможния въпрос, защо именно този слепец се изцелил, а мнозина също така били слепи и умрели. Христос ни е обещал да ни даде това, което не ни достига, за да се спасим, а не това, което ние искаме за своето удобство. Мислел ли слепият за служение на Бога, когато молел да прогледне, или той помислил за това веднага след това – във всеки случай, изцелил се, той веднага тръгнал след Христос.

Господ вижда Сам, за кого изцелението ще е от полза, а за кого не е полезно да бъде изцелен, а да потърпи своята болест. Гледайки как е устроен нашия вътрешен свят, Той дава за полза на всекиго или едното, или другото. Но в края на краищата това зависи от нас и, ако ние ще се молим преди всичко за душевните немощи и за тези грехове, от които е обсебен всеки от нас – Той ще ни изцели, както Сам е казал: „искайте и ще ви се даде, и каквото попросите в Мое име , ще получите”. Така че, ако се изцелим от душевните недъзи, по-лесно ще ни бъде да се справим и с телесните.

Така че, като се обръщаме към Бога по време на богослужение и във всяка молитва, да се постараем в началото сами да разберем за какво се молим. Ако ние се молим, не вярвайки в душата си, че за Него всичко е възможно и че Той ни чува още по-добре, отколкото ние сами чуваме себе си, или ако ние се молим за това, което няма да ни помогне да се спасим – ние не ще получим това, за което се молим, по същата тази Божия милост. От нас с вас зависи каква ще е за нас Божията милост, какво ще получим от Него и какво няма да получим. Нека с вяра да искаме от Бога това, което ще ни приближи към Него. Амин.

Превод: Прот. Йоан Карамихалев

************************************************

Неделя На утренята Ев. Иоан. 20:19-31. На литургията 1Тим. 1:15-17. Ев. Лук. 18:35-43.
Понеделник Иак. 2:14-26. Ев. Марк. 10:46-52.
Вторник Иак. 3:1-10. Ев. Марк. 11:11-23.
Сряда Иак. 3:11-4:6. Ев. Марк. 11:23-26.
Четвъртък Иак. 4:7-5:9. Ев. Марк. 11:27-33.
Петък 1Петр. 1:1-2,10-12; 2:6-10. Ев. Марк. 12:1-12.
Събота 1Сол. 5:14-23. Ев. Лук. 17:3-10.

********************************************************

Недела – на Утрената

19. А вечерта во истиот ден, првиот ден од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше затворена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!”
20. И ова како го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се зарадуваа тогаш учениците, штом Го видоа Господа.
21. А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.”
22. И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети!
23. На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.”
24. А Тома, еден од дванаесетте, наречен Близнак, не беше со нив, кога дојде Исус.
25. Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа.” А тој им рече: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам.”
26. А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и рече: „Мир вам!”
27. Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!”
28. Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!”
29. Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а
поверувале!”
30. И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга.
31. А овие се запишани, за да поверувате дека Исус е Христос, Син Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име.

*******

Недела – на Литургијата

15. Верни се и достојни за секакво примање зборовите, дека Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас.
16. Па затоа бев помилуван, за да ја покаже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние, кои што ќе поверуваат во Него за живот вечен.
17. А на Царот на вековите, на Нераспадливиот, Невидливиот, Единствен премудар Бог – нека е чест и слава во сите векови. Амин!

*******

35. А кога се приближуваше Он до Ерихон, еден слепец седеше крај патот и просеше;
36. и штом чу дека покрај него врви народ, праша: „Што е тоа?”
37. Му кажаа дека минува Исус Назареецот.
38. Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!”
39. Оние, што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, помилуј ме!”
40. Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша,
41. велејќи: „Што сакаш да ти направам?” Тој рече: „Господи, да прогледам!”
42. Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Верата твоја те спаси.”
43. И одеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.

*******

Понеделник –

14. Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси?
15. Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат,
16. па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!”, а не им даде што им е потребно за телото – каква полза?
17. И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.
18. Но може некој да рече: „ти имаш вера, а јас имам дела.” Покажи ми ја верата своја без дела, а јас ќе ти ја покажам верата своја од моите дела.
19. Ти веруваш дека Бог е еден; добро правиш; но и бесовите веруваат, а треперат.
20. Не сакаш ли да разбереш, о суетни човеку, дека верата без дела е мртва?
21. Нели со дела се оправда Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи синот свој Исака?
22. Гледаш ли дека верата им помогна на делата негови, и дека преку делата верата стана совршена?
23. И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се прими како оправдание”, и тој се нарече – пријател Божји.
24. Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера?
25. А така не се оправда ли со дела и блудницата Раав, откако ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.
26. Оти, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.

********

46. Потоа пристигнаа во Ерихон. И кога излегуваше Исус од Ерихон со учениците Свои, и со многу народ, Тимеевиот син, Вартимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше.
47. Па, како чу оти е тоа Исус Назареецот, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, помилуј ме!”
48. И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Давидов, помилуј ме!”
49. Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: „Не бој се, стани, те вика!”
50. Тој, кога ја фрли горната облека, стана и дојде при Исуса.
51. А Исус, одговарајќи му, го запраша: „Што сакаш да ти направам?” Слепиот Му рече: „Да прогледам, Учителе!”
52. Исус му рече: „Оди си, верата твоја те спаси!” И тој веднаш прогледа, па тргна патем по Исуса.

*******

Вторник –

1. Не барајте, браќа мои, мнозина да станувате учители, знаејќи дека поголемо осудување ќе добиеме,
2. оти сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го обузда и целото тело.
3. Ете, и на коњите им клаваме узда, за да ни се покоруваат, и да управуваме со целото нивно тело.
4. Па, ете, и лаѓите, иако се толку големи и силно гонети од бурни ветрови, со мала крмичка се управуваат онаму каде што кормиларот сака;
5. а така и јазикот е мал орган, но големи работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува;
6. и јазикот е оган, свет полн со неправда; јазикот се наоѓа во таква положба меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот.
7. Зашто секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род,
8. а јазикот никој не може да го скроти: тој е немирно зло и полн со смртоносен отров.
9. Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето, создадени според подобието Божјо.
10. Од истата уста излегува и благословот и клетвата. Не треба, браќа мои, тоа така да биде.

******

11. И влезе Исус во Ерусалим, и во храмот; разгледа сè; па, како веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија.
12. А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне;
13. и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уште не беше времето за смокви.
14. И кога одговори Исус, ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!” И го чуја тоа учениците Негови.
15. И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврти масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби;
16. и не позволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад.
17. И ги поучуваше, велејќи: „Не е ли напишано: »Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече«; +а вие го направивте како разбојничко гнездо.”
18. И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, зашто се боеја од Него, оти сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.
19. А кога се стемни, Он излезе надвор од градот.
20. Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.
21. И кога се сети, Петар Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила.”
22. А Исус им одговори и рече:
23. Имајте вера во Бога. Оти, вистина, ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: »Дигни се и фрли се в море!« и не се посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.

*******

Среда –

11. А тече ли од еден ист извор слатка и горчлива вода?
12. Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Така, од еден ист извор не може да тече солена и слатка вода.
13. Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост.
14. Но, ако во срцата свои имате горчлива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината:
15. тоа не е мудрост, која доаѓа одозгора, туку земна, душевна, бесовска;
16. оти, каде што има завист и карање, таму има неслога и сè е лошо.
17. А мудроста, што иде одозгора, е најнапред чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и нелицемерна.
18. Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротоворците.

4. Противење на желбите. Потребно е понизување пред Господа. Не треба човек да се надева во световните работи.

1. Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши?
2. Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не молите.
3. Просите, а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти.
4. Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли, дека пријателството од овој свет е непријателство на Бога? Оти, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.
5. Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот, што го вселил во нас.”
6. А дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивете, а на смирените им дава благодат”.

******

23. Имајте вера во Бога. Оти, вистина, ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: »Дигни се и фрли се в море!« и не се посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
24. Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде.
25. И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.
26. Ако ли, пак, вие не проштавате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.”

*******

Четврток –

7. Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!
8. Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!
9. Бидете нажалени и плачете и ридајте: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага!
10. Понизете се пред Господа, и ќе ве подигне!
11. Не напаѓајте се еден со друг, браќа: оти, кој го напаѓа братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.
12. Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си, што осудуваш друг?
13. Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме”,
14. вие, кои не знаете што ќе стане утре: оти, што е вашиот живот? Тој е пара, која се појавува за кратко време, па исчезнува.
15. Место да велите: „Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа”.
16. А сега се фалите со својата гордост. Секоја таква фалба е лукава.
17. И така, грев е за оној, кој знае да прави добро, а не го прави.

5. За лажливото богатство. Трпеливост спрема браќата. За лесномисленото колнење, за моќта на молитвата и љубовта спрема грешникот.

1. Елате сега вие, богатите: плачете и ридајте за страшните маки, што идат на вас.
2. Богатството ваше изгни, а алиштата ваши молци ги изгризаа.
3. Златото ваше и среброто ви за’рѓа и ‘рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше како оган: сте собрале богатство за последните дни.
4. Ете, платата, што сте ја задржале од работниците, кои работеа на вашите ниви, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господа Саваот.
5. Се веселевте на земјата и се насладувавте, ги потхранивте срцата ваши како за ден на клање.
6. Осудивте, убивте праведник; и тој не се бранеше.
7. Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господа! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен.
8. Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, оти доаѓањето на Господа се приближи.
9. Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата.

*******

27. И пак дојдоа во Ерусалим; а кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците, и старешините,
28. па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа, и кој Ти ја дал таа власт, да го правиш
тоа?”
29. Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и јас за нешто и одговорете Ми; тогаш и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа.
30. Крштавањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!”
31. А тие се мислеа во себе и велеа: „Ако кажеме,Од небото« – ќе рече: »Па зошто не му поверувавте?«
32. Но, ако кажеме, »Од луѓето«“ – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јована за вистински пророк.
33. И кога Му одговорија на Исуса, рекоа: „Не знаеме.” А Исус им одговори и рече: „Ни Јас не ви кажувам со каква власт го вршам тоа.”

*******

Петок –

1. Од Петра, апостолот на Исуса Христа, до избраните придојдени, растурени по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија,
2. по провидението на Бога Отецот, преку осветувањето од Духот за послушност и попрскување со крвта на Исуса Христа: да ви се умножи благодатта и мирот!

10. кое го бараа и испитуваа пророците, што прорекоа за вашата благодат.
11. Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов однапред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив;
12. ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, а за нас со она што ви се јави сега вам преку оние, кои го проповедаа Евангелието од небото преку Светиот Дух, и во кое сакаат да вникнат ангелите.

6. Зашто во Писмото стои напишано: „Еве, на Сион клавам аголен Камен, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами!”
7. Вам, пак, кои верувате, Он ви е чест, а за неверниците – „камен, кого го отфрлија ѕидарите, но кој стана глава на аголот” и „камен за сопнување и камен за соблазнување”,
8. на кој тие се сопнуваат, не покорувајќи му се на словото; за тоа се тие и одредени.
9. Но вие сте род избран, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени, за да ги возвестите совршенствата на Оној, Кој ве повикал од темнина во Својата чудна светлина;
10. вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте помилувани, а сега сте помилувани.

*******

1. И почна да им говори во параболи: „Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ископа бунар и соѕида кула; и, откако им го предаде на лозарите, си отиде.
2. А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето.
3. Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен.
4. И пак испрати при нив друг слуга; и нему, со камења, му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен.
5. Испрати и друг; него, пак го убија, и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија.
6. Па, како имаше и еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле и него при нив, велејќи: »Ќе се засрамат од сина ми.«
7. Но лозарите си рекоа помеѓу себе: »Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.«
8. И како го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.
9. Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други.
10. Зар не сте читале во Писмото: »Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот:
11. од Господа е тоа, и чудесно е во очите наши!«“
12. И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, оти разбраа дека за нив ја кажа параболата; и кога Го оставија, си отидоа.

******

Сабота –

14. Браќа, ве молам, поучувајте ги неуредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите.
15. Гледајте, никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите!
16. Радувајте се секогаш!
17. Молете се постојано!
18. Благодарете за сè, оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас!
19. Не гаснете го Духот! Пророштвата не ги унижувајте!
20. Сè испитувајте, за доброто држете сè!
21. Клонете се од секакво зло!
22. А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сè,
23. и целиот ваш дух и душата и телото да се запазат без порок при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!

******

3. Пазете на себе. Ако згреши против тебе братот твој, скарај го, и ако се покае – прости му.
4. И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: »Се кајам« – прости му.”
5. И Му рекоа апостолите на Господа: „Засили ја во нас верата!”
6. А Господ им рече: „Кога би имале вера колку синаповото зрно и ѝ речете на оваа црница: »Откорни се и пресади се в море!« и таа би ве послушала.
7. Кој од вас, кога се врати неговиот слуга од поле, орач или овчар, веднаш ќе му рече: »Дојди бргу и седни на трпеза!«
8. Нема ли да му каже: »Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ми дури јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!«
9. Зар ќе му благодари на тој слуга, што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не.
10. Па така и вие, кога исполните сè, што ви е заповедано, речете: »Ние сме слуги негодни, оти го извршивме она, што бевме должни да го извршиме.«“

**********************************

Бигорски.мк

За значењето на празникот Богојавление

✤✣✤

Историјат на празникот

Поврзаноста на празниците Рождество Христово и Богојавление е воочлива во самата содржина на богослужбените песни. Во стихирите на празникот Рождество Христово наоѓаме мисли и изрази кои се однесуваат на празникот Богојавление, а во Богојавленската служба изрази кои се однесуваат на Рождеството. Тоа се оправдува со фактот дека во почетокот на 6 / 19 јануари се славел еден колективен празник (επιφὰνεια, ϑεοφὰνεια = Богојавление), кој соединувал повеќе настани од Христовиот живот на земјата, односно се празнувало општото Божјо јавување на земјата. Подоцна кога од празникот на 6 јануари се издвоиле останатите спомени (како на пример Рождеството Христово), главниот спомен кој останал да се празнува на овој ден било Крштението на Господ Исус Христос на реката Јордан.

Во историјата на празникот Богојавление можеме да следиме три периоди: првиот е периодот на III век кога Богојавлението е главниот настан кој се празнува на 6 јануари, но е поврзан со повеќе настани од Божјото јавување на земјата; потоа вториот период е IV век, кога Рождеството Христово станува центар на празнувањата во овој ден; и третиот период е крајот од IV век и подоцна, кога споменот на Рождеството Христово се издвојува од Богојавлението.

Празникот Богојавление се нарекува така зашто во мигот на Крштението Христово „се покажа поклонувањето на Света Троица“. Отецот зборуваше од небото за Синот Кој се крштева, Синот Божји се крштеваше од св. Јован и како таков беше посведочен од Бога Отецот, а Светиот Дух Кој слезе во вид на гулаб го потврди гласот на Отецот. Уште се нарекува и „Просвештение“, зашто во древноста во навечерието на празникот, по примерот на Христа се крштевале и со Божјата благодат се просветлувале огласените.

Овој празник започнал да се слави на Истокот уште во III век и тоа особено во Египет. Првото сведоштво за него го наоѓаме кај св. Климент Александриски (215 г.), во неговото дело „Стромата“, каде што вели дека следбениците на гностичкиот еретик Василид уште пред православните започнале да го слават овој празник. Имено, за нив овој празник имал големо значење – нивното учење вели дека Христос бил само обичен човек, а станал Син Божји во мигот на Неговото Крштение. Православните, пак, спротивставувајќи му се на ваквото погрешно учење на гностиците, го востановиле овој празник објавувајќи ја преку него особено силната и длабока смисла на Божјото јавување. До почетокот на IV век Богојавлението веќе се славело насекаде. Неговата самостојност започнува на Истокот, од каде што подоцна е пренесен на Запад.

Според главниот спомен на Богојавление – Крштението Христово, во древноста, во навечерието на празникот се извршувало осветување на водите за крштение и биле крштевани огласените. Исто така особено значајна е традицијата на големото торжество на реката Јордан, во која на полноќ многумина влегувале во водата да се искапат, а ова капење ги очистувало телесните и духовните рани. Според Уставот, во навечерието на празникот и на самиот негов ден се врши осветување на водите. Стихири за богослужбата на овој празник имаме од: Јован монах, Визант, Козма монах, Анатолиј, Патријархот Герман, а каноните ги напишале св. Јован Дамаскин и св. Козма Мајумски.

Специфично за празникот е и тоа што во древноста, Александриските епископи според одредбите на Првиот вселенски собор, секоја година за Богојавление ги испраќале и своите посланија до старешините на црквите во кои бил објавуван датумот на празникот Воскресение за таа година. Старешините потоа им го објавувале тој датум на верните. Тоа го практикувале зашто токму во Александрија цветала астрономската наука. Така, Црквата зачувала многу пасхални посланија од Александриските епископи, меѓу кои се и оние на светите Теофил, Дионисиј, Атанасиј и Кирил Александриски.

Смислата на празникот Богојавление

Христос „на секому му ја даде можноста да ја стекне благодатта на синовството, да го стекне Богојавлението во својот личен живот. Тоа јавување Божјо го сочинува богопознанието, а бидејќи тоа е егзистенцијално собитие, затоа и го предизвикува спасението“ (Јеротеј Влахос).

Собитието на создавањето е едно чудесно таинство во кое Троичниот Бог се јави и го повика човекот од небитие во битие, го создаде според образот на Словото, вдахнувајќи во него живот преку Светиот Дух. Човекот живееше во благодатно заедничарење со Бога, за него небесата беа отворени и од таму тој го слушаше гласот на својот Создател, разговараше со Него сѐ до мигот кога заради неговата непослушност тој ја изгуби благодатта и заедницата со Бога. Како последица на тоа небото се затвори за сиот човечки род, кој сега веќе не можеше да преуспева во духовниот живот, ниту да бива поткрепуван и просветлуван од Божествената благодат. И живеејќи без Бога, валкајќи се, потопувајќи се во нечистата и матна вода на гревот човекот достигна страдање, кое, пак, за своја последица го имаше целосното деформирање на неговата личност.

Но, Божјата љубов и сострадание кон родот човечки е толку голема, што Бог Отецот Го испрати Синот Свој, чиешто доаѓање на земјата имаше за цел да му ја објави на човекот предвечната Божја промисла за него, според која тој е создаден по образ и подобие на Христа, Словото Божјо. И еве, Крштението Христово ни покажува дека Он дојде при нас, го зеде нашиот образ, за да го очисти, просветли и облагодати за ние полесно да дојдеме до Него. Он е Новиот Адам Кој сега повторно го отвора небото, од каде гласот на Отецот ја покажа, ја објави обожената човечка природа примена од Христа. Јавувањето, пак, на Светиот Дух во вид на незлобив и кроток гулаб, го објави крајот на потопот од гревот и почетокот на несфатливата милост Божја кон нас луѓето. И сето ова Бог го направи  за да можеме ние повторно да се искачуваме кон Бога и да стекнеме заедница со Него.

Така, значи Пресвета Троица учествуваше во создавањето на човекот и ете, сега повторно Пресвета Троица учествува во неговото пресоздавање. И тоа покажува една голема богословска тајна: дека единствено човекот, кој е создаден според образот Христов, може да биде посветеник и поклоник на Пресвета Троица. Затоа Црквата овој ден го нарекува и празник на пресоздавањето на човекот, почеток на неговото обожување.

Богојавлението, пак, за нас почнува во крштелниот купел, кој е духовна утроба што нѐ преродува за еден висококвалитетен и достоинствен живот. Ние во крштението се очистуваме, ја отстрануваме Адамовата нечистотија, го измиваме нашиот внатрешен човек. Ја примаме благодатта Божја, го примаме залогот на Духот, но го примаме со можност да се усовршуваме. Според тоа, кога човекот прави гревови, тој ја валка веќе очистената и измиена негова природа. Тогаш благодатта се повлекува од него и тој духовно умира зашто ја губи својата заедница со Бога и можноста што ја примил на крштението. „Секако благодатта не се губи целосно, но во овој случај таа не го врши спасението“ (Ј. Влахос).

Сепак радоста на празникот Богојавление е токму во верата дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди. А тоа се случува во мигот кога ние суштински ќе се доближиме до празникот и ќе сфатиме дека очистувајќи се повторно ќе ја привлечеме благодатта Божја во нашиот живот. Колку и да сме извалкани, помрачени и со своите гревови оддалечени од Бога, сепак, во нас не згаснала надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото. Тогаш кога ќе одлучиме да живееме во совршена послушност кон Бога, исполнувајќи ја Неговата најголема заповед за љубов кон ближните, тогаш и небото на нашиот внатрешен живот постојано ќе биде отворено и ние слободно ќе разговараме со Бога, Чијашто светлина ќе го озарува целокупното наше битие.

********************************************

Подготвително просветување пред празникот Просвештение

5/18 јануари 2017 лето Господово,
Водокрст.

Во навечерието на Светото Богојавление и на Крштението на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во Бигорската Света Обител се отслужи традиционалното бдение спроти Водокрст, на кое и оваа година, на наша голема радост, молитвено присуствуваа и кумовите на крстот од соседните села: Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште и Јанче.

Ноќта помината во молитва, содржината на празничните читања и песнопенија на Царските Часови и Вечерната, причестувањето со Светите Христови Тајни на Василиевата Литургија, благодатта и избликот на радост од Богојавленскиот водосвет во манастирската фијала – сето тоа духовно ги подготви нашите души за вистинско доживување на празникот на Светлините… А, секако, тука беше и созерцателната беседа на нашиот мил Старец, Архимандрит Партениј, со која уште од почеток го разгоре жарчето на нашата вера:

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, изговорено во храмот пред почетокот на сеноќното бдение за Водокрст

Возљубени верници, браќа и сестри, добро ни дојдовте вечерва во нашата Света Обител, за да се помолиме заедно на ова карактеристично за нас бдение во навечерието на големиот Господов празник, Богојавление. Особено им се заблагодарувам и им посакувам голем Божји благослов на кумовите на крстот од околните села! Јас навистина усрдно се молам, оваа прекрасна и исклучително значајна традицијата со кумувањето на крстот никогаш да не згасне; но, напротив, Христијаните од реканскиов крај да станат уште посилни во верата, така што да не дозволат овие села некогаш да бидат избришани од споменот на нашата христијанска историја. Зашто, овој Манастир, заедно со жителите на околните села, придонеле несомнено многу за духовното издигнување на нашиот народ. Благодарение токму на нив, и пред сè, на монасите будителите – кои, се разбира, во најголем дел потекнувале од овие села – ние ја имаме и денес се гордееме со т.н. Преродба од 19 век, кога славјаномакедонскиот народ доживеал потполна црковна и народна еманципација.

А до тоа дошло најмногу поради фактот што овие наши предци имале силна вера во Господа; нивна пофалба бил единствено Крстот Господов (сп. Галат. 5,14). Тоа се гледа особено на овој празник на светото Просвештение, празник што со посебно торжество го славеле. Токму на овој ден тие пред сите решително покажувале дека ќе останат верни на Крстот Христов и на вистинската прадедовска вера. Пред сите јавно исповедале дека со крстот ќе живеат, со крстот и ќе умрат. Ете, тоа е значењето на кумството на крстот кое и до ден денес, покрај сите искушенија и страданија што како народ сме ги претрпеле во текот на последново столетие, сепак, преживеало како обичај. Се радувам што и оваа година гледам како Христијаните од околниве сила со искрена ревност се држат до обичајот со кумството на крстот, празнувајќи го молитвено и големиот празник на Крштението Христово.

Празникот Водици има навистина огромно значение, не само за луѓето, туку и за целата природа, зашто и таа се обновува и осветува преку Јорданската теофанија на Триипостасниот Бог. На овој празник, имено, кога на реката Јордан се крштеваше Второто Лице од Божествената Тријада од страна на великиот Пророк и Претеча, Св. Јован Крстител, Троичниот Бог се објави Себеси толку отворено и јасно како никогаш дотогаш. Додека Христос, воплотеното Слово и Син Божји, како човек се крштеваше во водите на Јордан, Бог Светиот Дух застана над него во вид на гулаб, и Бог Отецот се јави преку Својот Божествен глас, сведочејќи: Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја! (Матеј 3,17)

На што нè поучува Христовото Крштевање? Истото на што нè поучи и Неговото Рождество. Впрочем, две чудесни добродетели постојано го пратат Христа во Неговиот живот на земјата: крајното смирение и целосното послушание. На Божик видовме дека Синот Божји во крајно смирение и послушание се роди заради нашето спасение, станувајќи и Син Човечки. На денот, пак, на Светото Крштение, Он необлечен влегува во Јорданските води, за да му даде нова духовна облека на човештвото, повторно преку послушание и смирение. На тој начин Он ни постана совршен пример за тоа како можеме да се спасиме и да го достигнеме обожението и соединување со Бога, што е и крајната цел на нашето суштествување; значи, преку смирение и послушание кон Божјата волја, откриена во Неговата света Црква. Ако првиот човек Адам, преку непослушание кон Божјата заповед, отстапи од заедницата со Него и беше соголен од духовната облека со која Господ го беше украсил, тогаш, преку Синот Божји, Кој облекувајќи се во човечко тело ја обожи човечката природа, ние одново се облекуваме во облеката на Божеството. Тоа е и смислата на светата тајна крштение: кога некој се крштева, било дете, или, пак, возрасен кој ја спознал вистинитоста на христијанската вера, па посакал да се крсти и станал огласен, на него, преку крстителната вода, слегува благодатта на Светиот Дух – истата онаа благодат од Крштението Христово што ги осветила Јорданските води. Затоа на големата ектенија при оваа света тајна, ние се молиме: „да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух…, да ѝ се испрати благодатта на избавувањето и благословението Јорданово…, да дојде на оваа вода очистителното дејство на предвечната Троица…, да му биде оваа вода бања на повторното раѓање, за прошка на гревовите и облека на нетление…“ Следствено, на светата тајна крштение, врз крштеваниот слегува благодатта на Светиот Дух, се осветува човечкото тело, се погазува стариот гревовен човек по Адама, а се раѓа нов, внатрешен човек во нашиот Спасител Христос, облечен во нетлена облека. Така, нашиот живот добива духовна смисла на постоењето и предназначение за вечниот живот. Со крштението во Христа ние едноставно се облекуваме во Него, како што и пееме после трикратното потопување: „Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте“.

Ова суштинско сотериолошко и обожувачко својство на христијанската вера добро го знаеле нашите предци од овие секогаш несигурни предели, и точно поради тоа успеале да се одржат и во најтешки времиња. Нераскинливо сродени со оваа голема наша Светиња, со овој свет Манастир, тие оставиле богато наследство од нивата високиздигната духовна и културна свест. Показател за тоа се и денешните нивни чеда, коишто, иако не така силно и огнено, сепак, како мали жарчиња во пепелта сведочат за некогаш големиот пламен на верата на нивните претходници. Некои од кумовите што вечерва се тука, можеби и не ја знаат точно духовната содржина на овој древен обичај, ама поради огнената вера на предците, тие денес светат како жарчиња. Потребно е сега жарчињата повторно да се разгорат во силен оган, доколку сакаме добра иднина. Зашто без Христа нема ни добро минато, ни среќна сегашност, ни светла иднина. Он е единственото добро и Творец на доброто; Единствениот Кој почуваше на совршена љубов и ја докажа неа, умирајќи на Крстот од љубов кон човекот. Со Неговото сеславно Воскресение, пак, ѝ ја даде крајната смисла на апсолутната љубов, а со тоа и на човечкиот живот.

Господ да ни ги отвори духовните очи за да го разбереме сето она што Он го направи, и секојдневно го прави за нашето спасение, бдеејќи постојано над нас и закрилувајќи нè кога ние не сме ни свесни за тоа! Да упатиме вечерва молитва кон Него, што повеќе луѓе да се просветат со благодатта од сегашниов празник и огнот на верата да се разгори во срцето на нашиот народ, за да имаме подобра иднина и накрај да станеме наследници на спасението. Деновиве еден човек што неодамна ја посетил Света Гора ми раскажуваше како, кога во манастирот Ватопед запрашал некој монах дали и кога ќе има трета светска војна, монахот мудро му одговорил: „Поважно е прашањето зошто, отколку кога… Затоа што денес не е толку голем проблем гревот во човештвото – него отсекогаш го имало – но, проблем е тоа што луѓето денес го величаат гревот и злото го претставуваат како добро“. И навистина, современата пропаганда и концепт на живеење не ни оставаат простор да си го подобруваме ни сопствениот карактер, сопствената личност, а камоли нашето опкружување. И така, светот станува сè полош и полош. Во минатото, кога во светот и кај нас преовладувала христијанската философија на живот, луѓето, особено Христијаните, знаеле дека треба да се борат со своите страсти и гревовите. Не дека биле безгрешни – човек безгрешен нема – но, знаеле да различат што е добро а што зло, што праведно а што неправедно. Кога ќе паднеле во грев, тие го осудувале гревот во себеси, оттргнувајќи се од злото и стремејќи кон доброто, според зборовите на Божествениот Павле, кој поучува: отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто (Рим. 12,9). А денес, за жал, гледаме дека мнозинството луѓе го практикуваат токму обратното: за нив злото станало добро и нешто што заслужува пофалба! Ете, тоа е најстрашниот проблем на нашето совремие и затоа монахот кажал дека тоа е причината што ќе донесе војна во светот. Меѓутоа, ние Христијаните не смееме да губиме надеж, па макар и во колку тешки неприлики да живееме; напротив, треба да се бориме со сите свои сили за доброто да преовладее, а најнапред, како што советува Апостолот, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нè окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји (Евр. 12,1-2). Во Господа Христа ние имаме таков совршен пример на послушание и смирение, што немаме изговор да не ја исполнуваме волјата Божја. Крајно послушен на Својот Отец, Самиот сакајќи го истото што и Отецот го сака, Синот Божји се понизи Себеси и во неискажливо смирение дојде во светот „заради нас и заради нашето спасение“ (Символ на верата). Да се потрудиме да Го последуваме Христа, исполнувајќи ја Божјата волја и тогаш светот сигурно ќе биде подобар и помирен, затоа што ќе знаеме да се жртвуваме едни за други. Љубовта ќе ни биде водилка, а радоста награда.

Да сте живи, здрави и благословени! Добро бдение и просвештение на сите!

*****************************************

Богојавленско радование

6/19 јануари 2017 лето Господово

Оној што се облекува со светлина како со облека, заради нас прифати да биде како нас, денес се облекува во јорданските води, Самиот Он немајќи потреба од очистување, туку нам преку Себе да ни устрои обновување. О, чудо! Без оган согорува, и без да крши наѕидува, и ги спасува во Него просветлените, Христос Бог и Спасителот на душите наши. (Литијна стихира на празникот)

Денес блеска од небото светлината на Просвештението, а природата се радува чекајќи го своето обновување. И водите брзаат да Го сретнат Христа, примајќи од Него осветување. Оти, како што вели Св. Јован Златоуст, после сјајната зора на Христовото Рождество, денес го гледаме полниот блесок на денот. Господ Светлината на светот, денес се објавува за да ги осветли оние што седат во темнина и смртна сенка. Зашто Оној Кој како дожд слезе на земјата и потече како бистар извор, па се разлеа како моќна река, денес се влева во Јордан за да ги осветли и очисти неговите води. О, чудо над сите чудеса! Како бескрајната Река што го радува градот Божји се потопува во мали води? Го препознаа водите, Го препознаа и се вратија назад. „Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш?“ (Псал. 113, 5) Го видовме Создателот во облик на слуга. Ете доаѓа, неугледен, осамен, непокриен, носејќи го на Себе телото човечко како облека, за да го сокрие така достоинството на Своето Божество и да го измами оној што се крие во водите. Му пристапува на Јована без царско достоинство, како обичен човек, уште повеќе, како да е грешен човек и смирено ја наведнува главата да биде крстен од неговата рака. А тој Го одвраќа велејќи: „Ти Кој крштеваш со огнот на Божеството, зошто бараш од мене крштение со вода?“ Кроткиот, пак, Господ одговара: „Крсти Ме, Јоване, за никој да не го презре крштението. Крсти Ме, за да се слушне сведоштвото на Отецот на небесата и Духот Свет да слезе на водите“. О, блажено смирение на нашиот Господ Кој со Своето потопување го освети и очисти сето создание!

И самата природа со своето снежно белило како да ја сведочеше таинствената светлина на овој ден. Сепак, таа чудесна светлина, најсилно ги озари сите присутни на празничната богослужба во новоживописниот ростушки храм на Пресвета Богородица, каде што благодатните зраци на Богојавленската Литургија силно ги пронижаа нивните срца, осенувајќи ги со радоста на Просвештението. Како целата природа да се придружила на громогласното пеење во храмот, кога со радосните стихови на торжествениот тропар се објави Крштението на Господа во Јордан и сведоштвото на Света Троица. И целата природа се радуваше кога верните, облагодатени од небоземната Литургија, со весело расположение се упатија во празнична литија кон мостот, за таму молитвено да земат удел во традиционалното осветување на водите. Обилната снежна покривка и зимска свежина не можеа да ги спречат пријавените кандидати да влезат во студените води и таму да го стекнат благословот на осветувањето. Среде насобраното мнозинство на мостот се слушна Гласот Господов, кој низ устата на Старецот ги повикуваше верните: „Пријдете примете го сите Духот на премудрост, Духот на радост, Духот на страв Божји, на Христа Кој се јави“, и се изврши чинот на осветувањето. А оној што се удостои да го извади од водата крстот ,што нашиот Старец, Архимандрит Партениј го положи во неа, 24-годишниот Душан Чимев од Виница, покрај обилниот благослов, штедро излеан врз него од Господа, беше награден и со пригоден подарок од страна на нашите редовни дарители и големи пријатели на манастирот, општината Маврово-Ростуше и компанијата „Ха-Ем“.

О милостив Господи, Ти Кој денес влезе во Јордан и ги освети водите, освети ги и нашите души, осенувајќи нѐ со благодатта на Просвештението, за да можеме, измиени од гревот, да ти ги принесеме најдобрите плодови на нашите души.

**************************************************************

 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 19, 2017 во Uncategorized

 

Ознаки:

Коментарите се затворени.