RSS

Втор Круг (Педесетница – Велики Пост). Втора Недела по Педесетница. Недела на сите македонски светии

03 Јул

„Скапа е во очите на Господа смртта на Неговите светии“

(Псал. 115: 6) 

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Во Православната Црква постојат многу празници и сите тие имаат длабока таинственост и вистинска смисла во нивното празнување. Ниту еден празник не е случаен, ниту, пак, измислен, зашто сите тие со сјајни букви се запишани во свештената историја на нашата Црква. Без празниците ние би го загубиле сопствениот идентитет, зашто тие се жив сведок за сè она што се случувало со нас и како православни, но и како национално определен народ – Македонци. Затоа, на секој еден празник, кога ние присуствуваме на богослужба во светиот храм, нас нè опфаќа прекрасно чувство на самоувереност, а во нашите очи честопати навираат и солзи од прекрасните богослужбени молитвени песни, посветени за тој ден, што, пак, е доказ дека ние се соживуваме со настаните, кои се случиле на определениот празничен ден.

Денешниот празник, празникот на сите македонски светии, иако е од понов период на нашата Црква, треба постојано да нè потстетува на одговорот на едно често поставувано прашање: Кои сме ние? Одговорот, пак, нема никогаш да го дознаеме, ако не се потсетиме кои биле нашите претци, нашите чувари на најсветото, оние, кои ни ја предале светата Православна вера во сета нејзина чистота, при што жртвувале сè што имале. За жалење е оној народ, кој не знае за своето минато, кој не ги знае своите претци, кој не знае од каде доаѓа и на каде оди. Според тоа, денес имаме можност да го вратиме временскиот часовник наназад и да се потсетиме на одговорот од прашањето: Кои сме ние, но и да го запаметиме за навек и достојно да им го пренесуваме на своите идни генерации.

Пред сè, ние сме доброволци, зашто нашите свети претходници, кои се овенчале со ореолот на вечната слава, доброволно ја примиле Христовата вера, што, пак, постанало главен мотив и неопходен услов за сè што е свето, херојско, благородно, творечко и хармонично низ целата наша свештена историја. Ткаењето на нашата историја обоено е со многу бои, но кога се гледа оддалеку, се гледа една боја која надвладува, а тоа е Христовата боја. Овде, на ова парче света земја наречена Македонија, отсекогаш сè доброволно се работело: доброволно се граделе цркви и манастири; доброволно се давало почит кон родителите и чест на претпоставените; доброволно сме се каеле за гревовите; доброволно се кревале востанија и се бранела верата и слободата; доброволно се паѓало на молитва; а доброволно и во смрт се тргнувало, за да не се испогани најсветото.

Ако нашите свети претци биле испосници, кои го поучувале својот род да се чува од неумерените прејадувања и ненаситности, такви треба да бидеме и ние; ако нашите свети претци биле молитвеници, кои ги подигнувале своите очи кон небото и само од Бога очекувале помош и застапништво, такви треба да бидеме и ние; ако нашите свети претци биле покајници, кои не дозволувале ниту ронка гревовна прашина да падне врз нивните души, такви треба да бидеме и ние; ако нашите свети претци биле најдобрите и најмилостиви луѓе, кои самите се сметале за најгрешни и најпоследни, такви треба да бидеме и ние; ако нашите свети претци биле доброволни сиромаси, кои ги презреле сите светски богатства, но ги богателе сите со дух и вистина, такви треба да бидеме и ние. Можеби некој ќе рече: па нашите свети претци биле екстремни и тешко дека денес би можеле да се вклопат во овој свет! На оние, кои така размислуваат ќе им одговориме дека не се во право, зашто нашите претци се жртвувале доброволно, па со својата екстремна добрина го повлекле нашиот род од крајно екстремното зло и го насочиле по вистинскиот пат.

Славејќи го споменот на нашите истородни светители, денес имаме убава можност да се потсетиме на сите оние грешки, со кои сме ги навредиле лично нив и со кои сме го понижиле своето достоинство. Најпрво да се покаеме за сè што имаме згрешено кон Бога и за тоа што го извалкавме Божјиот лик. Да се покаеме за своите лаги, кражби, омрази, разврати, хулења на светињата, озборувања, осудувања… Да се покаеме за своите безбројни гревови, знајни и незнајни, јавни и тајни, направени со збор, дело и помисла.

Денес да се покаеме и за гревовите на сите оние наши народни водачи и првенци, кои заборавиле дека Македонските Светители се вградени во темелите на оваа држава и дека ова е света земја. Да се покаеме за нив, затоа што тие заборавиле дека се водачи на еден свет и маченички народ, затоа што ја злоупотребиле својата власт за народна несреќа, за свое, но и за проклетство на својот пород.

Да се покаеме за сите оние безбожни учители и писатели, кои на своите ученици им покажале лизгав пат по разните белосветски фантазери, пат – безбожен и неморален, кој го води својот народ во крв, злосторство и уништување.

Да се покаеме за сите оние македонски синови и ќерки, кои го презреле духот, искуството, разумот, верата, светињата, чесноста и добрината на својот народ, а ја примиле и прифатиле туѓата лудост, нечесност и секаква ефтина стока, па на таков начин се трудат чистото народно злато, низ стотици огнови исчистено, да го заменат со груби фалсификати, недостојни за човечкиот живот.

Да се покаеме и за гревовите на сите оние духовници и свештеници, кои на било каков начин згрешиле пред Господа Бога и пред сите македоснки светители, било да попуштиле во својата вера или во Божјиот страв, било за нивната негрижа во делото на спасението, или, пак, за нивното одродување од својот намачен и напатен народ.

Да се покаеме и за сите неправди од неправедните судии, даночници, митници, закупци, кои со своите непромислени потези ги нажалиле срцата на многумина; да се покаеме за сите злоби во овој народ, за сите убиства, насилства, за сите навреди од страна на чедата кон родителите; за сите кавги и поделби меѓу браќата, за сите суровости од посилните над послабите; за сите немилосрдности од богатите кон сиромашните; за сите баналности и вулгарности кои можат да се видат и чујат насекаде околу нас.

Да се покаеме и за сите оние, чија душа е поделена и чиј карактер и понатаму е неутврден, кои ја слават својата домашна слава, а светителот го навредуваат; кои на Крстот се поклонуваат, а Крстот го нажалуваат; кои постат, а постот не го поднесуваат; кои на Бога се молат, а Бога Го омаловажуваат; кои со црквата се фалат, а во црквата не доаѓаат; кои македонштината ја величаат, а Македонците ги разделуваат; кои со државата се гордеат, а државата ја крадат и поткопуваат…

Да се покаеме, зашто покајанието е признавање дека сме оделе по погрешен пат. Покајанието отвора нов пат. На покајникот му се отвораат очите за двата пата: за оној, по кој оди, и за оној, по кој треба да оди. На покајникот му се потребни две храбрости – со едната храброст да заплаче над стариот пат, а со другата да се зарадува за новиот пат. Покајанието го подмладува срцето и го продолжува векот. Солзите на покајникот ја мијат темнината од очите и им даваат детски сјај. Да се покаеме од жал и љубов за оваа земја и за сè што е во неа, зашто оваа земја е гробишта на нашите претци, кои зјаат отворени и нè очекуваат. Уште малку, па и ние ќе постанеме претци на идните генерации и ќе бидеме жедни да го слушнеме зборој покајание и навистина ќе бидеме блажени ако остане некој во оваа земја, кој ќе се досети да се покае и за нашите гревови. Амин!

Протоереј Златко Ангелески

**************

Македонската православна црква ја одредила првата недела од месецот октомври како заеднички празник на сите македонски светители. Иако тие си имаат и свои посебни празници, (по еден или повеќе), овој ден е одреден за заедничко сеќавање на сите македонски светители кои во изминатите два милениума на најразлични начини придонесле за афирмацијата на христијанството на овие простори, но и многу пошироко.

Македонските светители се подвизувале на ист начин како и другите од христијанскиот свет, македонските маченици страдале исто како и другите светители и на тој начин се доближувале до својот Спасител.  Затоа денес никој нема право на македонскиот народ да му го оспорува правото на своја афтокефална црква, во која на свој јазик ќе ги слави не само своите туку и сите други општохристијански светци. Зашто, како што рекол св. Кирил Филозоф во расправата со тријазичниците: „Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите?  А сонцето не грее ли исто така еднакво за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите…”

Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука” која што е дел од Светото писмо се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада една ноќ имал видение: „…стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ‘Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евангелието”. (Дела 16-9,10) Како што стои во ова сведоштво една богобојазлива жена од градот Тиатир по име Лидија прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом.  „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!”. (Дела 16- 15) Потоа и повеќе други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа.

Оттука може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија  тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот кон Европа и светот.

Но, не било лесно да се победат и искоренат старите верувања и суеверија. Битката меѓу старите наследени традиции и сфаќања од една страна и   новите правила на живеење што ги пропишувало христијанството од друга страна, била долга и трае до денес, цели два милениума. Така и денес во македонските обичаи среќаваме повеќе слоеви на народната култура, а христијанството го има доминантното место. Денес со големи и масовни свечености се празнуваат големите Господови празници, потоа празниците на Божјата мајка Пресвета Богородица, македонскиот народ ги прифатил како свои и го празнува споменот на повеќе општохристијански светители (св. Георгиј, св. Димитриј, св. Петка, св. Никола, св. Архангел Михаил и многу други). Многу функции на старите словенски божества (на врховниот бог, на богот на водите, богот на стоката и тн.) се пренесени врз новите христијанските светители. Така, многу од нив станале покровители или заштитници на поедини семејства, но и на одделни занаети.

Но, во текот на многуте векови за христијанството страдале и повеќе личности од ова поднебје, па така денес македонскиот народ со посебна почит го празнува споменот на повеќе свои светители (светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски чудотворци, св. Прохор Пчињски, св. Гаврил Лесновски, св. Јоаким Осоговски, св. Ѓорѓи Кратовски, св. Злата Мегленска и многу други).

Кога станува збор за македонските светители истражувачите ги делат на неколку групи. Во првата група односно во групата светители – просветители спаѓаат светите браќа Кирил и Методиј како и светите охридски чудотворци Климент и Наум. Со својата црковна дејност како свештеници, потоа со својата просветителска дејност како учители, но и со својата книжевна дејност, тие се афирмираа многу пошироко од нашата средина и станаа познати на многу поширок простор.

Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј се родени во Солун во семејство на угледни и образовани родители. Завршиле високи школи и станале почитувани личности. Во три важни мисии ја проповедале христијанската вера: Арапската, Хазарската и Моравската. На говорот на солунскиот крај ги превеле најпотребните книги за богослужбите во црквата, на словенскиот свет му дале азбука и писменост со што се стекнале со бесмртност кај многу народи, поточно кај целиот словенски свет. Влегувајќи во жестока полемика со оние што тврделе дека Бог треба да се слави само на три јазика: еврејскиот, елинскиот и латинскиот, Кирил Филозоф во Венеција поставил прашања што и денес се многу актуелни: „Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите?  А сонцето не грее ли исто така еднакво за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви? Кажете ми дали Бог го сметате толку бессилен што да не може да го даде тоа, или толку завидлив што да нејќе?”

Учениците на св. Кирил и Методиј и продолжувачи на нивното дело, светите охридски чудотворци Климент и Наум влегоа и во народните преданија и легенди и останаа во свеста на многу поколенија на македонскиот народ како извори на мудрост и енергија. Св. Климент остана во колективното паметење како заштитник на градот Охрид и на македонскиот народ воопшто. Секогаш кога над градот ќе се надвиснела опасност се јавувал духот на свети Климента и го спасувал од несреќата. Свети Наум пак останал запаметен како чудотворец со моќта да лекува болни (и тоа најразлични болести) и за време на животот и по смртта. Преданијата за Св. Наум раскажуваат дека тој им помагал на сите што со верба му се молеле за помош без разлика на вера и националност.

Светителите – пустиножители од североисточна Македонија Св. Прохор Пчињски, Св. Гаврил Лесновски и Св. Јоаким Осоговски, кон кои редовно се придодава и Св. Јован Рилски, во народното паметење останале како четворица браќа по вера или како четворица свети браќа. Житијата ги запаметиле како „чудни и вистински новопросветени отци наши и пустиножители, небесни луѓе и земни анѓели (…) чесна четворка, богоизбрано друштво, трудољубиви Христови работници, кои излегоа со ралото на верата да направат бразда и да посеат семе духовно и да го ожнеат достасаното класје, добродетелен плод на Христа да му принесат”. Житијата сведочат дека овие тројца македонски светци живееле и се подвизувале во повеќе места од североисточна Македонија кон крајот на X, XI и почетокот на XII век, дека и за време на животот и по смртта направиле многу чуда, пред се со лекување болни и со чување на манастирските имоти. Нивните манастири и денес го чуваат нивниот спомен и претставуваат светилишта за македонскиот народ од сите краишта на Македонија.

Светителите – маченици: Св. Ѓорѓи Кратовски, Св. Злата Мегленска и Св. Спасе Радовишки настрадаа во одбрана на христијанството и останаа како пример за саможртва во името на верата и човечкото достоинство. Тие ги одбија ласкавите награди, богатството и привилегиите што им се нудеа за да го примат исламот и му останаа верни на својот Бог – Исус Христос. На тој начин спечалија вечен живот и се населија во царството Божје. Свети Ѓорѓи Кратовски, одби да ја смени верата, да се ожени со ќерката на првиот и најбогат човек во градот, ги одби сите овоземни задоволства и му остана верен на својот Бог. Херојски ги поднесуваше мачењата и најпосле беше запален во Софија на 24/11 февруари 1515 година. Кога  се пресели во заедницата на светците имаше само 18 години.

И на Свети Спасе Радовишки, (познат и како Св. Анастасиј Струмички) му било понудено да го прими исламот за да ги избегне измачувањето и погубувањето. Муселимот, (повисок претставник на турската власт), му понудил и чифт пиштоли оковани во сребро, бархетна (сомотна) облека и место чехондар кај него. Но, како што раскажува неговото житие, момчето просветлено со благодатта Христова останало на својот поранешен став.  „Земната среќа, мислел тој, при измачувањето на совеста е лоша среќа, а уште пострашна ќе се покаже тука со нечистата совест”. Поради тоа бил жестоко тепан, заклучен во затворот, на рацете и нозете му биле ставени окови, на вратот вериги, а во нозете му биле набиени остри игли од трње. Воден кон периферијата на градот каде што требало да биде обесен, „в. Спасе се помолил на својот Бог и му ја предал својата света душа на 29 август 1794 година.

Света Злата Мегленска настрадала поради својата убавина. Еден Турчин -насилник ја грабнал и потоа барал таа да се потурчи. Злата пак, украсена не само со телесни туку и со исклучителни душевни особини, како што вели нејзиното житие „со тврда вера во Бога, со девственост и целомудрие” ги одбила сите понуди, а не се исплашила и од заканите. „Јас верувам и му се поклонувам само на Господа Исуса Христа; Он е единствениот мој младоженец, од кого јас никогаш нема да се одречам, што и да направите со мене, па макар и да ме исечете на делови”. Поради силната вера во Исуса Св. Злата Мегленска била тепана со стапови, од нејзината кожа ваделе ремења што и ги обесувале пред очите, потоа како што сведочи нејзиното житие „усвитиле еден железен стап и го провлекле од едниот крај на увото до другиот, така што низ носот и устата на маченицата излегуваше чад”. А кога и покрај сето тоа останала меѓу живите, мачителите уште повеќе ожесточени „ја обесиле на едно дрво и нејзиното девствено тело го исекле на парчиња”. Така во месец октомври 1795 година, Св. Злата Мегленска „ја предаде својата света душа во рацете на Својот бесмртен Младоженец и прими двоен венец – девство и мачеништво”.

Меѓу македонските светители-маченици спаѓа и свети Нектариј (со родено име Никола) Битолски. Потекнувал до Битола од набожни и праведни родители, а во детството кога на градот му се заканувала опасност од турските освојувања, мајка му работејќи на гумното задремала и сонила чуден сон. И се јавила Пресвета Богородица и и рекла да го земе мажот и децата и да бега на друго место. Така ја избегнале несреќата, а потоа  им благодареле на Бога и на Богородица за спасувањето. Поттикнат од овој настан подоцна Нектариј заминал во Света Гора Атонска каде што се подвизувал. Ги избегнувал искушенијата и конфликтите со оние во кои бил влезен ѓаволот. Со благодарност кон Бога ги трпел страдањата и се овенчал со уште поголеми венци од Бога и се преселил во вечното царство Христово на 5 декември 1500 година.

За време на владењето на Јулијан Отстапник, кога е извршен страшен прогон на христијаните од Никеја во Тивериопол (Струмица) пребегале епископите Теодор (учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година) и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсевиј.  Во Тивериопол ним им се придружиле месните свештеници Петар, Јован, Сергеј, Никифор и Теодор (втори) ѓаконите Василиј и Тома, монасите Еротеј, Харитон и Даниил како и еден мирјанин по име Сократ. Но управителот на солунската област ги фатил и ги погубил на 28 ноември 362 година. Добрите христијани ги погребале достоинствено, а Бог ги надарил со чудотворна моќ така што на нивните гробови многумина болни нашле оздравување.

Големиот борец против разните ереси во Македонија Св. Иларион Мегленски е роден во Цариград. Неговите родители биле од угледна фамилија но биле несреќни затоа што долго немале рожба. Поради тоа се молеле пред Бога, а мајка му верувала дека Пресвета Богородица ќе ја израдува. И навистина набргу добиле машко дете што го крстиле Иларион што значи радосен. Детето уште мало покажало чудни дарби. На три години ја запеало песната на ангелите: „Свет, свет, свет е Господ” и промрморило „Еден Бог” што предизвикало восхит кај сите. На 18 годишна возраст го започнал монашкиот живот и со христијанскиот начин на живеење бргу се стекнал со голем авторитет. Од Бога бил даруван со чудотворна сила, така што еднаш кога завладеала глад со молитви ги наполнил амбарите со жито од кое се прехраниле не само жителите на манастирот туку и околното население. Во 1134 година бил поставен за епископ Мегленски. Го учел народот во христовата вера и жестоко се борел против разните ереси кои во овој крај зеле широк замав.  Во неговото житие се раскажува дека со зборови ги победил ерменците, манихејците, а потоа и богомилите и дека многумина припадници на овие еретички движења придобил за вистинската Христова вера. Починал на 21 октомври 1164 година и бил погребан во манастирот на Светите апостоли што самиот го подигнал.  Над неговиот гроб се случувале чуда, а кога со посебна  царска и црковна одлука го отвориле виделе дека од очите како од два извора му течело миро од кое многу болни нашле исцелување.

Свети Јован Кукузел е голем византиски композитор од македонско потекло. Заедно со Св. Јован Дамаскин се најпознатите музички дејци во источната православна црква. Тој е познат црковен псалт, композитор, музички теоретичар и голем христијански богоугодник и испосник. Неговото дело оставило траги во  културите на повеќе балкански народи кои денес подеднакво го почитуваат и слават. Неговата нотација наречена Кукузелова, неовизантиска, доцновизантиска и сл. била во употреба од крајот на 15 до почетокот на 20 век. Му се припишува вокалниот стил во црковното пеење наречен „пападикиски” во кој внесувал и музички елементи од народниот, пред се, македонскиот мелос. Од истражувачите на музиката бил наречен ангелогласен, извор на музиката, учител над учителите, голем мајстор на уметноста и сл. Според преданието но и повеќе други показатели тој е роден во селото Џерменци или Џерманци во дебарскиот крај, во близината на манастирот „Свети Јован Бигорски”. Истражувачите на неговиот живот и дело имаат различни мислења за времето кога тој живеел но се согласуваат дека тоа било меѓу XI и XV век.

На наш терен, односно во Македонија се подвизувале и страдале и некои други светци кои што потекнуваат од други краишта како што се Св. Еразмо Охридски, Св. Јован Владимир (зетот на цар Самоил) и др. а овде се развил и култот и на некои други светители како што бил Св. Ахил Лариски чии мошти царот Самуил ги пренесол од Лариса на островот во Преспанското Езеро кој и името го добило по овој светец.

Значи не се без основа тврдењата дека Македонија е библиска земја дека на овој терен христијанството се ширело од неговата појава, дека на овој терен за Христа Бога страдале и многумина Македонци чиј спомен македонскиот народ достојно го почитува и слави.

Марко Китевски

****************

Неделя на Всички български светии

По своята природа християнството е универсално, има вселенски характер и е предназначено за всички хора от всички епохи. Както заявява ап. Павел, в Христа няма юдеин, ни елин, няма роб, ни свободен, няма мъжки пол, ни женски (Гал. 3:28). Христовата църква е една и неделима, но от древност съществуват поместни православни църкви, каквито са Българската, Румънската, Сръбската, Руската и пр. Единството на Църквата не се опровергава от битието на отделните национални църкви. Те са клоните на едно вечнозелено дърво, насадено от самия Бог.

Българската църква е първата славянска църква в света. Повече от единадесет века тя води нашия народ към духовен напредък, святост и спасение. В продължение на тези единадесет столетия от нейните недра са излезли хиляди Божии угодници от почти всички категории на християнската святост ­ равноапостоли, благочестиви царе и царици, светители, преподобни, мъченици и други. Техните имена, както казва Свещеното Писание, са записани в Книгата на Живота (Откр. 3:5). Те са звезди върху българския небосклон, чието сияние никога няма да помръкне.

Неделя на Всички български светии е най-новият, подвижен празник в нашия църковен календар.

Денят на Всички български светии е уникален празник. На него Църквата отдава почит към всички исторически личности, живели по нашите земи, които са канонизирани за светци. Те са се отличавали с благочестив живот, изповядвали са в пълнота Христовата вяра и са били предани на светото православие. Били са хора на вярата и духа и всеки с делата си е заздравявал спойката между църква, народ и държава. Българските светци олицетворяват националната ни съдба, защото всеки период от доосвобожденската ни история има своите мъченици.

Освен тези светии, които са отбелязани в църковния календар, на българската земя са просияли много светители, преподобни, пустинници и мъченици, като се почне от преди покръстването на българите и след това до ново време. По време на османското робство башибозукът е разрушавал и изгарял манастирите и църквите ни, но вярата на народа ни е била съхранена. Затова на този ден възпоменаваме също безбройните безизвестни свети хора, които проляха кръвта си за запазването на вярата по нашите земи. Този ден е за прослава и на онези неизвестни подвижници, монаси и свети хора, отишли си тихо и скромно от този свят, които светят със невидима светлина от небесния небосклон.

Неделя на всички български светии празнуваме след Неделя на Всички светии – първата след Петдесетница. С възпоменанието им в богослужебния ред се изпросва молитвеното им застъпничество и благословение над целия български народ.

Първият известен по име български светец е едновременно княз и мъченик. Той е св. Енравота или Боян, пострадал за християнската вяра през 30-те години на IХ век. Този най-голям син на хан Омуртаг е екзекутиран в Плиска по заповед на брат си Маламир. Но преди да се прости със земния живот, Енравота изрекъл следните думи: “Вярата, за която сега аз умирам, ще се разпространи по цялата българска земя…”. Действително не изминали тридесет години и цяла България се покръстила.

Да споменем св. равноапостоли Кирил и Методий, които родиха духовно славянските народи и им предадоха златния ключ към вратата на знанието и мъдростта. Канонизирани за светци са и техните ученици, които разпространяват Христовото слово и православната култура сред нашия народ. Почитаме ги заедно като Свети СедмочисленициКлимент Охридски, Наум Охридски, Сава, Горазд и Ангеларий.

За разлика от сърбите българите са канонизирали малко владетели. На първо място сред тях стои неустрашимият княз Борис I, внукът му цар Петър, княз Йоан-Владимир и други.

В галерията на българската святост не липсват образите на епископи като св. Климент ОхридскиИларион Мъгленски, Патриарх Евтимий, който героично защитава Търновград от азиатските пълчища,Софроний Врачански, който просвещава българите във време на хаос и безправие.

Днес нашето монашество е в упадък, но не трябва да забравяме, че народът ни е откърмил многосветци-монаси. Редицата им се води от всебългарския закрилник св. Иван Рилски чудотворец, който основава най-големия и най-красивия манастир на Балканите.

Негови духовни последователи са тримата отшелници в македонските предели ­ Гавриил Лесновски,Прохор Пшински, Йоаким Осоговски, също св. Петка Търновска, исихастите Теодосий Търновски, Ромил Видински. Колоритен светец е св. Димитър от русенското село Басарбово, живял през ХVII век.

Нашата Църква се украсява и от хиляди мъченици, пострадали за вярата си от иноверци. Имената на първите мъченици са свързани с късната античност, когато християнството се разпространява на Балканите. Това са личности приели мъченичеството в името на Христовото вяра по време на гоненията срещу християните – например Дасий Доростолски, Емилиян Доростолски и други.

Първият мъченик на Българската църква от български произход е синът на хан Омуртаг Боян-Енравота. Той приел християнството три десетилетия преди покръстването на България. Защото отказал да се отрече от християнството и да се върне към вярата в Тангра, св. Боян-Енравота загинал, посечен по заповед на брат си хан Маламир. Сред сонма на българските мъченици са и 26-те преподобни мъченици, изгорени на 10 октомври 1276 г. в кулата на Зографския манастир в Света Гора от папски пратеници, които ги принудили да приемат уния с папата и неговото върховенство.

Най-много са българските мъченици от времето на Османското робство, когато православната вярата трябва да бъде защитавана от асимилацията на исляма. Скъп за нас е св. Райко Шуменски ­ млад златар, умъртвен след жестоки изтезания през 1802 година. През тази епоха мъченически загиват за вярата и св. Георги Нови и св. Георги Най-нови Софийски, Никола Софийски, Йоан Търновски, Терапонтий Трънски, Игнатий Старозагорски, Злата Мъгленска, Никодим Албански и много други.

В календара на българската църква могат да бъдат вписани още имена, но за това е необходимо специално синодално решение. Въпреки това има личности, които без да присъствуват в сегашните църковни календари в миналото са били почитани като светци и продължават да са обект на такава почит от местното население – например св. Симеон митрополит Самоковски, обесен от турците през 1737 г. или Рада Пловдивска, убита също от турците в средата на ХІХ век.

 

През 1954 година Св. Синод на БПЦ постановява втората неделя след Петдесетница да бъде обявен за ден на Всички български светии. Патриарх Кирил отслужва първата литургия за празника в столичния храм “Свети Седмочисленици”. Това е една от първите големи инициативи на Българската патриаршия, която възстановява своето патриаршеско достойнство само една година по-рано – на 10 май 1953 г. От тогава Денят на Всички български светии има постоянно място в българския църковен календар.

Канонизираните за светци българи са 104. Всред тях има

Последните канонизации в Българската православна църква са извършени по времето на патриарх Кирил. На 26 юли 1962 г. Св. Синод провъзгласява за светец на нашата църква преп. Паисий Хилендарски по случай 200 годишнината от написване на История Славянобългарска. В този период е канонизиран и Св.Софроний Врачански.

Все пак, може би всеки си е задавал въпроса: не са ли твърде малко българските светци в сравнение с руските или гръцките, например. Да, така е ­ оскъдни са сведенията и житията на български подвижници и това не се дължи само на унищожението на писмени паметници през турското робство. Не просиялите в святост по нашите земи са били малко, но малцина са били онези, които за слава Божия са пожелавали да съхранят спомена за богоугодния им подвиг. И дори тези светци, за които знаем, като че ли не почитаме с дълбоки религиозни чувства. Тъжно е, че на празника на св. Иван Рилски неговият манастир не са изпълва с народ. А те, българските светци, не са просто национални герои, с които трябва да се гордеем. Те са преди всичко молитвени ходатаи за всички вярващи ­ не само българи, но в цялата Вселенска църква.

Като си припомняме подвизите на българските светци, нека отправим топла молитва към тях, за да закриля и пази Бог от гибел българския народ и го изведе по пътя на доброто и светлината.

Йеромонах д-р Павел Стефанов

 

Българските светци

През 1954 г. Св. Синод на БПЦ определи във втората неделя след Петдесетница занапред да се чества паметта на всички български светци. Това е празник на ония, които увенчаха историята на нашия народ с венец от благочестиви и народополезни дела с жертвена любов и преданост и послужиха като импулс в душите на народа ни към чист, светъл и блажен живот. Ще посочим няколко от тях.

Св. цар Борис-Михаил, който покръстил българския народ. От живота му проличава любов към християнската вяра и дълбоко убеждение в нейното превъзходство над езичеството. Чрез покръстването на народа ни цар Борис обединил двете народности,  които населявали тогава България. Той успял да извоюва за нашата Църква пълна независимост в 870 г. на Цариградския поместен събор. Възползвал се от апостолското дело на св. братя Кирил и Методий и Бог го прославил с нетленни мощи, при които ставали чудеса.

Св. братя Кирил и Методий, славянските просветители, съставили азбуката, наречена глаголица. Превели и разпространили словото Божие и богослужебните книги, които просветили и цялата българска държава.

Първоначално Църквата празнувала на 14 февруари смъртта на св. Кирил и на 6 април смъртта на св. Методий. Но те били родни братя и апостолското им дело ги обединявало, затова много отдавна Църквата ни е отредила паметта им да се празнува в един ден – 11 май.

Св. Климент Охридски. Когато братята св. Кирил и Методий се отправили за Моравия, взели със себе си един юноша на име Климент, родом от Солун или от околностите му. С тях заедно той ходил в Рим, където бил ръкоположен в свещенически чин от римския папа Адриан ІІ. След смъртта на св. Методий в 885 г. немското духовенство прогонило от Моравия учениците на св. братя. Тогава св. Климент и няколко сподвижници намерили прием в България при благоверния цар Борис-Михаил. Той изпратил Климент в областта Кутмичевица с главни градове Девол и Охрид. На събора в Преслав (893 г.) св. Климент бил избран за „пръв епископ на български език”. В продължение на 30 години той работил за утвърждаване на християнската варя сред своя народ. Денем обучавал учениците си, а нощeм се молел, пишел и превеждал свещени книги от гръцки на български; съставил сборник от проповеди; построил църкви и манастири и вършил ред чудеса. Той съставил кирилицата. Имал около 3500 ученици, които ставали свещеници и служели на славянски език.

Св. Наум Охридски. Роден като благородник, оставил всичко и последвал св. братя Кирил и Методий в Рим. Папа Адриан ІІ ръкоположил и него за свещеник. След смъртта на св. Методий заедно със св. Климент се отправил за България. Българският цар Борис-Михаил приел и него с радост и го оставил да служи в столицата Плиска. В 893 г. столицата била преместена в Преслав. Тогава Симеон бил провъзгласен за цар на мястото на баща си Борис-Михаил. След като св. Климент бил назначен за епископ, на негово място в продължение на 7 години работил св. Наум. Той построил манастир на брега на Охридското езеро в чест на св. Архангели, където живял 10 години като монах. В 910 г. починал. Погребан бил в северната страна на храма, където мощите му стоят и досега неоткрити. Опитвали се много пъти, но преподобният не позволил. От външната страна на храма е построена стаичка, в която нощуват болни и с молитви получават изцеление.

Св. Иван Рилски, най-великият светец на българския народ. Родил се около 876 г. в с. Скрино, разположено в гънките на Осоговската планина. Съвременник на св. цар Борис, на цар Симеон и на цар Петър. Благодатната светлина на християнството се разраствала в новопокръстена България. Започнали да строят църкви и манастири. Новооснованите обители станали огнища на религиозен живот и просветни центрове. Чистата душа на св. Иван го подтикнала да потърси убежище в Рила планина. Първоначално постъпил в манастира „Св. Димитрий”. Там бил ръкоположен в монашески чин, изучил писмо и четмо и се запознал с богослужението, богослужебните книги и на манастирския ред. Установил се в Рила планина и основал манастир, който съществува повече от 1000 години. Извършил много чудеса през живота си и след смъртта си. Оставил писмен завет на манастирското братство. Починал на 18 август 946 г. и бил погребан в каменна гробница. По-късно било открито, че мощите му останали нетленни и с Божията сила вършат чудеса. Затова векове вече се пазят в ракла пред иконостаса на централния манастирски храм. Обявен е за небесен покровител на българския народ.

Св. Петка. Живяла в ХІ век. Родена е в гр. Епиват (Тракия). Родителите й били българи, състоятелни хора. Тя имала брат, който приел монашество. В църквата веднъж чула думите: „Който иска да върви след Мене, да се отрече от себе си, да вземе кръста си и Ме последва” (Мат. 8:34). Излизайки от храма, тя съблякла богатата си дреха и я дала на един бедняк. Друг път дала дрехата си на бедна жена.

След смъртта на родителите си раздала наследството, посетила Цариград и се заселила в храма „Покров Богородичен” до гр. Ираклия. Там прекарала 5 години. Отишла в Палестина и подражавала на св. Мария Египетска. Достигнала старост. Чрез видение й било наредено от ангел да се върне в родината си. В Епиват живяла при храма „Св. Апостоли” и там починала. Погребана била вън от града като чужденка. На гроба й ставали чудеса, поради които откриват и нетленните й мощи. В 1238 г. по нареждане на цар Иван Асен мощите й били пренесени в Търново. Сюлейман Великолепни ги изпратил в Цариград. В 1641 г. Цариградската патриаршия ги предала на влашкия воевода Василий. Сега те се намират в гр. Яш (Румъния) и са на голяма почит от румънския народ.

И още много български светци блестят на родния ни небосклон: св. Йоаким Осоговски, св. Гавриил Лесновски, св. Прохор Пшински, св. Иларион Мъгленски, св. Теодосий Търновски, св. патриарх Евтимий Търновски, които със слово и перо, с духовен плам бранили вярата на народа ни от лъжеучители, еретици и посегатели.

Св. Йоан Кукузел, художник на църковно пение, сладкозвучен, ангелогласен, огласявал Атонските гори.

Св. Пимен Софийски, учител, просветител и зограф, възстановил ред манастири и църкви в различни епархии на родината ни.

Св. Георги Нови, св. Георги Най-нови, св. Николай Софийски, св. Злата Мъгленска. Габровските мъченици св. Дамаскин, св. Лазар Български, св. Онуфрий. Всички те не пожалиха нито имот, нито дори живот за вярата в Христос, готови да приемат мъченичество, но не и мохамеданска вяра.

И още много други знайни и незнайни светители, изповедници, преподобни, мъченици, свещеномъченици, които се превърнаха в живи звезди и греят над родната ни земя, молят се пред Бога за народа ни като застъпници.

Един след друг българските светци след достойно изпълнен дълг към Бога и народа отминаваха във вечността; оттам те продължават да бдят над всички ни, да ни закрилят, вдъхновяват, насърчават в трудовете и подвизи.

Един вярващ християнин казва: “Аз не мога да си представя българските светии другояче, освен събрани в един многолюден хор пред престола на Всевишния да прославят Св. Троица и да се молят, за да бъдат притъпени стрелите на лукавия, който разединява, насъсква и руши единството на народа ни”.

Трябва да възхваляваме българските светци, да ги прославяме и да им благодарим, като подражаваме на тяхното боголюбие и трудолюбие.

Ставрофорен иконом Стефан Енев
“Църковен вестник”, брой 26 от 1994 година
Първа електронна публикация
Официален сайт на Св. Синод на Българската Православна Църква - Българска патриаршия

**************

Неделя На утренята Ев. Марк. 16:1-8. На литургията Рим. 2:10-16. Ев. Мат. 4:18-23

Понеделник Рим. 7:1-13. Ев. Мат. 9:36-10:8.
Вторник Рим. 7:14-8:2. Ев. Мат. 10:9-15.
Сряда Рим. 8:2-13. Ев. Мат. 10:16-22.
Четвъртък Рим. 8:22-27. Ев. Мат. 10:23-31.
Петък Рим. 9:6-19. Ев. Мат. 10:32-36; 11:1.
Събота Рим. 3:28-4:3. Ев. Мат. 7:24-8:4.

**************

Недела – на Утрената

1. Штом мина сабота, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да
дојдат и Го помажат Исуса.
2. И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето.
3. па си зборуваа помеѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?”
4. И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.
5. Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу.
6. А тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен.
7. Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.”
8. Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја.

****

На Литургијата –

10. Слава и чест и мир на секого, што прави добро, прво на Јудеец, а потоа и на Елин;
11. зашто Бог не гледа на лице.
12. Оние, што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а оние, што згрешиле при Закон, според Законот ќе бидат и судени,
13. бидејќи пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот;
14. зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сè по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон;
15. поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат
16. во оној ден, кога, според моето благовестие, Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето.

****

18. И одејќи покрај Галилејското море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари,
19. и им рече: „Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.”
20. И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
21. Потоа, одејќи, понатаму виде други двајца браќа: Јакова Заведеев и брата му Јована, во Кораб со Заведеја, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и ги повика.
22. И тие наеднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него.
23. И одеше Исус по цела Галилеја и, кога поучуваше по синагогите, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест
и немоќ кај народот.

****

Понеделник –

1. Или, пак, не знаете, браќа, бидејќи им зборувам на такви што го познаваат Законот, дека законот има власт над човекот додека е тој жив?
2. Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив: умре ли мажот, таа се ослободува од законот, кој ја сврзал со мажот.
3. Затоа, ако при жив маж се омажи таа за друг маж, ќе стане прељубница; ако, пак, умре мажот, таа е слободна од Законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек.
4. Па така и вие, браќа мои, за Законот преку телото на Исуса Христа умревте, за да Му припаднете на Друг, Кој воскресна од мртвите, та да Му принесеме +плод на Бога.
5. Зашто, кога живеевме во телото, тогаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ принесеме плод на смртта;
6. но сега, кога за Законот умревме, преку кого бевме сврзани, ние се ослободивме од него, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква.
7. Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, оти и похотта не би ја познал, ако Законот не велеше: „Не похотствувај!”
8. Но гревот, поведувајќи се од заповедта, предизвика во мене секаква желба; бидејќи гревот без Закон е мртов.
9. Некогаш живеев без Закон; но кога дојде заповедта, гревот оживе.
10. Јас, пак, умрев, и се покажа дека заповедта, дадена за живот, ми послужи за смрт,
11. оти гревот, поведувајќи се по заповедта, ме измами и преку неа ме умртви.
12. Така, значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра.
13. Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се покаже дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гревот да стане премногу грешен.

****

36. А штом виде многу народ, се сожали, зашто беа изморени и прснати како овци без пастир.
37. Тогаш им рече на своите ученици: „Жетвата е голема, а работници малку;
38. затоа помолете Го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва.”

10. Исус ги праќа дванаесетте Свои ученици, ги овластува и ги упатува.

1. И кога ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква
немоќ.
2. А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар, и Андреј, брат негов; Јаков Зеведеев и Јован, братот негов;
3. Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј митникот, Јаков Алфеев и Левиј, наречен Тадеј,
4. Симон Кананит и Јуда Искариот, кој и Го предаде.
5. Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте;
6. а одете највеќе при загубените овци на Израилевиот дом;
7. И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно;
8. болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!

****

Вторник –

14. Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум од тело, продадено на гревот.
15. А што правам, не знам; бидејќи не го вршам она, што сакам, туку она, што го мразам, тоа го правам.
16. Ако, пак, го правам она, што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар.
17. И така, јас веќе не го правам тоа, туку гревот, што живее во мене.
18. Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; бидејќи желба за добро во мене има, но да го правам тоа, не наоѓам сили.
19. Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото. што не го сакам, го вршам.
20. А штом го вршам она, што не го сакам, не го вршам веќе јас, но гревот, кој живее во мене.
21. И така, во себеси наоѓам таков закон дека, кога сакам да го правам доброто, злото ми се наметнува.
22. Бидејќи, со својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји,
23. но во органите свои гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме прави заробеник на гревовниот закон, кој е во моите органи.
24. Беден човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт?
25. Му благодарам на својот Бог преку Исуса Христа, нашиот Господ. И така, јас сам со умот свој му служам на Божјиот закон, а со телото – на гревовниот закон.

8. Оние, кои веруваат, се ослободуваат од осуда; одење по Духот; посинување; надеж во маките.

1. И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исуса Христа и живеат не по телото, а по Духот,
2. бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во Христа Исуса, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.

****

9. Не носете во појасите ваши ни злато, ни сребро, ниту бакар,
10. ни торба за пат, ни двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата награда!
11. А штом влезете во некој град или село, распрашајте кој е во него достоен и таму останете, додека не си отидете.
12. И кога ќе влезете во некоја куќа, поздравете ја говорејќи: »Нека е мир на таа куќа!«
13. И ако куќата биде достојна, вашиот мир нека дојде на неа; ако ли не е достојна, тогаш вашиот мир нека се врати при вас!
14. Ако, пак, негде не ве примат и не ги послушаат зборовите ваши, излезете од таа куќа или од тој град и истресете го правот од нозете ваши!
15. Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на земјата Содомска и Гоморска во судниот ден отколку на тој град.

****

Среда –

2. бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во Христа Исуса, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.
3. Она, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото од гревот, и поради гревот Он го осуди гревот во телото,
4. за да се оправда Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.
5. Оти оние, кои живеат по тело, мислат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното.
6. Телесното мудрување е смрт, а духовното мудрување – живот и мир;
7. бидејќи телесното мудрување е непријателство против Бога; на законот Божји тоа не му се покорува, ниту, пак, може.
8. А оние, кои живеат по телото, не можат да Му угодат на Бога.
9. Вие живеете не по тело, туку по дух, само тогаш ако Духот Божји живее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов.
10. Ако е, пак, Христос во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради правдата.
11. Но ако Духот на Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса, живее во вас, тоа Оној, Кој Го воскресна Христа од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.
12. И така, браќа, ние не сме му должни на телото, та да живееме по телото;
13. бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате +работите на телото, ќе бидете живи.

****

16. Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби.
17. Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите, и по синагогите нивни ќе ве бијат.
18. И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците.
19. Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете;
20. бидејќи не сте вие што ќе говорите, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас.
21. И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат;
22. и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен.

****

Четврток –

22. Оти знаеме дека сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега.
23. И не само тие, туку и ние самите, кои го имаме начетокот на Духот, воздивнуваме во себеси, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело,
24. бидејќи со надеж се спасивме. А надеж за она, што се гледа, не е надеж, оти, како ќе се надева некој на нешто, што го гледа?
25. Кога се надеваме, пак, на она, што не го гледаме, со трпение го очекуваме.
26. Исто така и Духот нè поткрепува во нашите немоќи; бидејќи не знаеме за што да се помолиме, како што треба, туку Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување.
27. А Оној, Кој ги испитува срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Он по волјата на Бога посредува за светиите.

****

23. Ако ве падат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите Израилевите градови, додека дојде Синот Човечки.
24. Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга – поголем од својот господар;
25. доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата да биде како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни?
26. И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено, што не ќе се открие, или тајно, а да не се узнае.
27. Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што го слушате на увото, разгласувајте го од покривите!
28. И не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку бојте се повеќе од Оној, Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот!
29. Не се продаваат ли две врапчиња за еден асариј? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец.
30. А вам и влакната на главата ви се изброени.
31. Но не плашете се: вие сте поскапи од многу врапчиња.

****

Петок –

6. А не е можно зборот Божји да не се оствари: бидејќи +не сите што се од Израилот, се Израилци,
7. ниту се, пак, сите семе Авраамово, за тоа што се негови чеда; но речено е: „Од Исака потомството ќе се нарече со твое име”.
8. Односно, не чедата на телото се чеда Божји, туку чедата на ветувањето ќе се признаат како потомци.
9. Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: „Во тоа време ќе дојдам, и Сара ќе има син”.
10. И не само таа, но и Ревека, која наеднаш зачна од Исака, нашиот татко,
11. зашто, уште додека не се беа родиле и не беа направиле ништо добро или лошо за да се знае дека Божјото решение во изборот не е од делата, туку од Повикувачот,
12. ѝ беше речено: „Поголемиот ќе му робува на помалиот”,
13. како што е напишано: „Јакова го возљубив, а Исава го намразив”.
14. Што да речеме пак? Зар има неправда во Бога? Никако!
15. Оти Он му рече на Мојсеја: „Кој е за помилување, ќе го помилувам, и кој е за сожалување, ќе го сожалам”.
16. И така, тоа зависи не од оној, кој пожелува, ниту од оној, кој трча, туку од Бога, Кој милува.
17. Зашто Писмото му вели за Фараонот: „Точно за тоа те издигнав, за да ја покажам над тебе силата Своја и името Мое да биде проповедано по целата земја”.
18. Па така, кого го сака, го милува; кого го сака, го прави жесток.
19. Но ќе ми речеш: „А зошто уште нè кори?” А кој може да се спротивстави на Неговата волја?

****

32. И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен.
33. А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен.
34. Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч.
35. Зашто дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.
36. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.

****

1. И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови.

****

Сабота –

28. И така, си мислиме дека човекот се оправдува со верата, без дела според Законот.
29. Или Бог е пак само на Јудејците, а не и на незнабошците? Се разбира, и на незнабошците,
30. бидејќи еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.
31. И така, го нарушуваме ли Законот преку верата? Никако, туку уште го утврдуваме.

4. Оправдувањето преку вера се потврдува со примерот Авраамов и сведоштвото на Давида.

1. Па што да кажеме за нашиот отец Авраама, што добил по плот?
2. Ако Авраам се оправда со дела, тој има пофалба, но не пред Бога.
3. Оти, што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се прими како оправдание.”

****

24. И така, секој, што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен.
25. И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена од камен.
26. А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа од песок.
27. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето ѝ беше страшно.”
28. И кога ги заврши овие зборови, народот се чудеше на Неговото учење,
29. зашто Он ги поучуваше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците.

8. Христос го исцелува лепрозниот, слугата на стотникот, бабата на Петра и други болни, ги поучува Своите два ученика, ја стивнува бурата и им помага на двајца бесни луѓе.

1. А кога слегна од планината, по Него врвеше многу народ.
2. И ете, се приближи еден лепрозен. Му се клањаше и говореше: „Господе, ако сакаш, можеш да ме очистиш.”
3. А Исус, кога ја пружи раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!” И тој веднаш се очисти од лепрата.
4. И му рече Исус: „Гледај, никому не кажувај; а оди, покажи им се на свештениците и принеси дар, како што заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.”

****

 
Напишете коментар

Posted by на Јули 3, 2016 во Uncategorized

 

Ознаки:

Коментарите се затворени.