RSS

28-та недела по Педесетница. За повиканите и избраните

02 Јан

ДВАЕСЕТ И ОСМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Дојдете, оти сè е веќе готово“

 (Лука 14, 17)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Кога луѓето пловат по разбрануваното животно море носени единствено од своите телесни похоти; кога скалило по скалило слегуваат до дното на жи­во­тот раководени од страстите и пороците; кога секојдневно мечтаат за земните сла­дострастија и за умножување на своите распадливи богатства, единствено нешто кое може да ги избави од оваа погубителна состојба е Христовиот повик и допир.

Имено, таков повик и денес упатува Спасителот до сите нас, кога во про­чи­таното Евангелие го слушнавме свечениот повик за на вечера, повик, кој со ис­тата јачина две илјади години допира до нашите уши, а кој гласи: „Дојдете, оти сè е веќе готово!“ (Лука 14: 17). Овој повик за влез во Царството небесно е по­вик со вечна утеха, вечна надеж дека Спасителот никогаш не нè заборавил и де­ка Он постојано промислува за нас и нашето спасение. Овој повик е доказ дека вра­тите на Царството небесно се секогаш отворени за секој еден кој ќе пројави ис­крено покајание, кој ќе пролее очистителни солзи за своите гревови и кој ис­крено ќе побара да влезе во тоа Царство, но само ако го исповеда името Хрис­тово во целата Негова чистота, онака, како што учи Православната Црква.

Зошто овој повик е толку многу привлечен за нашата душа? И зошто нашата душа, сакале ние или не, постојано тежнее за вечната вистина, за соединување со Бога и за влез во Царството небесно?

Одговорот на овие прашања е премногу едноставен. Бог проникнува и во најскриените делови на нашата душа, во секое нејзино делче кое е исполнето и со згрутчена крв од гревовното ѓубре. Затоа Неговиот повик за нашата душа претставува нејзино обновување и воскресение. Тој повик во нашето срце ја разбудува ненаситната глад, неизгасливата жед, па ние со сласт ги примаме Неговите зборови, кои влегуваат во нашето срце, како капки од небесен дожд кои изобилно паѓаат врз сувата почва. Слушајќи го повикот за влез во Царството небесно, потребно е да заборавиме за телесната храна, за пиењето, за сите наши телесни потреби, па да ги преиспитаме сите наши активности и да дадеме правилен суд дали нивниот стремеж е влез во Царството небесно и средба со Господа.

Овој Христов повик низ целата вселена се слуша две илјади години. И с# додека трае светов и веков овој повик ќе ги трезнее душите и срцата на сите оние кои заталкуваат од тесниот пат и тргнуваат по широкиот пат кој води во вечната погибел. Светата Црква секогаш ќе ги повикува луѓето да влезат во Царството небесно, кое се открива во срцето на секој вистински христијанин и носи мир, спокој и неискажлива радост. И светиот апостол Павле, кога неумор­но насекаде го ширел Божјото Слово, на сите им нагласувал дека Царството Божјо е „правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим. 14: 17). Според тоа, Царството Божјо, кое се вселува во нашите срца и каде што сите ние треба да се најдеме по нашиот земен живот, е праведен живот, согласно Божјиот закон; тоа е мир и спокој за човечката совест, каква што може да даде само Господ; тоа е тивка радост зашто преку него Го познаваме Господа, веруваме во Него, одиме по Него, Го носиме во себе; тоа е плод на мирна совест, сопатник на секој еден кој живее со Христа и во Христа.

Тоа Царство Божјо кон кое нè повикува денес Спасите­лот, е толку многу блиску до нас! Потребно е само да ги отвориме вратите на своето срце, да го прифатиме Неговиот повик, па да постанеме наследници на тоа Царство. Па и Самиот Господ сака тоа Царство да постане достоинство за секое верно срце.

А, за да влеземе во Царството Божјо, а во исто време тоа да слезе во нашето грешно срце, па тоа срце да почне да живее со Христа, потребно е, пред сè, да го посакуваме. Како? Онака, како што направил блудниот син: тој посакал да се врати под покривот на родителскиот дом – и се вратил! Каква радост доживеал во прегратките на својот татко! Каква радост и нас нè очекува кога би посакале да го прифатиме повикот и да влеземе во Царството на нашиот Бог? Сите наши срца треба да посакаат засекогаш да се соединат со Господа. Зашто Господ наједноставно нè вика: Дојдете! Значи, не исклучува никого, не е направена ни најмала селекција на одбрани гости, или, пак, почесни поканети; не се презрени ниту сиромашните, ниту бедните, ниту болните, ниту бездетните; не се понижени ниту гладните, ниту жедните, ниту натажените. Апсолутно сите се повикани да влезат во Царството небесно со еден едноставен збор: Дојдете!

За жал, Самиот Господ ни сведочи дека многумина не го прифаќаат овој повик, како тогаш, кога Он живеел на земјава, така и сега, кога овој повик се упатува од светата Црква. Господ нè повикува да го поделиме со Него својот живот, вечниот, небесен живот и вечната радост. А ние говориме: Да, Господи, ќе дојдеме, но ќе дојдеме тогаш кога ќе завршиме со своите земни обврски. Ќе дојдеме тогаш, кога ќе престанеме да се радуваме на своите земни достигнувања и кога ќе се наситиме со своите богатства. А бидејќи таа наситка, очигледно, не­ма крај, тогаш, Господи, прашање е кога и дали некогаш ќе дојдеме! Впро­чем, во својата занесеност во служењето на гревот, Твојот повик Господи нека­ко како да ни пречи, зашто претставува разбудување на нашата совест, а тоа значи дека ние ќе треба да се самоосудуваме за своите постапки, а тоа не ни оди во прилог, оти луѓето нè почитуваат вакви какви што сме: заглавени до гуша во грев и скаменети во своите срца. Затоа Твојот повик, Господи, и денес не е добрдедојден меѓу нас.

Но, во секое срце се крие љубов, зашто таа е всадена ушто со нашето создавање. Токму Христовиот повик треба да ја распламти таа љубов. Нашите срца се тесни, а треба да бидат широки, широки, за да можат да ги прегрнат и оние кои ги љубиме и оние кои ни се непријатели, да ги прегрнеме со жртвена љубов која не знае за граници. Но, ние не сме такви. А не се ни трудиме да постанеме такви. А животот си врви, и ние си врвиме покрај животот, зашто не сме способни да го живееме животот како што треба. Колку убаво Господ ни вели: Барајте го најнапред Царството небесно. Не ни вели: сè друго ќе ви биде одземено, напротив, сè друго ќе ви биде придодадено, само ако вие умеете да го живеете животот како што треба, ако умеете она што Јас ви го давам да го користите како што треба и ако го слушнете мојот повик: Дојдете! и се отповикате на него.

Во својата гревовна закоравеност, сеуште не можеме да сфатиме дека Спасителот Христос прими човечка плот и дојде на земјава за да ни даде живот, и тоа живот во изобилство, таа сета земја да постане наша татковина, а не само некое нејзино мало парченце; секое дело, секоја творба и секоја патека да постане наша, а не само некое малечко и безначајно нешто, кое ние можеме да го направиме во нашиот краткотраен живот. Прифаќајќи го Христовиот повик за влез во Царството небесно, треба да знаеме дека на крајот од нашиот животен пат нè очекуваат преслатките Христови зборови: „Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата“ (Матеј 5: 12). Овие зборови се прекрасна гаранција дека на крајот на нашиот животен пат нè очекува вечен живот со Христа во постојано општење со својот Пресладок Господ. Токму кон ова ветување денес нè повикува Спасителот.

Затоа, секое наше срце нека биде предадено на Господа. Со Христа да живееме до крајот на нашите дни, со Христа да влеземе во вечниот живот, и со Него, според Неговата милост, да пребиваме во бесконечни векови. Амин!

Протоереј Златко Ангелески

****************************************************

НЕДЕЛА ПРЕД РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО

(Недела на Светите Отци)

(Неделниот ден од 18-24 декември според Јулијанскиот календар)

„Голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот…“

(1. Тим. 3: 16)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Во предвечерието на Христовото Рождество, кога сите ние го оче­куваме воплотувањето на Синот Божји, колку трогателно и кол­ку внимиателно све­та­та Црква си спомнува за сите оние, кои го при­нес­ле своето тело и својот живот за да се роди нашиот Спасител.

Денес е празник на Господовите претци. Секој од нас во свое­то тело, во својата душа го носи сето минато на човечкиот род. И Хрис­тос, Кој се при­соеди­нил кон човештвото, не се појавил како нов чо­век, како нова Божја твор­ба. Он ја примил Својата човечност од ил­ја­дагодишната историја на човечкиот род. Во Неговото тело, во Не­говото човештво живееле сите оние, кои живееле и низ историјата до Неговата појава.

А секоја година во неделата пред Христо­во­то Рождест­во, на литургијата се чита делот од Евангелието според Ма­теј, кој се нарекува „Книга за родството на Исуса Христа“. Мно­гу­ми­на од нас си го имаат поставено прашањето: па зарем има потреба од читањето на толку многу имиња и дали тие, воопшто, нешто зна­чат за нас и нашето духовно усовршување? Но, ако подлабоко раз­мис­лиме за суштината на денешниот ден, лесно ќе сфатиме дека на­вис­тина богомудра е одлуката на светите отци, кои одлучиле токму денес да се чита овој евангелски фрагмент.

Пред сè, треба да знаеме дека сите тие личности кои се спо­м­ну­ваат се семејството на Господа Исуса Христа, каде што Он припаѓа по Своето човеш­тво. Сите тие се Негови роднини. И тоа е доволно за тие имиња да бидат значајни за нас: Христос е една крв со нив, Хрис­тос е член на тоа семејство. За Божјата Мајка секој еден од нив може да рече дека таа е родена во тоа семејство; таа е ќерка на нашиот род; но, исто така, и за Христа секој од нив може да рече дека и Он е ро­ден во нашето семејство, зашто Он е наш Бог, наш Спасител, при­сус­тво на Самиот Бог Отец меѓу нас.

Освен тоа, некои имиња од овој ро­до­слов се истак­нуваат по својата специфичност и значајност. Имено, меѓу нив има имиња на светии, подвижници по дух, но има и имиња на грешници кои историјата ги запишала на своите страници.

Светиите можат да нè научат што значи верата за нас: таа не е само обично и просто умствено убедување или некаков поглед на све­тот, туку целос­на доверба кон Бога, неограничена верност кон Него и подготвеност целиот свој живот да го жртвуваме за она, кое Нему Му е мило и за она што Он е. Во „Книгата за родството“ се спомнува пра­­ведниот Авраам, чија вера била подло­же­на на натчовечки ис­ку­ше­­нија. Само за миг да помислиме колку е тешко да се откажеме за­ра­­ди Бога од нешто што привидно е „наше“. Но, на Авраам му била пред­­јавена потребата да го принесе како крвна жртва своето соп­с­т­ве­но чедо, но тој не посомневал во Бога! А што направил Исак? Тој се потчинил на Божјата волја без никакво спротивставување, во со­вр­ш­ена и верна послушност кон својот татко, а преку него и кон Бога.

Исто така, денес можеме да се потсетиме и на борбата на Ја­ков со Анге­лот во ноќта, слично на нашата борба во гревовниот мрак, во мракот на сом­неж, во мракот кој нè окружува од сите стра­ни. Нашата борба има за цел да ја сочува нашата вера за да не ја за­гу­би својата вистинитост и да остане чиста и неизвалкана до крајот на векот.

Но, можеме да се поучиме и од оние, кои во историјата влегле и нам ни се познати како грешници. Тие биле кршливи по дух и кај нив, во еден одреден период, не постоела волја и желба да се спро­тив­ста­ват на телесните страсни потреби. Сепак, и тие имале вера во Бо­га, но искушенијата кои врз нив надоаѓале биле посилни да ги от­трг­нат од Божјата близина, па лесно паѓале во мрежите и стапиците на лу­кавиот. Еден од таквите грешници е славниот и прочуен цар Давид. Во моментот кога сфатил колку многу длабоко е пропаднат во гре­вов­ната јама, во еден од своите псалми извикал: Од длабочината на сво­јата душа повикав кон Тебе, Господи! Од длабочината на оча­ја­ние­то, од длабочината на срамот, од длабочината на оттуѓувањето од Бога, од најмрачни­те длабочини на својата душа тој со повици го ба­рал Бога и Божјата близина. Цар Давид не се обидел да се крие од Бога, не се обидел ниту да бега од Бога, туку, напротив, трчал кон Него со очајнички крик на човек кој се кае за своите гревови. Ете, со таква конкретна реалност во Светото Писмо се истакнуваат и други мажи и жени, кои историјата ги запамтила како грешници, како блудни­ца­та Раав и многу, многу други.

И сега, кога ги знаеме примерите од старозаветните правед­ни­ци, да си го поставиме прашањето: кога ние врвиме низ најмрачните ни­зини од својот живот, кога сме завиткани со гревовен мрак кој про­дира длабоко во нас – се обраќаме ли и ние кон Бога од длабочината на тој мрак со зборовите: Кон Тебе, Господи, повикувам! Кон Тебе е на­сочен крикот на мојата душа… Да, Господи, јас сум во мрак, но Ти си мој Бог. Ти си мој Бог, Кој си ги создал и светлината и темнината: Ти пребиваш и во темнината, како што пребиваш и во заслепувач­ка­та светлина; Ти си и во адот, но Ти си и на Престолот. Затоа, каде и да сум јас, секогаш од длабочината на моето срце слободно можам да по­викам кон Тебе и да Те најдам. Да Те најдам и да се избавам од по­гу­бителниот мрак, па да тргнам по спасителниот пат кој води до Тебе и Твоето Царство.

Што уште треба да запаметиме од се­ќа­ва­њето на сите овие имиња. Иако за многумина од нас тие се само ими­ња за кои и по нешто знаеме од историјата на Светото Писмо, а за некои и ништо не знаеме, сепак, тие се конкретни луѓе, мажи и же­ни, подобни на нас по нежноста, по надежта, по непостојаната волја, по осакатената љубов… Тие луѓе се конкретни и реални, па затоа нив­ните имиња треба да ги читаме со чувство, зашто, иако нам не ни се познати, сепак, тие го составуваат Христовото семејство, кое, исто така, е конкретно и реално, и не обрнувајќи толку многу внимание на нив­ниот начин на живот, тие, во крајна мера, припаѓаат на Бога.

Секогаш да си спомнуваме за нивните имиња со страв Божји и благодарна мисла, зашто тие имиња низ илјадагодишната историја ја ткаеле плотта и човеш­твото Христово. Но, да си спомнуваме и за си­те наши претци, знајни и незнајни, за сите оние, за кои се радува нашето срце, а и за оние, од кои се срами нашата суета – да ги спом­ниме сите со желба и надеж дека и Господ Бог ќе ги спомне сите нив во Царството на светиите.

Во нас и со нас постојано живее и минатото. Со Својата појава Христос го осветил целото минато и сиот свој родослов. Сите, без ос­та­ток, постанале свои, роднини на Бога, роднини во самата најсилна смисла на тој збор. Сите ние можеме преку својот живот, труд, под­виг, стремеж кон Бога, носталгија кон Бога, борба за Бога, за Не­го­ва­та победа во нас, да го осмислиме и оправдаме сето минато на на­ши­от род и да го принесеме како дар пред Бога, па постану­вајќи и ние Негови роднини, да ги исправиме грешките на оние кои живееле пред нас и да го обелиме нивното лице пред праведниот Суд.

Колку е сето тоа убаво и блажено и колку може сето тоа да ги вдахновува нашите животи! Зашто ние не живееме само за себе, ние не живееме ниту само за своите ближни, ниту само за оние кои ги љу­би­ме, ниту само за оние кои ни се непријатели – ние живееме за сето човештво, а преку него за судбината на сета вселена. Нека е слава на Бога кој ни дал толку многу и Кој до последен миг го чека нашето обраќање и покајание. Амин!

*************************************************

Дваесет и осма недела по Педесетница (на Св. Отци)

„ЗАР НЕ СЕ ИЗЛЕКУВАА ДЕСЕТМИНА? КАДЕ СЕ ДЕВЕТМИНАТА?“

(Лука 17, 12-19)

Дваесет и деветта недела по Педесетница (на Св. Отци)

Едно детенце од шест години, што не прозборело ни збор дотогаш, конечно проговорило за време на појадокот: „Мамо, тостот ти гори“. Неговата вчудовидена мајка се израдувала, го гушнала и го прашала: „Сине, зошто не зборуваше досега“. Синчето одговорило: „Па, досега сѐ беше во ред“ (Досега немав забелешки).

Во сите нас постои склоност да проговориме само за критика или за поплака или за молитвено застапништво пред Бога кога работите ќе тргнат на лошо, а да молчиме кога сѐ е во ред. Ова е истакнато во чудото со исцелувањето на десетмината лепрозни, како што е напишано кај св.Лука.

Десетте лепрозни

„И кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку, па со силен глас повикаа: >>Исусе Наставниче, смилувај се!<<“ Лепрата била една од најмизерните и најбезнадежните болести на тоа време. Тоа било секојдневно умирање. Секој ден дел од тебе умирал. Денес може да ти умре прст, утре стапало, па ќе ти отпадне рака или уво. Човек постепено станувал купче чиросани смрдливи израстоци. Бидејќи била заразна, лепрозниот бил изолиран од општеството. Додека патувал, морал да вика: „Поган, поган“ за да не му се приближуваат луѓето. Затоа десетте лепрозни „застанаа подалеку“ кога Го повикаа Исуса. Не им било дозволено да се приближат. Друг симптом на лепрата било тоа што гласот станувал едвај чујно рапаво шепотење. На овие лепрозни сигурно бил потребен огромен физички напор за да извикаат доволно гласно за да ги чуе Исус. Затоа тие „со силен глас повикаа“ кога го викаа Исус. Нема посмрдлива, погрозна, поодвратна или побезнадежна болест од лепрата.

Евангелското четиво вели дека имало десет лепрозни. Не ни кажува како се собрале тие десетмина заедно. Може да биле колонија што живеела заедно за да се тешат и крепат во бедата, или можеби се собрале во група за да Му остават впечаток на Исус со својата беда и да му Го омекнат срцето кон нив. Имало барем еден Самарјанин во групата. Останатите биле Евреи. Да не биле болни од лепра, немало да бидат заедно. Била потребна лепра за да го премости јазот меѓу Евреите и Самарјаните, кои се мразеле едни со други. Да не била нивната заедничка несреќа, тие луѓе воопшто немало да се состанат. Колку е чудно што често се потребни страданија и маки за да ни текне дека сите сме чеда на Единиот Бог.

Дошле со вера

„Со силен глас повикаа: >>Исусе Наставниче, смилуј се!<<“ Зборовиве укажуваат дека тие дошле кај Исус со вера. Го нарекле Исус „Наставник“ (Учител), што значи дека верувале дека Тој е Оној што имал необична сила. Може чуле за Неговото исцелување на лепрозниот (Марко 1, 40-45). Ако Исус можел да го исцели него, зошто не и нив? Затоа дошле велејќи: „Исусе Наставниче, смилуј се!“ Колку е голема силата на верата. „Сѐ е можно за оној што верува“, рекол Исус. Единственото ограничување за силата Божја во нашите животи е ограничувањето на нашата вера.

Отидете кај свештениците

Исус не ги исцелил десетте лепрозни веднаш. Му било угодно да им ја испита верата. Не секогаш правел така. Лепрозниот што дошол кај Него претходниот пат го исцелувал веднаш. Но понекогаш нашата вера има потреба од усовршување. Затоа ги натерал лепрозните да одат по патот на послушанието.

„Отидете и покажете им се на свештениците“, им рекол. Исус не само што ја испитувал нивната вера, туку и го почитувал упатството на Еврејскиот закон што велело дека секој лепрозен што ќе се исцелел од својата болест морал да оди кај свештеникот во Храмот за да обезбеди уверение за исцелувањето. Дури тогаш му било дозволено да му се врати на своето семејство и во својот град.

„Одете“, рекол Исус. А сепак, зошто да отидат? Се погледнале едни со други. Не биле исцелени. Уште биле лепрозни. Раните, чировите, отворените дупки, прстите и ушите и рацете уште им недостигале. Како можеле да отидат кај свештениците со таков изглед? Сепак отишле. Тргнале со вера. Понекогаш Бог ни ги услишува молитвите под услов да ја примениме нашата вера. Наместо да се откажат разочарани, овие десетмина направиле како што Исус им заповедал. И ете!, чудото се случило! „И тие, одејќи, се очистија“.

Можеме да ја замислиме неописливата радост што ја почувствувале кога сфатиле дека се исцелени. Човек би помислил дека веднаш би побрзале назад кај Исуса да Му заблагодарат што ги спасил од таа ужасна болест. Но, тоа е страшниот дел од приказната. Само еден од десетмината се вратил за да Му заблагодари. „А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се поврати и го прослави Бога гласно; и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин. Исус, пак, одговори и рече: >>Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината?<<“

Човековата неблагодарност

Што е почудесно од ненадејното исцелување од лепра? А овие десетмина биле излекувани истовремено. Заедно страдале, заедно се молеле, заедно биле исцелени, заедно оделе со радост. Односно, сите освен еден. Сите отишле кај Христа за исцелување, а само еден се вратил да Го прослави.

Карактеристично за човекот!

Колку брзо Му се обраќаме на Бога кога сме во неволја „Господи помилуј…“ А колку бавно велиме, кога сонцето свети: „Благословувај го, душо моја, Господа, и не заборавај ги сите Негови добрини.“

Се раскажува за еден капелан од Првата Светска војна што имал должност да ги цензорира писмата што војниците ги праќале дома. Ноќта пред да ги нападнат германските редови, стотици мажи пишале писма дома. Кога битката завршила, повторно пишале дома раскажувајќи за настанот. Капеланот морал да ги прочита и цензорира сите тие писма.

Писмо напишано пред битката обично било вакво: „Мила мамо, ќе одиме во напад изутрина и мислам на дома и на тебе, Му се заколнав на Бога дека ако преживеам утре, ќе станам подобар човек“. Некои други напишале: „Мислам дека ќе станам свештеник“.

Но после битката, тонот на писмата сосема се сменил. Пишувајќи му на еден пријател од друга регимента, истиот оној што го напишал првото писмо напишал: „Мил Џо, можеш да земеш отсуство? Последниот пат кога бевме во Париз си поминавме лудо, нели? Штотуку поминав низ пекол на фронтот. Во секој момент бевме близу до смртта. Ако можеш да земеш отсуство да се најдеме во Париз, ќе излеземе во град!“ Пред битката: „Боже, помогни ми да го преживеам утрешниот ден“, а после битката: „Добро, преживеав, Боже, така што веќе не ми требаш“.

Искажи ја!

„Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината?“

Исус очекувал другите деветмина да се вратат и барем да Му се заблагодарат. Зошто не дошле? Можеби заборавиле. Можеби биле премногу возбудени, премногу одушевени за да мислат на нешто друго освен на одново даденото здравје. Можеби некои од нив брзале да се вратат дома кај своите семејства. Можеби биле благодарни, но едноставно не го искажале тоа. Проблемот кај повеќето од нас не е тоа што не чувствуваме љубов за луѓето, често чувствуваме многу, но ретко го искажуваме она што го чувствуваме.

Една од највпечатливите беседи е онаа изговорена од еден поштар по завршувањето на Божиќната треска. Еден пријател му изразил сочувство поради маката на поштарот натоварен со планини пошта. На тоа поштарот одговорил: „Ова не е најтешкото, туку тоа што во поштата има огромни купови неиспорачана пошта без исправна адреса.“ Подароци и пораки на неиспорачана љубов!

Колку многу подароци и пораки на љубовта имаме што можат да им донесат радост на луѓето? Но им носат ли? Се испорачуваат ли некогаш? Се искажуваат ли воопшто? „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината?“

Опсегот на Православното христијанство

Навистина, каде се деветмината? Деветмината што биле излекувани, простени, окрепени, исцелени, на кои им бил даден нов живот и обновена надежта? Веројатно се тука во црквава меѓу нас, зашто уште не сме се научиле да Му благодариме или да Го славиме Бога гласно. Светот е мрачен – ние сме мрачни. Светот е без надеж – ние сме без надеж. Светот е паднат – ние сме паднати. Можеме да издржиме исповед или две-три прозби „Господи, помилуј“, но големо славословие – песна на пофалбата – тоа ни паѓа тешко!

Сепак, доминантна тема во нашата Православна христијанска вера е славословието и пофалбата. На секоја Литургија на Православната Црква ѝ претходи пеење на големото Славословие за да се одреди гласот на целата Литургија, која е целосна Евхаристија – благодарност и славење. „Слава на Отецот, и на Синот, и на Светиот Дух…“ „Благословено е Царството на Бога Отецот…Синот… и Светиот Дух.“ Тоа е главна тема во Православното поколение, исто како што било доминантен мотив кај раните Христијани. Што наоѓаме во Новиот завет? Несреќи, демони, страдања, распнување –  а сепак, секогаш со славословие, зашто Христос го зеде најлошото од човекот и го победи. „Во светот ќе имате маки, но радувајте се, зашто Јас го победив светот“, вели Исус. Не Распнувањето, туку Воскресението го има последниот збор! Не смртта, туку животот! Чудно ли е тогаш што благодарењето, величањето и славословието не се само доминантна тема, туку и самиот живот на еден христијанин?

„Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината?“ Зар не беа десетмина спасени од тиранијата на гревот, стравот, вината, анксиозноста и смртта? Каде се деветмината? Зар дозволиле стравот и песимизмот да им го замолкнат величањето и благодарењето? Нека се вратат како едниот. Имаат голема причина да Го величаат Бога со силен глас и да Му благодарат.

Молитва

Благословувај го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име. Благословувај го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести, Кој ги зеде на себе нашите гревови во Своето тело, Кој стана од мртвите за да ја уништи смртта, Кој секојдневно не овенчува со благост и милост, Кој и понатаму нѐ преисполнува со дарови за кои ни оддалеку не сме заслужни – благословувај го Господа. И душо моја, претвори го овој невратлив долг на Бога во усрдна служба во полза на оние на кои им треба нашата помош и за љубовта на Христа, нашиот Спасител и Исцелител.

Бигорски.

*************************************************

В името на Отца и Сина и Светия Дух! Ние с вас чухме в евангелското четиво, как в дома на един от фарисейските началници някой от насядалите край трапезата Му казал: блажен е, който вкуси хляб в Царството Божие!

И Христос отговаря с притча: един човек приготвил голяма вечеря и поканил мнозина, и когато настъпило времето за вечерята, изпратил слугата си да каже на поканените: елате, защото вече всичко е готово.

Ясно е, че под образа на човек в тази притча се изявява Бог. Ние с вас помним, че в Свещеното Писание на Бога се дават имена, подобни на действията, които той извършва. Някъде е казано, че Бог е поглъщащ огън, на други места Той се нарича лъв и мечка. Това е, когато става дума за наказания. Но наказания настъпват тогава, когато ние превръщаме човеколюбието Божие в повод за собствената си погибел. Тогава и се явяват скърби, призвани да ни отрезвят. А дотогава Господ постъпва като любящ баща, като грижовен стопанин на дома. И в такива случаи в Писанието Той се уподобява на човек, както това е видно и от днешната притча.

Голямата вечеря, която той приготвил, не е нищо друго, освен християнството. По-точно, християнският духовен живот, т. е. този път, по който трябва да върви човек, наричащ се вярващ в Христа, за да получи духовни плодове, заради които Господ ни едал вярата. Защо именно вечеря? Понеже духовният живот носи в себе си с нищо несравнима радост. В нея има и скърби, но радостта никой няма да ни отнеме, освен ако ние самите не си я отнемем.

Времето за вечеря настъпило в този момент, когато Господ Иисус Христос излязъл на проповед и продължава до днес.

А кой е този слуга, който бил пратен да призове поканените? Сам Господ Иисус Христос е този слуга. Помните ли какво казва апостол Павел – понизи Самия Себе Си, прие образ на раб, уподоби се на човеци и по вид стана като човек (Филип. 2:7)? Приел образ на раб – и тръгнал да зове всички на пир. Той казва: всичко вече е готово, т. е. не е нужно нищо да измисляте, откривате и изобретявате – ето пътя, вървете по него, и ще отидете там , където трябва.

И започнали, сякаш се наговорили, да се извиняват.

Първият му казал: купих земя, и трябва отида да я нагледам; моля те, извини ме. Светите отци покрай прекия смисъл виждат тук и намек за светската мъдрост. Полето символизира тварния свят. И тези, които твърде много са привързани към този свят, не желаят да мислят за свръхестественото и затова не търсят спасение. А ние ще добавим, че такива са хората, които жертват християнския духовен живот заради своята градина, заради строителство или ремонт.

Другият казал: аз си купих пет чифта волове и ще отида да ги изпробвам; моля те, извини ме. Във воловете се разпознава образа на човек привързан към земните дела. Случва се, че за нас е по-леко да отместим планини от светски дела, отколкото десет минути да постоим на молитва. И ние казваме: „Бих се радвал да се моля, но кога? А покупките? А срещите? А пътуванията? А увлеченията и развлеченията?” Или, например, мнозина са готови да забравят за всичко при покупка на нов автомобил, макар и старият да им е служил не зле.

Третият казал: аз се ожених и затова не мога да дойда. Това е любител на удоволствията, както плътски, така и душевни. Пък и заради самата женитба много народ е обърнал гръб на Христос. Особено ако тази женитба е била свързана с предателството на единия съпруг, за да спечели другия. Или ако човек така е привързан към семейството, че не може да мисли за никакъв духовен живот.

Така или иначе, всички покани били отклонени.

Всъщност, купената земя не би станала по-лоша, ако стопанинът я нагледа на следващия ден. И воловете можело да изпробва друг път. И можело отиде на пира заедно с жена си. Но им се искало да си направят приятното без Бога и то още сега. Хората повече от всичко на света обичали самите себе си и своите удоволствия, затова не смогнали да се заставят да дойдат на пира.

И, завърнал се, този слуга донесъл за това на своя господар. Тогава, разгневил се, стопанинът на дома му казал: иди по-скоро на улиците и кръстопътищата на града и доведи тук нищите, сакатите, хромите и слепите. Ясно е, че става дума за хора, които се оказали малко подходящи за този пир. Ако се опитаме да разберем духовно тяхната нищета и болести, тогава ние ще видим, че Господ зове към духовен живот и хора явно порочни и имащи различни душевни немощи, и тези, които по-рано никога не са живели според вярата и не знаят как се прави това.

И казал слугата: господарю, изпълнено е, както ти заповяда и има още място. Господарят казал на слугата: излез по пътищата и плетищата и убеди, колкото хора намериш, да дойдат, за да се напълни дома ми. Защото, казвам ви: никой от поканените няма да вкуси от вечерята ми. Понеже мнозина са звани, а малцина – избрани. Местата в Царството Небесно стигат за всички. И Господ, по един или друг начин, кани там всеки. Но тези хора, които са били призовани, а те не са дошли, сами не са поискали да отидат, и те получават според вярата си, по-точно – според нейното отсъствие. От друга страна, тези, които Господ нарекъл избрани, не били заети, т. е. те видели, че в техния живот липсва най-главното. И те се почувствали пред Бога нищи, сакати, хроми и слепи – затова и не се бавили, когато и не се бавили, когато Той ги поканил. Ето защо и Господ казва: Блажени нищите духом, защото тяхно е Царството Небесно (Мат. 5:3). Нищи духом – това са тези, които чувстват себе си такива.

Мнозина Господ призовава да тръгнат след Него, но не всички отиват. Най-напред, не искали да тръгнат след Него юдейските началници, книжниците и свещениците, а с тях и всички, които ги слушали. Затова пък тръгнали хора безкнижни и прости. След това се отказали да тръгнат езическите мъдреци, царе и чиновници, затова пък тръгнали хора от най-различни съсловия от езическата Римска империя. После се отказали да вървят след Христос всевъзможните еретици. Отказали се, ако се гледа на дела, а не на думи. Затова пък след Него тръгнали хора от други народи и страни, където преди името Христово не било и чуто. И накрая не тръгнали след Христос мнозина и мнозина наши съвременници, мнозина от които, в последните двадесет години, пребивавали в Църквата, помотали се тук и си тръгнали, така да се каже, „с празни ръце”. Затова пък дошли вместо тях тези от нашите роднини, познати и непознати, от които ние най-малко сме очаквали това.

Но такова е свойството на този пир, че ни канят на него всеки ден. И ако днес ние сме дошли, а утре кажем – „аз си купих земя, волове и се ожених, – моля Те, извини ме”, ще бъдем тези звани, които не поискали да бъдат избрани. На първо място е любовта към Бога, а вече на второ – всичко останало.

Времето за вечерята за нас е настъпило и всичко вече е готово. Ние сме получили вече покана, когато сме повярвали. Остава само да положим усилие, за да отидем на нея. Амин.

Превод: Прот. Йоан Карамихалев

********************************************

Неделя На утренята Ев. Лук. 24:36-53. На литургията Кол. 1:12-18. Ев. Лук. 14:16-24.
Понеделник Евр. 3:5-11:17-19. Ев. Лук. 20:27-44.
Вторник Евр. 4:1-13. Ев. Лк 21:12-19.
Сряда Евр. 5:11-6:8. Ев. Лук. 21:5-7:10-11:20-24.
Четвъртък Евр. 7:1-6. Ев. Лук. 21:28-33.
Петък Евр. 7:18-25. Ев. Лук. 21:37-22:8.
Събота Еф. 2:11-13. Ев. Лук. 13:18-29.

*********************************************

Недела – на Утрената

36. Додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана среде нив и им рече: „Мир вам!”
37. А тие, така збунети и уплашени, помислија оти гледаат дух.
38. Но Он им рече: „Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши?
39. Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.”
40. А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
41. Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Он им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?”
42. Тие Му дадоа парче риба печена и мед со саќе.
43. И кога зеде, јадеше пред нив.
44. Па им рече: „Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, оти треба да се исполни сè што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.”
45. Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата,
46. и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден,
47. и да биде проповедано во Неговото име и покајание и проштавање на гревовите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим;
48. а вие сте сведоци за ова.
49. И ете, Јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, дури не се облечете во сила одозгора.”
50. И ги изведе надвор во Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови.
51. И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото;
52. тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.
53. И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога. Амин!

********

Недела – на Литургијата

12. благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нè направи способни да учествуваме во наследството на светитите во светлината;
13. нè избави од власта на темнината и нè доведе во царството на Својот возљубен Син,
14. во Кого имаме откуп преку крвта Негова и опростување на гревовите,
15. и Кој е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар;
16. бидејќи преку Него е создадено сè што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сè е преку Него и за Него создадено.
17. Он е пред сè, и сè преку Него се држи.
18. И Он е глава на телото, односно на Црквата; Он е почеток, +првороден меѓу мртвите, за да има првенство во сè.

******

16. А Он му одговори: „Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина;
17. и кога беше време за вечера, го прати слугата свој да им каже на поканетите: »Дојдете, оти сè е готово!«
18. И почнаа сите, како договорени, да откажуваат; првиот му рече: »Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!«
19. Вториот рече: »Купив пет чифта волови и одам да ги пробам; те молам – извини ме!«
20. Третиот рече: »Се оженив и затоа не можам да дојдам«
21. Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: »Отиди бргу по раскрсниците и улиците градски и доведи ги тука бедните, слабите, хромите и слепите!«
22. И рече слугата: »Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.«
23. И му рече господарот на слугата: »Излези по патиштата и оградите и убеди ги да дојдат, за да се наполни мојот дом!«
24. Зашто, ви велам: никој од поканетите нема да вкуси од вечерата Моја. Оти мнозина се поканети, но малкумина се избрани.”

*******

Понеделник –

5. И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она, што имаше да се соопшти.
6. А Христос, како Син, е во Својот дом: Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фалиме, ги запазиме до крај.
7. Поради тоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, кога ќе го чуете гласот Негов,
8. да не ги ожесточите срцата свои, како кога се прогневивте во денот на искушувањето во пустината,
9. каде што татковците ваши Ме искушаа, Ме испитаа и ги видоа делата Мои преку четириесетте години.
10. Затоа се расрдив на тој род и реков: секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои.
11. Затоа се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот покој”.

17. Против кои негодува Он четириесет години? Нели против оние, што погрешија и чии коски останаа во пустината?
18. А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој, ако не на оние, што не сакаа да веруваат?
19. И така, гледаме дека тие не можат да влезат поради неверието.

*****

27. Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи:
28. Учителе, Мојсеј ни напиша: ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена, и да го подигне потомството на брата си.
29. Имаше седум браќа и првиот, откако се ожени, умре без деца;
30. жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца;
31. ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина и умреа без деца;
32. по сите нив, умре и жената.
33. При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи со седуммината живеела?
34. Им одговори Исус и рече: „Синовите од овој век се женат и мажат;
35. но оние, што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат,
36. и да умрат веќе не можат, оти се еднакви со ангелите и, бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.
37. А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го посведочи и Мојсеј при капината, кога Го
нарече Господа – Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.
38. А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, оти во Него се сите живи.”
39. На тоа, некои од книжниците, рекоа: „Учителе, добро рече!”
40. И не смееја повеќе за ништо да Го прашаат. А Он им рече:
41. Како, пак, велат дека Христос е син Давидов?
42. Та и сам Давид вели во книгата на псалмите: »Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,
43. дури не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои!«
44. И така, Давид, значи, Го нарече Господ. Како тогаш да му е Он син?

********

Вторник –

1. Да се страхуваме пак, да не би, додека уште ние е оставено ветувањето за влегување во Неговиот спокој, некој од вас да задоцни.
2. Оти и нам ни се соопшти, како и ним. Но словото, што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи оние, што го беа чуле, не поверуваа.
3. А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој, како што рекол Он: „Затоа се заколнав во гневот Свој дека тие не ќе влезат во Мојот спокој”, иако Неговите дела беа извршени уште од создавањето на светот.
4. Оти негде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела”.
5. И на тоа место пак: „Не ќе влезат во спокојот Мој”.
6. И така, бидејќи се предостави на некои да влезат во Него, а на оние, на кои им беше порано соопштено, не влегоа поради непослушноста;
7. пак определи едно „денес”, велејќи преку Давида, по толку време, како што е речено погоре: „Денес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши”.
8. Зашто, ако Исус Навин ги беше успокоил, Бог немаше да зборува веќе потоа за друг ден.
9. Но, за народот Божји сè уште останува почивката саботна.
10. Оти, кој ќе влезе во спокојот Негов, тој ќе се одмора од делата свои, како и Бог од Своите.
11. И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.
12. Зашто, словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето.
13. И нема создание сокриено за Него, туку сè е голо и откриено за очите на Оној, пред Кого ние ќе одговараме.

******

12. А пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве изгонат, предавајќи ве на синагогите и затворите, и ќе ве водат пред цареви и управници, заради Моето име.
13. И тоа ќе ви биде вам за сведоштво.
14. И така, ставете си при срце да не размислувате однапред што ќе одговарате,
15. зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да ѝ противречат ниту да ѝ се противстават сите ваши противници.
16. Ќе бидете предадени исто така и од родители, и од браќа и од роднини, и од пријатели, а некои од вас ќе бидат убиени;
17. и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име.
18. Но, ни влакно од главата ваша нема да загине;
19. со трпение спасувајте си ги душите.

******

Среда –

11. За ова би имале многу да ви зборуваме, што е и тешко да се толкува, бидејќи станавте немоќни за слушање.
12. Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сè уште имате потреба да ве учат – кои се првите начала на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна.
13. Секој, што се храни со млеко, не е опитен во словото на правдата, бидејќи е младенец;
14. а тврдата храна е за совршените, кои благодарејќи на навиката, имаат чувства и се научени да разликуваат добро и зло.

6. Потребно е чување од отпадништво во верата и да се има постојаност како и надеж во Заветот.

1. Затоа да го оставиме почетокот на Христовото учење и да се стремиме кон совршенство, да не полагаме пак основа на покајанието од мртви дела и на верата во Бога,
2. на науката за крштавањето, за возлагањето раце, за воскресението на мртвите и за вечниот суд.
3. И ова ќе го направиме, ако позволи Бог.
4. Зашто оние, кои веднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух.
5. И, откако вкусија од добриот збор Божји и од силите на идниот век,
6. отпаднаа – не е можно пак да бидат обновени за покајание, кога повторно во себеси го распнуваат Синот Божји и Го хулат.
7. Оти земја, кога го впива дождот, што често паѓа на неа, и раѓа плод добар за оние што ја обработуваат, од Бога добива благослов;
8. а онаа, што дава трње и боцки, таа е непотребна и близу е до проклетството, кое завршува со изгорување.

********

5. И кога некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и ветени дарови, Он им рече:
6. Ќе дојдат дни и од сето ова што го гледате нема да остане ни камен, што не ќе биде урнат.
7. И Го прашаа, говорејќи: „Учителе, а кога ќе биде тоа и каков е знакот, дека ќе стане тоа?”

10. Тогаш им рече: „Ќе се крене народ против народ, и царство против царство;
11. а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има стравотии и големи знаци на небото.

20. А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте – дека се приближило неговото запустување.
21. Тогаш, оние што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него,
22. зашто тоа се дните на одмазда, за да се изврши сè што е напишано.
23. Но тешко на бремените и доилките во тие дни: зашто голема мака ќе биде на земјата, и гнев врз овој народ;
24. и ќе паднат од сечилото на мечот, и ќе бидат одведени во плен по сите народи; а Ерусалим ќе го газат незнабошци, сè додека не се свршат времињата на незнабошците.

******

Четврток –

1. Оти тој Мелхиседек беше цар Салимски, свештеник на Севишниот Бог, кој што го пресретна Авраама, кога се враќаше од борбата со царевите, и го благослови.
2. кому и Авраам му даде десеток од сè, и кој по значењето на името негово е прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот,
3. без татко, без мајка, без род, немаше ни почеток на дните, ниту крај на животот и, по таков начин, е уподобен на Синот Божји, и останува вечен свештеник.
4. Гледате ли колку е голем оној, кому патријархот Авраам му даде десеток од најдобриот плен!
5. Оние од Левиевите синови, што примаат свештенство, имаат заповед да земаат по Законот десеток од народот, односно од браќата свои, иако и тие произлегле од бедрата Авраамови.
6. Но тој, кој не му припаѓаше на нашиот род, зеде десеток од Авраама и го благослови оној, што имаше ветувања.

******

28. А кога ќе почне тоа да станува, исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение.”
29. Им кажа парабола: „Погледајте ја смоквата и сите дрвја;
30. кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете оти летото е веќе близу.
31. Па така, кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божјо.
32. Вистина ви велам, нема да премине овој род, дури сето тоа не се исполни.
33. Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.

******

Петок –

18. А, пак, одменувањето на поранешната заповед се изврши поради тоа, што таа беше слаба и бесполезна,
19. оти Законот ништо не доведува до совршенство; а се воведе подобра надеж, преку која се приближуваме до Бога.
20. И тоа не без клетва.
21. Оти оние беа станале свештеници без клетва, а Он – со клетва, преку Оној, Кој Му рече: „Се заколна Господ и нема да се раскае: Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков”.
22. Затоа на толку подобар Завет стана залог Исус.
23. А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден;
24. а Он, бидејќи Сам, пребива вечно, има свештенство што нема да мине на друг.
25. Затоа Он и може и за вечно да ги спаси оние, што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив.

*******

37. Дење проповедаше Он во храмот, а ноќе излегуваше и ноќеваше во гората, наречена Елеонска.
38. И сиот народ доаѓаше наутро при Него во храмот, за да Го слуша.

22. Предавство. Пасхалното јагне и вечерата. Суетата кај учениците. Страдањето на Исуса во Елеонската Гора. Фаќањето. Петровото одречување. Страдањето на Исуса пред Кајафа.

1. Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха;
2. а првосвештениците и книжниците гледаа како да Го погубат, оти се плашеа од народот.
3. И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариот, еден од бројот на дванаесетте.
4. И кога отиде, се договори со првосвештениците и началниците, како да им Го предаде.
5. Тие се зарадуваа и се согласија да му дадат сребреници.
6. И тој вети, и бараше погодно време, да им Го предаде тајно од народот.
7. И дојде денот Бесквасници, кога требаше да се заколе пасхалното јагне;
8. па ги испрати Исус Петра и Јована и им рече: „Отидете и пригответе ни пасха, за да јадеме!”

******

Сабота –

11. Затоа помнете, вие, кои некогаш по тело бевте иноверци, и наречени необрезани од така наречените обрезани со телесно обрезание, правено со раце,
12. дека во она време бевте без Христа, отстранети од општеството на Израилот, без право на учество во заветите на ветеното, без надеж и безбожници во светот;
13. но сега, во Христа Исуса, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова.

*****

18. А Он рече: „На што прилега царството Божјо и со што да го споредам?
19. Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува големо дрво; па и птиците небески си прават гнезда на неговите
гранки.”
20. И пак рече: „Со што да го споредам царството Божјо?
21. Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, додека скисне сето.”
22. И минеше низ градови и села и поучуваше, патувајќи кон Ерусалим.
23. Некој, пак, Му рече: „Господи, малку ли се оние што ќе се спасат?” А Он рече:
24. Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакаат да влезат и не ќе можат.
25. Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, стоејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: »Господи, Господи, отвори ни!« Он ќе ви одговори и рече: »Не ве знам од каде сте.«
26. Тогаш ќе почнете да зборувате: »Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.«
27. А Он ќе рече: »Ви велам, не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!«
28. Таму ќе биде плач и крцкање со заби, кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова, и сите пророци во царството Божјо, а себе – истерани надвор.
29. И ќе дојдат од исток и запад, и север и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо.

*********************************

Нешто околу Новата Година: христијанска или секуларна?

Нова Година! Што, всушност, празнуваме на 31 декември / 1 јануари? И што значи тоа граѓанска, односно секуларна Нова Година? Тоа е моментот кога сите ние, сиот свет влегува во следното новолетие, т. е. започнува Новата Година. Зборуваме за граѓанско празнување, не за црковно. Па и таканаречената „Василица“, 1 јануари, Нова Година по Јулијанскиот календар, чиешто предание е поврзано со Св. Василиј Велики (бидејќи на истиот ден се празнува овој светец), заедно со Обрезанието Господово, меѓу народот е позната и како „Стара Нова Година“, но во самата богослужба на празникот нема никакви сведоштва и молитви во однос на Новата Година. Тоа, пак, ни докажува дека кај православните народи Новата Година не се празнувала на 1 јануари. Но доколку Црквата го одбележува и одобрува граѓанското новолетие, тоа го прави поради фактот што таа постои во општеството и секое општествено прославување ги опфаќа нејзините верни членови.

Но ајде да видиме како стојат работите?

За оние кои не знаат, а веројатно поголемиот дел од нашиот народ воопшто не знае, и Црквата си има свое празнување на Новата Година, но тоа се случува во сосема поинаква атмосфера и на сосема друг датум. А тој датум е  1 / 14 септември.

Уште во древноста, мeсeцoт сeптeмври кај Eврeитe бил пoчeтoк на нoвата граѓанска гoдина (II Мoј. 23, 16). Тоа бил мeсeц на собирањe плoдoви и принeсувањe жртви на благoдарнoст кон Бoга. За врeмe на oва празнувањe Гoспoд Исус влeгoл вo синагoгата вo Назарeт, ја oтвoрил книгата на прoрoкoт Исаија и ги прoчитал збoрoвитe: „Духoт на Гoспoда Бoга e врз Мeнe заштo Гoспoд Мe пoмаза за да им благoвeстувам на бeднитe, Мe испрати да лeкувам сoкрушeни пo срцe, да им прoпoвeдам на зарoбeнитe и на затвoрeницитe – oтвoрањe на тeмницата, да ја прoпoвeдам благoпријатната Гoспoдoва гoдина и дeнoт за oдмазда на нашиoт Бoг; да ги утeшам ситe oниe штo тагуваат“ (Иса. 61, 1-2).

Подоцна, пак, за време на царот Диоклецијан, за секоја нова година се користел зборот индикт. Овој збор – индикт или indiction = објава, првично значел годишен данок во производи, којшто бил воведен токму од страна на овој цар. Големината на данокот се определувала врз основа на пописот на населението којшто се спроведувал секои 15 години. Индикт се нарекувал како самиот 15 годишен временски интервал, така и секоја година во неговите рамки. Почетокот на годината се паѓал на 1 септември, кога се собирал родот и се плаќал данокот.

Подоцна, Првиот Всeлeнски сoбoр oпрeдeлил и цркoвната гoдина да пoчнува на 1 сeптeмври. Важно е да се одбележи и дека IV век бил златен период на Црквата. Тогаш престанале мачеништвата, Христијаните можеле слободно да ги практикуваат своите богослуженија, но Црквата не можела да ги заборави храбрите подвизи на мачениците за верата. Верниот народ чувствувал огромна потреба да ги сочува овие спомени, заради што во овој период започнал да се составува црковниот календар. Во спомен на мачениците претходната историска епоха била наречена „Ера на Диоклецијан“ или „Ера на мачениците“.

Дoлгo врeмe вo христијанскиoт свeт и граѓанската, и цркoвната гoдина биле одбележувани на 1 септември. Подоцна граѓанската Нова Година била пренесена на 1 јануари, и тоа најпрвин на Запад, во Европа. Историските факти зборуваат за можни причини поради кои Западниот свет ја преместил традицијата на празнување на Нова Година од 1 септември на 1 јануари. Оваа традиција била поврзана со римскиот пагански свет. Имено, според Јулијанскиот календар за почеток на Новата Година бил сметан 1 ден од месец јануари. Во време на римското паганско општество, Римјаните го славеле богот Јанус (според кој е добиено и името на месецот јануари) и главниот ден Saturnalia, а исто така од времето на царевите и почетокот на Новата Година. Овој ден паганите го поминувале со особена свеченост и веселие. Пријателите едни на други си испраќале подароци, кои ги нарекувале Strenae, а во чест на богот Strena или Strenie, приредувале гозби, ноќите ги поминувале во песни, игри и театарски претстави. Ваквите забави траеле повеќе денови. Со ослободувањето на христијанството и воспоставувањето на неговите традиции, биле забранети сите учества на овие пагански собири. Во VII век, со доаѓањето на паганите од Фландрија и Холандија, повторно се направиле обиди да се воспостави традицијата на ваков начин да се прославува Новата Година на 1 јануари. Но повторно за кратко време била потисната, за во 1582 година, кога бил воведен Григоријанскиот календар, Западот конечно да донесе одлука почетокот на Новата Година да го одбележува на 1 јануари.

На Истокот, пак, ситуацијата била поинаква. Во Русија, сѐ до времето на владеење на царот Петар Велики, и црковниот и граѓанскиот календар започнувале на 1 септември. Поведен од својот интерес за западниот начин на живот, Петар тргнал на пат за Европа со намера што е можно подобро да се запознае со обичаите на западните земји, а со цел да ги примени во својата, според него, „заостаната“ земја. Така, Петар прифатил Новата Година да се слави на 1 јануари. Нова Година бил световен празник и на славење се пристапувало после Рождеството Христово, кое до револуцијата од 1917 година се паѓало на 25 декември. Со револуцијата била спроведена уште една календарска реформа: наместо Јулијанскиот бил прифатен Григоријанскиот календар (нов стил), така што празнувањето на Новата Година почнало да се паѓа непосредно пред Божик, кој со оваа реформа започнал да се слави на 7 јануари. Затоа кај луѓето коишто ја пазеле духовната традиција се појавила недоумица: Како да се празнува Новата Година и дали воопшто да се празнува? Одговорот на ова прашање е веќе друга тема.

Кога сме кај календарите, добро е да појасниме дека денес постојат два: еден древен, таканаречениот Јулијански календар, кој бил изработен во 46 г. пред Христа од страна на александрискиот астроном Созиген, а на иницијатива на римскиот владетел Гај Јулиј Цезар, според кого и го добил името. Овој календар бил прифатен од страна на Црквата во IV век со извесни измени. Но, Јулијанскиот календар не е сосема точен: тој се разликува за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Оваа разлика за 400 години се искачила на 3 дена, 2 часа, 53 минути и 20 секунди, а пак, во 1700 година изнесувала цели 10 дена. Денес таа изнесува 13 дена.

Подоцнежниот календар е Григоријанскиот, изработен по указ на папата Григориј кон крајот на XVI век. Имено, веќе во средниот век, тогашните научници ја воочиле неправилноста на Јулијанскиот календар. Па така, на иницијатива на споменатиот папа, во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на Јулијанскиот календар. Во врска со ова комисијата предложила и конкретни мерки за реформа на календарот. Тие биле прифатени од страна на папата на 24 февруари 1582 година со издавање на посебна папска була со споменатите мерки. Тогаш, меѓу другото, било утврдено секоја година пролетната рамнодневница да биде фиксирана на 21 март. Понатаму, со цел да се изедначи дотогашната разлика меѓу јулијанската и реалната (тропска) година, која во 1582 година изнесувала 10 дена, со папската була било решено, во таа година 5 октомври да се смета како 15 октомври.

Овој календар стана примарен во католичка Европа. Потоа, од практични причини постепено почнаа да го примаат и другите народи, и денес се користи на глобално ниво.

За жал, од иста причина, сите празници веќе одамна се преведени на Григоријанскиот календар. Малкумина од новите генерации знаат дека 14 јануари, познат по така нареченото празнување на „Стара Нова Година“, е всушност 1 јануари (овој датум може да се воочи и во самата богослужба), токму поради тие 13 вишок денови кои Григоријанскиот календар ги избришал од годината. Многу често во Православниот свет се прави една грешка поради неупатеност и незнаење. Имено, Обрезанието Господово кое се празнува на 14 јануари заедно со оддавањето почит на Св. Василиј Велики, се смета за почеток на новата црковна година („Василица“). Кога би се вратиле назад 13 денови, односно оние денови кои реформите на календарот ги избришал, тогаш овој празник би се паднал на 1 јануари и би се поклопил со датумот на граѓанската Нова Година, со која Црквата и нема баш некоја врска. Но бидејќи Црквата постои и опстојува во општеството, а не надвор од него, таа ја почитува важноста на граѓанската Нова Година, за која повторно ќе нагласиме дека не е, и не може да биде црковен или христијански празник.

Црквата ја празнува својата Нова Година, но на друг датум и во сосема поинаква атмосфера. Радосна атмосфера, ама духовна и торжествена радост. За христијанинот Новата Година е празник кој според Црковниот термин се одбележува на 1 / 14 септември. И тогаш не се практикуваат забави. Секоја Нова Година започнува со возгласот: „Благословено е Царството на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин“. Тој празник постои во нашиот месецослов и се нарекува „Почеток на Новото Лето“.

Бигорски

*************************************

Голема е тајната на побожноста:

Бог се јави во плот,

посведочен беше од Духот,

се покажа на ангелите,

беше проповедан на народите,

светот Му поверува, и се вознесе во слава!

(1 Тимотеј 3:16)

 Возљубени духовни чеда,

Да се сплотиме сите во радост и веселба на празникот на Рождеството Христово, денот во кој ни се откри Tајната над тајните приготвена од пред сите векови за спасение на човечкиот род. Оној, Кој по природа е вечен и Творец на целото создание, врз себе зеде обличје на човек. Несоздадениот се изедначи со Своето создание, за созданието да го подигне кон Себе. Како родител кој прави сè на своите деца да им помогне да го достигнат врвот на своите потенцијали, така и Бог ја отклони пречката која нè ограничува, и не престанува да нè издига до полнотата на нашите можности. Тајната на Воплотувањето, стана непрестан извор на благодат за сите нас. И така, денес, кога Рождеството Христово силно свети врз нашите животи, радосно се присетуваме дека Небесата се широко отворени за секој од нас. Да пееме со радосен восклик на денот на кој Творецот дојде на земјата, денот на кој вечниот Логос божји се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија и стана Човек, со единствена цел нас смртните и пропадливите да нè воведе во нераспадливост и вечност. Токму во овие празнични денови, кога сè околу нас нè поттикнува и ни укажува на „нужноста“ од минливото и распадливото, по милоста Божја да се одважиме и триумфално да зачекориме кон нашиот нов и возвишен статус.

Мили мои во Христа,

Воплотувањето Христово се нарекува Тајна над тајните не затоа што се работи за некаква скриена мудрост во која можат да проникнат само најегзотичните мистици, туку затоа што на натприроден начин, кој ги надминува нашите интелектуални капацитети, во личноста на Исус Христос се споија Божјото и човечкото, вечното и минливото, совршеното и пропадливото. Помеѓу овие две постои онтолошки јаз кој може да биде премостен единствено од Оној Кој битствува вон секоја категорија и Кој не може да биде дефиниран со материја, простор и време. Токму затоа, Вечната Мудрост, Умот и Поредокот Божји, Кого ние го условуваме со Неговото земно име Исус Христос Синот Божји, превземајќи ја човечката природа врз Себе, истата ја обожи, онтолошки ја преобрази и ја воздигна до степен на образ и подобие божјо (1 Мојс. 1:26-27), правејќи нè да бидеме слични на Него (1 Јован 3:2; Филип. 3:21). Тој се приближи до нас, за да можеме и ние да се приближиме до Него.

Драги браќа и сестри,

Преку Воплотувањето и Раѓањето, Христос ни објави дека Самиот е полнотата на присуството на Божјата слава (Јован 1:14, Кол. 1:15.19). Станува збор за истото присуство кое на планината му се јави на Мојсеја; истото присуство кое во вид на огнен столб ноќе и столб од облак дење го водеше Израилскиот народ во Ветената земја; истото присуство кое пребиваше во Свјатаја Свјатих на Соломоновиот Храм. Но ваквото присуство драги мои, иако спектакуларно и во цела своја полнота, сепак беше ограничено; достапно само на малкумина и врзано за едно место во храмот односно скинијата каде можеше да се пристапи само еднаш или двапати годишно. Она што беше несовршен првообраз во Стариот Завет, стана суштинско исполнување во Христа. „Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“ (Мат. 1:23; Исаија 7:14). Истото тоа присуство, овој пат на далеку повозвишен начин, се всели во утробата на Дева Марија и триесетина години живееше како еден од нас. Со актот на Христовото Воплотување и Рождество сè е променето за човечкиот род. Дадено ни е да можеме да се подвизуваме и обожуваме, што, пак, беше и првичната цел на Отецот – да го отсликуваме не само Неговиот лик, туку и Неговото подобие. Се разбира, ова не е само како некаков интелектуален концепт кој убаво звучи, туку реално присуството на Славата Божја, кое преку Христовото Воплотување и Рождество е дадено неограничено во срцата на секое создане кое истото го посакува. Тоа е она што светите отци го нарекуваат „чувството на Божјото присуство“, кое може да биде искусено од секој од нас.

Драги мои во Христа Богомладенецот,

Домостројот на спасението не може да се замисли без клучната улога на Дева Марија. Додека на денот на Рождеството се присетуваме на Христа и Неговото Воплотување, вториот ден од Божиќ е посветен токму на Неговата Мајка, Пресвета Дева Марија, кој пак е еден од најстарите Богородични празници. Свршена за праведниот Јосиф, уште пред да знае за маж, ангелот Гавриил ѝ ја пренесе радосната вест дека спасението на човечкиот род ќе се случи токму преку благословеното и натприродно зачнување во нејзината утроба, токму преку нејзиниот Син Исус Христос. Иако отпрвин во целост не можеше да ја разбере пораката на ангелот, Дева Марија со длабока побожност истата ја прифати без приговор. „Марија пак, рече: Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ (Лука 1:38). Токму заради ваквиот одговор, заради нејзината посветеност на нејзиниот Син сè до крајот на нејзиниот живот, а над се заради присуството на Богомладенецот во нејзината утроба, Дева Марија се удостои да биде наречена Богородица. Затоа ние во химните ја величаме пеејќи, „Достојно е, навистина, Блажена да те нарекуваме Тебе, Богородице, Присноблажена и Пренепорочна, и Мајко на нашиот Бог! Почесна од Херувимите, и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Словото нетлено што Го роди, навистина си Богородица, ние Те величаме.“

Возљубени во Господа,

Христовото доаѓање во светот е секако поврзано и со воспоставувањето на Небесен мир. Секој со себе го носи тоа што го има и го нуди она што тој всушност Е, а самиот Христос е Кнез на Мирот. „Зошто Младенец ни се роди – Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе го наречат: Советник, Чудесен, Бог силен, Отец вечен, Кнез на Мирот.“ (Иса. 9:6). Токму затоа и во молитвите на Црквата, пред сè, застапуваме за Небесен Мир, кој извира единствено од Христа. „Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот. Да не се плаши вашето срце.“ (Јован 14:27). Христос прави разлика помеѓу небесниот мир и несовршениот мир кој го нуди светот. Било кое општествено уредување, било кој светски водач, па макар бил и најпобожниот во светот, не може да понуди ниту да исполни ветување за глобален мир. Непостојаноста на човечките ветувања како и недостатокот на капацитет истите да се исполнат, се бројни и очигледни. Денес сме сведоци на недостаток на мир токму заради изразената подвоеност по расна, полова, класова и политичка основа, како во нашата татковина Р. Македонија, така и тука на Северноамериканскиот континент. Но, мирот Христов и Неговите ветувања се од сосем друга природа. Тој им припаѓа на преобразените. Припаѓа на оние кои се преумуваат. Преку Христовата благодат, ве повикувам да сплотиме околу Христа, Единствениот Кој може да ни даде поинаква перцепција на реалноста, та во Неговата љубов, ние да бидеме сејачи на Мирот. Само преку силата на Неговиот Дух можеме да бидеме победници над омразата, себичноста, арогантноста, саможивноста и ним сличните.

Мили мои,

Преку Воплотувањето и целокупното Христово искупително дело, нам ни е понуден неопсилив и сеопфатен дар на спасение. Се разбира, како и секој дар, ние треба да го примиме и да го ставиме во употреба. Малку значи за нас тоа што Христос онтолошки ја промени човечката природа ако ние лично не се одважиме и не дозволиме таквата промена активно да се реализира во нашите животи во целиот свој потенцијал. Христијанскиот живот е синергичен во кој Бог и човекот имаат удел подеднакво. Бог иницира и исполнува (она што ние не можеме), а ние одговараме и се исполнуваме (она што можеме). Тоа е најјасно видливо за време на богослужбите а посебно при Светата Евхаристија – Причест. Христос, во полнотата на присуството на Неговата слава се нуди на секој од нас, а ние одговараме со длабока побожност учествувајќи во Неговото Тело и Крв. Причестувајќи се ние, разбираме дека дарот кој ни се нуди е всушност самиот Христос, а добробитта која ја добиваме од таквиот дар е единење со вечноста во Телото Христово. Ете затоа е потребно да го послушаме советот на светитот апостол Павле кога нè поучува да не ги напуштаме и пропуштаме богослужбите (Евреите 10:25).

Возљубени во Христа Богoчовекот,

Рождеството Христово е вистинска радост. Спротивно на модерната индоктринација со која нè убедуваат дека верата во Христа е некаков непотребен и архаичен додаток на човештвото, кој разделува наместо да сплотува, ние цврсто стоиме во радоста на Рождеството и пееме за Неговата Слава. Уверени сме дека нашите срца и животи се створени за синергичен соживот со Бога и дека полнотата на животот произлегува токму од заедичарењето во Христа. Затоа, и овој Божиќ се молам Светлоста на витлеемската пештера жарко да свети врз вас и вашите семејства; мирот Божји кој го надминува човечкото разбирање да биде постојано со вас; радоста Христова која произлегува од спасението јасно да се очитува во вашите животи; а најмногу од сè, присуството на Неговата слава да биде искусена во сечие срце, пред сè во срцата на нашиот македонскиот народ, а потоа и по целиот свет во срцето на секој човек.

Нека ни е за многу години празнувањето на Рождеството на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Митрополит Американско-Канадски

Методиј

*****************************************************

Сосема е возможно, големото мноштво мислечки личности да се сложат дека, бездруго, ние самите немаме слободно одлучено да постоиме. Едноставно речено, ние го немаме направено тој избор! Не зависи од нас кој ќе биде нашиот мајчин јазик, не ја одбираме татковината, ниту родителите, ниту епохата, односно историските околности во кои би си го поставиле нашето постоење. Конечно, нас никој не нема прашано со какви карактеристики, надворешни и внатрешни, би сакале да се одликуваат нашите личности. Следствено, сме ја немале ниту таа можност да одлучуваме за нашиот надворешен изглед или за нашите умствени способности и други видови таленти.

Но, штом веќе го прегрнал постоењето, со човекот се збива спротивното! Ми се чини, како ниту едно друго суштествувачко битие, единствено човекот го поседува најскапоценото сознание, најдлабоката свест, најбитната харизма – да расудува помеѓу онтолошката димензија на слободата и земската на принудата. Губењето на ова расудување, го означува преминот од слобода во ропство. Затоа жедта за слобода е истовремено и емпириски предвкус на слободата, а без егзистенцијалното остварување на полнотата на слободата, човекот ја живурка сопствената ограниченост, осредност.

Верувам дека на мнозина им е позната онаа антологиска, филмска реченица, кога легендарниот Петар Божовиќ, во улога на режимски инспектор, му се обраќа на младиот радио водител, велејќи му: – види дечко, млад си, време ти е да се повлечеш, после ќе биде доцна, ќе те изеде мракот! Радио водителот се двоуми: – кој мрак, ова е демократска земја, нема тука мрак! А, режимскиот инспектор нагласува: – демократскиот мрак!

Имајќи го за основа овој краток, но полнозначен дијалог, преку нашите логички и критички согледби, доаѓаме до опитот, кој ни ја потврдува слободата, но не како можност за безброј избори! Значи, слободата не се изразува преку човекот, кој се наоѓа во супермаркет пред полица со различни чоколади, та, еве го, сега слободно избира кое чоколадо ќе го купи. Не! Најдлабокото искуство ни ја потврдува слободата начелно како – непотчинетост на принудата! Слободата е можност да се откажеме од инстинктивната нужност на која итро наведуваат инспекторите, во полза на непотчинетоста на принудувачките „односи“.

Колкумина во оваа земја, досега, се имаат повлечено млади, за потоа да не им биде доцна! Колкумина ги има изедено демократскиот мрак! Колкумина се потчиниле или се потчинети на принудувачките односи! Колкумина не ја вкусиле слободата како онтолошка состојба! Колкумина не биле кадарни да се откажат од инстинктивната нужност, токму заради отсуството на однос на инспекторите во претпоставениот милициски режим!

Доаѓа време на напуштање на површноста на постоењето. Доаѓа време на градење односи, а не на потчинетост, не на потценетост од страна на инспекторите. Доаѓа време на философски прашања и потрага по одговори. Време на превреднувања и воспоставувања на автентични односи, во искуството на слободата. Односот значи посакувано одрекување од приоритетот на инстинктот, приоритетот на егото; значи одрекување, кое раѓа радост од признавањето на различност наспроти себе. Тоа е радоста од моментот на изненадувањето, бидејќи токму во односот со другиот, а не во режимската самодоволност, се остварува слободата, неопределена од нужноста и од сето тоа што би ја негирало единственоста и неповторливоста на другиот.

Човекот е самовластно битие, а самовластноста, според светиот Дамаскин, е природно движење на умот, со кое човекот ја изразува неговата волја логички и, што е најважно,  слободно. Според него не постои ум без волја, ниту волја без ум. Ова онтолошко единство на умот и волјата го спречува цепкањето на човековата личност, според кое тој, мисли, но нема волја да дејствува, или, има волја за дејствие, но не може да го смисли. Таквата слободна и целовита личност веќе никогаш не ќе треба да се труди да го изгонува демократскиот, или било кој друг вид мрак. Според современиот светогорски светител Порфириј Кавсокаливит, човекот веќе никогаш и не треба да се труди да го изгонува мракот од животот, оти може целосно да се исцрпи, а да не успее во посакуваното. Сосема е јасно и едноставно: доволно е само да се пушти светлина во животот, и, мракот веднаш ќе исчезне.

Постои еден убав обичај, кој понекогаш го практикувам со пријателите. Се искачуваме на врв планина и пуштаме змаеви. Секој од нас не мора да е искачен на планина. Местото, кадешто се наоѓа, нека биде неговиот врв. Сега, секој од својот врв, со сето свое битие, без да биде принуден или потчинет на мракот, и без страв, веќе може слободно да почне да пушта светлина.

*************************************

Денес, кога го празнуваме воплотувањето Христово, возможно е некој да го постави прашањето: зошто се воплоти втората ипостас на Света Троица, а не стана човек на пр. Отецот или Светиот Дух! На ваквото прашање, Отците на Црквата одговараат со следниве зборови: затоа што човекот е икона Христова! Логосот е Создател на човекот, согласно на напишаното во Светото Писмо: рече Бог и би, од што недвосмислено е јасно дека Бог сѐ создаде преку Словото. Затоа и Словото стана човек, за да го спаси човекот што го создаде. Човекот е икона Христова, образ на Логосот, та следствено Он стана човек, а не некое од другите две лица на Света Троица.

Оттука, според зборовите на светиот Хризостом: Рождеството Христово е Митрополија на сите празници во Црквата! Доаѓа Господ во овој свет смирено! Нетелесниот се вотеловува, невидливиот станува видлив! Станува сиромашен за ние да се обогатиме! Од љубов се воплотува! Се спушта Господ, за да се издигне човекот! Доаѓа блиску до нас, за ние да се доближиме до него, да го обожиме сопственото постоење! Небото се спушта на земјата и човекот едноставно ја пружа својата рака за да го прими новиот живот! Според зборовите на светиот Атанасиј Велики: кога сонцето не бива загадено доаѓајќи во допир со разните предмети на земјата, ниту го губи блесокот, туку напротив, сѐ осветлува и очистува, тогаш колку повеќе Логосот Божји, Создателот на сонцето, со тоа што се воплоти не само што не беше загаден, туку поточно речено, бивајќи Самиот нераспадлив – го оживотвори и го освети распадливото тело! Затоа, со воплотувањето Христово човекот станува син Божји!

Навистина претставува штета кога луѓето му се доближуваат на овој празник без грам теологија. Кога остануваат само на подготвување храна, на украсување и на фолклор. Со други зборови кажано, кога го прославуваат Рождеството Христово, но без Христа! Токму како што тоа, за жал, го прават нашите браќа од схизматичкото опкружување, кои упорно остануваат вон Соборноста и кои дури и за Божик го гонат Богомладенецот Христа и нашата Црква, со тоа што го ставаат Архиепископот охридски Јован во затвор и со тоа што по овоземните судови развлекуваат Христијани: Епископи, свештеници, монахињи и верници! Но, како и да нѐ нарекуваат, што и да ни прават, колку и да се занимаваат со нас, за нас, нивното рамниште никогаш нема да биде смислата на Рождеството Христово, ниту, пак, било кога ќе го прославуваме раѓањето на Богочовекот Христос, прогонувајќи, онеправдувајќи и осудувајќи луѓе!

За нас, смислата и целта на прославата на денешниот празник секогаш ќе бидат зборовите: Бог се вочовечи, за човекот да стане бог по благодат! Бидејќи, доколку целта беше ние само да ги научиме вистините од Евангелието, тогаш Бог и не мораше да станува човек, туку можеше да ни го покаже тоа учење преку Пророците и Апостолите! Но, ќе можевме ли ние тогаш да Го љубиме ако не Го познававме, ако никогаш му Го немавме видено лицето, ако останеше за нас невидлив и недостижен? И, како би било возможно да воспоставиме заедница со еден таков далечен, недостапен и студен бог? Сепак, Логосот Божји ја премости онтолошката провалија, којашто постоеше помеѓу Бога и човекот, та човештвото го виде и го гледа лицето на нашиот Господ Иисус Христос, бидејќи Логосот стана плот и живееше помеѓу луѓето, а и денес ни се дава во Соборната Евхаристија! Затоа, често нагласуваме дека Црквата не е некаков философски систем, којшто ќе нѐ направи подобри луѓе, туку во Соборната Црква го стекнуваме опитот од познанието на Богомладенецот Христос, ја стекнуваме полнотата на заедничарењето со Соборниот Христос, преку причестувањето со Неговите Тело и Крв!

Денес сме собрани далеку од човечката суета на светската моќ. Собрани сме во смирената Витлеемска пештера. За Христос да се роди во нас, Он дејствува во пештерата на нашето срце во коешто влегува со својата несоздадена благодат и во него преобразува сѐ што е непреобразено; та, тогаш нашето срце дејствително станува престол на Богоотрокот Христос. Таму се совршува тајната на нашето спасение! Зошто баш таму? Според зборовите на Отците, каква ќе беше ползата од Рождеството Христово доколку не го познавме дејствително токму во сржта на нашето битие! Оти, возможно е некој да знае за Христа на еден интелектуалистичко-теоретски начин, но истовремено да не го познава во длабочината на своето битие, па оттука да остане и неопитен за Љубовта.

Оној Којшто на земјата носи мир и помеѓу луѓето добра воља, уште со самото Негово доаѓање во светот започна да го трпи прогонот! Значи, од прогонот од страна на Ирод, па до смртта на крстот! Ние секогаш да го примаме во нашите срца прогонетиот Богомладенец на мирот и љубовта, да го примиме во нас Сонцето на правдата, сведочејќи така дека Рождеството Негово не е само далечен историски настан, туку дека и денес е победа на Божјата љубов, којашто и од нас прави синови и ќерки на Светлината, деца Христови, во Отца, преку несоздадената благодат на Светиот Дух, сега и секогаш и во вековите на вековите. Христос се роди!

Нинов.

**************************

 

 
Напишете коментар

Posted by на Јануари 2, 2017 во Uncategorized

 

Ознаки:

Коментарите се затворени.