RSS

За редоследот на богослужбите…. (утрена)….

12 Авг

РЕДОСЛЕД НА УТРЕНА ВОСКРЕСНА (или НЕДЕЛНА)

ПОСЛЕ БОГ ГОСП         
ТРОПАР ВОСКРЕСЕН (2 пати)  СИ Богородичен 

Ако е Прв Глас
1 Гл.
 Иако, со камен, запечатено и од војници чувано Твоето пречисто тело, Си воскреснал по три дена, Спасителе, Кој, му даваш живот на светот
Затоа Ти пееа силите Небесни Животодавче, Сл: на Тв Воскр Христе, Сл: на царството Тв, слава на Тв промисла единствен Човекољубив.
СИ Кога Гаврил ти велеше Дево радувај се! Со гласот се овоплотуваше во тебе Господарот на сите, Св Кивот, како што рече праведниот Давид.
Се покажа поширока од небесата носејќи Го Твојот Создател.
Слава на Оној Кој се всели во тебе Слава на Оној Кој излезе од тебе. Слава на Оној Кој не ослободи со Твоето раѓање.

2 Гл. Кога Си слегол кон смртта, Животе бесмртен, тогаш адот Си го умртвил со блесок на божеството
А кога умрените од подземјето Си ги воскреснал, сите сили небески воскликнуваа: Животодавче Христе Боже, наш, слава Ти.
СИ Се е надмисловно, сите твои тајни се преславни Богородице. Иако со чистота си запечатеиа и во девство сочувана
Се покажа вистинска Мајка кога Го роди вистинскиот Бог: Него моли Го да се спасат душите наши.

 

3 Гл. Да се веселат небесните, да се радуваат земните, зашто Господ со Својата сила се покажа Господар.
Со смрт смртта ја победи, првенец од мртвите постана, од утробата на адот не избави и на светот му даде голема милост.
СИ Тебе, која си посредница во спасението на нашиот род те воспеваме Богородице Дево
Зашто со телото примено од тебе, Синот Твој и Бог наш откако прими страдание на крстот, не избави од распадливост како човекољубец.

 

4 Гл. Светлата проповед за воскресението штом ја дознаа Господовите ученички од ангелот и прародителската осуда ја отфрлија
Фалејќи се на апостолите им говореа: Се уништи смртта, воскресна Христос Бог, Кој на светот му дарува голема милост.
СИ Тајната скриена од памтивек непозната и за ангелите, преку тебе Богородице на земјата се јави Бог овоплотен во неслиено единство
И откако заради нас доброволно прими крст со кој го воскресна првосоздадениот, од смрт ги спаси душите наши.

 

5 Гл. Собеспочетното Слово на Отецот и Духот Кое од Дева се роди за спасение наше, да Го воспееме верни и да Му се поклониме
Зашто благоизволи со тело да се искачи на крст и смрт да претрпи и да ги воскресне умрените со славното воскресение Свое
СИ Радувај се врата Господова непроодна, радувај се стено и покров на оние што прибегнуваат кон тебе
Радувај се мирно пристаниште и неискусобрачна која по тело Го роди Творецот твој и Бог.
Постојано моли се за оние што и пеат и се поклонуваат на твојата Рожба.

 

6 Гл. Од ангелската сила на гробот Твој и стражарите премреа, и стоеше Марија во гробот барајќи го твоето пречистото тело
Но Ти Си го пленил адот не вкусувајќи од него, Си ја сретнал Дева дарувајќи живот. Господи Кој воскресна од мртвите, слава Ти.
СИ Ти Кој благословена Си ја нарекол Својата мајка, доброволно Си дошол да страдаш, откако засветли на крстот сакајки да го побараш Адама
Им рече на ангелите: Радувајте се со мене зашто се најде загубената драхма. Се мудро Си устроил, Боже наш слава Ти.

 

7 Гл. Со крстот Твој смртта Си ја разрушил, на разбојникот рајот Си му го отворил, на мироносиците плачот Си им го променил и на апостолите
Си им заповедал да проповедаат дека Си воскреснал Христе Боже, Кој на светот му даруваш голема милост.
СН Како сокровиште на нашето воскресение, оние кои во тебе се надеваат, Севоспеана, од јамата и длабочината на прегрешенијата изведи ги;
Зашто си ги спасила виновните за гревот, ти која си Го родила спасението наше; пред раѓањето беше Дева, во раѓањето си Дева и по раѓањето пак ос.тануваш Дева.

 

8 Гл . Од висините Си слегол Милосрден, погребение тридневно Си примил да не ослободиш од страданијата
Животе и воскресение наше, Господи, слава Ти. СИ Ти кој заради нас се роди од Дева и распнување претрпе Благи
Соборувајќи ја смртта со смрт и воскресението го најави како Бог, не презирај ги оние кои Си ги создал со раката Твоја.
Покажи го Твоето човекољубие Милостиви, прими ја таа што Те роди Богородица, која се моли за нас и спаси ги Спасителу наш луѓето од очајание.

 Ек – Седален – Ек – Седален – (Седелен од Осмогласник) Непорочни
Благословен си, Господи, научи ме на повелбите Твои. Ангелскиот собор се восхити, гледајќи Те сместен меѓу мртвите Спасителу
Смртната сила ја разори и со Себе Адама го подигна и од адот сите ги ослободи. Зошто мирото со милостивните солзи о ученички го растворивте?
Блескајќи во гробот, ангел на мироносиците им зборуваше:  Погледнете го гробот и сфатете, дека Спасителот воскресна од гробот.

Многу рано мироносиците трчаа кон Твојот гроб, плачејќи, но застана пред нив ангелот и рече:
Времето за плачење помина, не плачете, но воскресението објавете им го на апостолите.

Мироносици жени со миро пристигнаа кај гробот Твој Спасе и плачеа. Ангелот им рече: зошто со мртвите Живиот го мислите? Како Бог Он вос: од гр:

СЛ: Да се поклониме на Оца и Неговиот Син, и на Светиот Дух: На Св Троица, единосушна, со серафимите пеејќи: Свет, свет, свет си, Господи.
ИС: Откако Животодавецот Го роди Дево, Адам од гревот го избави. На Ева, радост наместо мака и подари;
и паднатите преку неа, кон живот ги обрати ткако од тебе се овоплоти Бог и човекот. Алилуја, алилуја, алилуја, слава Ти, Боже. (3)


Ек – Ипакој – Степени –  ☺Да внимаваме Прокимен
☺Се што дише, да Го фали Господа. Х: Се што дише, да Го фали Господа.

☺Фалете Го Бога во Неговата светиња, фалете Го во цврстината на силата Негова. Х: Се што дише, да Го фали Господа ☺ Да Го фали Господа
☺Премудрост, пазете, да го ислушаме светото Евангелие. Мир на сите. Х: И СО ДУХОТ ТВОЈ.
☺Од Светото Евангелие ќе се чита. Х: СЛАВА, ТИ, ГОСПОДИ, СЛАВА ТИ ☺ Да внимаваме. И све го кажува утреното Ев. СЛАВА ТИ ГОСПОДИ СЛАВА ТИ
Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на светиот Господ Исус, Единствениот безгрешен.
На Твојот крст се поклонуваме, Христе, и твоето свето воскресение го воспеваме и славиме.
Зашто Ти си наш Бог, и освен Тебе, друг не познаваме, и со Твоето име се именуваме.
Дојдете сите верни, да се поклониме на светото Христово воскресение, зашто, ете – преку крстот дојде радост за целиот свет.
Секогаш, благословувајќи Го Господа, да го воспеваме Неговото воскресение, зашто Он, откако претрпе распнување, смртта ја разруши со смрт.
Пс 50 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои.
Најнапред измиј ме од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконието мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене.
Пред Тебе единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш справедлив кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш.
Ете во безз: сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. Но Ти ја засака вистината во срцето, и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајна прем: Твоја
Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег. Дај ми да чујам радост и веселба, и ќе се зарадуваат коските мои ослабнати.
Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.
Не отфрлувај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај го од мене. Врати ми ја радоста, спасувајќи ме и со Својот моќен Дух зацврсти ме.
Беззакониците ќе ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ќе се обрнуваат. Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение,
И јазикот мој ќе се зарадува на Тв: правда. Господи отвори ја устата моја и устата моја ќе ја објави похвалата Тв: оти да сакаше жртва јас ќе Ти ја прин:
Но сепалениците не ги сакаш. Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже не отфрлуваш.
Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги ѕидовите ерусалимски.
Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.

 

Слава: По молитвите на апостолите, Милостиви, очисти ги нашите многубројни согрешенија.
И сега: По молитвите на Богородица, Милостиви, очисти ги нашите многубројни согрешенија.                                           

Помилуј ме Боже, поради големата Твоја милост и заради големата Твоја добрина, очисти ги моите беззаконија.

Воскресна Исус од гробот, како што прорече, ни даде живот вечен и голема милост.                                             
Ек – Канон 3 – Ек – Сед – 6 –  Ек – Кондак – Ик – 8 Те фалиме те благословуваме ти се поклонуваме Господи восхвалувајки те и превознесувајки те во сите векови
☺Богородица, и Мајката на светлината, во песни ја величаме.                                                                           * Гос Праз не се пее мојата душа го велича господ

Мојата душа Го велича Господа и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој.
Почесна од херувимите неспоредливо пославна од серафимите, нетлено Бога Словото што го роди, вистинса Богородица, тебе те величаме     ** По секој стих

Оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја и, ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови;

Зашто Силниот ми направи големи дела и свето е Неговото име; и милоста Негова е од колено на колено за оние, што се бојат од Него.

Он покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се гордеат со мислите во срцата свои;

Ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените, гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни;

Го прифати Израилот, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста, како што им зборуваше на татковците наши, на Авраама и на семејството негово довека.

Ек      ☺Свет е Господ нашиот Бог  Х: Свет е Господ нашиот Бог ☺Зашто свет е Господ нашиот Бог Х: Свет е нашиот Бог
☺ Над сите луѓе е нашиот Бог Х: Свет е нашиот Бог се пее  –

СВЕТИЛЕН –  ФАЛИТНИ  Се што дише нека Го фали Господа. Фалете Го Г: на небесата фалете Го на височините. Тебе Ти прилега песна, на Бога.

Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите војски Негови. Тебе, Ти прилега песна, на Бога.

Стихири, на 6. Да го извршат над нив напишаниот суд. Тоа ќе биде славата за сите Негови светии.          ** Нед  десет од Октоих, а  праз  4 или 6 минеј

Фалете Го Бога во Неговата светиња, фалете Го во цврстината на силата Негова.

Стихири, на 4  Фалете Го поради неговите сили, фалете Го поради многуте величија Негови.

Фалете Го со трубен звук, фалете Го со псалтир и гусли;

Стихири, на 2  Фалете Го со тимпани и во оро, фалете Го на струни и со свирка

Фалете Го со милозвучни кимвали, фалете Го со кимвали громогласни! Се што дише – нека Го фали Господа
С Евангелска или Стрихира на празникот И  Богородичен
Преблагословена си, Богородице, Дево, бидејќи Оној Кој се воплоти од тебе го плени адот, го повика Адама, клетвата се раскина
Ева се ослободи, смртта се умртви, и ние оживеавме. Затоа пеејќи да извикаме: благословен да е Христос Бог, Кој така благоволи, слава ти
СЛАВА НА ТЕБЕ, КОЈ НИ ЈА ПОКАЖА СВЕТЛИНАТА.
Слава на бога во височините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја.
Те фалиме, Те благословуваме, Ти се поклонуваме, Те славиме, Ти благодариме поради Твојата голема слава.
Господи Цару небески, Боже Оче Седржителу, Господи Сине Единороден, Исусе Христе и Свети Духу.
Господи Боже Јагне Божјо Сине на Отецот кој ги земаш гревовите на светот, помилуј не.
Ти Кој ги земаш гревовите на светот, прими ја молитвата наша. Ти Кој седиш од десно на Оца помилуј не, зашто Ти си Единсвет свет
Ти си Единствен Господ, Исус Христос, во слава на Бога Оца. Амин. Секој ден ќе Те благословувам и ќе Го фалам Твоето име вечно и во вечни векови.
Удостој не Господи, во овој ден да се сочуваме од грев. Благословен Си Господи Боже на нашите оци. И фалено и прославувано е Твоето име во веки. Амин.
Нека биде Господи, Тв милост на нас,како што се надевавме во Тебе. Благословен си Господи, научи ме на повелбите Твои. (3)
Господи, Ти си ни бил прибежиште од род во род. Јас реков: Господи помилуј ме и исцели ја мојата душа ашто згрешив пред Тебе.
Господи, кон Тебе прибегнав, научи ме да ја исполнувам Твојата волја, зашто Ти си мој Бог.
Зашто во Тебе е изворот на животот, во Твојата светлина ќе видиме светлина. Простри ја Твојата милост врз оние, кои Те познаваат.
Св Боже, Св Силни, Св Бесмртни, помилуј не (3) СИ Св Бесмртни помилуј не. Св Боже Св Крепки Св Бесмртни, помилуј не.   ТРОПАР праз, или …

Денеска е спасението на светот, да Му пееме на Воскреснатиот од гробот и зачетникот на нашиот живот.                ** Ако е 1357 Глас
Зашто, откако ја урна смртта со смрт, победа ни даде и голема милост.

 

Воскреснат од гробот, оковите адски Си ги раскинал, Си ја разрушил смртната пресуда, Господи, откако ги избави сите од непријателските замки. Откако, пак, им се покажа на апостолите, Си ги испратил на проповед и преку нив Си и го дал Твојот мир на вселената, Единствен милостиви.     ** Ако е 2468

Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух …  Тука започнува Светата Литургија

 

****************************

УТРЕНА – ПОЧЕТОК НА УТРЕНА СЕКОЈДНЕВНА

Св: Благословен е нашиот Бог постојано сега секогаш и во вечни векови.

Пс: Амин Слава ти Боже наш салва ти.
Пс: Царе Небесен, Утешителу, Дух на вистината кој си на секаде и се исполнуваш Само на погреб нема Царе Неб
Ризницо на добрините, Животодавче, дојди, вселисе во нас, очисти не од секаква нечистотија и спаси ги Благи, душите наши

Св Боже Св Силнии Св Бесмртни Помилуј не (3) Пресвета Троице помилувај не, Господи очисти ги гревовите наши, Владико прости ги беззаконијата наши
Свети посети не и исцелиги нашите слабости заради твоето име. Господи Помилуј (3) СИ
Оче наш кој си на небесата, да се свет името твое да дојде царството твое да биде вољата твоја како на небото така и на земјата
Лебот наш насуштен дај ни го денес, и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници

И не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот.  Зошто твое е .. АМИН Господи помилуј 12 СИ
Придете да Му се поклониме на царот, нашиот Бог, Придете да му се поклониме и да паднеме пред Христа царот и нашиот Бог
Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред самиот Христос, нашиот цар и Бог    **  Потоа (ПС19 и 20) не ги читаат, oсвен на бдение кога навистина не се читаат
Пс 19 Нека те послуша Господ во тежок ден, да те заштити Името на Бога Јаковов. Да ти испрати помош од светилиштето и од Сион да те подкрепи.
Нека си спомне за секоја твоја жртва, и сепалениците твои да бидат примени. Да ти даде Господ и она што ти Срце сака и сите твои помисли да ги исполни.
Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во Името на нашиот Бог ќе се издигнеме. Да ги исполни Господ сите твои молби.
Сега знаеме дека Господ го спасува својот помазаник, го слуша од светите свои небеса, спасението е во силата на неговата десница.
Едни со коли други со коњи а ние со Името на Господ нашиот Бог се фалиме. Тие се сопнаа и паднаа а ние се кренавме и стоиме прави.
Господе спаси го Царот и послушај не кога ти се молиме Пс 20 Господе со твојата сила ќе се весели Царот и за спасението од тебе безмерно ќе се радува.
Ти му даде она што срцето негово посака и молбата на устата негова не ја одфрли зашто ти го пресретна со добри благослови
Mу возложи на главата венец со скапоцени камења. Тој побара од тебе живот а ти му даде долголетие во векови вечни.
Голема е славата негова поради спасението од тебе. Ти го покри со чест и величие. Ќе положиш на него вечен благослов развеселувајќи го со радоста на Лицето твое
Зашто Царот се надева на Господ и во милоста на Севишниот не се сомнева. Раката твоја ќе ги најде сите твои непријатели, десницата твоја ќе ги најде сите што те мразат
Кога ќе се разгневиш ќе ги направиш како огнена печка, гневот Господов ќе ги погуби и оган ќе ги проголта.
Ти ќе го уништиш плодот нивни на земјата и семето нивно меѓу човечките синови, зашто смислија против тебе зло, се договорија но не можеа ништо да направат.
Ти ќе ги поставиш како цел а од твоите лакови ќе пуштиш стрели во лицето нивно. Издигни се Господе со твојата сила. Ние ќе воспеваме и ќе ја прославуваме тв моќ
Спаси ги Господи Тв луѓе и благослови го Тв наследство. Победи на сите православни христијани  над противниците дарувај  пазејќи го со Тв крст Тв жителство.
СЛ: Христе Боже, кој добороволно си се издигнал на крстот, подари ги Тв добрини на Тв нов народ.
Со својата сила, зарадувај го Тв народ кој се именува со Тв Име, давајќи му победа над противниците, да го има Тв оружје на мирот, како непобедлива победа.
ИС: Севоспеана Богородице, како страшна и сигурна застапница, не презирај ги, Благодатна нашите молитви, утврди го православното жителство
Спаси го нашиот православен народ, кому си заповедала да владее и подај му победа, бидејќи си Го родила Бога, единствена благословена.
ЕК 3 ГП Амин. Во името на Господа, Благослови оче ☺Слава на Светата и единосушна, животворна и неразделна Троица, постоја …векови.  АМИН.


ШЕСТОПСАЛМИЕ Слава на Бога во висините, и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја. (3) Господи, отвори ми ги усните и мојата уста ќе Те фали. (2)

3 Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене; мнозина велат за душата моја:
Нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си застапник мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја.
Со гласот свој викам кон Господа и Он ме слуша од Својата света Гора. Легнувам, спијам и станувам, оти Господ ме чува.
Не се плашам од многу илјади луѓе, што од сите страни навалиле на мене. Стани, Господи! Спаси ме, Боже мој
Зашто Ти ги поразуваш сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешниците. Од Господа е спасението. Твојот благослов нека биде на народот Твој.

37 Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме, зашто стрелите Твои се забија во мене, и Твојата рака тежи врз мене.
За телото мое нема лек од Тв гнев. Во коските мои нема мир од гревовите мои Зашто беззаконијата ја надвишија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа.
Смрдат и гнијат раните мои поради безумието мое. Настрадав и се стопив сосема, цел ден натажен одам бидејќи одвнатре горам од оган, нема лек за телото мое.
Озлобен сум и прекумерно понизен; рикав поради воздишките на срцето мое. Господи, пред Тебе се сите мои желби, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе.
Срцето ми се возбуди и ме напушти силата моја и светлината на очите мои и неа ја нема во мене. Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија
Застанаа подалеку од мене, а оние што ја бараа душата моја, зборуваа лошо и без основа и секој ден кроеја сплетки
А јас, пак, како глув не слушав и сум како нем, кој не ја отвора устата своја; станав како човек, што не слуша и што во устата своја нема прекор,
Зашто на Тебе, Господи, се надевав; Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој. Оти си реков: да не се погордеат над мене моите непријатели
И кога ми се поколебаа нозете мои, тие изговорија лоши зборови над мене. Готов сум да паднам, и јадот мој секогаш е пред мене,
Беззаконието свое го признавам и ќе се смирувам поради гревот мој.
А непријателите мои живеат и се посилни стануваат од мене, и се намножија оние што неправедно ме мразат, па враќајќи ми зло за добро
Бидејќи бев за правда тие ме отфрлија како мртовец. Не оставај ме, Господи Боже мој, не отстапувај од мене. Побрзај да ми помогнеш, Господи Спасителу мој

62 Боже, Боже мој, кон Тебе поранувам; за Тебе зажедне душата моја. Колку пати за Тебе копнее телото мое на земјава пуста, неплодна и безводна?
И така се појавив во Светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила, и Твојата слава. Зашто милоста Твоја е подобра од животот
Устата моја ќе Те фали. Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои. Како со маст и елеј се наситува душата моја
И со радосен глас ќе Те фали устата моја. Кога ќе се сетам за Тебе во постелата моја во утринските часови за Тебе размислувам
Зашто Ти си ми помошник и во сенката на твојата закрила ќе воскликнувам. Кон Тебе се приближи душата моја, Твојата десница ме поддржува.
А оние кои залудно го побараа мојот живот, ќе слезат во пеколот! Ќе бидат поразени со силата на мечот; ќе станат плен за лисиците.
А царот ќе се зарадува во Бога, и секој ќе се фали, кој во Него се колне, бидејќи ќе им се затне устата на оние што говорат неправда.
Размислувам за Тебе за време на ноќните стражи, зашто Ти си моја помош, и под сенката на Твојата закрила ќе се зарадувам.

Кон Тебе се приврза мојата душа, Твојата десница ме поддржа. СИ: Алилуја, алилуја, алилуја, слава Ти, Боже. (трипати, без меатнија). Господи, помилуј. (3) СИ:

Пс 87 Господи, Боже на моето спасение, дење Те призивам и ноќе сум пред Тебе:
За да дојде пред Тебе молитвата моја, приклони го увото Свое кон молбата моја, Господи зашто душата моја е полна со јад и животот се приближи до адот.
Се изедначив со оние што слегуваат во гроб, станав како човек без помош слободен меѓу мртвите
Како фрлени и ранети што лежат во гроб, за кои Ти веќе не се сеќаваш; тие се оттурнати од Твојата рака.
Ме положија во подземен ров, во мрак и во смртна сенка. Ја истури врз мене Твојата јарост, и со сите Свои бранови ме поразуваш.
Ти ги оддалечи од мене моите познати, ме направи одвратен за нив; затворен сум и не можам да излезам.
Очите мои ослабеа од сиромаштија; цел ден викам кон Тебе, Господи, ги протегам рацете кон Тебе. Зар на мртовци ќе правиш чуда?
Зар сенките ќе се кренат и ќе Те слават? Зар во гроб некој ќе кажува за Твојата милост и за Твојата вистина – во местото на распаѓањето?
Зар во темнината ќе ги познаат Твоите чудеса и во земјата на заборавот Тв: правда? Но јас повикав кон Тебе Господи и наутро молитвата моја Те испреварува.
Зошто, Господи, ја оттурнуваш душата моја и го одрваќаш лицето Свое од мене? Јас сум несреќен и од младини се мачам;
Се возгордеав, се смирив и изнемоштен сум.  Над мене се надви Твојата јарост, Твоите заплашувања наполно ме скршија.

Секој ден ме опкружуваат како вода: сите заедно ме опседнуваат. Ти го оддалечи од мене ближниот и пријателот; моите познати не се гледаат.

Господи Боже на моето спасение, дење и ноќе Те повикувам Тебе. Нека влезе пред Твоето лице мојата молитва;
Наклони го Твоето уво кон мојата молба. 102 Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да Го благословува Неговото име.

Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија,
Кој ги исцелува сите твои болести; Кој го избавува од распаѓање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини.

Кој ја исполнува со блага твојата желба, како на орел ќе се обновува твојата младост.

Господ им дава милост и суд на сите онеправдани. Он му ги покажа Своите патишта на Мојсеја, на Израилевите синови – барањата Свои.

Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив. Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути.
Он не ни направи ништо според нашите беззаконија и не постапи според нашите гревови.
Зашто, колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господа спрема оние што се бојат од Него.
Колку е далеку исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија.
Како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто Он го знае нашиот состав. Помни дека ние сме земја.
Дните на човекот се како трева; како полски цвет така прецутува тој; ќе дувне ли над него ветар и веќе го нема и местото веќе нема да се познава

А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, и правдата Негова е од синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов
И ги помнат заповедите Негови, за да ги исполнуваат. Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над се.
Благословувајте го Господа – сите ангели Негови, крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов
Благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата негова;
Благословувајте Го Господа сите Негови дела. По сите места на Неговото владеење благословувај Го, душо моја, Господа!   142 …

Господи, услиши ја молитвата моја, чуј го молењето мое поради Твојата вистина; услиши ме поради Твојата правда и не стапувај во суд со Твојот слуга
Зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите. Непријателот ја прогонува душата моја, го понизил животот мој дури до земјата,
Ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени; опадна духот мој во мене, се вознемири во мене срцето мое. Се сетив на дамнешните дни
И размислував за сите Твои дела, расудував за делата на Твоите раце. Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја.

Услиши ме поскоро, Господи: духот мој малакса; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб.

Соопшти ми ја утрената милост Твоја зашто на Тебе се надевам Господи. Покажи ми го Господи патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја вознесувам душ: моја

Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав. Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог.

Твојот благ дух нека ме води по прав пат. Заради Твоето име, Господи, ќе ме оживиш Поради Твојата правда – ќе ја избавиш од неволја душата моја.

Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.

Услиши ме, Господи по Твојата правда, и не влегувај во суд со Твојот слуга. Услиши ме, Господи по Твојата правда, и не влегувај во суд со Твојот слуга.

Твојот благ дух нека ме води во земјата на правдата. СИ: Алилуја, алилуја, алилуја, слава Ти, Боже. (3)


ЕК 
 –  Припев Бог Господ ни се јави, благословен е оној што доаѓа во името Господово.

Стих 1. Фалете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна Неговата милост.
2. Ме заокружија од сите страни, но со Името на Господа ги одвраќав.

  1. Нема да умрам но ќе живеам за да ги кажувам делата на Господа.
    4. Каменот што ѕидарите го отфрлија стана аголен камен. Од Господ е ова и чудесно е во нашите очи

    Потоа ако е Недела, продолжува со тропар и седални од Осмогласник
    Ако е Празник, продолжува со тропар и седални од Минеи

******************

 
Напишете коментар

Posted by на Август 12, 2015 во Uncategorized

 

Ознаки:

Коментарите се затворени.