RSS

За молитвата….

11 Авг

“Браќа почнувајќи од утрото, преку целиот ден, а ако е возможно продолжете да повикувате и во текот на ноќта: Господе Исусе Христе, помилувај ме мене грешниот, и присилувајте го вашиот ум на ова дело постојано, до самата смрт” (Свети Јован Златоуст).

Еднаш кога Исус беше на едно место и се молеше, откако заврши со молитвата, еден од Неговите ученици Му рече: Господи, научи не да се молиме….” (Лука. 11,11)

“Молете се постојано, за да не паднете во искушение” (Лука. 22,40)

“Човек што се моли е слободен човек” (Арсениј Бока)

“Барај го она што е достојно за Бога, и не престанувај да бараш, додека не добиеш, макар да мине и месец, и година, и три години, и повеќе време, додека не добиеш, не отстапувај, но моли се со вера, непрестајно вршејќи го доброто” (Свети Василиј Велики).

****************

Умеењето да се молиме…. Молитвата е бесконечно творење, акт на најголема мудрост, свет занес на нашиот дух, тешкото го прави лесно, непријатното – пријатно.

Молење за духовни дарови: засилување на надежта и љубовта, како и сите останати добродетели: радост и мир, долготрпеливост, благост, милосрдие, вера, кроткост, воздржание, љубов….

Постот е многу важно средство за засилување на молитвата. Постот е умереност во јадењето и пиењето и во други животни потреби.

Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено.

******************

Тропари на поголеми празници (Рождество на пресвета Богородица (Мала Богородица), Воздвижение на чесниот крст (Крстовден), Собор на македонските светители, св. Злата Мегленска, преподобна света Параскева (св. Петка), св. Димитриј (Митровден), св. Бессребреници Кузман и Дамјан (св. Врачи), Собор на св. Архангел Михаил, св. Маченик Мина, Воведение на пресвета Богородица, св. Григориј Палама, св. Климент Охридски, св. Варвара, св. Никола Мирликијски, св. Наум Охридски, св. Спиридон Чудотворец, Рождество на нашиот Господ Исус Христос (Божиќ), св. Првомаченик и архиѓакон Стефан, Нова Година – Обрезание Господово (Василица), св. Василиј Велики, Свето Богојавление (Водици), св. Пророк Преттеча и крстител господов Јован, св. Атанасиј Велики, св. Три Светители, Сретение Господово, св. Харалампиј, св. Ѓорѓи Кратовски, св. 40 Маченици, св. Благовештание на пресвета Богородица (Благовец), св. Георгиј Победоносец, св. Апостол Марко, св. Кирил и Методиј, св. Константин и Елена, св. Еразмо Охридски, Рождество на св. Јован Крстител, св. Петар и Павле, св. Илија, св. Седмочисленици, св. Пантелејмон, свето Преображение на Господа Христа, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), св. Јоаким Осоговски, св. Теодор и св. Педесетница (Духовден))

Молитвени правила (правило пред света причест, благодарствени молитви по причест, правило пред исповед, благодарствено правило, пасхално молитвено правило, покајно правило при осквернување, за жени кои извршиле абортус, за отпадници од верата, за блудниците, за избавување од несреќи и опасности, за измачувани од зли духови, за телесно болните, за избавување од пијанство, пушење и наркотици, за стапување во среќен брак, за испити, при патување, за наоѓање на изгубени нешта, за спомнување на покојните, правило на св. Серафим Саровски, молитви при вонредни состојби и околности, молитви за наближување на последните времиња, за починати и некрстени деца, за деца убиени при абортус, молитва за самоубијци)

Акатисти (Кон пресвета и живототворна Троица, Акатист кон преслаткиот Исус, Акатист кон пресвета Богородица, Актатист кон преподобниот наш отец Наум Охридски Чудотворец)

Канони (Покаен канон кон нашиот Господ Исус Христос, Молебен канон кон Пресвета Богородица, Канон кон Ангелот Пазител)

Утрински молитви…. Вечерни молитви…. Молитви за секој ден преку седмицата…. Ноќни молитви…. Секојдневни молитви…. Молитви за разни потреби….

*******************

– Господе Помилуј / Помилувај ме Боже, помилувај ме / Пресвета Богородице, спаси не / Срце чисто соѕидај во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене/ Прости ми Господи /

+++++++++

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши како што им ги проштеваме и ние на нашите должници; и не воведувај не во искушение туку избави не од лукавиот.

++++++++++

Господи, Боже наш, се што згрешив во овој ден, со збор, со дело или мисла, прости ми како Човекољубив. Подари ми сон мирен и спокоен и испрати го Твојот Ангел Пазител, да ме закрилува и пази од секое зло, зашто Ти се заштитник на душите и телата наши и Тебе слава Ти вознесуваме на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

+++++++++++

Ако ја испитам мојата совест, нема да најдам ниту едно добро дело, само знам дека моите гревови се помногубројни од морскиот песок, а морската вода не е доволна за да ја измие мојата нечистотија. Но, се надевам, Боже, дека ќе го олесниш бремето на моите беззаконија и милостиво ќе погледнеш на мене. Амин. (преподобна Пелагија)

+++++++++++++++

Господи, дај ми мирно да го примам се она што денов денешен ми го носи, и потполно да и се предадам на Твојата Света волја. Упати ме и помогни ми во секој миг од денов; каков глас и да добијам, научи ме мирно да го примам и со цврста вера дека се станува по Твојата Света волја.

Управувај со моите мисли, со моите сетила и со сите мои дела и зборови. Не допуштај во непредвиден случај да заборавам дека се од Тебе доаѓа. Научи ме добро да се однесувам кон родителите и кон ближните, никого да не разгневам или да оскрбам.

Господи, дај ми сили да ја поднесам тежината на денот денешен и се што во него ќе ми се случи. Управувај со мојата волја и научи ме да се молам, да верувам, да се надевам, да поднесувам, да проштевам и да љубам.

Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир, та таму кај што има омраза да сеам љубов, кај што има осуда – простување, кај што има раздор – слога, кај што има очај – надеж, кај што има темнина – светлина, кај што има жалост – радост.

О, Божествен Учителу, нека не бидам утешуван, туку јас други да тешам; нека не ме трпат мене, туку јас да имам трпение за сите; не мене да ме љубат, туку јас сите да ги љубам. Зошто кога простуваме, тогаш и нам ни се простува; кога даваме тогаш добиваме; а кога умираме, тогаш се раѓаме за живот вечен. Свет Духу, помошник биди ми денот денешен да Му Го посветам на мојот Господ и Спасител.

Господи Исусе, Сине Божји, подобро е да не се живее отколку да се живее без Тебе или против Тебе. Ти благодарам, Боже, за дарот на овој ден и за секое добро за кое што ќе ми помогнеш денеска да го сторам. Избави ме, милостив Боже, од желбата за самоугодување, и удостој ме во секој миг да бидам подготвен заради Тебе и заради ближниот свој да се откажам од себеси, зашто за таа служба и Си ми го дал животот.

Помогни ми да го отфрлам од себе сето она што не е Твое, а она што е Твое да го примам со длабока вера, надеж и љубов. Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам: да ја поставам правдата над користа, да го поставам чинењето на благочестивите дела над минливите задоволства, да ги поставам другите над себеси за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта.

Направи светлоста на Твојата убавина, добрина и љубов да заблескаат во мојата душа. Амин. (Секојдневна молитва на последните оптински старци)

++++++++++++++

Молитви на св. Јован Златоуст:

Дневни:

  • Господи, не лишувај ме од Твоите небесни блага.
  • Господи, избави ме од вечните маки.
  • Господи, ако згрешив со ум или мисла, со збор или со дело, прости ми.
  • Господи, избави ме од секое незнаење и заборавеност, од малодушност, скаменетост и бесчувствителност.
  • Господи, избави ме секое искушение.
  • Господи, просветли го срцето мое помрачено од лукави желби.
  • Господи, јас како човек згрешив, а Ти како милосрден Бог прости ми, гледајќи ја мојата душевна слабост.
  • Господи, испрати ми ја благодатта Твоја на помош за да го прославам Твоето Свето Име.
  • Господи, Исусе Христе, запиши ме мене слугата Твој во Книгата на животот и добар крај подари ми.
  • Господи, Боже мој, иако ништо добро не сторив пред Тебе, дај ми ја благодатта Твоја за да поставам добар почеток.
  • Господи, ороси го срцето мое со Твојата благодатна роса.
  • Господи, на небесата и на земјата, спомни си за мене грешниот, бесрамниот и нечист слуга Твој во Царството Твое. Амин.

Ноќни:

  • Господи, во покајание прими ме.
  • Господи, не оставај ме.
  • Господи, не воведувај ме во искушение.
  • Господи, дај ми мисла добра.
  • Господи, дај ми солзи и сеќавање на смртта и умиление.
  • Господи, дај ми помисла за исповедање на гревовите мои.
  • Господи, дај ми смирение, целомудрие и послушание.
  • Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост.
  • Господи, всади го во мене коренот на добрината, и на стравот Твој во срцето мое.
  • Господи, удостој ме да Те љубам со сета моја душа и мисла, и во се да ја творам волјата Твоја.
  • Господи, заштити ме од некои луѓе, и бесови, и страсти, и од секое друго недолично нешто.
  • Господи, знам дека чиниш како што благоволиш; нека биде волјата Твоја и во мене грешниот, зашто си благословен навек. Амин.

+++++++++++++

Царице моја предобра, надеж моја, Богородице, на сираците – Прегратка, и на загубените – Застапничке, радост на оскрбените, Покровителка на нападнатите, ја гледаш мојата беда, ја гледаш тагата моја; помогни ми зашто сум немоќен, исправи го патот мој, зашто сум загубен; разбери ја неправдата моја и разреши ја ако повелаш; зашто друга помош освен Тебе немам ни друго застапништво, ни утеха блага, о, Богомајко, затоа запази ме и сочувај ме, во вечни векови. Амин.

+++++++++++++++

Спасителу мој, научи ме, Ти се молам, од се срце да им простувам на сите кои со нешто ме навредиле. Знам дека не можам да застанам пред Тебе со чувство на омраза што се крие во мојата душа. Огрубело, Господи, срцето мое! Во мене нема љубов. Те молам, научи ме да им простувам на оние што ме намразиле, огорчиле и оскрбиле, како што Сам Ти, Спасителу мој, на Крстот им прости на непријателите. Амин.

+++++++++++

Господи, не знам што да молам од Тебе, Ти единствен знаеш што мене ми треба; ме љубиш и повеќе одошто јас самиот умеам себеси да се љубам. Не се осмелувам ни крст ни утеха да барам, само пред Тебе стојам; моето срце отворено е кон Тебе; Ти ги гледаш потребите што јас не ги знам. Гледај и постапи со мене по милоста Своја; порази ме и исцели ме, понижи ме и подигни ме, ништ сум и нем пред Светата Твоја волја и пред недостапните за мене судови Твои.

Се принесувам себеси како жртва кон Тебе; Тебе ти се предавам, желанија немам, освен желбата да ја исполнувам волјата Твоја. Научи ме да се молам. Ти Самиот во мене моли се. Амин.

+++++++++++

Господи, дај ми го она што го сака Твојата љубов.

+++++++++++

Пресвета Богородице просветли ја мојата темнина.

++++++++++

Господи, дај ми да ги видам моите безмерни гревови и да не осудувам.

++++++++++

Боже на силите! Сврти се, погледај  од Небесата, погледни ги искушенијата мои и помогни ми да ја извршувам волјата Твоја, зашто ти си мојот Бог!

*************************

  Молитви кои православните христијани често ги кажуваатОвие најдобро е да се знаат на памет

Слава ти Боже наш Слава ти

Царе Небесен, Утешителу, Дух на вистината кој си на секаде и се исполнуваш, ризницо на добрините Дојди, вселисе во нас, очисти не од секаква нечистотија и спаси ги Благи, душите наши

Свети Боже Свети Крепки Св Бесмртни Помилуј не (3)

Пресвета Троице помилуј не, Господи очисти ги гревовите наши, Владико прости ги беззаконијата наши. Свети посети не и исцелиги нашите слабости заради твоето име. Господи Помилуј (3). Слава на Отца и Сина и Св Дух сега секогаш и во сите векови. Амин

Оче наш кој си на небесата, да се свет името твое да дојде царството твое да биде вољата твоја како на небото така и на земјата. Лебот наш насуштен дај ни го денес, и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници. И не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот. . Зошто твое е царството и силата и славата на Оца и Сина и Св Дух сега секогаш и во сите векови Амин. Господи, помилуј.(12) . Слава на Отца и Сина и Св Дух сега секогаш и во сите векови, Амин.

Пријдете да Му се покл: на царот, нашиот Бог, Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред Христа Царот и нашиот Бог . Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред самиот Христос, нашиот цар и Бог

Тебе Војвотке која се бориш за нас, Победоносна, ние твоите слуги откако се избавивме од зло, ти принесуваме победна и благодарна песна Богородице. Бидејќи имаш сила непобедлива ослободи не од секакви опасности за да ти пееме, Радувај се Невесто Неневесна.  Богородице дева радувај се благодатна Марија, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба зашто си го родила спасителот на нашите души.  Тивка Светлина на светата Слава од бесмртниот Отец, небесниот светиот и блажениот Исус Христос, одкако зајде сонцето ја видовме вечерната светлина, му пееме на Отца и Сина и Св Дух, Бог. Достоен си во сите времиња да бидеш пеен од гласовите на светите, Сине Божји кој живот даваш, затоа светот те слави.

Вратите на милосрдието отвори ни ги Благословена Богородице ние кои се надеваме во тебе да не погинеме но да се избавиме преку тебе од беди зашто ти си спасение на Христијанскиот род.

Достојно е навистина да те ублажуваме Богородице секогаш блажена и пренепорочна и мајка на нашиот Бог, почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, нераспадливо Бог Словото што го роди, вистинска Богородице, тебе ние те величаме.

Ние кои херувимите таинствено ги претставуваме и на животворната троица трисвета песна и пееме, сега секоја животна грижа да оставиме за да го примиме царот на сите кого Ангелските чинови невидливо го внесуваат со голема слава.

Свети се свети се нов Јерусалим зашто славата Господова на тебе блесна. Ликувај сега и веселисе Сион, а ти чиста, весели се Богородице за воскресението на твојот Род. О Пасхо, голема и најсветла, Христе. О Мудрост и Слово Божјо и Сила. Дај ни вечно да се причестуваме со тебе во незалезниот ден на твоето царство.

Раѓањето Твое Христе Боже наш го озари светот со светлина на вистината, оние кои на ѕвездите им служеа од ѕвездата научени беа Тебе да Ти се поклонуваат кој си Сонце на правдата и да те познаваат Тебе, Почеток од висините, Господе, слава Ти.

Спаси не Сине Божји кој воскресна од мртвите. Единороден Сине и слово Божјо, ти си бесмртен и си изволил заради нашето спасение да се воплотиш од Св Богородица и секогаш дева Марија, неизменливо си се вочовечил, се распна Христе Боже и со смрт смртта ја уништи. Еден си од Св Троица сопрославуван со Отца и Св Дух, спаси не.

Пријдете да се поклониме и да паднеме пред Христа. Спаси не Сине Божји, кој си прекрасен во Светиите, кој воскресна од мртвите, нас кои ти пееме Алилуја.

Тебе ти пееме, тебе те благословуваме, тебе ти благодариме Господи, и ти се молиме Боже наш.  Видовме вистинска светлина, го примивме духот небесен, најдовме вера вистинска, на неразделната Троица и се поклонуваме зашто она не спаси нас.

Да се исполнат нашите усти со пофалба кон тебе Господи за да ја пееме твојата слава зашто не удостои да се причестиме со твоите свети боженствени бесмртни и животворни тајни. Сочувај не во твојата светиња цел ден да се поучуваме во твојата правда, Алилуја.

Достојно и праведно е да ти пееме да те благословуваме, да те фалиме, тебе да ти благодариме, да ти се поклонуваме на секое место од твоето владеење, зашто ти си Бог неискажлив несфатлив невидлив недофатлив, секогаш си ист, ти и единородниот Син и Св Дух. Ти од небитие во битие не воведе и кога отпаднавме пак не подигна и направи се, додека на небото не воведе, и твоето идно царство ни го даде.

 Молитви за различни прилики 

† Благодарствена Молитва Господе Исусе Христе, Боже наш, Боже на секое милосрдие и добрини! Твојата милост е безгранична а човекољубието неизмерно. Со благовение и љубов, како недостојни слуги, смирено Ти принесуваме благодарност, Тебе добросрдечниот, за добрините што ни ги правиш. Те славиме, Те воспеваме и Те величаме како наш Господ, Владика и Добротвор, и коленичејќи пред Тебе, Ти благодарам за Твоето безмерно и неискажливо милосрдие. Смирено Ти се молам Милосрден Господе како што сега благоволи да ги исполниш молбите на нас Твоите раби, така и понатака сподоби не да ги добиваме сите Твои дарови, да преуспеваме во љубовта кон Тебе, кон ближните и кон секоја добродетел. Избавувај ја, милостив Боже, Твојата света Црква од секое зло, и откако ќе ни даруваш мир и спокој, удостој не да Ти принесуваме благодарност, Тебе, на Твојот беспочетен Отец и на пресветиот, благиот и животворен Твој Дух Бог прославуван во едно суштество, секогаш да зборуваме за твоите големи добрини и да те воспеваме. Слава Ти Тебе, наш благодателу, во век и веков! Амин! Ние, Твоите недостојни слуги, Господе, откако незаслужно примивме милости и дарови од Тебе, се преисполнивме со благодарност за Твоите добрини спрема нас. Затоа, Владико, притекнуваме кон Тебе и Ти ја принесуваме нашата благодарност од срце. Кога Те прославуваме, ние Те фалиме, Ти благодариме и ја величаме Твојата доброта и со љубов Ти викаме: Слава Ти, Семилостив Благодателу и Спасителу, Боже наш во век и веков! Амин! Татко семоќен и предвечен Боже од кого доаѓа секоја дар и секое благо, ти благодарам за сите твои дарови коишто изобилно си ги излил врз мене грешниот и недостоен твој слуга и усрдно ти се молам: како што сега ја послуша мојата молитва и го покажа твоето човекољубие, така и секогаш исполнувај ми ги моите добри желби и јавувај ми ја твојата богата милост. Зашто Ти си милосрден и човекољубив Бог, и затоа слава ти оддаваме Тебе, на Отца и Сина и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови. Амин.

† Молитва за мир во домот Боже на  љубовта, Боже на мирот и долготрпението, помогни ни да живееме во овој дом секогаш во мир, во слога и љубов. Засилувај го нашето трпение, зашто Ти Господе, си долготрпелив кон нас грешниците. Скротувај не со благост кога сме гневни, не  дозволувај му на злото да влезе длабоко во нас, да ги помрачи нашите души и да не раздели. Ти се опростувааш, помогни ни и нам да бидеме готови да простиме и да се смириме. Отстрани ги со Твојата силна десница причините на неразбирањето и кавгите и всади го во нашите срца духот на кротоста и љубовта, за да бидеме чеда на семејство од Тебе благословено и да напредуваме во секакво добро за Твоја прослава, на Отца и Сина и Светиот Дух.

† Вечерна молитва Вечен Бог и Цар на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја, Господе, мојата несреќна душа од секаква телесна и духовна нечистотија. Дај ми Господе, во оваа ноќ да имам спокоен сон, та кога ќе станам од мојата грешна постела, да му угодувам на Твоето пресвето име во сите дни на мојот живот и да ги победувам телесните и духовните непријатели што ме напаѓаат. Господе, избави ме од лоши помисли што ме осквернуваат и од грешни желби, зашто Твое е царството, силата, и славата на Отца и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

†  Мојсеј: Стани Господи, за да се растурат Твоите непријатели, и да избегаат од Твоето лице оние, што те мразат

†  Благослов за народот на Арон и Свештениците Да те благослови Бог и да те чува, да погледа милозливо кон тебе. Господ со Светлото свое лице на тебе и да те помилува. Да го Сврти Господ лицето свое и да ти даде мир

* Во Тага – Кон Св Наум Светител Отче наш Наум, покриј ги нашите слабости и излекувај ги нашите болки со твоите молитви. Ти се молам за слугата божји кој страда од слабост и тешка болест. Ако е врзан поради свој грев или грев на неговите родители, или грев на роднините свој и ако поради грев го снајде оваа болест, ти посредувај, о Ангелоподобен Светител пред престолот на Господа, кој те прославил да му го прости гревот и од болеста да го исцели. Ако оваа болест е со Божја дозвола според светиот збор Божји: кого Господ го љуби, него и го кара, го бие секој син кого го прима, тогаш ти умилно моли го семилостивиот и сежалостивиот Бог да се смилува на овој слуга свој и да не допушти надчовечки страдања, зашто луѓето се тело и ништожни, и ние не можеме да совладаме ниедно страдање без благодатта божја што ни дава сила. Светител наш Наум, слушни не брзо и исцели го слугата Божји со твоите свети молитви, за да не речат неверниците каде е неговиот Бог. О Свети и Преподобни Очте Науме, покажи ја силата што ти е дадена од семоќниот Бог Господ и на овој слуга како што си ја покажувал и до сега на безброј болни и слаби и на оние кои со вера и покајание и молитви доаѓаат на твојот чесен гроб. Исцели ја и оздрави ја душата и телото, изгони го и исфрли го пакосникот на човечките тела, засили го неговото тело со здравје и сила за да има во што да се подвизува и кае неговата душа и да се подготвува за царството небесно. Тргни ја од него предвемената смрт, за да му угодува на Бог со добри дела и да најде милост пред Бог на страшниот суд Божји. Помоли се о преславен Наум чудотворец за својот слуга, Господ да му ги прости сите гревови волни и неволни и да го очисти со Св Дух од секоја нечистотија со твоите свети молитви, Отче Науме, за и тој да ја прослави Света Троица која те прославила, Отца и Сина и Св ….

† Молитва кон Пресвета Богородица Пресвета Дево, мајко на Севишниот Господ, семилостива заштитнице и покровителка на сите кои со вера ти приоѓаат. Погледни на мене од висините на твојата небесна Слава, послушај ја мојата смирена молитва и принеси му ја на твојот сакан Син. О преблагословена Богородице, ти си скоропослушница на сите и радост на напатените. Послушај ме и мене нажалениот. Ти ги смируваш тагите, смири ги и моите жалости и излекувај ги моите духовни и телесни болести. На тебе после Бога ја полагам сета моја надеж, биди ми закрилница и силна застапница пред твојот Син, Господ наш Исус Христос. Засили ја мојата вера во него. Утврди ме во неговата Љубов и научиме да те сакам и да та прославувам, Пресвета Мајко Божја, Богородице Марие. Се засолнувам под твојот Свет Покров пречиста Богородице закрилувај ме, Амин. Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси му ја нашата молитва на твојот Син и наш Бог, за преку тебе да ги спаси нашите души. Надеж ми е Отецотто, засолниште Синот, а покров ми е Светиот Дух, Троице Света, Слава ти. Целата моја надеж ја полагам во Тебе, Мајко Божја, заштити ме под твојот покров. Владико многумилослив, Господе Исусе Христе, Боже наш, по молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, преку силата на чесниот и животворен крст, преку застапништвото на чесните небески сили, на чесниот, славен пророк, Претеча и Крстител Јован, на Светите Славни и Добропобедни Маченици, на Преподобните и Богоносни Отци наши, на Светите Праведни Богоотци Јоаким и Ана и на сите Светии, направи ја благопријатна нашата Молитва, дарувајни прошка на нашите прегрешенија, одстрани од нас секаков непријател и противник, смири го животот наш, Господе, помилувај не нас и твојот свет, и спаси ги нашите души зашто си благ и човекољубив.

† Молитва за благослов на домот Семилостив Боже, благослови го нашиот дом и Твојата силна рака да биде над сите што живеат во него. Испрати ни ангел чувар! Чувај не од несреќи, земјотреси, оган, поплави, од болести, од непријателски напади и од секое зло. Не дозволувај во нашиот дом да влезе лукав и нечист дух, што се осквернавува и ги расипува добрите взаемни односи, кој внесува непокорност и безгрижност кон Твојот свет закон, внесува раздори и кавги и ги одзема мирот и љубовта. Помогни ни да напредуваме во добродетелен живот и силна вера, нашите души да се приближат со чист и светол живот до Тебе, та да дојдеш Ти, Господе, кај нас и да живееш во нашиот дом, да  царуваш во него, во нашите души и срца, да владееш со нашите мисли, чувства и желби. Ослободи не од непотребни грижи и освети ги нашите радости. Засили не кога сме слаби и тажни. Ако си со нас во тешките часови на тага и мака, на колебливост и исплашеност, тогаш нашите страданија и солзи се полесни, поподносливи. Исцели ги нашите болки и душевни рани, зашто само Ти ги гледаш и само Ти можеш да ни помогнеш. Преблаг Господе, не оставај не никогаш сами, за да не дојде кај нас непријателот на нашето спасение и да не погуби. Амин

* Во Тага – Кон Небесниот Отец Татко наш небесен, предобар Боже, послушај ја мојата молитва што ти ја принесувам со солзи. Дај му на болниот здравје и сила. Ти знаеш колку многу страдам, колку ми е натажено срцето. Не оставај ме, Боже, помилуј ме преблаг небесен Татко, со твојата нежна рака и влеј радост во моето срце. Секогаш ќе ти бидам благодарен, ќе ти се молам и ќе ја исполнувам твојата света волја. Амин. Владико, Седржителу, ти си лекар на нашите души и тела, зашто во тебе е животот и ти го даруваш според твојата неискажлива благодат. Погледни од височината на твоето пресветло живеалиште, послушај ја мојата смирена молитва и смилувај се на болниот кој многу страда и се измачува од болест. Ти ги гледаш неговите страдања, а ја гледаш и мојата тага. Смилувај се и излекувај го со твојата силна десница и дарувај му здравје. Утеши не и нас кои со љубов и голема тага ти се молиме. биди милостив, зарадувај не со твојата добрина, излекувај го, а ние ќе те прославуваме во сите денови на нашиот живот, Амин.  Владико Седржител, Свет Цар, кој накажуваш но не умртвуваш, им даваш сила на тие кои паѓаат ниско, ги изведуваш пропаднатите и ги исправуваш телесните невољи на луѓето. Ти се молам Боже наш, посети го со твојата милост твојот слуга кои што боледува и прости му ги сите намерни и ненамерни гревови. О, Господе испрати ја од небото својата исцелителна сила, допри се до неговото тело и угасни го огинот, сопри го страданието и секоја болест што се крие во него и биди лекар на твојот слуга, подигни го од постелата и исправи го цел од леглото на злостраданието и подари му го на твојата Света Црква да ти благоугодува и да ја исполнува твојата Света Воља, зашто во твоја власт е да милуваш и спасуваш Боже наш, и затоа те прославуваме Тебе, Отца и Сина и Светиот Дух, сега:

† Пред вечера ќе јадат сиромасите и ќе се наситат, и ќе го прослават Господа оние што го бараат, нивните срца ќе живеат во вечни векови Амин

† По вечерата Господе, ти не развесели со твоите созданија. Се радуваме на делата од твоите раце. Господе, се покажа светлината на твоето лице и на нас. Ти го развесели моето срце повеќе од колку што ќе се развеселеше од пченица, вино и елеј. Во мир ќе заспијам и ќе се успокојам, зашто ти си со мене, Господе, моја единствена надеж.

† Пред ручек Господе Исусе Христе, Боже наш, благослови ни го јадењето и пиењето нам, на твоите чеда и умножи го во овој дом по молитвите на твојата пречиста мајка и на сите твој светии. Амин.

† По ручекот Ти благодариме, Христе, Боже наш, што не насити со твоите земни блага. Не лишувај не од твоето небеско царство, но како што си дошол меѓу твоите ученици, давајќи им го твојот мир, така дојди и кај нас и спаси не

† При патување Господе, Исусе Христе, Боже наш, кој си дошол на земјата за да ни го покажеш патот на Вистината и да не воведеш во царството на твојот небесен живот, благослови ме и биди со мене за сето време на моето патување. Твојата силна и спасоносна рака да ми биде на помош за да можам радосен, со вера и надеж на твојата Љубов да стасам таму каде што сум намислил. Ти се молам, преблаг Господе, да ми го испратиш твојот Ангел чувар. Тој да патува заедно со мене и да ме чува. Одстрани ги од мене сите пречки, несреќи и искушенија. Испрати ми добри другари, мирни среќавања, за да можам за сето време на моето патување и во целиот свој живот да те прославувам тебе, мојот Спасител и Бог, Амин.

† Молитва пред почеток на секоја работа Господе Исусе Христе, Сине Единороден на безпочетниот твој Отец, ти си рекол со твојата пречиста уста: без мене не можете да направите ништо. Господе мој, со вера го примам ова што си го рекол. Ти се молам, помогни ми започнатото дело успешно да го завршам, во името на Отца, Сина и Светиот Дух, Амин

† По завршувањето на секоја работа Христе мој, ти си исполнување на сите мој желби, исполни ја со радост и веселба мојата душа и спаси ме зошто си многу милостив

† За своите родители Колку сум радосен Господе, кога се обрнувам кон тебе и те молам за моите родители. Тие постојано се грижат за мене. Се трудат и со голема Љубов настојуваат да ме сочуваат од несреќа, болест и од секое зло. Тие секогаш имаат желба да ми биде добро и сакаат да бидам здрав, да станам добар и умен човек. Награди ги, Господе, со твојот Благослов, за сите добрини и за нивната Љубов кон мене. Дај им здравје и успех, чувај ги од несреќа, помагај им преку целиот живот да бидат среќни. Не лишувај ги од твојата помош и секогаш биди над нив. Помагај ми и мене да ги сакам, да им бидам послушен, да ги извршвуам нивните добри совети, со ништо да не ги огорчувам и да им бидам утеха и радост. Ова ќе биде за нив најсаканата награда за сите нивни грижи, неспокојства и труд околу мене. Ти се молам од се срце, дај им ја оваа награда. Послушај ја, Господе, мојата искрена молитва и исполниго нашиот дом со радост, зашто од тебе чекаме секое добро и тебе те прославуваме како наш Небесен Отец, Амин. Боже мој, примиги сите мој пријатели во твојата верна и љубезна заштита. Чувај ги верни, чесни и чисти, зацврсти ги во својата Љубов. Дај им сила, совесност и истрајност во доброто, прими не сите нас во небесните живеалишта и во твоето срце, Амин

† При влегување во Храм Се зарадував кога ми рекоа: Да појдеме во домот на Господа. Господе, по твојата голема милост ќе влезам во домот твој и ке се поклонам пред тебе со страв во твојот свет Храм. Господе, води ме кон твојата правда, направи го мојот пат пред тебе прав заради моите непријатели, та без пречки да те прославувам тебе, единствено Божество – Отца и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови, Амин

† Пред учење Милостив Боже, ти си вечната премудрост и изворот на Духовната Светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на твојот Свет Дух, за да се просвети мојот ум и моето срце и да биде одстранета од мене секаква духовна мрзливост. Со твојата благодатна помош полесно ке го усвојувам полезното знаење, ке го разбирам учењето, ке бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности. Нека мојата душа биде секогаш отворена за добрата наука и за вистинското знаење. Со нив да го збогатам мојот ум, да го облагородам моето срце, да те познавам тебе – Вистинската Мудрост и добрина, и да им послужам на блиските и на народот мој, Амин

† Симбол на верата ** Никејско – Константинополски † Верувам во единиот Бог Отец Седржител, творец на небото и на земјата, на се видливо и невидливо. И во едниот Господ Исус Христос, Син БожјиЕдинороден кој од Отца е роден пред сите векови. Светлина од Светлина, Бог вистински од Бог вистински, роден нестворен, едносуштен на Отца преку кого се станало. Кој за нас луѓето и за нашето спасение, слезе од небото и се воплоти од Св Дух и Марија Дева, и стана Човек. И беше распнат заради нас во времето на Понтие Пилат и страдаше и беше погребан. И воскресна во третиот ден според писмото. И се вознесе на небесата и седна оддесно на Отца. И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и на царството негово нема да има крај. И во Св Дух Господ кој дава живот, кој од Отца произлегува, и заедно со Отца и Сина му се поклонуваме и го славиме, кој говорел преку пророците. И во една Света Соборна и Апостолска Црква. Исповедам едноКрштевање за простување на гревовите. Го чекам Воскресението на мртвите и животот во идниот век, Амин.

МОЛИТВА ЗА ВЛАДЕЕЊЕ СО СЕБЕ (Кој да ми даде стража за устата моја и печат на разумот врз усните мои, та да не паднам поради нив и јазикот мој да не ме погуби / Господи, Оче небесни и Господаре на мојот живот не оставај ме на нивната волја, не оставај поради нив да пропаднам / Кој ќе ми биде камшик на моите мисли и на срцето мое – учител за мудрост, та да биде немилосрден спрема моите постапки и да нема милост кон нивните заблуди; / та гревовите мои да не се намножуваат, и заблудите мои да не станат многу, та да паднам пред моите противници и да се радуваат моите непријатели. / Господи, Оче и Боже на животот мој, не давај очите мои да возгордеат, / отстрани ги од мене сите грешни желби / Желбите на стомакот и на сладострастите да не надвладеат над мене, на душа бесрамна не предавај ме) – Мудрост Сирахова.

МОЛИТВА ЗА БЛАГОСЛОВ (И денес, благословувајте Го Бога сите, Кој насекаде големи чуда прави, Кој ги продолжува нашите денови уште од утробата и со нас постапува според Својата милост / Тој нека ни даде весело срце и во деновите наши мир да ни подари во Израел од век до век. / Милоста Негова секогаш да биде со нас и навреме да нè избави!) – Мудрост Сирахова.

ПОТРАГА ПО МУДРОСТА (Уште како момче, пред да почнам да патувам, во молитвата моја отворена мудрост барав; / пред храмот се молев за неа и докрај ќе ја барам, како од цутот на грозјето до неговото узревање, / така срцето мое се радува од неа; мојата нога по прав пат тргна, уште од младини по неа одам / Го наведнував по малку увото и неа ја примав; во неа наоѓав многу поуки за себе/ Напредував во неа. / Ќе го прославувам оној, Кој ми ја дарува мудроста. / Одлучив да одам по неа; го следев доброто и нема да се посрамам. / Душата моја неја ја бараше, а во делата мои бев исправен. / Рацете мои ги подигнав кон висините и ја осознавав својата неукост. / Кон неа душата моја ја управив и од самиот почеток ѝ го предадов срцето свое, / и со чистота ја достигнав; затоа нема да бидам оставен од неа. / Внатрешноста моја се подигна неа да ја бара; затоа придобив вредно богатство. / За награда Гсспод јазик ми даде; со него ќе Го прославувам. / Дојдете кај мене, вие ненаучените, во училиштето мое бидете. / Зашто вам мудроста ви е потребна, душите ваши силно жеднеат за неа. / Ја отворам устата своја и ви велам: „Купувајте ја без пари;” / ставете го вратот свој во јаремот нејзин и душата ваша нека го прима ова учење; него можете близу да го најдете./ Ете, со ваши очи гледате: јас малку се потрудив и голем спокој најдов. / Придобивајте знаење колку за големо количество сребро, а со тоа ќе добиете богатство поголемо од злато. / Нека се радува душата ваша за Неговата милост; и не срамете се да Го прославувате. / Свршувајте ја работата своја навреме, и Тој навреме ќе ви ја даде вашата награда.) – Мудрост Сирахова.

******************************

МОЛИТВИ ПРЕД СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

Наутро, по читањето на утринските молитви, пред светата Причест се читаат и овие молитви:

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!

По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нè. Амин!

Слава Ти, Боже наш, слава Ти!

Цару Небесен, Утешителу, Духу на Вистината, Кој Си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на блага и на живот подателу, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија, и спаси ги, Благи, душите наши.

Свети Боже, Свети Силни, Свети Бесмртни, помилуј нè! (Три пати).

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, И сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Пресвета Троице, помилуј нè! Господи, очисти ги гревовите наши! Владико, прости ни ги беззаконијата наши! Свети, посети нè и исцели ги нашите немоќи заради Твоето име!

Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј!

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, И сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата! Лебот наш насушен дај ни го денес! И прости ни ги долговите наши, како што им проштеваме и ние на нашите должници! И не нè воведи во искушение, но избави нè од лукавиот!

Господи помилуј! (12 пати)

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, И сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Дојдете да Му се поклониме на Царот, нашиот Бог.

Дојдете да Му се поклониме и да припаднеме кон Христа, Царот нашиот Бог,

Дојдете да Му се поклониме и да припаднеме кон Самиот Христос, Царот и Бог наш.

ПСАЛМ 22

Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува, Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тивки води, ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое. Кога би тргнал и по долината на смртна сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат. Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои, си ја помазал главата моја со елеј; и чашата Твоја ме напојува со блаженство. И милоста Твоја, така да ме придружува преку сите денови на мојот живот, и јас ќе претстојувам во домот Господов многу дни.

ПСАЛМ 23

Господова е земјата и она што ја исполнува, вселената и сè што живее на неа, зашто Он ја основа врз морињата, и на реки ја утврди. Кој може да излезе на гората Господова и Кој ќе застане на Неговото свето место? Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не се колнел во душата своја напразно и не го спомнувал лажно името Господово пред ближниот свој, – тој ќе добие благослов од Господа и милост од Бога, Својот Спасител. Таков е родот на оние што го бараат Господа, кои го бараат Бога Јаковов! Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе Царот на славата! Кој е Тој Цар на славата? – Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ. Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се вечни порти, и ќе влезе Царот на славата! Кој е Царот на славата? – Господ над војските – Он е Цар на славата!

ПСАЛМ 115

Поверував и затоа реков: во голема мака сум. Во мојата необмисленост си реков: секој човек е лажливец. Што да му дадам на Господа за сите Негови добрини што ми ги направи мене? Ќе земам чаша на спасение и името на Господа ќе го повикам. Заветите ќе му ги упатам на Господа пред сиот Негов народ. Скапа е во очите на Господа смртта на Неговите светии. О, Господи, јас сум слуга Твој, јас сум слуга Твој и син на Твојата слугинка. Ти ги скрши моите окови. Тебе ќе Ти принесам благодарствена жртва; ќе ги исполнам заветите мои на Господа пред сиот Негов народ. Во предворјето на домот Господов, пред Тебе, Ерусалиме!

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, И сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Алилуја! Алилуја! Алилуја! Слава Ти, Боже! (3 пати) и три поклони.

Потоа прочитај ги овие

ТРОПАРИ

Господи, прости ми ги моите беззаконија, Ти, Кој си се родил од Дева и очисти го моето срце, правејќи го храм на Твоето пречисто Тело и Крв; не ме отфрлај од Твоето Лице, Ти, Кој имаш безмерно голема милост.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Како ќе се осмелам, јас недостојниот, да се причестам со Твоите свети Тајни? Зашто, ако се осмелам да пристапам кон Тебе заедно со достојните, облеката ќе ме изобличи; таа не е свечена и ќе си навлечам осуда врз мојата многугрешна душа. Господи, очисти ја нечистотијата на мојата душа и, како Човекољубив, спаси ме.

И сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Големо е множеството на моите прегрешенија, Богородице; кон Тебе прибегнувам, Чиста, барајќи спасение. Посети ја мојата болна душа и моли Го Твојот Син и наш Бог да ми ги прости лошотиите што ги направив, единствена Благословена.

(Во текот на светата и велика Четириесетница се говри и овој тропар).

Кога славните ученици за време на Вечерата со миењето се просветуваа, тогаш безбожниот Јуда, боледувајќи од среброљубие се помрачуваше, и Тебе, праведниот Судија, Те предаваше на неправедните судии. Љубителу на пари, погледни го оној, кој заради тоа се обесил; бегај од ненаситната душа која се осмелила така да постапи со Учителот. Кон сите добар, Господи, слава Ти!

Потоа,

Господи помилуј! (40 пати).

И поклони онолку, колку што сакаш.

Потоа,

ПСАЛМ 50   

Помилуј ме, Боже, според Твојата голема милост, и според множеството на штедроста Твоја очисти ме од моето беззаконие. Најнапред измиј ме од моето беззаконие, и од гревот мој очисти ме. Зашто јас го знам моето беззаконие и гревот мој е секогаш пред мене. Пред Тебе единствениот згрешив и зло пред Тебе сторив за да се оправдаш во зборовите Свои и да победиш кога ќе судиш. Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка. Ете, вистината Си ја возљубил, и надумната и тајна премудрост Твоја Си ми ја јавил. Пороси ме со исоп и ќе се очистам, измиј ме и побел од снег ќе бидам. Дај ми да слушам радост и веселба за да се зарадуваат коските скрушени. Одврати го лицето Твое од моите гревови и сите мои беззаконија избриши ги. Срце чисто соѕидај во мене, Боже, и дух вистински обнови во утробата моја. Не отфрлај ме од лицето Твое, и Духот Твој Свет не одземај го од мене. Дај ми ја радоста на спасението Твое, и со Дух Владичествен утврди ме. Ќе ги научам беззакониците на Твоите патишта и нечестивите кон Тебе ќе се обратат. Избави ме од крв, Боже, Боже на моето спасение, ќе се зарадува јазикот мој на правдата Твоја. Господи, усните мои отвори ги и устата моја ќе ја објавува пофалбата Твоја. Зашто да сакаше жртва ќе Ти ја принесев; сепаленици не благоволиш. Жртва за Бога е духот скрушен, срцето скрушено и смирено Бог не ќе го презре. По благоволението Свое, Господи, чини му добро на Сион и нека се возвишат ѕидините ерусалимски. Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, приносите и сепалениците; тогаш на Твојот олтар ќе се полагаат телци.

Потоа овие тропари,

Помилуј нè, Господи, помилуј нè. Не наоѓаме никакво оправдување ние грешните, но како на Владика Ти ја принесуваме оваа молитва: помилуј нè!

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Господи, помилуј нè, на Тебе се надеваме. Не гневи се многу на нас и не спомнувај ги нашите беззаконија, туку и сега милостиво погледни и избави нè од нашите непријатели. Зашто Ти си Нашиот Бог, а ние сме Твои луѓе. Сите сме дела на Твоите раце и кон Тебе се обрнуваме.

И сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Вратите на милосрдието отвори ни ги, благословена Богородице, на Тебе се надеваме, да не загинеме, но преку Тебе да се избавиме од беди, зашто Ти си спасение на христијанскиот род.

Потоа,

Господи помилуј! (40 пати)

И поклони колку што сакаш.

Веднаш потоа читај ги овие стихови:

Човеку, сакајќи да го јадеш Телото Господово, пристапи со страв, за да не се изгориш, зашто е оган!

Пиејќи ја, пак, Божествената Крв заради заедница со Него, најнапред смири се со оние, кои ти направиле нешто жално. Потоа смело јади го Таинственото јадење.

Пред причестувањето со страшната жртва на животворното Тело Господово, помоли се со трепет на овој начин.

МОЛИТВА ПРВА

(од свети Василиј Велики)

Владико, Господи Исусе Христе, Боже наш, Извору на животот и бесмртноста, создателу на сите видливи и невидливи творби, Ти, заради Твојата голема добрина, се облече во тело, беше распнат и погребен за нас, неблагодарните и грешните и со Твојата света крв ја обнови нашата, од гревот падната, природа. Бесмртен Цару, прими го покајанието од мене грешниот, наклони го Твоето уво кон мене и чуј ги моите зборови. Згрешив, Господи, згрешив против небото и пред Тебе и не сум достоен да ја погледнам големината на Твојата слава: зашто ја разгневив Твојата благост, прекршувајќи ги Твоите повелби. Но Ти, Господи, Ти си незлобив, долготрпелив и многумилостив, не си ме оставил да загинам со моите беззаконија, но на секој начин го чекаш моето обраќање. Ти си рекол, Човекољубив, преку Твојот пророк: „Не ја сакам смртта на грешникот, туку сакам да се обрне и да остане жив“. Не сакаш, Владико, да ги погубиш созданијата на Твоите раце; не ја сакаш пропаста на човекот, туку сакаш сите да се спасат и да дојдат до познавање на вистината. Затоа и јас, макар недостоен за небото и за земјата, како и за овој привремен живот, бидејќи наполно му се потчинив на гревот, сум заробен од насладите, го осквернив Твојот образ, но бидејќи сум Твое создание, се надевам дека ќе ме спасиш и со таа надеж пристапувам кон Тебе. Доаѓам при тебе, зашто се надевам на Твоето милосрдие. Човекољубив Господи, прими ме како блудницата и разбојникот, како митарот и блудниот син и симни го од мене тешкиот товар на гревовите. Ти ги земаш врз себе гревовите на светот и ги лекуваш човечките слабости. Ти ги викаш изморените и оптоварените, зашто дојде во светот да ги повикаш, не праведниците, туку грешниците на покајание. Очисти ме од секаква скверност на телото и на духот и научи ме да го извршувам она што е свето, а од почит кон Тебе, та примајќи дел од Твоите свети тајни, со чисто сведоштво на мојата совест, да се соединам со Твоето свето Тело и со Твојата Крв, да Те имам во себе, да живееш во мене со Отецот и со Светиот Дух. О, Господи Исусе Христе, Боже мој, да не ми биде за осуда причестувањето со Твоите пречисти и животворни тајни; да не биде ова за болест на душата и на телото, зашто недостојно се причестувам. Но дај ми дури до крајот на мојот живот неосудено да ги примам Твоите свети тајни – за соединување со светиот Дух, за поткрепа по патот кон вечноста и за добар одговор на Твојот страшен суд, та и јас со сите Твои избраници да станам учесник на Твоите вечни блага што си ги подготвил за оние што Те љубат, Господи, и меѓу кои си прославуван во сите векови. Амин!

МОЛИТВА ВТОРА

(од свети Јован Златоуст)

Господи, Боже мој, знам дека не сум достоен да влезеш под покривот од домот на мојата душа, зашто целиот е пуст, паднат и нема место во мене каде глава да потслониш. Но Ти, заради нас, слезе од висините и се понизи; снижи се и сега кон моето смирение. Како што се согласи да легнеш во пештерата, во јаслите на бесловесните животни, така влези во мене, и во јаслите на мојата бесловесна душа и на моето осквернето тело. Како што не сметаше дека е недостојно да влезеш и да вечераш заедно со грешници во домот на Симона Прокажени, така благоволи да влезеш и во домот на мојата смирена, прокажена и грешна душа. Ти не ја отфрли блудницата грешна, слична на мене, кога дојде и се допре до Тебе; така смилувај се и на мене грешниот, бидејќи доаѓам при Тебе и се допирам до Тебе. Ти не се згнаси од нејзината нечиста уста кога ги бакнуваше Твоите нозе, така не гнаси се и од мојата осквернета уста и од мојот нечист јазик, но жарта на Твоето пресвето Тело и на Твојата драгоцена Крв да ми биде за осветување, просветување и за здравје на мојата смирена душа и на моето тело, за олеснување на тежината на моите многубројни согрешенија, за запазување од секакво ѓаволско искушение, за прогонување и ослободување од секаква лоша и грешна навика, за умртвување на страстите, за придобивање на Твојата света благодат и на Твоето царство. Пристапувам кон тебе, Христе Боже, зашто се надевам на Твојата неискажлива благост и, отстранувајќи се за подолго време од соединување со Тебе, да не бидам грабнат од духовниот ѕвер – сатаната. Затоа Ти се молам, само Ти си свет, Владико, освети ја мојата душа, освети го телото, умот исрцето мое, и сè што е во мене – обнови ме целиот. Вкорени страв пред Тебе во моето битие и помогни ми Твојата светост да не биде одземена од мене. Биди ми помошник и застапник. Насочувај го кон мир животот мој и удостој ме да застанам од Твојата десна страна, заедно со Твоите светии, по молитвите и молбите на Твојата Пречиста Мајка, на Твоите бестелесни служители и прчисти небесни сили и на сите светии кои од секогаш Ти благоугодувале. Амин!

МОЛИТВА ТРЕТА

(од свети Симеон Метафраст)

Господи, Ти си единствен чист и нетленен. Ти, зарди нас и од неискажлива човекољубива милост, си примил човечко тело од Твојата Мајка, која Те родила натприродно преку осенувањето на Божјиот Дух и благоволението на вечниот Отец; Христе Исусе, Ти си Божја премудрост, Ти си мир и сила; со Твоето воплотување, откако ги прими животворните и спасителните страдања: крстот, клинците, копјето и смртта, умртви ги моите душегубни и телесни страсти. Со погребението си го пленил царството на пеколот; преку добри помисли закопај ги моите лоши намери и уништи ги духовите на лукавството. Со Твоето тридневно и живоносно воскресение, откако го воскресна паднатиот праотец, воскресни ме и мене, паднатиот од грев, давајќи ми начини за покајание. Со Твоето преславно вознесение го обожи телото што го прими и го удостои да седи оддесно на Отца; удостој ме и мене, преку светата Причест со Твоите свети тајни, да застанам од Твојата десна страна – кај спасените. Со слегувањето на Утешителот  – Твојот Дух, откако ги направи Твоите ученици драгоцени садови, направи ме и мене достоен дом за Неговото слегување. Кога ќе дојдеш праведно да ѝ судиш на вселената, благоволи и јас да Те пречекам Тебе на облаците, мојот Судија и Создател, со сите Твои светии, та бескрајно да Те славословам и воспевам со Беспочетниот Твој Отец и Пресветиот, Благиот и Животворниот Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

МОЛИТВА ЧЕТВРТА

(од свети Јован Дамаскин)

Владико, Господи Боже наш, Ти единствен имаш власт да им ги проштеваш гревовите на луѓето; како Благ и Човекољубив, прости ми ги моите прегрешенија што сум ги направил свесно и несвесно. Удостој ме неосудено да се причестам со Твоите божествени, преславни, пречисти и животворни тајни, не за тежина, не за мака, не за придобивање на нови гревови, туку за очистување, како залог за идниот живот во Твоето Царство; за крепост и помош, за одбивање на непријателските сили и за отстранување на моите безбројни согрешенија. Зашто Ти си Бог на милоста, дарежливоста и човекољубието, Тебе Те прославуваме со Отца и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

МОЛИТВА ПЕТТА

(од свети Василиј Велики)

Знам, Господи, дека недостојно се причестувам со твоето пречисто Тело и со Твојата драгоцена Крв, знам дека сум виновен и дека го јадам и пијам своето осудување, бидејќи не размислувам за Твоето Тело и за Твојата Крв, Христе и Боже мој. Се надевам на Твоето милосрдие, доаѓам при Тебе, зашто си рекол: „Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, живее во Мене и Јас во него“. И така, смилувај се, Господи, и не изобличувај ме мене, грешниот, но направи ми по Твојата милост. Твоите свети тајни да ми бидат за исцеление, очистување и просветување, за запазување и за очистување на душата и на телото; за отстранување на секакво мечтаење, на лоши дела и ѓаволско влијание, кое дејствува невидливо во моето тело; да ми биде светата Причест за засилување на мојата љубов кон тебе, за поправање на мојот живот и за закрепнување и умножување на добродетелите; за совршенство, за исполнување на Твоите заповеди, за дејство на Светиот Дух во мене, за поткрепа на патот кон вечниот живот, за добар одговор на Твојот страшен суд, а не за суд и осудување. Амин!

МОЛИТВА ШЕСТА

(од свети Симеон Нов Богослов)

Прими го, Христе мој, молењето од нечистата уста, од осквернетото срце, од нечистиот јазик, од грешната душа и не ги презирај моите зборови, а дај ми да Ти кажам сè што сакам, Христе мој. Но уште повеќе, научи ме што треба да правам и што да зборувам. Згрешив повеќе од блудницата, која, кога разбра каде си, купи миро и смело дојде при Тебе, Христе мој и Боже мој, да Ти ги помаже нозете. Ти не си ја отфрлил неа што дошла при Тебе искрено, па не отфрлај ме и не гнаси се и од мене. Слово Божјо, дај ми ги нозете да ги целивам и со потоци солзи, како со скапоцено миро, да ги помажам. Измиј ме со моите солзи и очисти ме со нив. Прости ми ги прегрешенијата. Ти знаеш дека имам многу гревови, ги гледаш моите рани, но и верата моја и желбите ги знеш, како и воздишките ги слушаш. Не е скриена од Тебе, Боже мој, Создателу и Избавителу мој, ни солзната капка, па ниту делче од неа. Уште пред да сум направил нешто, тоа го виделе Твоите очи. Во Твојата книга се запишани уште и неизвршените дела. Погледни го моето смирение, види ја мојата мака и прости ми ги сите мои гревови, Боже на сите творенија, та со чисто срце, со растреперена мисла и со скрушена душа да се причестам со Твоите пречисти и пресвети Тајни, преку кои оживува и се обожува секој кој јаде и пие со чисто срце. Ти си рекол, Владико мој: “Секој што го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, живее во Мене и Ја сум во него”. Сосема е вистинско словото на мојот Владика и Бог. Ако се причестувам со божествените и оготворни Дарови, не сум веќе сам, но со Тебе, Христе мој, Трисолнечна Светлино, што го просветуваш светот. За да не останам сам без Тебе, Животодателу, мое дишење, мој живот, радост моја и спасние на светот – пристапив кон Тебе, како што гледаш, со солзи и со скрушена душа, молејќи се да ме избавиш од моите гревови, за да се причестам неосудено со Твоите животворни и пречисти Тајни, та да живееш, како што си рекол, со мене несреќниот и да не ме најде соблазнителниот без Твојата благодат, па безмилосно да ме зграпчи и, откако ќе ме соблазни, да ме оддалечи од Твоите боготворни зборови. Ете зошто паѓам пред Тебе и топло Ти се молам. Како што си го примил блудниот син и блудницата, милосрден Господи, прими ме и мене блудниот и нечистиот. Доаѓам сега при тебе со смирена душа, Спасителу, и знам дека никој друг не Ти згрешил како јас. Но и ова го знам, дека ни големината, ниту множеството на гревовите го надвишуваат Твоето бескрајно човекољубие. Ти со Твојата милост ги чистиш и ги осветлуваш и ги правиш учесници на светлината сите, кои искрено се каат и ги придружуваш кон твоето Божество. И, што е чудно за ангелите и човечките умови, многупати им зборуваш како на блиски пријатели. Ова ме осмелува, ме окрилува, Христе мој; охрабрен од Твоите богати добрини кон нас, со радост и трепет се допирам до огнот и, макар што сум трева – чудно, не изгорувам, но сум оросуван како некогаш капината што гореше и не изгоруваше. И сега, со благодарна мисла, со благодарно срце, со потполна благодарност на душата и на телото мое, се поклонувам, Те величам и Те славословувам, Боже мој, зашто си благословен сега и во сите векови. Амин!

МОЛИТВА СЕДМА

(од свети Јован Златоуст)

Боже, олесни, отпушти и прости ми ги прегрешенијата, што ги направив пред Тебе со зборови, со дело, со помисла, волно и неволно, свесно или несвесно – сè прости ми, зашто си благ и човекољубив. И, по молитвите на Твојата пречиста Мајка, на бестелесните Твои служители и свети сили и на сите светии, кои од вечност Ти угодиле, удостој ме да ги примам Твоето пречисто тело и Твојата драгоцена Крв, за исцеление на душата и на телото и за очистување на моите лоши помисли. Зашто Твое е Царството и Силата и Славата, со Отца и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

МОЛИТВА ОСМА

(од свети Јован Златоуст)

Господи Исусе Христе, не сум достоен да влезеш под покривот на мојата душа, но Ти, како Човекољубив, сакаш да живееш во мене и јас смело пристапувам. Заповедај да ги отворам вратите што Ти си ги направил со човекољубието, на тебе својствено, да влезеш во мене и да ја просветиш мојата помрачена душа и мисла. Верувам дека ќе го направиш тоа, зашто Ти не ја отфрли блудницата што дојде при Тебе со солзи; не го отфрли ни покајниот митник, ниту го изостави разбојникот што го познал Твоето Царство, но сите дојдени при тебе со покајание си ги приброил кон твоите пријатели. Само Ти единствен си благословен, сега и во бескрајни векови. Амин!

МОЛИТВА ДЕВЕТТА

(од свети Јован Златоуст)

Господи Исусе Христе, Боже мој, олесни, отпушти, очисти и прости ми ги, мене грешниот и недостоен Твој слуга, согрешенијата и гревовите што ги направив од младост до денешниот ден и час, што грешев свесно и несвесно, со зборови, дела и мисли и со сите мои сетила. По молитвите на Твојата пречиста Мајка и секогаш Дева Марија, Која е моја надеж, застапница и спасение, удостој ме да се причестам без осуда со пречистите, бесмртни, животворни и страшни Твои Тајни, за прошка на гревовите и за вечен живот; за осветување, просветување, сила, исцеление и здравје на душата и на телото, за ослободување од лоши мисли и помисли, ноќни занеси, под влијание на темните и лукавите духови. Зашто Твое е Царството, Силата и Славата, честа и поклонувањето со Отца и Светиот Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

МОЛИТВА ДЕСЕТТА

(од свети Јован Дамаскин)

Стојам пред дверите на Твојот храм и не отстапувам од страшните помисли, но Ти, Христе Боже, Кој си го оправдал митникот и си ја помилувал Хананејката, и си му ја отворил рајската врата на разбојникот, отвори ми го срцето на Твоето човекољубие, и прими ме мене, кој Ти приоѓам и се допирам до тебе, како лудницата и крвоточивата. Зашто оваа, допирајќи го крајот од Твојата риза, лесно доби исцелување, а онаа, држејќи ги Твоите пречисти нозе, стекна прошка на гревовите. а јас бедниот, кој се осмелувам да го примам сето твое Тело, да не бидам спален, туку прими ме како нив, и просвети ги сетилата на мојата душа, спалувајќи ги вините на мојот грев, по молитвите на Онаа, Која чудесно Те родила, и на небесните Сили, зашто си благословен низ векови. Амин!

МОЛИТВА ЕДИНАЕСЕТТА

(од свети Јован Златоуст)

Верувам, Господи, и исповедам, дека Ти си навистина Христос, Син на Живиот Бог, Кој дојде во светот да ги спаси грешните, од кои првиот сум јас. Уште верувам дека ова е Самото Твое Пречисто Тело, и ова е Самата Твоја Чесна Крв. Затоа Тебе Ти се молам: помилуј ме и прости ми ги моите прегрешенија, волни и неволни, оние со збор и оние со дело, со знаење и незнаење, и удостој ме неосудно да се причестам со Твоите пречисти Тајни за ослободување на гревовите и за живот вечен. Амин!

Кога пристапуваш кон светата Причест, моли се во себе вака:

Еве, пристапувам кон Божествената причест Создателу, да не ме изгориш со причестувањето, зашто си оган Кој ги изгорува недостојните. Но, очисти ме од секаква нечистотија.

Потоа тропарот:

Сине Божји, прими ме денес за учесник на Твојата Тајна Вечера, зашто нема да ја кажам тајната на Твоите непријатели, ниту целив ќе Ти дадам како јуда, туку како разбојникот те исповедам: Спомни ме, Господи, во Царството Твое.

Причестувањето со светите Твои тајни, Господи, да не ми биде за суд и за осуда, но за исцеление на душата и телото. Амин!

Потоа кажи ги во себе следниве стихови:

Од боготворната Крв ужасни се, човеку, гледајќи ја. Зашто е жар Кој ги изгорува недостојните.

Божественото тело ме обожува и ме храни. Го обожува духот, а умот, пак, чудно го храни.

Потоа тропарите:

Со (љубовен) копнеж си ме занел, христе, и си ме променил со божествената Твоја љубов. Но, изгори ги моите гревови со невештествениот оган и удостој ме да паднам во милоста Твоја, та потскокнувајќи, ликувајќи, благи да ги величам двете доаѓања Твои.

Во сјајот од светиите Твои, како ќе влезам недостоен? Зашто, ако се осмелам заедно да влезам во брачната одаја, облеката ме разобличува, бидејќи не е брачна, и врзан ќе идам исфрлен од ангелите. Очисти ја, господи, нечистотијата од мојата душа и спаси ме како Човекољубив.

Владико, Човекољубив, Господи Исусе Христе, Боже мој, да не ми бидат овие Светињи за осуда, бидејќи сум недостоен, туку за очистување и осветување на душата и телото и за залог во идниот живот и Царство. За мене, пак, добро е да бидам прилепен за Бога, да бидам положен во Господа, надежта на моето спасение.

Сине Божји, прими ме денес за учесник на Твојата Тајна Вечера, зашто нема да ја кажам тајната на Твоите непријатели, ниту целив ќе Ти дадам како јуда, туку како разбојникот те исповедам: Спомни ме, Господи, во Царството Твое.

******************

ЖИВОТ ВЕЧЕН ВО ЦРКВАТА ХРИСТОВА ПРАВОСЛАВНА Дигни се, светлеј се Ерусалиме Зашто дојде твојата светлина И славата Господова изгреа над тебе Зашто, ете, темнина ќе ја покрие земјата, и мрак – народите А над тебе ќе засветли Господ, и славата Негова ќе се јави над тебе И народите ќе дојдат кон твоето видело, царевите – кон светлината што изгрева над тебе Крени ги очите и погледај наоколу: сите тие се собираат, идат при тебе Твоите синови ќе дојдат од далеку, и твоите ќерки на раце ќе се носат Тогаш ќе видиш и ќе се зарадуваш, и срцето твое ќе затрепери и ќе се рашири Зашто богатството на морето ќе се сврти кон тебе, имотот на народите ќе дојде при тебе Пресветла Дева Марија, Помилувај не Пречиста, Помагај ни Преблагословена, Спаси не

ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ СПАСИ НЕ Мојата душа го велича Господ  И мојот дух се зарадува во Бог спасителот мој Оти ја погледна смиреноста на слугинката твоја И ете од сега ќе ме ублажуваат сите родови  Зашто силниот ми направи големи дела.  Свето е неговото Име и милоста негова е од колено на колено за оние кои се плашат од него.  Он покажа сила со раката негова.  Ги распрсна оние кои се гордеат со мислите во срцата нивни Ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените Гладните ги исполни со добра а богатите ги отпушти празни, го прифати Израилот својот слуга  Сеќавајќи се на милоста која им ја вети на нашите Отци, Авраам и на семејството негово довека.  Тебе те фалат сите небесни сили и тебе слава ти вознесуваме, на Отца и Сина и Св. Дух Сега и секогаш и во сите векови, Амин.

**************************************

За молитвата – Евагриј Понтиски, Св. Никифор Осаменик, Св. Григориј Синаитски, Св. Симеон Нов Богослов (извадоци од Добротољубието), Табернакул, 2001

 

  1. Евагриј Понтиски, 153 поглавја за молитвата.

Евагриј Понтиски, IV век; христијански мислител и монах; неговата духовна доктрина влијаела на Православната светоотечка мисла преку Псевдо Дионисиј Аеропагит (VI век), Св. Максим Исповедник (VII век) и светогорските исихасти во XIV век.

  • Духот има предност пред пишуваното, зашто без дух писменоста не би ни постоела.
  • Трите елементи што ја сочинуваат мистеријата на Христос: аскетскиот живот, созерцанието на природата и богословието.
  • Душата што е прочистена со мноштво добродетели го прави духот стабилен во неговата рамнотежа и способен за достигнување на состојбата кон која копнее (или состојба на чиста молитва).
  • Ослободи се самиот од секоја мисла што е обоена од страст!
  • солзи → исповед пред Бога.
  • И реки од солзи да течат за време на твојата молитва, не почнувај да се сметаш себеси за подобар од другите.
  • Бори се да го одржиш својот ум глув и нем за време на молитвата, и тогаш ќе бидеш способен за молитва.
  • Имај молитва и расудување за време на гнев, искушение, поттик на кавга.
  • Ако сакаш да се молиш исправно одрекувај се од себе секој час.
  • Ако твојата желба е да се молиш како што треба – не ожалостувај никого. Огорченоста го заслепува разумот на човекот што се моли.
  • Среди ги работите без да покажеш гнев. Не се разгневувај! Трпение….
  • Ако го воздржуваш својот гнев, ти самиот ќе бидеш поштеден и следствено ќе се докажеш како премногу мудар за да и подлегнеш на возгордеаноста.
  • Не предавај се на никаква силна желба, зашто таа го разгорува гневот.
  • Моли се вака: ДА БИДЕ ВОЛЈАТА ТВОЈА ВО МЕНЕ!
  • Моли се да бидеш очистен од своите страсти → да бидеш отргнат од незнаење → да бидеш избавен од секакво искушение и напуштеност.
  • Во твојата молитва барај ги само Правдата и Царството Божјо; тогаш се друго ќе ти се додаде.
  • Моли се не само за своето очистување, туку и за она на сите луѓе.
  • Не барај признанија од луѓето и нивно одобрување.
  • Сеќавањата имаат силна склоност да предизвикаат штета на духот за време на молитвата.
  • Очекувај некои неодредени случки и стој цврсто спремен да ги браниш своите придобивки.
  • Ако копнееш по молитва тогаш одбегнувај се спротивно.
  • Молитвата е предигра на нематеријалното и еднообразно знаење.
  • Нема да се исплашам од злото зашто Бога е со мене.
  • Не негувај ја желбата сетилно да ги видиш Ангелите или силите или дури пак Христа, за да не сметнеш сосема од умот, и земајќи волк да ти биде пастир, да стигнеш дотаму да им се клањаш на демоните.
  • Суетата е извор на илузиите на твојот ум.
  • Молитвата не е совршена во случај монахот да е свесен за фактот дека се моли (Св. Антониј).
  • Биди одделен од се и биди во хармонија со се.
  • Кога се молиш не говори многу зборови напразно.
  • Кога се предаваш на молитва, воздигни се над секое друго задоволство – тогаш ќе ја најдеш вистинската молитва.

***********************

  1. Св. Никифор Осаменик; наставник и раководител на Григориј Солунски (Палама); починал во 1340 година.

 

  • Воздигнувањето кон созерцанието започнува во дејствителниот живот (активен, практичен живот).
  • Бог во срцето му се јавува на умот од почетокот најпрво како оган што го очистува својот љубител, а патоа како светлина која го просветлува умот и го прави да го созерцува Бога (Јован Лествичник).
  • Претпочитал да молчи избегнувајќи ја суетата, да се покажува себеси (Арсениј Велики).
  • Чувај го умот!
  • Исчисти ги длабочините на своето срце: заборавеноста, незнаењето и мрзеливоста!
  • Чувањето на помислите е една работа, а набљудување на умот – друга.
  • Вниманието е знак на искрено покајание. Вниманието е повик на душата кон самата себе, намрзување на светот и искачување кон Бога. Вниманието е напуштање на гревот и восприемање на добродетелта….. Тоа е почеток на созерцанието или подобро, негов предуслов. Вниманието е непоматеност на умот, отсекување на помислите, кое ги донесува верата, надежта и љубовта: зашто кој не верува, не може да ги носи сите скрби кои доаѓаат од надвор.
  • Дишењето како вештина при молитвата.

 

  • Св. Григориј Синаитски; живеел во средината на XIV век; неговиот помен е на 8 август.

 

  • Под познавање на Вистината разбери го сопственото благодатно чувство на Вистината.
  • Вистинското православие е вистинско знаење за видливите (сетилните) и невидливите нешта (мислени, разумни, духовни, божествени).
  • Незнаењето ги учи на вера на зборови, мртва и неосетлива вера.
  • Умот, Зборот, Духот ↔ Отецот, Синот, Светиот Дух; секогаш се и еден во друг и сами по себе.
  • Двете догми на верата: Троица (да се созерцува и знае како неразделна и да не се мешаат една со друга) и Двоица (двете природи во едно лице на Христа – божјата и човечката; кои не се слеваат).
  • Животот вечен е тоа, да те познаваат Тебе Единиот вистински Бог (во три ипостаси) и испратениот од Тебе Исуса Христа (во две природи и волји) – Евангелие по Јован (17.3).
  • Ако не увидиме какви не создал Бог, не ќе го познаеме и тоа, какви не направил гревот.
  • Во идниот живот секој има степен на обоженост, соодветен на сегашната совршеност во духовните возраснувања.
  • Вистинската слава е знаење или духовно созерцание или точно разбирање на догмите и познавање на вистинската вера.
  • Созерцание е целосно пренесување на душевните сили кон она што е спознаено од велелепната слава на Божеството. Или созерцание е чисто и целосно простирањена умот кон безграничната сила во светлината. Созерцание не е само устремување на душевните сили кон небото, туку и истапување од пределите на самата сетилност.
  • Има два вида на созерцание во духот: едниот е срдечен (вдлабочување во срцето со заборав на се), а вториот восхителен (издигнување над границите на се постоечко). Првиот им е својствен на оние кои се уште се просветуваат, а вториот на совршените во љубовта. Обата го ставаат умот надвор од сетилата.
  • Помислите се зборови на бесовите и претходници на страстите.
  • Бесовите го исполнуваат со слики нашиот ум или поскоро самите се облекуваат во слики и се прилепуваат соодветно на страстите кои по навика владејаат и дејствуваат во душата.
  • Страстите им претходат на бесовите, а бесовите следат по страстите.
  • Едни страсти се телесни, а други се душевни. Поинакви се страстите на похотата, поинакви страстите на раздразнување и поинакви мислителните страсти ; и од нив – поинакви се страстите на умот, а поинакви се оние на расудувањето. Сите тие различно се поврзуваат меѓу себе, дејствуваат едни со други – и од тоа се менуваат.
  • Страсти на раздразнувањето: гневот, горчината, кавгаџиството, избувливоста, дрскоста, надменоста, фалењето;
  • Страсти на желбите: посакувањето на туѓото, распуштеноста, невоздржаноста, сластољубието, среброљубието, самољубието (најлута од сите страсти);
  • Страсти на плотта: блудот, прељубодејството, нечистотата, непристојноста, чревоугодието, мрзливоста, расејаноста, љубењето на светот, стомакољубието;
  • Страсти на зборот и јазикот: неверието, хулењето, лукавството, подмолноста, љубопитството, дводушието, горделивоста, клеветењето, осудувањето, презирањето, дрдоливоста, лицемерието, лагата, срамословието, злословието, ласкањето, потсмешливоста, себеистакнувањето, човекоугодието, надуеноста, клетвопрестапувањето, празнословието;
  • Страсти на умот: вообразеноста, превозноесувањето, самофалењето, спорливоста, пргавоста, самодоволството, противречието, непослушанието, мечтателноста, наоѓањето изговори, себепокажувањето, славољубието, гордоста (прво и последното од сите зла);
  • Страсти на мислите: скитањето, лесноумието, заробеноста и ропството, помраченоста, заслепеноста, одбегнувањето на дела, предлозите, согласувањата, отклонувањето, превртливоста, отфрлањето;
  • Сите зли мисли, чувства и расположенија необразени со нашата природа се разместуваат во трите сили на душата, исто како и добрите, сообразени со нашата природа, и во нив сопребиваат.
  • Четири родум божествени добродетели: Мудрост, Смелост, Целомудреност и Вистина.
  • Добродетелите се раѓаат во душата, како и страстите. Но првите обично таа ги раѓа природата, а вторите во спротивност на природата.
  • Добродетели Страсти; кон каде ќе се сврти желбата, тоа ја побудува душата и таа дејствува.
  • Има осум владеачки страсти: три главни (чревоугодие, среброљубие и славољубие); и пет потчинети на нив (блуд, гнев, печал или тага / меланхолија, мрзеливост и гордост.
  • Така и меѓу добродетелите кои им се спротивставени има три најглавни (воздржание, непоседување и смирение), и пет кои следуваат по нив (чистота, кроткост, радост, смелост и самоунижување).
  • Да се изучува и познае силата, дејствието и квалитетот, својствени на секоја добродетел и страст не е достоинство на секој што сака, туку само на оној кој преку дела испитал се и добил дар од Светиот Дух да ги распознае и разликува.
  • Различниот произнесен збор станува соодветен на устројството на карактерот на оној кому му се кажува и потоа произведува различно дејствување и принесува нееднаква полза.
  • За оној кој безмолствува (тихува) е должен да ги поседува овие добродетели како темел: молчење, воздржание, бдение, смирение и трпение; и три богоугодни делувања: псалмопеење, молитва и чтение, и ракоделието, за оние кои се во немоќ.
  • Силата на молитвата го смирува гревот и спротивставените сили.
  • Има две смиренија (според светите отци): (1), сметај се себе за подолен од сите; и (2), своите добри дела препишувај му ги на Бога.
  • Ни збор не кажувај за смирението, не примај смирени погледи и не се гордеј со своето смирение.
  • Има осум главни предмети на созерцание: (1), Бог; (2), чинот и стоењето на умните сили, небесните сили; (3), составот на видливите нешта; (4), домостроителното слегување на Словото); (5), сеопштото воскресение; (6), страшното второ Христово пришествие; (7), вечната мака; и (8), Царството Небесно. Првите четири се поминати и извршени, а последните четири идни.
  • Слава Тебе, Христе Боже наш, зашто Ти заради нас си благоволил да се вчовечиш, Боже предвечен. Голема е тајната на Твојот домострој. Спасе наш, слава Тебе!
  • Со умот твори молитва, а не со устата!
  • Измори го телото! (молитва – читај – размислувај – стој). Читај го Трисвјатое.
  • Се што доаѓа во душата, било сетилно или духовно, ако срцето се сомнева во него, не примај го, не е од Бога, туку е испратено од непријателот.
  • Што е од Бога, тоа доаѓа само од себе, тогаш кога ни времето не му го знаеш (Св. Исак).
  • Читај за молитвата кај: Св. Лествичник, Св. Исак, Св. Максим, Св. Симеон Нов Богослов, Ститит, Исихиј, Филотеј Синајски.
  • Слушај ги оние кои со опит ги познале страдањата и трудовите на подвижничките добродетели.

 

  1. Св. Симеон Нов Богослов (949 – 1022)

 

  • Оние кои во било што ги ставаат своите родители пред Божјите заповеди, немаат вера во Христа.
  • Гледајѓи го Едниот, низ него се гледа и себе, и се, и сите.
  • Боже и Господи на сите и на се, Кој имаш власт над секое дихание и над секоја душа, Единствен Кој можеш да ме излекуваш, услиши ја мојата молитва, и со наидувањето на сесветиот Твој Дух умртви ја и истреби змијата што се вгнездила во мене бедниот. Научи ме и насочи ме, мене ништиот и соголениот од секоја добродетел, да припаѓам кон стапалата на мојот отец, и неговата света душа расположи ја кон сочуство и милостивост кон мене. Дарувај ми, Господи, смирение во моето срце и помисли, подобни за грешник, кој се кае пред Тебе. Не оставај ја конечно душата, која еднаш била соединета со Тебе, која Ти се исповеда, која Тебе Те избрала наместо цел свет и над се Те претпочита. Ти знаеш Господи, дека јас сакам да се спасам, иако моите зли навики поставуваат препреки на тој пат. Но она што е невозможно за луѓето е возможно за Тебе, Владико.
  • Покажи ни ја светлината на лицето свое, Господи (псалми).
  • За оние кои се доближуваат до совршенството, овој извор станува светлина при ненајдената промена и преобразба на срцето.
  • Човекот е животно и смртно и бесмртно, и видливо и невидливо, и сетилно и мислено, способно да го гледа видливото создание, и да го познава мислењето. Тој има тело составено од четири стихии (земја, оган, вода и воздух), и сетила и дишењето, и има душа (мислена, нематеријална, нетелесна – соединета и споена несмесливо со она што е во телото.
  • Сите се едно во Христа !
  • Сите последователно составуваат еден златен синџир, при што секој претставува посебна алка во тој синџир, соединувајќи се со претходникот со посредство на верата, добрите дела и љубовта – синџир, кој, утврден во Бога, е тешко раскинлив (… за поредокот на небесните сили…)
  • Како што оној, кој земе да му предава уроци по реторика и филозофија на ученик кој се уште ја изучува само азбуката, не само што не ќе му донесе никаква полза, туку и ќе го одврати него од она, што го учи, и ќе направи да го заборави и она што веќе го научил, затоа што неговиот ум не може да ги сфати учењата кои му се предаваат; така и оној, кој на почетници им толкува за последните степени на совршенството и особено на помрзеливите меѓу нив, не само што не им носи полза, туку уште и прави, тие сосема да се изгубат. Затоа што кога погледнат тие на височините на добродетелта и увидат, колку се далеку од нејзиното усовршување, тогаш, помислувајќи дека никако не можат да се искачат на нејзиниот врв, ги напуштаат, како безполезни, и оние малубројни добри дела кои веќе почнале да ги прават, и потонуваат во безнадежност.
  • Човек може да ги победува страстите, но не може да ги искорени. Дадена му е власт да не прави зло, но не и да помислува за него. Вистинското пак благочестие не се состои само во тоа, да не се прави зло, туку и да не се помилсува на него. Кој помислува на злото, во него нема чистота. Зашто како може да биде чисто срцето кај оној, што се осквернува со нечисти помисли, како што огледало се затемнува со прав?
  • За мене светот е распнат, а и јас за светот (Св. Павле).
  • Кога желбениот дел на душата се движи кон страсти, утехи, насладувања и задоволства на овој свет, тогаш душата гледа и такви сонови, подобни на нив.
  • Кога раздразителниот дел на душата се оѕверува и освирепува против луѓе слични на себе, тогаш и во сновиденијата се гледаат напади и пресметки со ѕверови, борби и војни, караници и судења со оние, со кои се наоѓа во раздор.
  • Кога пак умствениот дел од душата се надима во суета и гордост, тогаш на сон се мечтае за високо летање на крила, за седење на високи тронови на судии и властелини, торжествени приеми и почести, итн.
  • Од оние кои се сподобиле да станат едно со Бога, кои се соединело со Него преку содејството на Светиот Дух и вкусиле од Неговите неизречни добра, нема ниту еден кој се насладува со пустата, ќе речам – бесчестна и ништожна слава, која му се дава од луѓето (пари, одежди, скапоцени камења, не љуби да биде познат кај цареви и началници и не сака да биде близок ни до никој друг од познатите имиња во светот)…. зашто не сака од богат да стане сиромав, или од властелин и началник, од голем и славен да стане бесчестен, беславен и помал од сите.
  • Кој испитува нема цврста вера!
  • За трите начини на молитва кај Св. Симеон Нов Богослов.
  • Без послушание совеста не може да биде чиста.
  • Чувај го својот ум, за да станеш чист по срце! Внимавај на себе!
  • Запази три работи: безгрижност за се (и за неблагословеното и за благословеното); чиста совест (ништо да не те разобличува); и беспристрастие.
  • Прво, да го чуваме срцето и да ги изгониме страстите од него; второ, да го изгониме метежот раздвижен во нас од злите духови со посредство на надворешните чувства; и трето, да му се предадеме на Бога.
 
Напишете коментар

Posted by на Август 11, 2015 во Uncategorized

 

Ознаки:

Коментарите се затворени.