RSS

СВЕТО ПИСМО – СТАР ЗАВЕТ (1)

05 Мај

СВЕТО ПИСМО – СТАР ЗАВЕТ

 I. Битие (I Книга Мојсеева)

Првата книга зборува за создавањето на светот, на првите луѓе и за историјата на еврејскиот народ. Книгата Битие претставува запознавање со божјите дела. Од почетокот до крајот главна личност е Бог.

Поуки / Мисли:

***** Зошто си земја и во земја ќе се вратиш ***** Меѓу нашите луѓе барај го она што е твое кај мене ***** Вие смисливте зло, но Бог тоа го сврте на добро *****

Тара, татко на Авраам, на Хор и Арон / Арон, татко на Лот / Сараја, жена на Авраам.

Авраам, татко на Исмаил и Исак / Ребека, сопруга на Исак / Исак, татко на Исав и Јаков / Јаков има 12 сина (од Лија и Рахила + од слугинките Булха и Зелфа) / Рахила, мајка на Јосиф и Бенјамин.

Јаков (Израил) / Јосиф, татко на Манасија и Ефрем.

 

 II. Исход (Втора книга Мојсеева)

“Јас сум Господ, Бог твој, кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството” (Исход = Излез). Бог не останува рамнодушен кон страдањата на Израилците; Тој избира еден меѓу нив, Мојсеј, за да им биде водач кој ги принудува Египѓаните да го ослободат израилскиот народ да ја напуштат земјата. Потоа Бог ги води и им помага на Израилците (Синајската пустина, планината Синај, Божјите заповеди, упатства за изградба на скинијата).

Во името на жртвите од сите видови ропство, во сите времиња, оваа книга покажува што претставува вистинска слобода: тоа е слободата што самиот Бог ја дава, за да му овозможи на човекот да биде во општење со Него и со другите луѓе.

Поуки / Мисли:

***** Омекни го срцето твое! ***** Живот за живот, око за око, заб за заб ***** Не поведувај се по мнозинството да правиш зло и не се согласувај се со мнозинството против правдата ***** Разум во срцето *****

10 казни на Мојсеј: (1), водата се претвара во крв; (2), страдање од жаби; (3), страдање од мушички; (4), страдање од бубачки; (5), помор врз добитокот; (6), страдање од струпје; (7), страдање од град; (8), страдање од скакулци; (9), мрак; и (10), погубување на сите првородени во Египет.

10 Божји заповеди:

Тогаш Господ Бог ги кажа сите овие зборови кон Мојсеја, велејќи:

  1. “Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата Египетска, од домот на ропството.
  2. Немој да имаш други богови освен Мене!
  3. Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;
  4. немој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат;
  5. Кој покажува милост на илјадници, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои.
  6. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог, бидејќи Господ нема да го остави неказнет оној, кој напразно ќе го изговори името Негово.
  7. Помни го денот саботен, за да го празнуваш.
  8. Шест дена работи, и сврши ги во нив сите работи свои;
  9. а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе.
  10. оти за шест дена ги создаде Господ небото и замјата, морето и се’ што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети.
  11. Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да ти биде добро и да поживааш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог.
  12. Не убивај!
  13. Не врши прељуба!
  14. Не кради!
  15. Не сведочи лажно против својот ближен!
  16. Не пожелувај ја жената на ближниот свој, не пожелувај го домот на ближниот свој, ниту нивата негова, ни слугата негов, ни слугинката негова, ни волот негов, ни ослето негово, ни секаков добиток, ниту нешто друго, кое е на ближниот твој!”
  17. И сиот народ ги слушаше молњите и гласот на трубата што трубеше и ја гледаше гората што се димеше; и како се исплашија, сите луѓе отстапија и се оддалечија малку.
  18. Па му рекоа на Мојсеја: ”Зборувај ни ти, а ние ќе слушаме; но да не ни зборува нам Бог, за да не умреме.”
  19. А Мојсеј им рече: “Не плашете се: Бог дојде за да ве испита и стравот Негов да биде во вас, за да не грешите.”
  20. И народот стоеше подалеку, а Мојсеј појде кон мракот, каде што беше Бог.
  21. И му рече Господ на Мојсеја: “Вака кажи му на домот Јаковов и извести ги синовите Израилеви: ‘Вие видовте како Јас зборував со вас од небото.’
  22. Не правете си сами богови сребрени, ниту богови златни, не правете сами за себе.
  23. Направете ми жртвеник од земја и на него принесувајте ми жртви сепаленици и жртви спасителни; овци и јунци ваши, на секое место, каде што ќе определам да се спомнува името Мое, ќе дојдам кај тебе и ќе те благословам.
  24. Ако ми направиш жртвеник од камен, немој да го ѕидаш со делкан камен; зашто, штом ќе повлечеш по него со сечиво, ќе го оскверниш.
  25. И да не се качуваш по стапалата до жртвеникот Мој, за да не се открие на него голотијата твоја.”

 *****

Пасха – ден на сеќавање и празнување на празник посветен на Господ ***** Бесквасници – празник, леб без квас во месецот Авив, кога бил напуштен Египет

 *****

Законот за Пасха:

Пасхално јагне. Погубување на провородените. Почеток на излегувањето.

  1. И рече Господ на Мојсеја и на Арона во земјата Египетска, велејќи:
    2. “Овој месец да ви биде почеток на месеците, да ви биде прв месец меѓу месеците во годината.
    3. Кажи му на целиот собор на синовите Израилеви и речи им: “На десеттиот ден од овој месец секој нека земе јагне шилеже според бројот на челадта: значи, по едно на дом.
    4. Ако се помалу во домот за едно јагне, нека го земе кај себе соседот, кој му е најблизок, со онолку души, колу што треба, за да можат да го изедат јагнето.
    5. А јагнето или јарето да ви биде здраво, машко, без недостаток, од една година; земете го од овците или од козите.
    6. И чувајте го до четиринаесеттиот ден од овој месец, а тогаш општиот собор Израилев нека го заколе, во приквечерина.
    7. И нека земат крв од него и нека ги попрскаат обата довратника и праговите на куќата, во која ќе го јадат.
    8. И нека јадат месо истата ноќ, на оган печено, со пресен леб и со горчливо зелје, нека јадат.
    9. Немојте да јадете сурово, ниту во вода варено, туку на оган печено: со главата, со нозете и со дробовите.
    10. И ништо немојте да оставате до утрината; и коски не кршете од него; ако нешто од него остане до утрината, изгорете го на оган.
    11. А вака јадете го: преопашани, обувките да ви се на нозете и стаповите ваши во рацете ваши, и јадете брзо: тоа е Пасха Господова.
    12. Оти ќе поминам низ земјата египетска таа ноќ, и ќе го убијам секој првороден во земјата Египетска, од човек до добиток, и ќе се одмаздам на сите богови египетски. Јас сум Господ.
    13. А крвта ќе ви биде знак на куќите, во кои ќе бидете таму: и кога ќе видам крв, ќе ве одминам, па нема да има меѓу вас помор, кога ќе ја поразам земјата египетска.
    14. И тој ден ќе ви биде ден на сеќавање и празнувајте го тој празник, посветен на Господа; празнувајте го од колено на колено; вечно озаконет.
    15. Седум денови јадете лебови без квас; уште од првиот ден отстранете го квасот од куќите ваши; зашто оној, кој ќе јаде нешто со квас, тој ќе биде истребен од Израилот.
    16. Првиот ден да се нарече свет собор; а и седмиот ден да ви биде особено свет; никаква работа да не вршите во тие денови. Освен за јадењето, за кого колку што треба, само тоа можете да го правите.
    17. И запазете ја оваа заповед; зашто во тој ден ја изведов војската ваша од земјата египетска; празнувајте го тој ден од колено на колено како вечно озаконет.
    18. Бесквасни лебови почнете да јадете од првиот месец во четиринаесеттиот ден вечерта, па се’ до дваесет и првиот од истиот месец до вечерта.
    19. Седум денови не смее да има квас во куќите ваши. Оти, ако некој јаде нешто со квас, ќе биде истребена таа душа од општеството на Израилот, било да е придојдена – или родена во земјата.
    20. Ништо со квас немојте да јадете: во сите куќи ваши јадете само бесквасен леб!”
    21. И ги свика Мојсеј сите старешини на синовите Израилеви и им рече: “Одете и пригответе јагне, според семејствата свои, и заколете пасха.
    22. Потоа земете китка исоп и натопете ја во крвта, што е близу до вратите, и попрскајте ги праговите и обата довратника со крвта, што е близу до вратите, и ниеден од вас да не излегува низ вратата куќна до изутрина.
    23. И кога ќе помине Господ да го поразува Египет, штом ќе ја види крвта на прагот и на обата довратника, ќе ја одмине Господ таа врата, и нема да му дозволи на истребителот да влезе во куќите ваши и да убива.
    24. Пазате го ова како закон за себе и за синовите свои довека.
    25. И кога, пак, ќе влезете во земјата, што ќе ви ја даде Господ, како што рече, држете ја оваа служба.
    26. И кога ќе ве прашаат синовите ваши: ‘Каква ви е таа служба?’
    27. Одговорете: ‘Тоа е Пасхална жртва на Господа, кога ги одмина куќите на синовите Израилеви во Египет, убивајќи ги Египтјаните, а домовите наши ги зачува.” – Тогаш народот, наведнувајќи се, се поклони.
    28. И откако отидоа синовите Израилеви, направија така, како што им заповеда Годпод преку Мојсеја и Арона: така направија.
    29. А на полноќ ги уби Господ сите првородени во земјата Египетска, од првородениот син Фараонов, кој требаше да седи на престолот негов, до првородениот син на затвореникот во затворот, и се што беше првородено во добитокот.
    30. И стана Фараонот во таа ноќ, тој и сите негови слуги, и сите Египтјани; и настана голем пискот во целата земја египетска, зашто немаше куќа, во која немаше мртовец.
    31. Тогаш ги повика Фараонот Мојсеја и Арона, ноќта, и им рече: “Станете, одете си од народот мој, како вие така и синовите Израилеви, и извршете Му служба на Господа, како што велевте.
    32. Земете ги и овците ваши, говедата ваши, како што велевте и одете си, па и мене благословете ме!”
    33. И Египтјаните навалуваа на народот, што побрзо да си оди од земјата, зашто велеа: “Сите ќе изгинеме!”
    34. И народот си го зеде тестото свое, уште неискиснато; ноќвите ги завиткаа во облеките свои, и го ставија на рамењата свои.
    35. И постапија синовите Израилеви според заповедта Мојсеева, и побараа од Египтјаните накити сребрени и накити златни, а и облека.
    36. И Господ направи, та народот најде милост кај Египтјаните, и тие им дадоа; така тие ги обраа Египтјаните.
    37. И тргнаа синовите Израилеви од Рамзес за Сокхот, околу шестотини илјади пешаци мажи, не сметајќи ги тука децата.
    38. И многу други придојдени отидоа со нив, и овци и волови голем број отидоа со нив.
    39. А од тестото, што го изнесоа од Египет, испекоа бесквасни лепчиња, зашто тоа уште не беше скиснато кога ги истераа Египтјаните, и не можеа да се задржуваат, така што дури ни храна за попат не си приготвија.
    40. Времето, пак, што го поминаа синовите Израилеви во Египет и во земјата Хананска, тие и нивните татковци, изнесуваше четиристотини и триесет години.
    41. А кога се навршија четиристотини и триесетте години, ноќе во истиот ден излезе сета војска Господова од земјата египетска.
    42. Таа ноќ, која Господ ја пробдеа, за да ги изведе од Египетската земја, тоа е ноќ Бдение за Господа, кое треба да го празнуваат синовите Израилеви од колено на колено.
    43. И им рече Господ на Мојсеја и на Арона: “Закон за Пасхата е: ниеден туѓинец да не јаде од неа!”
    44. А секој роб ваш, или купен за пари, откако ќе го обрежете, тогаш може да јаде од неа.
    45. Придојден или наемник да не јаде од неа!
    46. Во една куќа треба да јадете; не оставајте за изутрина и не изнесувајте надвор од куќата, и коските од жртвата да не кршите.
    47. Целото општество Израилево нека прави така.
    48. Ако дојде кај вас некој туѓинец и посака да ја празнува Пасхата Господова, нека му се обрежат сите од машки пол, па потоа нека почне да ја празнува, и ќе биде како роден во таа земја; инаку, никој необрезан да не јаде од неа.
    49. Еден закон нека има за родениот во таа земја и за придојдениот што дошол меѓу вас!”
    50. И направија сите синови Израилеви како што им заповеда Господ на Мојсеја и на Арона, така направија.
    51. И во тој ден ги изведе Господ синовите Израилеви од земјата Египетска со нивната војска.

Посветување на првородените. Заповед за бесквасниот леб. Продолжување на излегувањето. Столб од облак и столб од оган.

  1. Му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
    2. “Посвети ми го секое првородено, кое ја отвара секоја утроба меѓу синовите Израилеви: и од луѓето, и од добитокот. Тие Мене ми припаѓаат!”
    3. И Мојсеј му рече на народот: “Помнете го овој ден, во кој излеговте од земјата Египетска, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Господ оттаму; и не јадете ништо со квас.
    4. Зашто денес излегувате, во Авив, месецот на новите плодови.
    5. Затоа, кога Господ ќе те воведе во земјата хананска, и хетејска, и аморејска, и евејска, и јевусејска, и гергесејска и ферезејска, за која им се заколнал на татковците твои, дека ќе ти ја даде – земјата во која тече мед и млеко – тогаш служи ја оваа служба во овој месец!
    6. Шест дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Господов.
    7. Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе ништо со квас, ниту да се најде негде кај тебе квас во сите твои предели.
    8. И во тој ден кажи му на синот твој, велејќи: ‘Ова е за она, што ми го направи Господ Бог, кога излегував од Египет!’
    9. И тоа нека ти биде знак на раката твој и спомен пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со рака силна те изведе Господ од Египет.
    10. Затоа оној закон запазувај го секоја година во определено време!
    11. А кога ќе те воведе Господ, твојот Бог, во земјата Хананска, како што ти се заколна тебе и на твоите татковци, и ќе ти ја предаде –
    12. на Господа ќе Му го одделуваш секое првородено од машки пол, што отвора утроба и секое провородено од стадата или добитокот, што го имаш, а е од машки род, посвети го на Господа!
    13. А секое првородено осле замени го со јагне;, ако, пак, не го замениш, откупи го. И секое првороденче од човек меѓу синовите твои откупувај го!
    14. А кога ќе те запраша синот твој тогаш и ти рече: ‘Што е тоа?’ Кажи му: ‘Зашто со рака силна не’ изведе Господ од Египет, од домот на ропството.’
    15. Оти, кога се ожесточи Фараонот да не не’ пушти, го уби Господ секој првороден во земјата Египеска, од првенец човечки до првородено во добитокот – затоа Му го принесувам на Господа како жртва секое машко, кое отвора утроба, а секој првороден меѓу синовите мои го откупувам.
    16. И тоа нека ти биде знак на раката твоја и постојано пред очите твои, бидејќи со рака силна те изведе Господ од Египет.”
    17. А кога Фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот кон земјата Филистејска, иако е пократок; зашто Бог рече: “За да не би да се покае народот, кога ќе види војна, па да се врати во Египет.”
    18. Бог го поведе народот по патот во пустињата кон Црвено Море. А синовите Израилеви вооружени излегоа од земјата Египетска.
    19. И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто ги беше заколнал Јосиф синовите Израилеви, велејќи: “Господ навистина ќе ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со себе.”
    20. Откако појдоа синовите Израилви од Сокхот, се утврдија во Етам, при крајот на пустињата.
    21. А Бог ги водеше по патот: дење во столб од облак, а ноќе во столб во оган, светејќи им.
    22. И не се иставаше пред сиот народ столбот облак – дење, ни столбот од оган – ноќе.

*****

Авраам се ожени со Јохевада, тетката своја, и таа му ги роди Арон и Мојсеј (и нивната сестра Мирјам). Авраам е син на Каат (син на Израил).

 

III. Левит (Трета книга Мојсеева)

Во книгата Левит се соопштува како Бог го повикува Мојсеј од скинијата на Собранието и му се соопштуваат голем број на закони и наредби. Да се избегнуваат телесната нечистотија, како и моралните и религиозните застранувања. Овие закони претставуваат вечно потсетување за верните дека општењето со Бога е животна потреба на човекот.

Закон за жртвите (крупен и ситен добиток, гулаби, грлица, лебен принос); Прописи за свештениците; Поставување на свештениците; За чистото и нечистото; Светоста на Израил (законот за брак, забранети обреди и забранети сексуални односи); и За главните Господови празници.

 

 IV. Броеви (Четврта книга Мојсеева)

Книгата Броеви го добила името според пребројувањето на Евреите во Синајската пустина. Исход и Левит ни го претставуваат Божјиот народ во неговата реална човечка димензија. Во Броеви, Мојсеј го зазема чувствителното место помеѓу Господ и народот: тој ги пренесува неговите заповеди и истовремено се застапува пред него за народот.

Племиња: Рувимово, Симеоново, Гадово, Јудино, Исахарово, Завулоново, Ефремово, Манасиево, Венијаминово, Даново, Асирово, Нефталимово (12 племиња + посебна улога на Левиевото)

 

 V. Второзаконие (Петта книга Мојсеева)

Оваа книга целосно им е посветена на трите говора на Мојсеј упатени кон Евреите. Книгата содржи и две поетски творби и два расказа (“Песната Мојсеева” и “Мојсеев благослов”) и Книгата на Законот. Во Второзаконието се потсетуваат читателите дека среќата кон која се стреми секој човек се наоѓа во верноста кон Бога.

Поуки / Мисли:

 ***** Вашиот Бог ќе го најдете ако го побарате од се срце и со целата своја душа (во вашата жалост) ***** Кога ќе западнеш во тага и кога сето тоа со време ќе те снајде ти ќе му се обратиш на Господ, твојот Бог, и ќе го чуеш Неговиот глас ***** Отстранете ја нечистотијата во вашето срце и немојте да бидете тврдоглави *****

———————————————————————————————————-

Поуки / Мисли:

***** Зошто си земја и во земја ќе се вратиш ***** Меѓу нашите луѓе барај го она што е твое кај мене ***** Вие смисливте зло, но Бог тоа го сврте на добро *****

 

***** Омекни го срцето твое! ***** Живот за живот, око за око, заб за заб ***** Не поведувај се по мнозинството да правиш зло и не се согласувај се со мнозинството против правдата ***** Разум во срцето *****

 

***** Вашиот Бог ќе го најдете ако го побарате од се срце и со целата своја душа (во вашата жалост) ***** Кога ќе западнеш во тага и кога сето тоа со време ќе те снајде ти ќе му се обратиш на Господ, твојот Бог, и ќе го чуеш Неговиот глас ***** Отстранете ја нечистотијата во вашето срце и немојте да бидете тврдоглави *****

 
Напишете коментар

Posted by на Мај 5, 2015 во Uncategorized

 

Ознаки: ,

Коментарите се затворени.