RSS

Прв круг (Пасха – Педесетница). Четврта недела. Недела на Раслабениот

20 Мај

Неделя о расслабленном

**********

Кондак –

Глас 3

Ду́шу мою́, Го́споди, во гресе́х вся́ческих, и безме́стными дея́ньми лю́те разсла́блену, воздви́гни Бо́жественным Твои́м предста́тельством, я́коже и разсла́бленнаго воздви́гл еси́ дре́вле, да́ зову́ Ти́, спаса́емь: Ще́дрый, сла́ва Христе́, держа́ве Твое́й.

Икос –

Руки́ Твоея́ го́рстию содержа́й концы́, Иису́се Бо́же, Отцу́ собезнача́льный, и Ду́ху Свято́му совлады́чествуяй все́ми, пло́тию яви́лся еси́, неду́ги исцеля́я, и стра́сти отгна́л еси́: слепцы́ просвети́л еси́, и разсла́бленнаго сло́вом Боже́ственным Ты возста́вил еси́, сему́ напра́сно ходи́ти повеле́в, и сего́ носи́вший о́др на ра́му взя́ти. Те́мже вси́ с ни́м воспева́ем, и возопии́м: Ще́дрый, сла́ва Христе́, держа́ве Твое́й.

*************

Во Овчата бања, Христос со еден збор, како мудар лекар, го исцели раслабениот.

Во тој ден, четврта недела по Пасха, правиме спомен на раслабениот (парализираниот) и, како што прилега, празнуваме едно чудо што го направи Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос. Овој настан е поместен овде затоа што Христос го направи за време на еврејската Педесетница. Кога се искачи во Ерусалим за празникот, и кога беше во бањата со пет тремови, што ја направи Соломон, наречена уште и „Овча бања” (на еврејски – Витезда), затоа што во неа ги переа утробите на овците што беа заклани и принесени како жртва во храмот.

Таму еднаш годишно се исцелуваше и првиот којшто ќе влезеше во бањата по раздвижувањето на водата од страна на ангелот. Токму таму Христос наоѓа еден човек кој имал триесет и осум години и кој лежел неподвижен чекајќи некој да го спушти во водата. Од него се учиме и ние колку е добро чекањето и трпението. И, бидејќи Бог сакаше да ни го даде крштението кое треба да нè очистува од секаков грев, Он покажа и во Стариот завет дека со помош на водата е можно да се прават чуда, та кога тоа (крштението) ќе дојде, да го примиме подготвени. Исус се доближи до раслабениот, кој се именувал Јара или некое име слично на ова, и го праша. Тој, пак, Му кажа дека нема кој да му помогне. И Христос, Кој знаеше колкава е болката на тој човек, му рече: „Земи го одарот твој и оди.“ Веднаш тој оздраве и го зеде својот одар на плеќите, за да не помисли некој дека ова дело е привидение, и си отиде дома. Но бидејќи беше сабота, Јудеите му бранеа да оди. А тој се оддалечи од Оној што го исцели и му рече да оди во сабота, бидејќи не Го познаваше. А Исус, како што вели Евангелието, исчезна во народот што се беше собрал таму.

Подоцна, Исус Го најде во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и повеќе не греши, за да не ти биде полошо.“ Оние што ги пренесуваат овие зборови Христови пропуштиле да кажат дека овој човек беше токму оној што подоцна Му удри шлаканица на Исуса кога Тој беше на суд пред првосвештеникот Кајафа. Поради ова тој ќе наследи во оној живот уште потешки маки во вечниот оган, отколку оние што му ги предизвикуваше парализата, не само триесет и осум години, туку за вечноста.

Згора на тоа, Исус покажа дека неговата болест парализа била причинета од неговите гревови. Меѓутоа, гревот не е причината за секоја болест; таа може да дојде и од некоја природна причина, од прејадување или од недостаток на исхрана, или од некои други причини. Кога раслабениот дозна дека Исус е Тој што го исцели, ги извести Јудеите. Тие, пак, се разгневија и сакаа да Го убијат Христа, бидејќи ја нарушуваше саботата. Исус им кажуваше многу работи, како и тоа дека е праведно да се прави добро и во сабота; дека Он, Кој е рамен на Отецот, рекол оти треба да се почитува саботата, и дека и сега постапува по Неговиот пример.

Треба да знаеме дека овој раслабен не е истиот за којшто зборува евангелистот Матеј, бидејќи она се случило внатре и дека имало луѓе кои му помагале на болниот, и дека Исус му рекол само: „Ти се проштаваат гревовите.“ Чудото за кое станува збор овде се случило во тремот на Соломоновиот храм, и болниот немал никого да му помогне, како што вели светото Евангелие. Но и во двата случаи болните ги носеле своите одари.

Ова чудо се празнува сега бидејќи тоа се случило во текот на Педесетницата, како и разговорот со жената Самарјанка, и исцелувањето на слепиот. А Тома и мироносиците ги празнуваме за да го потврдиме Христовото Воскресение од мртвите. Другите настани, до Вознесението, се поместени тука бидејќи тие се случиле во разни околности за време на еврејската Педесетница, и затоа што Јован ги споменува по тој редослед.

По Твојата неискажлива милост, Христе Боже наш, помилуј нè и нас, амин.
Извор: http://agapi.mk/sinaksar-na-chetvrta-nedela-po-pasha-za-raslabeniot/

****************

Настaпи четвртата Недела по Воскресение, наречена Недела на раслаблениот. Тој е еден парализиран човек, којшто е излекуван од Исус Христос (Јн. 5 гл.).

Во светиот град Ерусалим, до Овчите порти, се наоѓа бањата наречена Витезда – на еврејски јазик Beth Khesed (преведено: дом на благодатта /милосрдието/). Според повеќе научници првичното еврејско име е: Bethesdathain – од beth (дом) и eshed (водопад, гејзер), што е двојна форма и поточно го одразува видот на бањата. Витезда е спомната и во свитокот од Кумран (11:12), кадешто е наречена Beth Eshdathain (дом на двојниот басен). На арамејски јазик е Bethesda, а на грчки името се изменува со метатеза и станува Bezetha (кај Јосиф Флавиј) и Bezatha (кај Евсевиј Кесариски). Витезда е откопана од археолозите северно од храмовиот рид и непосредно до црквата „Св. Ана”. Св. Јован пишува за една бања, но всушност басенот е разделен на два дела и е заобиколен од четири колонади, а од страна има уште една. Во водата се слегува по широки скали, издлабени во крапата. Тоа не е обична болница или минерална бања. Околу басенот лежат секакви болни – слепи, глувонеми, инвалиди, парализирани. Водата на Витезда нема постојани лековити својства, таа е лековита само одвреме-навреме; наеднаш се раздвижува, се запенува и разбранува. Всуштност, во тој момент на неа невидливо слегува ангел. Се исцелува само еден човек, којшто успева прв да влезе во водата. Другите остануваат со матна надеж, дека можеби ќе успеат следниот пат.

Во самракот на нечистата и замирисана бања Витезда, кадешто стенкаат болните напуштени од сите, еден ден блеснува божествената светлина. Таму не слегува ангел, туку влегува самит Господ Исус. Тој го запира погледот врз парализираниот што цели 38 години чека да оздрави. Христос го прашува него: „Сакаш ли да оздравиш?” Прашањето изгледа безсмислено и непотребно, но на тој начин Спасителот сака да ја испита неговата вера. Болниот, измачен, објаснува дека нема близок кој би го спуштил во бањата. Тогаш Богочовекот му вели: „Земи го својот одар и оди!” Исушеното, згрчено тело на парализираниот, наеднаш се исполнува со нови сили. Тој станува на нозе, го зграбува својот одар и Му благодари на Бога за своето исцелување.

Луѓето што биле насобрани во Витезда приличат на целиот свет комушто сè повеќе му е потребен Христос и којшто очекува благодат и чудо од Него. Проблемот е што нашиот свет до вискок степен ја изгубил својата волја – да ја спознае и надмине својата гревовност. Тој сака да ја надмине болеста, но не сака да ја отфрли причината за неа. Нашиот свет е населен од слепци што не можат да разликуваат добро од зло; инвалиди што не можат да одат по тесниот и трнлив пат кон Бога; парализирани што одамна отрпнале од гревот.

Силен впечаток прави трпението со кое разслаблениот – во текот на 38 години – ја очекува Божјата милост. Тој не го обвинува небото, не го проколнува – како жената на Јов – денот на своето раѓане, не паѓа во очајание, какошто правиме ние и во многу помали искушенија. Болниот со вера го очекува божествениот Лекар, Којшто не задоцнува да се јави – ниту порано, нито подоцна од неопходното. Бог не ни дава да носиме тежина над нашите сили.

Денот во којшто е извршено ова прекрасно чудо, е Сабота – светиот ден на јудеите, во којшто е забрането да се врши што било, дури и да се излегува од градот. Евреите го обвинуваат бившиот парализиран дека со тоа што оди со својот одар, имено, прави „грев”, а тој се оправдува, дека Исус му заповедал.

Меѓутоа, бившиот болен оди кај јудејските првенци и го (пот)кажува Оној што го излекувал. Таа, донекаде подла постапка, не останува непозната на Спасителот. Тој го сретнува бившиот болен во толпата во Ерусалимскиот храм и категорично го предупредува: „Ете, ти оздраве; не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо” (Јн. 5:14). Христовите зборови изразуваат една длабока вистина – нашите телесни страдања често ни се испраќаат одгоре за исцелување на нашите душевни болести. Како што пишува блажен Теофилакт Охридски: „Тукашните страдања се вразумувања, а тамошните – казни.”

Болестите се резултат од разрушителното дејство на гревот врз духовната и телесната човечка природа. Во принцип, здравјето ја подразбира полнотата на животните сили. Кога човекот ја злоупотребува слободата на својата волја и ги нарушува Божјите заповеди, човекот се одделува од единствениот извор на животот – од Бога. Неизбежна последица од тоа е паѓањето во состојба на слабост и немоќ. Човекот што се отуѓува од Бога, неизбежно се доближува до ѓаволот. Во Библијата и во животот наидуваме на безброј примери за погубното дејство на демоните врз здравјето на луѓето. Затоа преподобна Синклитикија вели: „Ѓаволот има најразлични остри оружја. Кога не може да ја победи душата со сиромаштија – дава богатство, за да ја измами. Ако не ја победи со навреди и понижувања, ја опсипува со пофалби и слава. Кога [ѓаволот] е победен од здравјето на човекот, го поразува неговото тело со болести…, за да ја помрачи во мрзливите љубовта кон Бога” (Древен патерик, 7:23). //извор: pravoslavie.bg//

„…Во текот на неделата, која почнува со денешното евангелско читање, да се прашаме; во што е мојата немоќ? Од што сум парализиран? Кој дел од душата ми е умртвен? Како влегла таа парализа, таа вкочанетост во мојата душа? – и да се отстраниме од тоа со Христовата помош, со помош на љубовта од луѓето што нè љубат, откако ќе ги собереме сите свои сили. Но, и да се прашаме: Кому околу мене му е потребна мојата помош, за која јас мечтаам, без која не можам да живеам?… И не очекувајќи ништо, не очекувајќи јас да оживеам – ќе се обидам на другиот да му ја укажам таа помош, што ќе му помогне да оживее. Амин”

Митрополит Антониј (Блум)

***************

Недела на раслабениот

1 Потоа беше јудејски празник и Исус се искачи

2 А во Ерусалим, при Овчата Врата, има бања со пет тремови, на еврејски наречена Витезда.

3 Во нив лежеа мнозина болни; слепи, хроми и суви, (кои чекаа да се раздвижи водата.

4 Зашто, ангел, одвреме на време, слегуваше во бањата и ја раздвижуваше водата, а кој прв ќе влезеше – откако ќе се разбрануваше водата – оздравуваше од каква и да било болест да страдаше.)

5 Таму имаше еден човек, кој лежеше болен триесет и осум години.

6 Кога Исус го виде како лежи и кога узна дека веќе долго боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?”

7 Болниот Му одговори: „Господине, немам човек да ме спушти во бањата, кога ќе се разбранува водата; а додека дојдам јас, друг слегува пред мене.”

8 Исус му рече: „Стани, подигни ја својата постела и оди!”

9 И човекот оздраве веднаш, ја зеде својата постела и почна да оди. А тој ден беше сабота.

10 Затоа Јудејците му рекоа на оздравениот човек: „Сабота е и не смееш да ја носиш постелата.”

11 Но тој им одговори: „Оној, Кој ме излечи ми рече: „Подигни ја својата постела и оди!”

12 Тогаш го прашаа: „Кој е човекот кој ти рече: „Подигни ја својата постела и оди?”

13 А исцелениот не знаеше Кој е, зашто Исус се отстрани, бидејќи имаше многу народ на тоа место.

14 Потоа Исус го најде во Храмот и му рече: „Ете, оздраве, не греши повеќе, за да не те снајде нешто полошо.”

15 Човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус го излекува. (Јован 5:1-15)

Бог е личност. И човекот е личност. Затоа можеме непречено заедничарејќи да градиме личносни односи со Бог и меѓусебно. Меѓутоа тие односи треба да бидат правилни, здрави. Здрава заедница се гради кога се има и здрави личносни односи засновани на љубов, искреност и доверба. Ако овие услови се пореметат, тогаш се пореметува и нашиот личносен однос со Бог и човекот (ближниот). Тогаш ние боледуваме, свесни или несвесни за тоа.

Евангелскиот настан за раслабениот ни говори за случката во Витезда при Овчата бања, кога Христос со еден збор, како Единствен Бог и вистински лекар, исцелува еден раслабен кој цели 38 години чекал некој да го спушти во водата во која еднаш годишно слегнувал ангел Господов раздвижувајќи ја, та првиот кој ќе влезел во бањата оздравувал од каква и болест да боледувал. Токму тука се разоткрива таквиот неправилен и болен, личносен однос со Бога, а со тоа и со човекот.

Христос приоѓа до човекот кој долги години лежел неподвижен, чекајќи некој да го спушти во водата. За да чекаш толку многу години и да немаш кој рака да типодаде, кажува многу. И Христос подоцна му(ни) напомена, гревовите човечки многу се. А гревот бил и е, оној кој не разединува од Бога, кој не ни допушта правилна изградба на односот како со Него, така и со ближниот.

И ние како и овој раслабен човек, најчесто имаме погрешен однос кон Бог, а заснован на овоземните закони и норми. Па си го поставуваме прашањето: зошто Бог не ја слуша нашата молитва? Не се издигнуваме до небесата и не го бараме Него, туку одговорите на потребите ги бараме од “земниот човек“, а како последица од „добиеното“ се препуштаме на задоволствата од овој свет и век. Бараме помош и утеха не од Него, туку од некој и нешто.

Само Бог е тој Кој може реално да ни помогне. Он е милостив и не дозволува неговото создание (човекот) да страда и живее во непознавање на Вистината, затоа и прв пристапува и му помага. И сето ова Го прави ненасилно, туку љубовно, запазувајќи ја слободата на секого. Затоа најпрво го прашува и раслабениот, дали сака да оздрави. А кога овој одговорил потврдно, тогаш Господ и му помогнал.

Овој човек бидејки имал неправилен однос кон Бог, не Го познал и не знаел Кој е Оној што го исцелува, оддалечувајќи се од Него. А Исус, како што вели Евангелието, исчезна во народот што се беше собрал таму – се скри.

Меѓутоа Исус, како сезнаен Бог го знае нашето минатото, но и нашата иднина. Знаеше кој е овој човек и затоа подоцна, повторно наоѓајќи го во храмот му рече:

„Ете, оздраве, не греши повеќе, за да не те снајде нешто полошо.” (Јован 5:14)

Овој човек, според Светите Отци, е токму оној што подоцна Му удрил шлаканица на Исуса кога Тој беше на суд пред првосвештеникот Кајафа. Затоа Христос го најдеобраќајќи му се повторно. И го предупреди за иднината. Но човекот, кој бил искривен не само во телото, туку и во душата, заслепен од страстите на овој век, повторно не ја познал големата љубов Божја, а заради тоа – какво ќе е неговото вечно наследство? Зар не ќе е пострашно од маката која 38 години му ја предизвикуваше парализата?

А еврејските старешини пак, поставувајки го почитувањето на законот човечки пред љубовта кон човека, помрачени беа и во умот и во срцето. Па бидејќи беше сабота, Јудеите му бранеа да оди на сакатиот, а Оној, односно Христос, Кој што направи овој да оди, сакаа да го фатат и убијат.

Како што треба да имаме правилен однос кон Бог, така треба да имаме правилен однос и кон човекот. Човекот е најсветото нешто, по Бога. Тој е образ Божји. Печат Божји. Акт на Божјата љубов. Според тоа, ако го сакаме човекот, го сакаме и Бог. Затоа ништо не треба да не спречи пред љубовта кон човекот. Исполнувањето на законот е ништо, наспрема тивката самопожртвувана љубов кон човекот. Суетата, самољубието, себичноста се причините заради кои повеќе му служиме на некој закон, идеја или принцип, наместо да го сакаме и почитуваме човекот. На тој начин го затвараме своето срце за другиот и несвесно го гонеме и „убиваме“ Бог (во човекот). Таквите луѓе, исто како еврејските старешини, се заслепени од самите себе и немаат конкретна милост и љубов кон ближниот, не познавајќи го Бога. Во името на некој си закон, погазуваат и убиваат конкретна личност, образ Божји.

Да ни даде Господ ум и разум и да го отвориме своето срце за Бога, па преку Неговата светлина да Го познаеме и да имам љубов меѓу себе.

Прохор

***************

ИСЦЕЛЕНИЕ НА БОЛЕСТИТЕ

Начинот на кој духовниот разум гледа на телесните болести и на нивните чудесни исцеленија е потполно поинаков од начинот на кој ги набљудува телесното мудрување. Телесното мудрување болестите ги смета за несреќа, а нивното исцеление, посебно чудесното, за најголема среќа, не грижејќи се многу за тоа, дали исцелението е следено со корист за душата или со штета за неа. Духовниот разум пак, и во болестите кои се испраќаат со Божја промисла и во нивното исцеление, кои ги дарува Божествената благодат, ја гледа милоста Божја кон човекот. Осветлен со светлината на Словото Божјо, духовниот разум учи на Богоугодно и спасоносно однесување во двата случаја. Тој учи дека е дозволено да се бара и да се моли Бог за исцеление од болести, со цврста намера, повратеното здравје и сила да се употребат за служење на Бог, а никако за служење на суетата и на гревот. Во спротивно, чудесното исцеление на болниот ќе му служи само на осуда и ќе навлече на него уште поголема казна во времето и во вечноста. Ова го сведочи Господ, Кој го исцелил раслабениот и му рекол: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо“ (Јован 5: 14). Човекот е слаб и лесно се свртува кон гревот. Ако и некои светии, кои имале благодатен дар на исцеление и изобилувале со духовно расудување, биле подложени на искушение од грев и паднале, тогаш уште повеќе дарот Божји можат да го злоупотребат телесните луѓе, кои немаат јасни сфаќања за духовните предмети. И многумина го злоупотребиле! Добивајќи на чудесен начин исцеление од болестите, тие не обрнале внимание на Божјата добродетел и на својата обврска да бидат благодарни за таа добродетел, туку почнале да водат грешен живот и го свртеле Божјиот дар на штета за себе, се отуѓиле од Бог и го загубиле спасението. Од таа причина, чудесни исцеленија се случуваат ретко, иако телесното мудрување многу ги цени и многу би ги сакало. „Просите, а не добивате, – вели апостолот, – оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти“ (Јак. 4: 3).

Духовниот разум учи дека болестите и другите неволји кои, Бог им ги праќа на луѓето, им се даваат по посебно Божјо милосрдие, како горчливи исцелителни лекови на болните и дека помагаат на нашето спасение и се на наша вечна корист многу посигурно отколку чудесните исцеленија. Често, многу често, болеста е поголема добродетел од исцелението, ако би дошло до него. Болеста е таква добродетел, што нејзиното одземање преку исцеление, би било одземање на најголемото добро, неспоредливо со она минливо добро, кое го дава исцелението на телесните болести. Сиромавиот и болен Лазар, кој се спомнува во Евангелието, не бил исцелен од тешката болест, ниту избавен од сиромаштијата, и починал во таква положба, во која што толку долго се мачел, но заради неговото трпение Ангелите го зеле во крилото Авраамово (Лука 16: 22). Целото Свето Писмо сведочи дека Бог им испраќа разни неволји, меѓу нив и телесни болести, на оние луѓе, кои ги засакал (Евр. 12: 6). Светото Писмо тврди дека сите свети Божји, без исклучок, скитајќи по земјата, поминале тесен и трновит пат, исполнет со секакви неволји и сиромаштија. Тргнувајќи од таквото сфаќање на неволјите, вистинските Божји служители, кон неволјите кои им се случувале, се однесувале со највозвишена смиреност. Каква и да била неволја во прашање, тие ја дочекувале како нешто што им припаѓа, верувајќи со сета душа дека неволјата не би дошла, ако не дозволел праведниот и себлаг Бог, сходно на човековите потреби. Прво нивно дело по доаѓањето на неволјите било спознанието дека ја заслужуваат. Причината за неволјата секогаш ја барале и ја наоѓале во себе. Потоа, ако согледувале дека неволјата им е пречка за Богоугодување, Му се обраќале на Бог со молитва да ги избави од неволјата, оставајќи го исполнувањето или неисполнувањето на молбата, на волјата Божја и никако не го сметале за праведно своето доживување на неволјата. Тоа и не може да биде целосно правилно: судот на ограничен, макар и свет човек, не ги опфаќа и не ги зема во предвид сите причини за неволјата, онака како што ги опфаќа и ги зема во предвид окото Божјо кое гледа сè, кое дозволува неволји на слугите и на љубените свои. Свети апостол Павле три пати Му се обраќал на Бог со молитва, за сатанскиот ангел, кој му пречел на апостолот во проповедањето на христијанството, да биде отстранет. Молитвата на Павле не била услишена: Божјиот суд за тој предмет бил поинаков од судот на боговдахновениот апостол. (2. Кор. 12: 7-10).

Предавањето на себеси на волјата Божја и искрената и побожна желба таа волја да се исполни над нас, претставува неопходна и природна последица на вистинско духовно расудување. Светите монаси кога биле подложувани на болести, ги примале како најголема Божја добродетел, трудејќи се да живеат во славословие и во благодарење на Бог и не барале исцеление, иако чудесните исцеленија најмногу и се случуваат меѓу светите иноци. Тие сакале трпеливо и смирено да го поднесуваат она што е по Божја дозвола, верувајќи и исповедувајќи дека тоа за душата е многу покорисно од секој доброволно избран подвиг. Преподобниот Пимен Велики велел: „Три монашки дејствувања се еднакви по своето достоинство: кога некој правилно безмолвува, кога некој е болен и Му благодари на Бог и кога некој го извршува послушанието со чиста мисла“. Во египетскиот Скит, каде што се подвизувале најголемите свети монаси, живеел преподобниот Венјамин. Заради неговиот доблесен живот, Бог му подарил обилен дар на исцеление на болести. Иако го имал тој дар, и тој се разболел од тешка и долготрајна водена болест. Многу отекол. Биле принудени да го преместат од неговата ќелија во друга, поголема, и заради тоа да ја тргнат вратата од ќелијата. Во друга просторија направиле посебно столче, бидејќи не можел да лежи. Иако тој се наоѓал во таква положба, преподобниот продолжил да ги исцелува другите, а на оние кои гледајќи ги неговите страдања, сочувствувале со него, им советувал да се молат за неговата душа, а за телото да не се грижат. „Кога телото ми е здраво – велел – тогаш немам некоја корист од него. Сега пак, кога сум болен, тоа не ми носи никаква штета“.

Авва Петар раскажувал дека еднаш го посетил преподобниот Исаиј Отшелник и го затекнал како страда од тешка болест, па му изразил сочувство, на што преподобниот му одговорил: „Толку сум измачен од болеста, а едвај успевам да го задржам во сеќавање грозното време на смртта и на судот Божји. Кога моето тело би било здраво, сеќавањето на тоа време би ми било потполно туѓо. Кога телото е здраво, тогаш во него полесно се поттикнуваат непријателските дела кон Бог. Страдањата ни помагаат да ги чуваме Божјите заповеди“. Во болестите и во другите неволји кои би ги снашле, светите отци се труделе, прво, да покажат трпение, колку тоа било до нив, самопрекорувајќи се и самоосудувајќи се, притискајќи го со нив своето срце и принудувајќи го на трпение; се сеќавале на смртта, на судот Божји и на вечните маки пред кои бледеат земните страдања; ја вознесувале мислата кон Божјата Промисла, потсетувајќи се на ветувањето на Синот Божји, дека неотстапно ќе биде со верните и дека ќе ги чува, со што срцето си го поттикнувале на спокојство и храброст; тие се принудувале себеси да Го славословат Бог и да Му благодарат за неволјите, се принудувале себеси на стекнување свест за сопствената грешност, која, по праведноста на Божјиот суд, токму заради Божјата добрина, бара казна и вразумување. Со сопствен, колку што е можно поголем труд околу стекнување на трпение, тие често вознесувале пламени молитви кон Бог, за да им подари и духовен мир – благодатно трпение, бидејќи е неодделив од другиот духовен дар – благодатното смирение, а и двете служат како сигурен залог за спасение и вечно блаженство. Големите отци схимници не им давале исцеление на своите ученици, кои по Божја дозвола или по Божја Промисла се разболувале, иако тоа лесно можеле да го сторат, бидејќи не сакале да ги лишат од духовното напредување, кое болеста секако мора да го донесе, доколку се поднесува во склад со духовното предание на Црквата.

Игуменот на Наскиот манастир, преподобниот Серид, ученик на Варсануфиј, кој и самиот молитвено тихувал во тој манастир, долго бил болен. Некои од постарите браќа го замолиле Варсануфие да го исцели игуменот. Свети Варсануфиј одговорил: „За здравје на мојот син би можеле да Му се помолат на Бог, некои од овде присутните свети, за да не биде болен ниту еден ден повеќе – и тоа би се исполнило; но тој тогаш не би добил плодови на трпение. Оваа болест нему му е многу корисна за трпение и за благодарење“. Објаснувајќи ја неопходноста од страдања за Христовиот подвижник, свети Исак Сирин вели: „Искушението му е на корист на секој човек. Ако е корисно дури и за Павле, тогаш ‘да се затворат устите на сите, и така целиот свет да стане виновен пред Бога’“ (Рим. 3: 19). Подвижниците се подложуваат на искушение за да го намножат своето богатство: заспаните – за да се разбудат, своите – за да бидат уште подобро усвоени. На неукиот син не му се дава да управува со богатството на таткото, бидејќи тој не би умеел корисно да располага со богатството. Заради тоа Бог најпрво искушува и исцрпува, а потоа го дава дарот. Слава на Владиката, Кој преку горчливи лекови ни дава насладување со здравје. Нема човек кој не се намачил во текот на школувањето. Нема човек кому не му се сторило горчливо тоа време кога се напојувал за да стекне духовна сила. И да го претрпиме тоа не е наше. како би можел сад од кал да ја чува водата бистра, ако претходно не бил засилен со Божествен оган? Ако во побожноста постојано сакаме трпение и со смирение го бараме од Бога, ќе добиеме сè во Исуса Христа, нашиот Господ.

Благовести

******************

Имаш ли вера? Подготви се за чуда…

**************

Деяние на Светите апостоли, глава 9

“Случи се, че Петър, обхождайки всички, слезе и при светиите, които живееха в Лида. Там намери един човек, на име Еней, който от осем години лежеше на постелка разслабен. И Петър му каза: Енее, Иисус Христос те изцерява; стани и си сбери постелката. И той веднага стана. И всички, които живееха в Лида и в Сарона, видяха го, и се обърнаха към Господа.

В Иопия имаше една ученица, на име Тавита, което значи: Сърна; тя беше изпълнена с добри дела и милостини, които правеше. Случи се в ония дни, че тя заболя и умря. Окъпаха я и туриха в една горница. А понеже Лида беше близо до Иопия, учениците, като чуха, че Петър е там, проводиха при него двама души да го молят, да дойде незабавно при тях. Петър стана и отиде с тях; и когато стигна, възведоха го в горницата, и всички вдовици дойдоха при него, плачейки и показвайки ризи и дрехи, що ги бе правила Сърна, докато живеела с тях.

Петър отпрати всички вън и, като коленичи, помоли се, па се обърна към тялото и рече: Тавито, стани! И тя отвори очите си и, като видя Петра, седна. Той й подаде ръка, дигна я и, като повика светиите и вдовиците, представи я жива. Това стана известно по цяла Иопия, и мнозина повярваха в Господа”.(Деяния на св. апостоли 9:32-42).
От Йоан Свето Евангелие, глава 5

“Подир това имаше иудейски празник, и възлезе Иисус в Иерусалим. А в Иерусалим, при Овчи порти, се намира къпалня, по еврейски наричана Витезда*, която има пет притвора;  в тях лежеше голямо множество болни, слепи, хроми, изсъхнали, които очакваха да се раздвижи водата, защото Ангел Господен от време на време слизаше в къпалнята и раздвижваше водата, и който пръв влизаше след раздвижване на водата, оздравяваше, от каквато болест и да бе налегнат.

Там имаше един човек, болен от трийсет и осем години. Иисус, като го видя да лежи и като узна, че боледува от дълго време, казва му: искаш ли да оздравееш? Болният му отговори: да, господине; но си нямам човек, който да ме спусне в къпалнята, кога се раздвижи водата; когато пък аз дойда, друг слиза преди мене.

Иисус му казва: стани, вземи одъра си и ходи. И той веднага оздравя, взе си одъра и ходеше.

А тоя ден беше събота. Поради това иудеите думаха на изцерения: събота е; не бива да си дигаш одъра. Той им отговори: Който ме изцери, Той ми рече: вземи одъра си и ходи. Попитаха го: кой е Човекът, Който ти рече: вземи одъра си и ходи? Но изцереният не знаеше, кой е, защото Иисус се бе отдръпнал поради тълпата, що беше на онова място.

След това Иисус го срещна в храма и му рече: ето, ти оздравя; недей греши вече, за да те не сполети нещо по-лошо. Човекът отиде, та обади на иудеите, че Иисус е, Който го изцери”. (Ев. Иoaнa 5:1-15).
* Дом на милосърдие.

 

Неделя на разслабления (т.е. на освободения от болест)

В древния Йерусалим при така наречените “Овчи порти” се намирала къпалня (нейните останки са открити при археологичеки разкопки през 1881 година). Наричали я Дом на милосърдието, на еврейски Витезда. Тя имала пет притвора (отделения), пълни с множество болни – слепи, хроми, нещастни. Те стоели там и чакали чудото – да слезе Ангел Господен от небето, да раздвижи водата, за да стане тя целебна. Който успеел да влезе пръв в лечебната вода непременно щял да оздравее, независимо от каква болест страдал.

Сред множеството имало един човек, който чакал цели 38 години. Като узнал за дългото му боледуване, Иисус Христос го запитал: “Искаш ли да оздравееш?” Болният Му отговорил: “Да, но си нямам човек, който да ме пусне в къпалнята, когато се раздвижи водата”. Иисус му казал: “Стани, вземи одъра си и ходи!” Човекът веднага оздравял, взел одъра и си тръгнал.

На това чудо Господне е посветен и празникът, наречен Неделя на разслабления (т.е. на освободения от болест). Разслабленият чакал цели десетилетия, измъчвал се от непоносими страдания, но нямало човек, който да се трогне от мъките му и да му помогне. Всеки бил зает само със себе си, затворил се в своите лични интереси и не виждал нищо извън тях.

Преди идването на Христа никой човек не виждал, че наред с него съществуват и други, подобни нему човешки същества. В онези времена като морална норма била призната тази на епикурейците (последователи на учението на Епикур). Те смятали за висше благо и цел на човешкия живот личното удоволствие. Не е чудно, че такъв човек е загубил своето достойнство и своята човечност.

В този смисъл са верни думите на евангелския разслаблен, който казал, “че си няма човек”, т.е. такъв, който да притежава човещина и да се смили над него.

Дали хората разбрали урока на Иисус? И колко от нас го помнят и изпълняват днес?

Проповед за неделя на разслабления

Всяка четвърта неделя след Пасха си спомняме как Христос изцерил разслабения край къпалнята “Витезда”. Този човек страдал много години, а Господ с едно изречение заповядал: “Стани, вземи си одъра и ходи” – вдигнал го от постелята на болестта му и го направил здрав. За нас това събитие е утешение, а за разслабения – назидание. Край къпалнята имало толкова болни! Всички чакали момента, в който Господен Ангел слиза, раздвижва водата и първият, влязъл след този ангелски полъх оздравява. Първият. На какво можел да се надява бедният разслабен?! – минавали години, години – той не лежал край купелта, защото си “нямал човек”, нямал си такъв, който да му помогне. Цели тридесет и осем години. На какво разчитал той, сигурно са го питали, но той се надявал въпреки всичко. Той даже едва ли си е представял, че Бог ще го изцери, но все пак е вярвал, въпреки всичко, че Господ няма да го остави. Преди Христос хората едва ли са виждали по-далеч от този живот, едва ли са мислели, че има и друго здраве, освен телесното, но съществува и духовно здраве.

И ето, чухме за разслабения, който лежал до водата, но не можел да помръдне. Дали това е история за немощта, за самотата, за надеждата, или за човешкото немилосърдие? Или може би за всичко спомената дотук… Кой е помислил за този човек, кой е проявил милост към него? И колко много са тридесет и осем години! Той бил сам, никого си нямал, бил излишен, кого го било грижа? Това е история за нас.

Още дълго щеше да лежи разслабения – ако друг Човек не беше се приближил до него и не бе го изцелил. Христос бил Човекът – но това не прави другите хора по-малко отговорни.

И ние сме заобиколени от парализирани хора, не от такива, които страдат физически, а от хора, които душевно, психически, всякак са парализирани, тоест безсилни да живеят пълнокръвен живот. Някои се боят от живота си, защото детството ги е посрещнало с жестокост, самотата ги е обгърнала рано… Други ги е страх да живеят, защото младостта им е преминала сред човешкото безсърдечие. Много са останали неспособни да живеят, защото са видели твърде много ужас във войната, сред роднините, които успели да възненавидят и да разрушават един другиго години наред, които ги е страх да живеят, които не могат да намерят сила в себе си ръка да повдигнат. Има толкова, толкова разновидности на душевната парализа, на безсилието да се живее край нас, но ние нямаме право да чакаме от небесата да слезе Христос и да свърши работата, която Той е поверил на нас – защото Той на нас е поверил да бъдем Негови, да Вършим Неговото дело, Той така ни е заповядал – нашите трудове да бъдат Негови.

Нека погледнем в нашите семейства, сред приятелите ни, в енорията, навсякъде наоколо, където и да е, да погледнем, да се вгледаме. Погледнал си лицето на човек, надникнал си в душата му чрез неговите очи, понякога така уплашени, отчаяни и пълни с болка или мъртви, защото човекът е загубил всяка надежда…. Да, нека се вгледаме в нашия ближен, в който и да е човек, случайно срещнат, и си поставим въпроса, каква е неговата нужда, какво мога аз да направя? Аз мога да вляза в неговия живот, мога да му докажа, че той не е сам, че не е презрян, излишен, някой го е видял с очи и е откликнал със сърце? Мога ли? – Да, мога! Нека, нека погледнем един другиго с такива очи, и тогава ще дойде изцеление за мнозина. Господ малко е казал в тази случка – Той всичко е показал: “стани, вземи си одъра и ходи”. Вярвай и ще се изцериш. Но Човек не е на дошъл на света, за да бъде сам. И той не бива да бъде сам сред християни, сред свои.

Когато се кръщаваме, се изпълваме със Светия Дух, причастяваме ли се със Светите Тайни, ставаме едно с Него, с Нашият Господ. Нали всеки от нас в някакъв смисъл е жива, макар често не така творческа, но жива икона на Христос! Нашата отговорност един за друг е огромна – не само за онези, които обичаме, които ни харесват, които са ни близки, за всекиго, който е парализиран от страх, болка, ужас, парализиран от своето минало или от своята отчаяна самота. Нека се погледнем един друг с нови очи и започнем да се учим, как може да видим отчаянието в другия човек, неговото безсилие. И да поставим пред себе си въпроса: какво мога да направя за този човек и за всички приятели около мен? Не непременно с думи: когато човек е в отчаяние, самотен, когато си няма никого – и изведнъж някой го погледне с такива виждащи очи, че той разбира, че е видян, и че не е сам, и че може да се усмихне на другия, и онзи ще отвърне. И ще започне изцелението и новият живот.

Нека започнем този нов живот сега, днес, тук. Амин.

Митрополит Антоний Сурожски

****************

Къпалнята при Овчи порти е получила названието „Дом на милосърдието”. Защо?

Къпалнята при Овчи порти е получила названието Витезда, тоест „Дом на милосърдието. Защо? Първо, разбира се, благодарение на особената проява на Божието милосърдие към човешките немощи на това място. Господ престанал да изпраща пророци на Своя народ, но изпратил ангел-целител.

Апостол Йоан споменава за пет покрити притвора. Но нали те не са се образували от самосебе си. Както изглежда, сред юдеите се намерили жалостиви и богобоязливи хора, които изразходвали своето време и пари и приспособили някакви пристройки, за да могат голямото множество болни, слепи, хроми, изсъхнали, които очакваха да се раздвижи водата (Йоан 5:3) по-лесно да понасят дневната жега и нощния студ. А това също е милосърдие!

Замисляме се още: как са живеели тези нещастни хора, с какво са се хранели? Някои, може би, са имали роднини или приятели, които са им носели храна. Но, очевидно, не всички. Тежката болест нерядко прави човека ненужен, безинтересен. Нямам си човек – обречено въздишал разслабеният, но нали някой го хранел в продължение на много години. Това пак е милосърдие! Така и подобава: скромното, тайно, скрито между редовете, всекидневно милосърдие на добри хора, които идвали в къпалнята и раздавали на нуждаещите се една или друга помощ.

Колко забележително е, когато и в наше време хората съдействат на Бога, когато се строят храмове с доброволни пожертвования, когато животът на енорийската община е проникнат от взаимопомощ, когато, за радост на Небесата и на всички нас, човешките души се изцеляват от греховете.

Но ето кое нарушава идиличната картина: когато пък аз дойда, друг слиза преди мене (Йоан 5:7). Горчиво е да мислим, че път след път, година след година, под самия нос на разслабения някой по-бърз и пробивен успявал да „отмъкне” благословението. Никой не се спрял, не се опомнил: „Чичо, на теб ти е по-зле, отколкото на мен, дълго време лежиш тук, искам да ти помогна”. Добре, ти не си успял да проявиш благородство „преди”, така че, прояви го „след”. Остани да дежуриш край леглото на безпомощния разслабен. Бог ти е дал здраве, употреби го за помощ на ближния. Не, такива не се намерили.

Някой не успял, друг закъснял…

Нещо такова, състезателно, се среща и в думите на апостол Павел: Не знаете ли, че, които се надтичват на игрище, всички тичат, ала само един получава наградата? Така тичайте, за да постигнете (1 Кор. 9:24). Мисълта е проста: духовният живот не бива да бъде пасивен, той винаги е стремеж към Целта. Същият намек се вижда и в чудото в къпалнята. Но в душата остава някаква горчивина: само един получава наградата.

Но ето, в Дома на милосърдието влиза Самото въплътено Милосърдие. И тази горчивина си отива. Защото в Христос ние разбираме, че Бог не е организатор на съревнования и безпристрастен арбитър, а обичащ ни Баща. И съвсем малкото дете, което не може да ходи толкова бързо, като по-големите деца, Той ще вземе на раменете си и Сам ще го понесе. И на работилия един час може да въздаде толкова, колкото и на потилия се целия ден (вж.: Мат. 20:14).

 Преуспелият няма да изтласка от Небесното Царство по-слабите

Това не значи, че не трябва да се стремим напред. Напротив, трябва! Но преуспелият няма да изтласка от Небесното Царство по-слабите: там има много жилища (Йоан 14:2). На Божествения небосвод ще се намери място и за ярките съзвездия, и за по-малките звездички (вж.: 1 Кор. 15:41).

Нашата – християнска – радост е в това, че всички ние сме влезли в раздвижената от пръстите на свещеника и Светия Дух вода на Тайнството Кръщение. И всички сме се оказали първи. Всички сме излезли от водата по-бели от сняг. Всички сме помазани с милост. И всички имаме достъп до източника на Безсмъртието в светото Причастие. И на всички нас Христос е състрадателен Помощник.

Чудо ли е станало във Витезда? Не, само предисловие към чудото. | http://www.pravoslavie.ru

Превод: Татяна Филева

****************

Автор: прот. Александър Шмеман
Източник: http://www.pravmir.ru
Превод: Татяна Филева

В третата неделя след Пасха в църквата се чете откъс от Евангелие от Йоан, в който се разказва за изцелението на разслабения от Христос.

Имаше иудейски празник – пише Евангелист Йоан – и възлезе Иисус в Йерусалим. А в Йерусалим, при Овчи порти, се намира къпалня, по еврейски наричана Витезда, която има пет притвора; в тях лежеше голямо множество болни, слепи, хроми, изсъхнали, които очакваха да се раздвижи водата, защото Ангел Господен от време на време слизаше в къпалнята и раздвижваше водата, и който пръв влизаше след раздвижване на водата, оздравяваше, от каквато болест и да бе налегнат.

Там имаше един човек, болен от трийсет и осем години. Иисус, като го видя да лежи и като узна, че боледува от дълго време, казва му: искаш ли да оздравееш? Болният му отговори: да, господине; но си нямам човек, който да ме спусне в къпалнята, кога се раздвижи водата; когато пък аз дойда, друг слиза преди мене. Иисус му казва: стани, вземи одъра си и ходи. И той веднага оздравя, взе си одъра и ходеше…

Това е евангелският разказ. И много хора, след като го чуят, може би казват: пак чудеса, пак невероятни неща, нямащи и неможещи да имат нищо общо с нашия живот, интереси, нужди, проблеми… Но да се вслушаме и да се замислим: Евангелието е така по детски просто, евангелските разкази са така кратки, че съвременният човек лесно се подвежда от тази краткост и простота. Все му се струва, че истината за него и неговия живот трябва да бъде сложна и трудна за разбиране, защото самият той е сложен.

Но може би непреходната сила на Евангелието е именно в това, че то свежда всичко до най-главното, основното, първичното – добро и зло, тъмнина и светлина, човек и Бог, живот и смърт. А нали ако се замислим съсредоточено, дълбоко, не само с ума, но и с цялото си същество, то в края на краищата винаги ще видим, че става дума за главното. Защото цялата сложност на живота опира до простотата на вечните въпроси: добро и зло, живот и смърт, Бог и човек.

И така, кое в този разказ е вечно, непреходно? В центъра на разказа стоят думите на разслабения, отправени към Христос: нямам си човек. Това наистина е вопъл на този, който от опит е познал страшната сила на човешкия егоизъм. Всеки за себе си. Ето, всички те – цялото това огромно множество слепи, болни, изсъхнали, и всички те очакват да се раздвижи водата, тоест очакват помощ, съчувствие, изцеление, утешение. Но… всеки очаква помощ само за себе си. И когато водата се раздвижва, всеки се хвърля напред, забравяйки за другите…

В евангелска перспектива къпалнята, разбира се, е образ на света, образ на човешкото общество, символ на това как е устроено човешкото съзнание. О, разбира се, в света могат да се срещнат много примери на преодоляване на егоизма, примери на доброта и самопожертвователност. Но дори когато на пръв поглед човек преодолява своя егоизъм, той все пак остава пленник на себе си и своето. Ако не на своята персона, то на своето семейство: и за своето семейство, за своите близки – своята риза е най-близо до кожата. Ако не на семейството, то на своя народ. Ако не на своя народ, то на своята класа, своята партия. Своето, задължително своето! И това свое се противопоставя на не – своето, следователно на чуждото и враждебното.

Но, ще кажат, светът така е устроен и не можеш да направиш нищо. Нима, ще отговоря аз – именно това е последната, обективна, научна истина за човека и човечеството? Нима, в крайна сметка, всичко в света се гради върху личния или колективния егоизъм и всичко живее чрез него?

Капитализмът, ни казват, е зло, защото е егоизъм. И ето, трябва да го съкрушим, в името, да кажем, на комунизма. Но комунизмът също провъзгласява своето: свой мироглед, своя класа, своя партия и т. н., тоест има свое и себе си против не – своето, другото… И не, няма изход от този порочен кръг. И ето, незабележимо за себе си, ние сме престанали за де задушаваме в този свят, изцяло проникнат от всепоглъщащ егоизъм. Кръв, омраза, страх, в най-добрия случай – равнодушие.

Някога, през 20-те години на този век , един млад човек, почти момче, завършил със самоубийство, оставяйки следната бележка: „Не искам да живея в свят, в който всички лъжат и мамят…”. Той се задушил, не издържал. А нас постепенно ни завладява този навик, и ние преставаме да чувстваме ужаса на егоизма като ужас…

За това говори евангелският разказ за разслабения. И всички тези болни, немощни, изсъхнали – всички те са болни на първо място от неизлечим егоизъм, който и води човека до вопъл: нямам си човек! Няма човек! И това значи, че човекът започва там, където бива преодолян егоизмът, това значи, че човекът – това е преди всичко лице, обърнато към другия човек, това са очи, вглеждащи се с участие и любов в очите на другия човек. Това е любов, състрадание и помощ.

По-нататък Евангелието казва: този нов, истински човек е проявен, дошъл е при нас в Христос. В него при самотния, изстрадал човек идва не чужд, а свой; идва, за да приеме неговото страдание като Свое, неговия живот като Свой, да му помогне и да го изцели. Искаш ли да оздравееш? Това не е въпрос на някой, който иска да наложи нещо, да убеди в нещо или да подчини на себе си. Това е въпрос на истинската любов и поради това – на истинското участие.

Религията, уви, също може да стане егоизъм, да бъде заета само със себе си, със своите. Но важно е да се разбере, че такава религия, колкото и да се прикрива зад християнството, всъщност не е истинско християнство… Защото цялото християнство е в пробива през страшната броня на егоизма, в пробива към онази любов, която, по думите на ап. Павел, Бог изля в нашите сърца. Това е Неговата нова, вечна заповед. Това е нещото, на което е посветено цялото Евангелие, цялата наша вяра…

Богоносци

*****************

Архимандрит Андреј Конанос

Меланхолијата

(Ι дел)

Се молам Бог да те ослободи од депресијата која ти се прикрадува во душата, те тера да се чувствуваш чудно и да паѓаш со духот. Тоа се твои зборови, ти ми ги кажа, затоа и те разбирам. Го прочитав твоето писмо и ти го видов срцето, такво какво што ми го опиша и откри. Нека дојде благодатта. Но направи и ти колку што можеш, помоли се, помоли се за нешто убаво. Молитвата е движење што го правиме за да излеземе од калта, тоа е гледање на својата душа во светлината Христова, при кое не се согласуваме да се помириме со мракот што често нѐ опфаќа. Молитвеното движење е оттргнување на душата која вели „не!“. Тоа ни овозможува да се видиме себеси како дете Божјо, како чедо на Тој Велик Татко, Којшто ги просветлува сите, чедо на Бога на изобилието, Кој ги држи во рацете Свои клучевите на радоста и среќата и затоа не сакаме да се помириме со меланхолијата и депресијата. Всушност, ако и ја побараш причината за нив, ќе видиш дека не станува збор за нешто органско, наследно и нешто од потполно невролошки карактер, кога се неопходни лекарства, туку напротив, меланхолијата се должи на некаква рана, некакво предавство, незадоволство во твојата душа, фрустрација. Бараш нешто што не се случило. Бараш нешто, кое ако го имаше, ќе се чувствуваше поинаку.

„Во депресијата сум“, вели девојката, „зашто љубениот ме остави, ме навреди, ме предаде, ме напушти…“. Чувствуваш дека нешто ти недостасува и да го имаше, немаше да бидеш во таква состојба.

Но постои и едно друго душевно движење што можеш да го направиш, велејќи си: „А зошто да го немам тоа што го сакам! Не она од кое сум лишен, туку чувствата кои тоа ги будеше во мене“. На пример, некој те оставил, те повредил, те предал и си паднал во длабока депресија. Те прашувам, а кога беше со тој човек, што чувствуваше? Чувствуваше полнота, душата ти беше исполнета, среќна, срцето исто така, исполнето со желба за живот и борба, со сили за радост. Тогаш сѐ имаше смисла, гледаше околу себе и се радуваше на сѐ. Тој човек раѓаше во тебе прекрасни доживувања, чувства и состојби. Сега, пак, тој си замина и заедно со тоа се урна и твојата прекрасна внатрешна состојба. А јас ти велам, чисто како идеја, како предлог: не можеш ли повторно да го родиш во себеси тоа чувство за убавина, полнота, благост, сладост, среќа што си ја имал, макар што сега твојот љубен човек отсуствува? Зарем, едноставно, тој бил единствениот повод за ти да ја почувствуваш таа радост, или, пак, тој само го извадил на површина она што, сепак, го имаш во себе? Тој човек којшто ја разбуди среќата во тебе, си замина. Но сигурно можеш да најдеш и друг повод да го извадиш од себеси убавото, бидејќи среќата постои во тебе и не е човекот, како биолошко суштество, она што те прави среќна. Не човекот како материјална ипостас, како тело, како биолошка творба со молекули, клетки и друго, те прави среќен, туку што? Среќата е нешто што излегува од твојата внатрешност, имајќи за повод конкретен човек или, пак, некаква состојба.

Обиди се да го почувствуваш сето тоа со помошта на молитвата. Таа помага да ја почувствуваш среќата во себе непосредно, без надворешен поттикнувач, и без помошта што ти ја даваат човечките состојби. Таа создава чувства на полнота, радост, среќа, смисла во животот, љубов, помага да се соживееш и да чувствуваш дека душата ти се напојува од вода која не извира од овој свет. Затоа си видел некои подвижници, па дури и да не си ги видел, но си слушал, си читал светоотечки книги и знаеш дека тие едноставно зрачеле од среќа. Луѓето оделе, ги гледале подвижниците и нивните лица секогаш биле радосни.

Еден човек неодамна замина за Њујорк и ми рече: „Отче, толку сум среќен што го видов Њујорк! Отидов на Менхетен, неверојатно беше! Величествено! Какви извонредни нешта!“

Тој беше радосен затоа што видел разни нешта во Њујорк. Друг пошол во Дизниленд, друг на Флорида, трет на некое друго место – сите тие патувања станале повод за радост. Во душите на тие луѓе се раѓале силни, позитивни доживувања поради видените згради, луѓе, убавата храна, светлина, облека, шопинг – сите тие нешта кои во принцип не ги осудувам. Друго сакам да кажам тука – дека радоста што тој човек ја доживеал во Менхетен, преку шопингот, прошетките, ноќниот живот, забавите, подвижникот ги искусува и без да ги има тие надворешни поттикнувачи. Дури и неговото внатрешно доживување е подобро, бидејќи е подолготрајно. Затоа што после убавото патување ти се качуваш во авионот и велиш: „Ете, заврши, се враќам!“ И те обзема униние, бидејќи убавото доживување завршило. Додека, пак, подвижникот нашол нешто, нешто малечко во својата душа од кое одново и одново излегува радост, излегува среќа.

Не е потребно да видам облакодер, не е потребно да се качам на Ајфеловата кула, не морам да одам било каде. Среќен сум со помош на една друга тајна. Е таа тајна треба да ја откриеш – таа постои во тебе. Во тебе е источникот на радоста, во тебе, во твоето срце таму е Христос, Оној Кој е извор на вистинската радост. А ти Го умртвуваш Христа во својата душа и не Го оставаш да ти ги покаже сите убави нешта кои може да ти ги даде. Ако не се научиш да Го оживееш Христа во себе, постојано ќе се измачуваш и нема да ја откриеш таа тајна. Наместо тоа, постојано ќе чекаш некакво патување, прошетка, врска, за да те направи барем за кратко време среќен.

Додека трае тоа ќе се чувствуваш добро. Ама кога ќе заврши ќе полудуваш. Дури и додека го имаш, пак нема да се чувствуваш добро, зашто ќе стравуваш да не го изгубиш, односно радоста ќе ти е придружена со немир. На пример, се радуваш на човекот до тебе, но се плашиш да не го изгубиш и затоа си мислиш: „Ете добро ми е сега, но уште колку ќе трае ова? А ако ме остави утре, или ме повреди? А ако се упокои или разболи? Ако се пресели?“

Поради сета таа несигурност не можеш дури ни да се зарадуваш во полнота. А после тоа гледаш други луѓе кои се радуваат, па почнуваш да им завидуваш. Си велиш: „Јас немам човек покрај себе, а тој има, зошто?“

Се нервираш, споредуваш, завидуваш, чувствуваш неувереност за тоа што ќе се случи со твојата радост. Ќе го имам ли? Бидејќи радоста којашто ја имаме во моментов зависи од нешто, се храни од некаде, црпи однадвор животворни сокови и живее, и постои.

Затоа ти велам: обиди се да ја откриеш тајната. Додека беше среќна ти велеше: „Кога ќе ме погледнеше во очи, воскреснував“.

Значи и во тебе имало воскресение. Добро. Не можеш ли да го почувствуваш тоа воскресение без тој да те гледа во очи. Погледај се во огледало и речи: „Боже мој, Ти благодарам! За моето достоинство, за убавината на мојата душа, за убавината на моето битие, за неповторливоста на моето постоење на оваа планета“. Нема човек ист како тебе, ти си неповторливо создание, сите сме уникатни битија. Само помисли си на тоа и ќе можеш да си кажеш: „Добро, значи, не е неопходно некој постојано да ми кажува дека сум убав, значаен, за да се чувствувам ценет, за да оживее душата моја, та ако го загубам тоа да се побудалам“.

 

Архимандрит Андреј Конанос

Меланхолијата

(ΙI дел)

Прекрасно е да имаш луѓе што ги сакаш, не велам да немаш. И не ја потценувам болката од разделбата, што те доведе до депресија, но не би требало да чувствуваш таква потреба од било кого, што без него да го губиш разумот. Биди со него, радувај му се, насладувај му се, но биди подготвена, доколку го изгубиш, да ја знаеш тајната што ќе ти ја донесе радоста која си ја имала кога тој човек бил покрај тебе.

Во секој миг треба да си во состојба да кажеш:

„Се радувам што те имам. Среќна сум во твојата близина, црпам убави нешта од тебе, но да знаеш дека и без тебе нема да се срушам. И без тебе ќе издржам. Сум открила во себе едно копче и кога ќе го притиснам ја оживувам надежта, своето достоинство, љубовта кон Бога и се чувствувам добро. Тој не ме сака повеќе, ме напушти, ме предаде. Ама Бог ме сака, се чувствувам добро и копнеам, се молам и си замислувам убава и силна иднина. Не е крај на сѐ, ќе го надминам ова.“

Тешко е, зашто чувствуваш голема болка. Болно е, зашто поради тоа отцепување од другиот крвариш. Слично се случува и кога на пример ќе те отпуштат од работа. Тогаш имаш не само финансиска зависност, туку и својата вредност си ја црпел од таму. Кога ќе те отпуштат, си велиш:

„Сега не вредам. Не сум полезен повеќе.“

А како тоа не вредиш. Зарем вредеше само затоа што беше таму? Секако вредиш, само бидејќи си се прилепил и си се сродил со работата, велиш:

„Јас и ти едно сме. За мене работата е сѐ. Јас сум мојата работа.“

Не си ти твојата работа. И Бог ти дава прилика да го сфатиш тоа. Тој како да ти вели:  Ајде оддалечи ја малку работата од себе. За да можеш да ги видиш и останатите твои дарби. Ти си мислеше дека црпеш сили само од таму, но јас ти велам дека така само се потценуваше себеси. Сега си уште повеќе ценето, дете Мое!“

Затоа на почетокот зборував за подвижниците, кои немаат ништо. Дури и да им го земат тоа што го имаат, тие пак велат:

„Земи го! Не сум поврзан со тоа толку, што да црпам од него неопислива радост. Имам нешто убаво во собата, едно убаво пенкало за пишување. Земи го!“

Можеби си читал за оној подвижник што трчал по крадците но не за да ги фати, туку за да им го даде она што заборавиле да го украдат. Им викал:

„Заборавивте нешто, деца! Земете го!“

Тие се трогнувале и велеле:

„Прв пат гледаме вакво нешто! Друг да беше веднаш ќе нѐ пријавеше во полиција, а овој трча по нас да ни даде и други работи!? Зошто!?“

Бидејќи тој подвижник можел да биде среќен и без тоа.

Многу е тешко тоа, разбирам. Затоа и не ти велам да ја надминеш својата депресија и меланхолија денес или утре. Потребно е време – месеци, може и години. Треба да ги усвоиш лекциите што Христос ти ги предава преку животните удари и разделбите – како кога ќе си ставиш ханзапласт на раната и потоа, одлепувајќи го, велиш: „Оф, не можам да го одлепам“, бидејќи се залепил за кожата и треба да го одлепиш, а тоа ти причинува болка. Но треба да го одлепиш.

Така е и во животот. Откако ќе се одлепиш од својот надворешен источник на радост, си велиш:

„Најпосле сфатив дека во мене постои голем источник на радост! Постои Христовата благодат, Неговата сила, присуство. Кога се причестувам и Го примам Христа во себе, кога се молам, се допирам до Него. Кога го призивам Неговото име, се обраќам кон Него. Кога ја барам Неговата благодат, Он ме покрива, ги испраќа Своите Ангели. Сето тоа се само зборови, но ќе дојде време кога ќе ги живееш тие зборови, ако посакаш да Му одговориш на Бога во својот живот, зашто може и да не Му одговориш…

 

Архимандрит Андреј Конанос

Меланхолијата

(ΙII дел)

Можеби Бог ти дава прилика да се поучиш, а ти велиш: „Не сакам да ја научам таа лекција! Сакам да плачам, да очајувам, да се самоубијам“.

Но само преку тоа „откорнување“, кога Бог откорнува нешто од тебе, од твоето срце, можеш да го разбереш богатството што го криеш во себе. Целта не е Он да те измори, да те натера да чувствуваш болка, туку да појдеш понатаму, да напредуваш. Нема смисла да коментираш, судиш, осудуваш и да велиш: „Јас не бев виновна! Каков човек беше! Не можам да го преболам, да поверувам, што ми направи!“

Арно, штом сакаш, живеј со минатото, живеј со спомените, нека ти остари душата и не прави ги чекорите што треба да ги направиш за да одиш напред.

Пак ти велам, помоли се, претстави се себеси во Божјата благодат, види се себеси облечена во бело, а не во црно. Претстави си дека држиш букет цвеќе, претстави си дека си блиску до Христа Кој ја допира твојата рака и го зема твојот проблем. Се менуваш и стануваш друга личност, се издигнуваш, влегуваш во друга димензија на врската со Бога, со себе си, со луѓето, стануваш прекрасен човек преку твојата болка. Да, но треба да излезеш од таму, сфаќаш? Затоа помоли се, прочитај некоја книга. Пази на твоите помисли и не останувај во нив, не се заглавувај целото време тука – од тука започнува сѐ. Треба да ги промениш помислите.

Затоа Светиите ти велат да се молиш, да го изговараш името на Господ Исус Христос – Исусовата молитва постојано. Некои Светии понекогаш ја менувале молитвата и не велеле: „Помилуј ме“, бидејќи кога чувствуваш дека Бог те помилувал, не можеш да речеш: „Помилуј ме“, како да си противречиш на самиот себе. Кога ти велам: „Дај ми да јадам!“ и ти ми дадеш, а јас продолжам да ти го велам тоа, нема ли да се збуниш и да ме прашаш: „Па, добро, нели ти дадов?“ Ете во таа точка молитвата веќе се менува и велиш: „Господе, Исусе Христе, Ти благодарам за Твојата милост! Господи, Исусе Христе, Ти ме помилува!“

„Бев каков што бев“, вели Св. Ап. Павле, „но бев помилуван од Господа и од тој миг натаму веќе се чувствувам помилуван од Бога“, т. е. го добив она за што молев. Чувствувам дека Христос ми го дава тоа за коешто Го молам. Но не и постојано да се жалиш и да бараш на сила: „Дај ми Боже, дај ми“. Добро. Ќе го добиеш, Христос ти го дава, но ти си навикнал да не го примаш, си се навикнал на роптањето, противењето, и на духот на депресијата. Не веруваш дека можеш да Му се зарадуваш и да кажеш: „Исусе, Светлино моја!“ Тие зборови покажуваат дека веќе не бараш, туку живееш. Велиш „Христос е мојата Светлина“, и кажувајќи го тоа, како да сфаќаш дека си во Неговата светлина и љубов. „Исусе, мое дишење!“, односно, не бараш, туку го живеам тоа што веќе го имам. Тоа не е далеку, туку е присутно сега, го имаш, тука е пред тебе, тоа е Христос. Твојата загриженост, твојот умор и депресија не ти дозволуваат да го почувствуваш. Да го почувствуваш присуството на Христа, Кој е до тебе.

Вчера никој не ти се јави и падна во депресија? Да, но дури и сите луѓе да ти се јават, зарем мислиш дека ќе бидеш повеќе ценет? Во еден миг телефонскиот разговор ќе заврши и после тоа што? Пак ќе ропташ и негодуваш како никој да не ти се јавил? Ти сакаш постојано да слушаш дека си ценет, дека те сакаат. Е, побарај да го слушнеш тоа од Бога, Кој постојано ти го кажува ова. Луѓето не можат постојано да го прават тоа.

 

Архимандрит Андреј Конанос

Меланхолијата

(ΙV дел)

Човекот жеднее за почит и признанија, за малку љубов и топлина. Таа потреба е многу голема, жед, глад за среќа, за љубов. Затоа си во депресија, бидејќи не си го заситил тој глад и го заситуваш со ракчиња, чипс, чоколада. Добро, ќе се заситиш за кратко, но потоа пак бараш и на крај ќе се здебелиш, се мачиш, се фрустрираш и повторно чувствуваш глад. Одново јадеш, одново се прејадуваш и жалиш зашто јадеш на погрешен начин. Таквото јадење е грешка. Всушност ја бараш радоста на погрешно место. Затоа ти велам дека молитвата многу ќе ти помогне, само да ја упатиш со восхит, оптимизам и радост. Молитвата не е депресија. Таа покажува дека мислиш на начинот на којшто Христос мисли за тебе, и од тука автоматски се менуваат сите твои побуди. Преку молитвата се менува структурата на мислењето, зашто обично сите ние ја правиме следнава грешка: не се трудиме да видиме како Христос нѐ чувствува нас, и какви сака да бидеме, туку се трудиме да Го натераме Христа да мисли за нас на начинот на којшто ние мислиме за себеси, т.е. на болен начин. Ти велиш: „Христе, види колку сум беден! Ајде и Ти признај дека сум беден! Ајде и Ти заплачи над мојата ништожност! Кажи и Ти дека сум мизерен“. А Христос, Којшто е Самиот здравје, ти вели: „Ти сакаш Јас, Којшто Сум Светлина, да влезам во твојот мрак и да станам темен, меланхоличен, а треба да се случи обратното!“

Тоа е движењето на молитвата – да се видиш себеси во светлината во којашто Христос те гледа, за да исчезне депресијата и меланхолијата од твојата душа. И ако му речеш на Христа: „Како ме гледаш?“ Он нема да ти каже: „Те гледам разочаран, неуспешен, маргинален, во очајание и сѐ е свршено за тебе!“ Не! Туку ќе ти рече: „Гледам напред и гледам поле полно со можности, ги гледам идните години, даровите што доаѓаат во твојот живот. Те гледам во светлина, дете мое. Гледам благодат, помош, луѓе, можности. А ти денес си во очајание. Да, но Јас, Кој Сум Христос, гледам напред, и го гледам не само тоа денес, туку и тоа што доаѓа утре. Сакаш ли да влезеш во Моите очи и ум, и да го правиш тоа што Јас го правам? И да гледаш во перспективата на бесконечноста?“ Но ти Му одговараш: „Не, јас сакам да гледам ограничено, како што гледам сега и да се жалам за моите проблеми и грижи“. „Немој, гледај напред, посвети се на други работи!“, ти одвраќа Христос. Ете тоа е молитва. Тешко е.

Затоа не се случуваат чудеса кога се молиме, бидејќи тоа што го правиме не е молитва. Оди напред, а не назад, немој да се заглавуваш, да потонуваш, да паѓаш во калта, да тонеш до гуша и да велиш: „А, ќе слезам уште подолу!“ Тоа не е молитва, не гледаш напред, не гледаш кон Бога, не се обраќаш динамично кон Него, туку ти се допаѓа да се закопуваш во изгниените цветови на твојот живот, кои се овенати и исушени и велиш: „Сакам таму!“Додека Бог ти вели дека за тебе се отвора нешто ново и добро…

Се молам Бог да ти помогне да го видиш тоа. Да ти помогне прво да ја видиш својата грешка, имено, тоа дека погрешно ја разбираш смислата на радоста во твојот живот. Дека неоправдано се потценуваш себе си, дека проблемите ги решаваш на погрешен начин и затоа работите сѐ повеќе се влошуваат. Кога ќе го разбереш сето она за кое денес ти зборувам, тогаш ќе тргнеш по многу добар пат. Тогаш ќе си спремен да го направиш следниот правилен чекор и да кажеш: „Одев по погрешен пат во животот, сега ќе се променам и ќе успеам со помош на Христа.“ Сѐ можам преку Исуса Христа, Кој ми дава сила. Како? Со помош на Христа, Кој е во мене, ме укрепува и ми дава сила…

Крај

Бигорски

*******************

Неделя На утренята Ев. Лук. 24:1-12. На литургията Деян. 9:32-42. Ев. Иoaнa 5:1-15.

Евангелие от Иоан (5:1-15) | Из Деяния на Светите Апостоли (9:32-42)

Понеделник Деян. 10:1-16. Ев. Иоан. 6:56-69.
Вторник Деян. 10:21-33. Ев. Иоан. 7:1-13.
Сряда (Препол.) Деян. 14:6-18. Ев. Иоан. 7:14-30.
Четвъртък Деян. 10:34-43. Ев. Иоан. 8:12-20.
Петък Деян. 10:44-11:10. Ев. Иоан. 8:21-30.
Събота Деян. 12:1-11. Ев. Иоан. 8:31-42.

************

Недела – на Утрената

1. Во првиот ден на седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси, а заедно со нив беа и некои други;
2. но плочата на гробот ја најдоа превртена.
3. И како влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса.
4. И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки;
5. тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?
6. Он не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, кога беше уште во Галилеја,
7. говорејќи, дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне.”
8. И се сетија на Неговите зборови.
9. Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други.
10. А тие беа Марија Магдалина, и Јоана, и Марија Јаковова и други со нив, што им го кажаа тоа на апостолите.
11. И нивните зборови им изгледаа како лага, и не им поверуваа.
12. Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало.

****

На Литургијата –

32. Посетувајќи ги сите, Петар слезе и при светиите што живееја во Лида.
33. Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој цели осум години лежел на постела, оти бил фатен.
34. И Петар му рече: „Енеј, тебе те исцелува Исус Христос. Стани и собери си ја постелата своја!” И тој стана веднаш.
35. И го видоа сите што живееја во Лида и во Сарон, и се обрнаа кон Господа.
36. Во Јопија се наоѓаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше.
37. И се случи во тие дни да се разболи и да умре; тогаш ја измија и ја положија во горната одаја.
38. А бидејќи Лида беше близу до Јопија, учениците како чуја дека е Петар таму, испратија два човека при него, молејќи го да дојде до нив што побргу.
39. Петар се крена и отиде при нив, и, кога пристигна, го одведоа во горната одаја, и дојдоа кај него сите вдовици, плачејќи и покажувајќи му ги ризите и облеките, што ги беше правела Срна, додека живееше со нив.
40. Петар, откако ги истера сите надвор, падна на колена, се помоли, па се обрна кон телото и рече: „Тавита, стани!” И таа ги отвори очите свои, па, како го виде Петра, седна.
41. А Петар тогаш ѝ подаде рака и ја подигна; и, штом ги повика светиите и вдовиците, им ја предаде жива.
42. И ова се разгласи по цела Јудеја, и мнозина поверуваа во Господа.

******

1. Потоа беше празник јудејски, и се искачи Исус во Ерусалим.
2. А во Ерусалим, при Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Витезда, со пет тремови.
3. Во нив лежеа мнозина болни, слепи, хроми, суви, кои очекуваа да се раздвижи водата,
4. зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по раздвижувањето на водата, оздравуваше од
каква и да било болест да боледуваше.
5. Имаше таму и еден човек, кој боледувал триесет и осум години.
6. Исус, кога го виде како лежи и штом узна дека од многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?”
7. Болниот Му одговори: „Да, Господи! Само немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се замати водата; додека, пак, јас дојдам, друг слегува пред мене.”
8. Исус му рече: „Стани, земи ја постелката своја и оди си!”
9. И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден беше сабота.
10. Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја земаш својата постелка!”
11. Но тој им одговори: „Оној, што ме излекува, ми рече: »Земи ја постелката своја и оди!«“
12. А тие го прашаа: „Кој е човекот што ти рече: »Земи ја постелката своја и оди?«“
13. Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше отстранил, оти на тоа место имаше многу народ.
14. А потоа Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!”
15. А човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус е Оној, што го излекувал.

******

Понеделник –

1. Во Ќесарија имаше еден човек, по име Корнилиј, стотник од полкот наречен Италиски;
2. маж благочестив и богобојазлив со целиот свој дом; и даваше милостина на многу луѓе и секогаш Му се молеше на Бога.
3. Околу деветтиот час од денот, тој виде најаве како му се прикажа ангел Божји, кој влезе при него и му рече: „Корнилиј!”
4. А тој се вгледа во него и уплашен рече: „Што, Господи?” Тој му рече: „Бог си спомна за молитвите твои и милостините твои.
5. И сега, прати луѓе во Јопија и повикај го Симона, наречен Петар.
6. Тој е таму кај некој си Симон кожарот, чија куќа се наоѓа покрај морето; тој ќе ти каже зборови преку кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом.”
7. Откако си отиде ангелот, што му зборуваше, Корнилиј повика двајца од своите слуги и еден благочестив војник, кои постојано се наоѓаа при него;
8. па, откако им кажа сè, ги прати во Јопија.
9. На другиот ден, кога тие патуваа и наближуваа до градот, Петар околу шестиот час се качи на рамниот покрив од куќата, да се помоли.
10. И бидејќи беше огладнел, сакаше нешто да јаде; а додека му приготвуваа, тој падна во занес,
11. и го виде небото отворено и некаков сад да слегува кон него, како некое големо платниште, врзано за четирите краишта, и се спушташе на земјата,
12. во кое ги имаше сите четвороножни животни, ѕверови, лазачи и птици небески.
13. И се чу глас кон него: „Петре, стани, заколи и јади!”
14. А Петар рече: „Никако, Господи, оти никогаш не сум јал погано или нечисто.”
15. И повторно се чу глас кон него: „Она, што Бог го очистил, ти не го сметај за нечисто!”
16. Тоа се повтори трипати, а садот пак се крена кон небото.

*****

56. Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.
57. Како што Ме прати живиот Отец, и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене.
58. Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.”
59. Ова го кажа Исус во синагогата, кога поучуваше во Капернаум.
60. Тогаш мнозина од учениците Негови, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша?”
61. А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува?
62. Ами ако Го видите Синот Човечки да се вознесува горе, каде што бил порано?
63. Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот.
64. Но има меѓу вас и некои што не веруваат.” Исус знаеше од почетокот, кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде.
65. И рече: „Затоа ви зборувам – дека никој не може да дојде при Мене, ако не му биде
дадено од Мојот Отец.”
66. Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него.
67. Тогаш им рече Исус на дванаесетте: „Да не сакате и вие да си отидете?”
68. А Симон Петар Му одговори: „Господи, при кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за живот вечен,
69. и ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.”

*******

Вторник –

21. Штом слегна при луѓето, испратени од Корнилиј при него, Петар рече: „Јас сум тој, кого го барате. Зошто сте дошле?”
22. А тие му одговорија: „Стотникот Корнилиј, човек праведен и богобојазлив, познат по своите добрини меѓу јудејскиот народ, прими заповед од светиот ангел да те повика во својот дом и да ги послуша твоите зборови.”
23. Тогаш Петар ги повика внатре и ги нагости. А утрината стана и отиде со нив; и некои од јописките браќа заминаа со него.
24. На вториот ден тие влегоа во Ќесарија. А Корнилиј ги чекаше, откако ги беше повикал роднините свои и пријателите блиски.
25. Кога Петар влегуваше, Корнилиј го пресретна, падна пред нозете негови и му се поклони.
26. А Петар го подигна и му рече: „Стани и јас сум човек.”
27. И разговарајќи со него, влезе и најде мнозина собрани.
28. И им рече: „Вие знаете дека не му прилега на човек Јудеец да се дружи или да оди кај човек од друг род. Но мене Бог ми покажа ниеден човек да не го наречувам поган или нечист.
29. Затоа, а и бидејќи поканет, дојдов без двоумење. Сега ве прашувам за што пративте по
мене?”
30. И Корнилиј одговори: „Пред четири дена до овој час постев, а во деветтиот час се молев во својот дом; и одеднаш, пред мене застана човек во светла облека,
31. и ми рече: »Корнилиј, твојата молитва е услишена, и за твоите милостини Бог Си спомна.
32. Затоа прати во Јопија и повикај го Симона, наречен Петар; тој се наоѓа сега кај Симона кожарот, покрај морето; тој ќе дојде и ќе ти зборува.«
33. И веднаш пратив по тебе, и ти добро направи што дојде. Сега, пак, ние сите стоиме пред Бога за да чуеме сè што ти е од Бога заповедано.”

******

1. Потоа одеше Исус по Галилеја, зашто нејќеше да оди во Јудеја, оти Јудејците сакаа да Го убијат.
2. Се приближуваше, пак, јудејскиот празник – Правење сеници.
3. Тогаш браќата Негови Му рекоа: „Излези одовде и отиди во Јудеја, та и учениците Твои да ги видат делата што ги вршиш.
4. Оти никој не прави нешто тајно, кога и сам сака да се прочуе. Ако Ти ги вршиш овие работи, тогаш покажи се пред светот.”
5. Зашто и браќата Негови не веруваа во Него.
6. А на тоа Исус им одговори: „Моето време уште не е дојдено, а за вас времето е секогаш годно.
7. Светот вас не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, оти Јас сведочам за него, дека делата му се лоши.
8. Вие отидете на овој празник; Јас нема да излезам на празникот, зашто времето Мое уште не се исполнило.”
9. Откако го рече тоа, остана во Галилеја.
10. Но, штом отидоа браќата Негови, отиде на празникот и Он, но не јавно, туку некако тајно.
11. А Јудејците Го бараа на празникот, и велеа: „Каде е Оној?”
12. И многу расправии имаше во народот за Него: едни зборуваа дека е добар; а други велеа: „Не, туку го заблудува народот.”
13. Но никој не зборуваше за Него отворено, поради стравот од Јудејците.

******

Среда –

6. тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дервија и во нивната околина,
7. и таму го проповедаа Евангелието.
8. Во Листра имаше еден човек, немоќен во нозете, кој беше хром од мајчината утроба; седеше и не беше одел никогаш.
9. Тој слушаше кога Павле зборуваше; а Павле, кога се вгледа, виде дека во него има вера да оздрави,
10. па му рече со висок глас: „Тебе ти велам во името на Господа Исуса Христа: исправи се на нозете свои!” И тој веднаш почна да скока и прооде.
11. А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и зборуваа на ликаонски: „Боговите слегнале при нас во образ човечки.”
12. И Варнава го нарекоа Зевс, а Павла Хермес, бидејќи тој управуваше со словото.
13. Жрецот, пак, на Зевса, чиј кип се наоѓаше пред нивниот град, откако доведе јунци и донесе венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва.
14. Но апостолите Варнава и Павле, кога чуја за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:
15. Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви проповедаме да се обратите од овие лажни работи кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сè што е во нив;
16. Кој поранешните поколенија на народите ги остави да врват по нивните патишта,
17. иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.
18. И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа,

*******

14. А кога се преполови празникот, влезе Исус во храмот и поучуваше.
15. И се чудеа Јудејците, велејќи: „Како ги познава Овој Книгите, кога не учел?”
16. Тогаш им одговори Исус и рече: „Учењето Мое не е Мое, а на Оној што Ме прати;
17. и ако некој сака да ја врши волјата Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога, или Јас Сам од Себе зборувам.
18. Кој говори сам од себе, тој ја бара својата слава; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Он е вистина и во Него нема неправда.
19. Зар не ви даде Мојсеј Закон? Но никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?”
20. Народот одговори и рече: „Бес ли Те фатил? Кој сака да Те убие?”
21. Одговори Исус и им рече: „Едно дело извршив и сите се чудите.
22. Мојсеј ви даде обрезание, макар што тоа не е од Мојсеја, а од татковците – и вие во саботен ден го обрезувате човекот.
23. Ако човек се обрезува во сабота, за да не се наруши Законот Мојсеев, на Мене ли се гневите што цел човек направив здрав во сабота?
24. Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!”
25. Тогаш некои од Ерусалим рекоа: „Не е ли Овој, Кого Го бараат да Го убијат?
26. Ете, јавно говори и ништо не Му велат; да не се увериле и началниците, дека е Он навистина Христос?
27. Но Овој Го знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос, никој не ќе знае од каде е.”
28. Тогаш Исус, поучувајќи во храмот, извика гласно и рече: „И Мене Ме познавате, и знаете од каде сум; но Сам од Себе не дојдов, а има еден Вистински, Кој Ме пратил и Кого вие не Го познавате.
29. Јас, пак, Го знам, оти сум од Него и Он Ме прати.”
30. Тогаш сакаа да Го фатат. Но никој не кладе рака на Него, бидејќи уште не беше дошол часот Негов.

*******

Четврток –

34. Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „Навистина признавам дека Бог не гледа на лице;
35. туку, кај секој народ оној, кој се бои од Него, и постапува правично, мил Му е.
36. Он им го прати на синовите Израилеви словото, благовестувајќи мир преку Исуса Христа, Кој им е Господ на сите.
37. Вие знаете за сето она што се изврши по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето, што го проповедаше Јован:
38. како Го помаза Бог со Дух Свети и сила Исуса од Назарет, и како Он одеше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него.
39. И ние сме сведоци за сè, што направи Он во земјата Јудејска и во Ерусалим. Како Го убија, распнувајќи Го на дрво.
40. Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појавува,
41. но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадевме и пиевме со Него по Неговото воскресение од мртвите.
42. И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме, дека Он е од Бога определениот Судија над живите и мртвите.
43. Сите пророци сведочат за тоа, дека секој, што ќе поверува ви Него, ќе добие простување на гревовите преку Неговото име”

******

12. И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот.”
13. Тогаш Му рекоа фарисеите: „Ти сведочиш Сам за Себе; Твоето сведоштво не е вистинко.”
14. Исус им одговори и рече: „Макар што сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско, зашто знам од каде сум дошол и на каде одам; а вие не знаете од каде сум дошол и на каде одам.
15. Вие судите по телото, Јас не судам никому.
16. И ако судам Јас, Мојот суд е вистински, зашто не сум Сам, туку Јас и Отецот, Кој Ме прати.
17. А во Законот ваш е напишано, дека сведоштвото на двајца луѓе е вистинско.
18. Јас сум што сведочам за Себе, и Отецот, Кој Ме прати, сведочи за Мене.”
19. Тогаш му рекоа: „Каде е Твојот Отец?” Исус одговори: „Вие не Ме знаете ни Мене, ни Мојот Отец; Ако Ме знаевте Мене, ќе Го знаете и Мојот Отец.”
20. Овие зборови ги кажа Исус при сокровишницата, кога поучуваше во храмот; и никој не Го фати, зашто уште не беше дошол часот Негов.

********

Петок –

44. Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Дух Свети слезе над сите што го слушаа словото.

10. Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото.

****

21. Пак им рече Исус: „Јас си одам и ќе Ме барате, и во својот грев ќе умрете. Јас каде што ќе одам, вие не можете да дојдете.”
22. Тогаш Јудејците рекоа: „Да не сака да се самоубие и затоа вели: »Јас каде што ќе одам, вие не можете да дојдете?«“
23. И им рече: „Вие сте од долните, а Јас сум од горните: вие сте од овој свет, Јас, пак, не сум од овој свет.
24. Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови; и навистина, ако не поверувате дека сум Јас, ќе умрете во гревовите свои.”
25. Тогаш Му рекоа: „Кој си Ти?” Исус им одговори: „Почеток, како и што ви зборувам.
26. Многу имам за вас да зборувам и да судам; но Оној што Ме прати е вистински и она, што сум чул од Него, тоа и му го кажувам на светот.”
27. Но не разбраа дека им говореше за Отецот.
28. А Исус им рече: „Кога ќе Го издигнете Синот Човечки, тогаш ќе узнаете дека сум Јас и дека ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам.
29. Оној што Ме прати е со Мене; Отецот не Ме остави Сам, оти секогаш го вршам она што Му е угодно.”
30. Кога Он го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него.

*******

Сабота –

1. Во тоа време цар Ирод кладе рака на некои од Црквата, за да им направи зло,
2. и со меч го уби Јакова, братот Јованов.
3. А кога виде, дека тоа им се свиде на Јудејците, го фати и Петра, а тогаш беа дните на Бесквасници.
4. И, како го задржа, го фрли в затвор и го предаде на четири четворки војници да го пазат, а со мисла веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.
5. И така, Петар беше пазен во затворот, а Црквата постојано Му се молеше на Бога за него.
6. А кога Ирод сакаше да го изведе, ноќта спроти тој ден, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во две вериги, а стражарите пред портата пазеа на затворот.
7. И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петра по ребрата и го разбуди, па му рече: „Стани брзо!” И веригите му паднаа од рацете негови.
8. Тогаш ангелот му рече: „Опаши се и обуј си ги чевлите!” Така и направи. И пак му рече: „Облечи ги алиштата свои и врви по мене!”
9. И излезе и тргна по него, а не знаеше дека тоа, што го прави ангелот, е вистина, туку си мислеше оти привид гледа.
10. Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама; тие излегоа и преминаа преку една улица, и во тој час ангелот го снема.
11. Тогаш Петар, откако дојде на себеси, си рече: „Сега разбрав навистина дека Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови и од сè, што очекуваше јудејскиот народ.”

******

31. Тогаш Исус им говореше на Јудејците што беа поверувале во Него: „Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици;
32. и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.”
33. Му одговорија и рекоа: „Ние сме семе Авраамово и никогаш никому не сме робувале; а како Ти велиш: »Ќе бидете слободни!«“
34. Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот.
35. А робот не останува вечно дома; Синот останува вечно.
36. И ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.
37. Знам дека сте семе Авраамово, но сакате да Ме убиете, зашто словото Мое не може да се смести во вас.
38. Јас го кажувам она што сум го видел кај Мојот Отец; а вие го правите она што сте виделе кај вашиот татко.”
39. Му одговорија и рекоа: „Наш татко е Авраам.” Исус им рече: „Ако бевте чеда Авраамови, вие ќе ги вршевте делата Авраамови.
40. А сега сакате да Ме убиете; Мене Човекот, Кој ви ја кажав вистината, што ја чув од Бога. Авраам така не правеше.
41. Вие ги вршите делата на својот татко.” А тие Му рекоа: „Ние не сме родени од блудство; еден отец имаме – Бога.”
42. Но Исус им рече: „Ако Бог беше ваш татко, тогаш ќе Ме сакавте Мене, бидејќи Јас сум излегол и доаѓам од Бога. Оти не сум дошол Сам од Себе, а Он Ме прати.

********

Христос и како Јудеец и затоа што Самиот го даде Законот во Стариот завет, за време на Своето присуство на земјата го пазеше Законот. Така и Пасхата ја празнуваше, но и празникот Сеници. И тоа беше во рамките на Божјиот кеносис. Евангелистот Јован ни го прикажува случајот на Христовото одење во Храмот и она што се случило таму помеѓу Него и Јудејците. Не можеме да направиме детална анализа, но ќе ги нагласиме поистакнатите и позначајните моменти.

Присуството Христово на празникот може да се подели на четири стадиуми.

Прво, кога се искачи во Ерусалим, откако најнапред таму заминаа Неговите браќа од страна на Јосиф, „не јавно, туку скришно“. Јудејците Го бараа, веројатно за да Го обвинат дека не го пази Мојсеевиот закон (Јн. 7, 10 – 13).

Второ, кога го направи видно Своето присуство во Храмот, поучувајќи го народот, „кога се преполови празникот“ (Јн. 7, 14 – 36). Значи, додека се наоѓаше во Ерусалим за време на празникот, на средината од седумте денови се појави во Храмот и го поучуваше народот. Тоа што го избра тој период од годината за да поучува се оправдува затоа што од една страна сакаше да го омекне гневот на Јудејците, бидејќи претходеше голем бунт кај нив поради Неговите чуда и поуки, а од друга страна за да Го слушнат со внимание, бидејќи на почетокот од празникот било нормално да постои расеаност (блажени Теофилакт).

Трето, кога во последниот ден од празникот објави дека Он ги наситува жедните луѓе и ги повика да дојдат близу Него. На крајот од последниот ден отиде на Елеонската Гора (Јн. 7, 37 – 53).

Четврто, кога на следниот ден утрото повторно дојде во Храмот. Се работи за т.н. осми ден, со кој завршуваше празникот Сеници. На тој ден книжниците и фарисеите ја одведоа кај Христа жената фатена во прељуба, за да се уверат во Неговиот став. Во тој ден Он го учеше народот дека е светлината на светот и вистината која го ослободува човекот (Јн. 8, 1 – 59).

Во сите разговори што ги направи Христос на празникот Сеници, коишто се многу откровенски и богословски, се гледаат две големи вистини.

Прво, дека Христос континуирано проповедаше дека е единосуштен со Својот Отец, дека е испратен во светот од Отецот, дека Он е Синот Божји, Христос – Месијата што Го чекале Јудејците. Се работи за една голема откровенска вистина. Чисто нагласи дека е испратен од Својот Отец: „и Јас од Себе не дојдов, а има Еден Вистински, Кој Ме пратил и Кој вие не Го познавате“ (Јн. 7, 28). А на друго место рече: „Јас Сум што сведочам за Себе, и Отецот Кој Ме прати сведочи за Мене“ (Јн. 8, 18 – 19). Освен ова сведоштво, во сето Негово учење се гледа дека пројавуваше особини што ги има Бог, како што се: „ако некој е жеден нека дојде при Мене и нека пие“ (Јн. 7, 37), и „Јас Сум светлината на светот; којшто Ме следи нема да оди во темнина, но има светлина во животот“ (Јн. 8, 12).

Второ, се гледаат, во сиот овој разговор, реакциите на Јудејците за овие откровенски зборови на Христа. Постојано прашуваа реактивно. Понекогаш го оспоруваа тоа што Он го кажува, а понекогаш прашуваа иронично врз основа на законот Божји. Меѓутоа, толку многу реагираа, што се обидоа да Го удрат и да Го убијат. Го нарекоа демонизиран: „Нели добро велиме дека Си Ти Самарјанин и дека имаш демон“ (Јн. 8, 48). На почетокот сакаа да Го фатат, но никој не можеше да Го допре затоа што не беше дојден Неговиот час (Јн. 7, 30). Потоа, книжниците и фарисеите ги испратија служителите за да Го фатат, но тие не можеа да го направат тоа затоа што беа воодушевени од Неговите зборови (Јн. 7, 44 – 46). Но на крај земаа камења во своите раце за да Го каменуваат, затоа што мислеа дека хули со тоа што Себеси се смета истосуштен со Бога Отецот. „Тогаш зедоа камења за да ги фрлат на Него“. Но тогаш Христос, во крајната величина на нивната злоба, „се скри, и излезе од Храмот, минувајќи помеѓу нив, и така си замина“ (Јн. 8, 59). Тоа што од евангелистот се кажува дека се скри, не треба да се сфати дека прибегнал во некоја куќа или се сокрил во некој агол, туку со Својата Божествена власт се направи Себеси невидлив за тие што правеа заговор против Него (блажени Теофилакт).

Во ова резимирано прикажување на тоа што се случи за време на празникот Сеници се гледаат како Божеството на Христа, така и реакцијата на Јудејците кои не можеа да прифатат дека Он е очекуваниот Избавител на Израилот. Тоа ја покажува и нивната бесчувствителност. Освен тоа докажува и дека ако човекот не се очисти и не се подготви соодветно, не може да Го познае Христа и можно е да стане непријател Божји и во самото Негово откривање.

Митрополит Јеротеј Влахос „Господовите празници“, СПЕ 2012 Превод: Отец Атанасиј Арсоски
Извор: http://agapi.mk/prepolovenie-na-pedesetnica/

*****

Еден од Господовите празници е празникот Преполовение на Педесетница, којшто се празнува во Црквата на средината од периодот од празникот Воскресение Христово до празникот Педесетница, т.е. во средата пред Неделата на Самарјанката (5. недела по Велигден). Можеби е непознат во народот, но се работи за голем Господов празник, бидејќи се однесува на Христа Владиката.

Оваа поделба и поставување на празникот Преполовение во Дванаесетте празници тргнува од гледиштето дека овој празник ни ја дава можноста да го видиме Христовото дело од Неговото крштение во реката Јордан, до Неговото преображение и до Неговото страдање. Знаеме добро дека дека светите Евангелија го опишуваат тоа што го кажал Христос, што направил и што претрпе за спасението на човечкиот род. Токму овој празник ни ја дава можноста да ја видиме таа страна (што кажал и што направил), којашто е доволно суштинска. Со други зборови, се покриваат сите христолошки собитија, од Христовото Крштение до Неговото Преображение.

Важноста на празникот Преполовение, кога се празнува Христос како Премудрост Божја (како што ќе видиме во анализата што следи), се гледа од тоа што катедралните храмови што го имале името Света Софија (Премудрост), не биле посветени на некоја светителка што се викала Софија, туку на Премудроста Божја, а тоа е Христос. Нивната храмова слава била, според разни испитувања, на празникот Преполовение.

Карактеристичен пример е храмот на Премудроста Божја (Света Софија) во Константинопол, кој така се нарекува по Христа, Кој е Премудроста Божја. Храмот на Божјата Премудрост стана прототип и за други катедрални храмови. Така гледаме дека целата Ромејска држава за центар Го имаше Логосот и Божјата Премудрост. И ако се сетиме дека сите растојанија во големата Ромејска (Византиска) Империја биле сметани од храмот на Божјата Премудрост како центар, тогаш го разбираме местото на Логосот и на Премудроста Божја во животот на Ромејската Империја.

+++

Празникот Преполовение се совпаѓа со јудејскиот празник Сеници, што бил третиот голем празник на Јудејците, заедно со празникот Пасха и празникот Педесетница.

Бил востановен во сеќавање на престојувањето на Јудејците во пустината, кога оделе од Египетската земја кон Ветената земја. Ако празникот Пасха бил востановен во сеќавање на преминувањето на Јудејците низ Црвеното Море, а празникот Педестница во сеќавање на Мојсеевото искачување на гората Синај за да го прими законот Божји, тогаш празникот Сеници бил востановен за да се сеќаваат Јудејците на чудотворното запазување од страна на Бога за сето време на нивното одење кон Ветената земја.

Бил наречен Сеници поради начинот на празнување. Јудејците поставувале сеници (шатори) на плоштадите, во дворовите и во собите (терасите) на своите домови и престојувале таму за време на празникот, кој траел седум дена. Очигледно и името и начинот на празнување се должел на тоа што ги препознавале покровот и заштитата Божја со светлиот облак за време на нивното одење во пустината. Ако се сетиме дека сите јавувања Божји во Стариот завет беа јавувања на невоплотениот Логос и дека светлиот облак беше Христос, тогаш разбираме дека јудејскиот празник Сеници се однесувал на Христа.

Јудејскиот празник Сеници бил востановен од Самиот Бог, преку заповедта што Му ја дал на Мојсеј. Му рекол: „Кажи им на синовите Израилеви, велејќи: во петнаесеттиот ден од истиот месец, седмиот месец, е празникот Сеници, Господов празник што трае седум дена. И денот прв ќе ви биде наречен свет, никаква работа не вршете; седум дена принесувајте Му на Господа сепаленици, а и осмиот ден нека ви биде свет, и тогаш принесувајте Му на Господа сепаленици; – тоа е крајот на празникот, и никаква работа не вршете“ (3. Мојс. 23, 34 – 36).

Бидејќи празникот се совпаѓал со собирањето на плодовите, затоа заедно со жртвите како благодарност на Бога принесувале и плодови. Така, се нарекувал „празник на жетвата“ и „празник на собирање“. Јудејците празнувале торжествено, и од таа причина бил многу омилен празник кај нив.

Тоа што Јудејците престојувале во шатори за време на празникот Сеници не било нивен изум, туку Божја заповед, која му била дадена на Мојсеј: „Седум дена престојувајте во сеници: секој тукашен во Израилот треба да престои во сеница, за да знаат поколенијата ваши дека Јас во сеници ги вселив синовите Израилеви од Египетската земја“ (3. Мојс. 23, 42 – 43).

Тоа што нѐ интересира за она што ќе го кажеме во продолжение е дека на празникот Сеници се вршеле две карактеристични символични работи. Прво, секој ден наутро принесувале жртви сепаленици и истовремено свештениците носеле вода од Силоамската бања и, соединувајќи ја со вино, ја излевале над жртвеникот, каде што се принесувале жртвите. Тоа го означувало излевањето на даровите на Светиот Дух, но и водата што Израилците чудотворно ја пиеле за време на своето одење низ пустината. Второ, на првиот ден од празнувањето, заедно со вечерната жртва, ги палеле светилниците во женскиот двор од Храмот и тоа се гледало во целиот град, токму затоа што огновите биле високи 50 лакти. Овие две символични собитија имаат големо значење затоа што се однесувале на Христа. Впрочем, Христос бил Оној што им давал вода за време на нивното одење во пустината, согласно зборовите на апостолот Павле: „и сите пиеја исто духовно пиење; оти пиеја од духовниот камен што идеше по нив, а каменот беше Христос“ (1 Кор. 10, 4). Христос беше и светлиот облак што ги покриваше дење и им светеше ноќе, според зборовите на апостолот Павле: „татковците наши сите беа под облак и сите минаа преку морето; и сите во Мојсеја се крстија, во облакот и во морето“ (1 Кор. 10, 1 – 2).

Митрополит Јеротеј Влахос „Господовите празници“, СПЕ 2012 Превод: Отец Атанасиј Арсоски
Извор: http://agapi.mk/premudrosta-bozja/

**************

 
Напишете коментар

Posted by на Мај 20, 2016 во Uncategorized

 

Ознаки:

Коментарите се затворени.