RSS

25-та недела по Педесетница. За милостивиот Самарјанин

08 Дек

ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

„Учителу, што да направам за да добијам живот вечен?“

(Лука 10: 25)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Големиот проповедник Соломон во една од своите безбројни мудри изреки зборува за доаѓањето на тешките денови и за годините во кои ќе речеме дека не ни се мили (Проп. 12: 1). И навистина ние доживуваме такви денови. Во денешниов немилосрден свет владее одвратна себичност и меѓусебна борба на едни против други. За сите нас, вистинските православни христијани, се појавува едно тешко прашање, кое го поставил и еден законик уште во Христовото време: „Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?“ (Лука 10: 25). Во која смисла и во кој дух треба да ги живееме овие невремиња за да добиеме и ние вечен живот, кога едни, во својата лесномисленост, се смеат недолично, ги растураат своите богатства за непотребни нешта, уживаат во своите страсти и сласти, а други, пак, немаат ниту основни услови за нормален живот?

На прашањето од овој законик, Спасителот Христос ја раскажал познатата приказна за милостивиот Самарјанин, која ја слушнавме и денес, во која приказна се открива универзалноста на христијанството. Но, исто така, во Христовото време честопати се воделе расправии и за тоа кој можеме да го сметаме за ближен, зашто кај Јудејците немало ниту трага од мислењето дека секој еден човек може да биде наш ближен. Евреизмот бил преполн со тесноградните национални сфаќања и ги презирал сите други народи. Поаѓајќи од фактот дека Бог го избрал израилскиот народ и го одвоил од сите други народи во светот, фарисеите, убедени и горди на својата праведност, толкувале дека зборовите на законот за љубов кон ближните се однесуваат само и единствено на припадниците на Избраниот народ.

Милостивиот Самарјанин е Самиот Господ Исус Христос. Он им го даде на луѓето Новиот Закон – Законот на љубовта, милосрдноста и простувањето. Раскажувајќи ја оваа приказна, Спасителот Христос го даде одговорот на поставеното прашање од страна на законикот, кој одговор важи и за сите нас: ако сакаме да наследиме живот вечен, потребна е милостивост кон сите луѓе, а особено кон оние кои се во страдање и кои се презрени од „останатиот“ свет, кој не сака да се покори на Божјиот Закон. Токму оваа милост на „милостивиот Самарјанин“ се наоѓа во основата на Христовата наука. Таа во основа го изменила целокупното уредување на стариот формален јудеизам и преку љубовта направила револуција без меч и крв, каква што светот дотогаш и оттогаш нема видено.

Речиси секој од нас денес, кога ќе излезе од овој свет храм ќе наиде на својот ближен, на кого му е потребна било каква помош, слично на денешниот евангелски страдалник. Ако тоа не ни се случи денес, тогаш нашиот страдален ближен можеби ќе го сретнеме утре, задутре или, пак, до следното доаѓање во овој храм. Наша должност е да му помогнеме секому. Ние, впрочем, и затоа сме и повикани. Кога ќе го здогледаме секој страдалник, кој е наш ближен, веднаш да се потсетиме на зборовите на светиот апостол Павле: „Нè нажалуваат, а ние сме секогаш весели; не сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сè имаме“ (2. Кор. 6: 10). Овие зборови важат за сите нас. Тоа е нашиот повик, нашата животна задача и единствен одговор на поставеното прашање: Како да достигнеме живот вечен? Зарем овие зборови не се скапоцен Божји прст, со кој ние можеме да ги победиме несреќите од ова наше време? Иако нам ни е оставено сами да се бориме со и за нашиот живот, таа света радост мнозина да обогатуваме, нема да дозволиме да ни се одземе. Ако ние не сме во можност материјално да им помогнеме на страдалниците, ако немаме доволно земно богатство, тогаш треба да имаме срце исполнето со нелицемерна вера и несебична љубов. Речиси на секој чекор денес наидуваме на безброј уморни и преоптеретени од овој тежок живот. Уште повеќе наидуваме на луѓе кои паднале во разочараност од разните искушенија од животот. А зарем тоа не е вистинска можност за нас, слично на денешниот милостив Самарјанин, и ние да утешуваме и опоравуваме, да помагаме и да лечиме. Ако несреќата ги поразила луѓето, тогаш љубовта треба веднаш по неа да дојде!

Дали ја научивме задачата која денес Господ Христос ни ја поставува? Денес често ги слушаме и зборовите: „Би требало ова или она да се направи“. Но, зборовите „би требало“ во целото Свето Писмо не можеме да ги најдеме. Почесто треба да ги употребуваме зборовите „јас можам“ и „јас сакам“. Кога милосрдниот Самарјанин би се задоволил со зборовите „би требало да помогнам“, тогаш и тој би се вброил меѓу разбојниците и бедно би умрел. Ако сретнеме гладни, зарем е тешко да подготвиме еден оброк и за нив? Ако во некое срце има голема болка, или во некој дом има безброј грижи, зарем ќе ни биде тешко да им однесеме малку утеха за вечноста која нè очекува, а со тоа и малку сончева светлина во нивната помрачена духовна соба? Зарем ни е тешко кога ќе поминеме покрај напуштените и сиромашни дечиња, да им речеме еден пријателски и искрен збор и радосно да ги погледнеме во нивните невини очи? Зарем ни е тешко да ги отвориме вратите од својот дом и да им помогнеме на болните и слабите? Зашто секогаш е подобро да се дава, отколку да се зема. Бил некој незнабожечки цар, од кого останала поговорката: секој ден, ако не сум направил никакво добро, за мене е изгубен ден. Па зарем за нас, кои се нарекуваме православни христијани, добрината треба да ни претставува терет, или секојдневен патоказ кон вистинската цел? Зарем секое утро нема да го започнуваме со прашањето: кому денес можам да му направам некакво добро? И навистина, Господ ќе ни даде таква можност. Во нашиот живот ништо подобро не можеме да го победиме, отколку потребата да живееме за другите и за сите да ја принесуваме како жртва нашата љубов – како бедни, кои мнозина обогатуваат.

Радоста во Господа е наша сила. Никогаш да не дозволуваме овва радост од нас да биде одземена. Никогаш да не забораваме дека ние сме носители на таа радост. Нашето Православие треба да го замислиме како еден човек, кој има причини постојано да се радува, бидејќи постојано го има Спасителот, кој помага и спасува. Тоа треба да го знаеме сите ние, без исклучок. Сакаме ли да бидеме православни христијани? Тогаш постојано да ја фалиме и славиме Божјата милосрдност и да не ги забораваме добрините кои Бог ни ги направил. Само на таков начин ќе бидеме поттикнати и ние кон вршење на добри дела.

Не смееме да дозволиме она, кое Спасителот ни го дава, да го пропуштиме. Денес скапотијата може да расте, но Неговото Слово не поскапува. Може и некоја ѕвезда од небото да падне, но сонцето на милоста кое постојано нè грее, нема да зајде. Едноставно, сè може да ни биде одземено, но Спасителот ќе ни остане во нас. Затоа ние сме секогаш богати и како такви секогаш можеме да им помагаме на страдалниците. Секогаш да одиме по Христовиот пат: како жалосни, но секогаш весели; како бедни, кои многумина обогатуваат, како оние, кои ништо немаат, а сè имаат. Амин!

Протоереј Златко Ангелески

**************************************************

В тази неделя в храмовете се чете Евангелието, в което се разказва как „някой си началник” се обръща към Христос с въпроса: „Какво да сторя, за да наследя живот вечен?”.

Евангелист Лука подробно предават състоялия се разговор. Чул въпроса, Христос го попитал: „Знаеш ли заповедите: „не прелюбодействай, не убивай, не кради, не лъжесвидетелствай, почитай баща си и майка си?” Последният по ученически отговорил: „Всичко това съм опазил от младини”.

По логиката на нещата, той би трябвало да чуе похвала, но Господ, виждайки неговата вътрешна сърдечна привързаност към земното богатство, което притежавал, му казва: „Още едно не ти достига: всичко, що имаш, продай и раздай на сиромаси, и ще имаш съкровище на небето, па дойди и върви след Мене”. Тези думи на Христоса натъжили питащия, „защото беше твърде богат” (Лк. 18:18-23). Така страстта на користолюбието се оказала по-силна от желанието да придобие живот вечен. Този човек веднага показал за какво той се труди и живее.

Но нека се върнем към въпроса на Христа: „знаеш ли заповедите?”. Този въпрос днес е отправен и към нас. Мнозина ли наши кръстени съотечественици могат, подобно на началника, обърнал се към Христос, да отворят, че ги спазват още младини или дори от този момент, когато за пръв път са дошли в храма? И знаем ли ги ние така добре, както, например, таблицата за умножение? Отговорът ще бъде по-скоро отрицателен. Но защо? Ние не стремим да познаем това, което открива пред нас вечния живот, а на това, което се разрушава пред очите ни, има временен характер, посвещаваме всичките си сили, време и живота си. Как се получава така, че ние харчим големи средства за стилна дреха, модни прически, скъпи телефони, а в домовете си нямаме даже Евангелие, нямаме и молитвеник?

В хода на беседите с кръстниците преди тайнството Кръщениея повсеместно се налага да се сблъскваме със слабо познаване от тях на предмета на нашата вяра. Често те даже не знаят защо наричат Иисус Христос Спасител. За съжаление, мнозинството от бъдещите кръстници идват в храма в най-добрия случай един-два пъти в годината, затова за тях е откритие и „Символа на вярата”, и даже молитвата Господня „Отче наш”, които вярващите единодушно пеят на богослужение. За такива хора цялото Откровение, дадено на човечеството от Бога, се свежда до два много разбираеми постулата: „не убивай» и „не кради”. Наслагва се усещането, че учител на нравственост за съвременните християни е по-скоро Наказателният кодекс, отколкото словото Божие. В чие ъгълче на сърцето у тях са написани заповедите „почитай баща си и майка си”, „не блудствай”, е и накрая, най-първата заповед и подобната на нея – „възлюби Господа, Бога твоего, с всичкото си сърце… и ближния си като себе си” (Мат. 22:37-38)?

Съвременните родители все по-често захвърлят тежкия кръст на възпитанието на своите чада, откупвайки се от тях със скъпи подаръци, без да им отделят внимание и да изразходват за тях душевни сили. Учител в живота в такава ситуация става не семейната традиция, а например, филм, където коварството и насилието празнуват своята поредна победа: „Да притесняваме сиромаха праведник, да не пожалим вдовици, и да се не срамим от многогодишните седини на старец. Силата ни да бъде закон на правдата, защото безсилието се оказва безполезно” (Прем. 2:10-11).

Примерът на човека, опазил в своето сърце заповедите и питащ Христос как „да наследя живот вечен”, трябва да послужи на всички нас като укор. Колко далече сме ние даже от ветхозаветната праведност! Да си припомним призива на апостола и да се удържим, макар и от сквернословие, заради нашите деца: „Никаква гнила дума да не излиза из устата ви, а само добра, за назидание във вярата, за да принася благодат на слушащите” (Еф. 4:29).

Превод със съкращения: Прот. Йоан Карамихалев

*********************************************************

Неделя На утренята Ев. Марк. 16:9-20. На литургията Еф. 4:1-6. Ев. Лук. 10:25-37.
Понеделник 1Тим. 1:1-7. Ев. Лук. 14:12-15.
Вторник 1Тим. 1:8-14. Ев. Лук. 14:25-35
Сряда 1Тим. 1:18-20; 2:8-15. Ев. Лук. 15:1-10.
Четвъртък 1Тим. 3:1-13. Ев. Лук. 16:1-9.
Петък 1Тим. 4:4-8:16. Ев. Лук. 16:15-18; 17:1-4.
Събота Гал. 3:8-12. Ев. Лук. 9:57-62.

***********************************************************

Недела – на Утрената

9. А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалина, +од која беше истерал седум демони.
10. Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа;
11. но тие, кога чуја дека е Он жив, и дека таа Го видела, не поверуваа.
12. Потоа се јави во друг вид на двајца од нив по пат, кога одеа в село.
13. И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.
14. Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и жестокосрдечност, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат.
15. Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.
16. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
17. А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; +ќе говорат нови јазици;
18. ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им навреди; +на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат.”
19. А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и +седна од десната страна на Бога.
20. Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!

*****

Недела – на Литургијата

1. Браќа, јас, затвореник во Господа, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани,
2. со секаква смиреност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден друг со љубов,
3. трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот.
4. Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање.
5. Еден е Господ, една е верата, едно е крштевањето,
6. еден е Бог и Отец на сите, +Кој е над сè, и преку сите, и во сите нас.

******

25. И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: „Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?”
26. А Он му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?”
27. Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и +својот ближен како себеси!”
28. Му кажа пак: „Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.”
29. Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исуса: „А кој е мојот ближен?”
30. Исус му одговори и рече: „Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов.
31. Во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник, и кога ги виде, си замина.
32. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, се приближи, погледна и си отиде.
33. Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали.
34. И кога се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино; па, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него.
35. А утредента, на кинисување, извади два динарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: »Припази го; а ако потроши нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.«
36. Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците?”
37. А тој одговори: „Оној што му направи милост.” Исус му рече: „Оди и ти прави така!”

*****

Понеделник –

1. Од Павла, апостолот на Исуса Христа, во повелба на Бога нашиот спасител и Господа Исуса Христа, нашата надеж,
2. до Тимотеја, вистинското чедо по вера. Благодат, милост, и мир од Бога Отецот наш и Христа Исуса нашиот Господ!
3. Како што на тргнување за Македонија те молев да останеш во Ефес, така и сега те молам да им заповедаш на некои, да не проповедаат друго учење,
4. ниту да се занимаваат со басни и бескрајни родословија, кои што предизвикуваат повеќе расправии, отколку распоредби Божји по верата.
5. А целта на заповедта е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.
6. Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија,
7. сакајќи да бидат учители по Законот, но не разбираатни што зборуваат, ниту што утврдуваат.

****

12. А и на оној, што го беше поканил, му рече: „Кога даваш ручек или вечера, не кани ги пријателите свои, ниту браќата свои, ни роднините свои, ниту богатите соседи за да не те
поканат и тие некогаш и да ти вратат.
13. Но, кога даваш гозба, повикај ги сиромасите, хромите, слепите,
14. и ќе бидеш блажен, оти тие не можат да ти вратат, а ќе ти биде отплатено при воскресението на праведните.”
15. А кога го чу тоа еден од оние, што седеа со Него на трпезата, Му рече: „Блажен е оној, кој ќе јаде леб во царството Божјо!”

******

Вторник –

8. А ние знаеме дека Законот е добар, ако се држи како што треба,
9. знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и непокорници, за нечестивци и за грешници, за неправедни и погани, за оние што ги опскрбуваат таткото свој и мајка си, за човекоубијци,
10. за блудници, за мажеложници, разбојници, клеветници, скотоложници, лажливци, клетвопрестапници и за сè друго, што е противно на здравата наука,
11. според славното на блажениот Бог Благовестие, кое ми е поверено.
12. Му благодарам на Христа Исуса, нашиот Господ, Кој ми даде сили, со што ме призна за верен и ми определи служба,
13. мене, кој порано бев хулител, гонител и мачител; но ме помилува, бидејќи тоа го вршев, без да знам, во неверие.
14. Но со верата и љубовта во Христа Исуса се преумножи благодатта на нашиот Господ.

*****

25. Со Него одеше многу народ; а Он се заврти и им рече:
26. Ако некој дојде при Мене и не го намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, Тој не може да биде Мој ученик.
27. И, кој не го носи својот крст, и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик.
28. Зашто, кој од вас, сакајќи да соѕида кула, не ќе седне најнапред да направи сметка колку ќе чини и дали има сè, што е потребно за нејзиното довршување,
29. та, откако ги постави темелите и не може да доврши, да не почнат, сите што гледаат, да му се смеат,
30. и да речат: »Овој човек почна да ѕида и не може да доврши«.
31. Или кој цар, одејќи во војна против друг цар, не ќе седне да се посоветува најнапред, може ли со десет илјади да издржи пред оној, што иде против него со дваесет илјади?
32. Инаку, дури е оној уште далеку, ќе прати слуги и ќе моли за мир.
33. Така и секој од вас, кој не се откаже од сè што има, не може да биде Мој ученик.
34. Солта е добро нешто, но ако таа облутави, со што ќе се соли?
35. Ниту на земјата, ниту на ѓубрето му е потребна; па затоа ја фрлаат надвор. Кој има уши да слуша, нека чуе!”

****

Среда –

18. Чедо Тимотеј, оваа заповед ти ја предавам според поранешните пророштва за тебе, за да се бориш согласно со нив како добар војник,
19. имајќи вера и добра совест, која што некои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата;
20. меѓу нив се Именеј и Александар, што +ги предадов на сатаната, за да се научат да не хулат.

8. И така, мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи ги чистите раце без гнев и сомневање.
9. Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, или со бисери, или со скапоцени облеки,
10. туку со добри дела, како што им прилега на жени, што ѝ се посветуваат на побожноста.
11. Жената да се учи во мир и потполно покорство.
12. На жена не ѝ позволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
13. Бидејќи порано беше создаден Адам, а потоа Ева;
14. и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап:
15. но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со чесност.

*****

1. Се приближуваа кон Него сите митници и грешници за да Го слушаат.
2. А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.”
3. Но Исус им ја кажа оваа парабола и рече:
4. Кој од вас, имајќи сто овци, кога загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе тргне по загубената, додека не ја најде?
5. А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;
6. и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: »Радувајте се со мене, оти ја најдов мојата загубена овца!«
7. Ви велам, дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, што немаат потреба од каење.
8. Или која жена, имајќи десет драхми, кога загуби една, нема да запали светило и да ја помете куќата, за да побара внимателно, дури не ја најде?
9. А штом ја најде, ќе повика пријателки и сосетки, велејќи: »Радувајте се со мене, оти ја најдов загубената драхма!«
10. Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што се кае.”

*****

Четврток –

1. Верно е словото: сака ли некој епископство, тој сака добра работа,
2. Но епископот треба да е непорочен, маж на една жена, трезвен, целомудрен, чесен, почитуван, госпољубив, поучлив;
3. не пијаница, не силеџија, не лаком, туку кроток, мирољубив и не среброљубив;
4. својата куќа добро да ја управува и да има деца послушни со полно достоинство;
5. зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја?
6. Да не е новопокрстен, за да не се возгордее и падне во суд со ѓаволот.
7. Тој треба уште да има и добро сведоштво од надворешните, за да не биде укоруван и да не падне во примката на ѓаволот.
8. Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не двојазични, да не се страстни за вино, ниту лакоми за гнасна печалба;
9. да ја пазат тајната на верата со чиста совест.
10. И тие треба најнапред да бидат испитани, та после, ако се непорочни, да станат ѓакони.
11. Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сè.
12. Секој од ѓаконите треба да биде маж на една жена, добро да управува со децата свои и куќата своја.
13. Оти оние, што служат добро, се здобиваат со висок чин и голема слобода во верата што ја имаат во Исуса Христа.

*****

1. А на учениците Свои им рече: „Еден човек беше богат и имаше настојник; и тој беше наклеветен пред него дека го растура неговиот имот.
2. И кога го повика, му рече: »Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.«
3. А настојникот си рече во себе: »Што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам; да просам – се срамам.
4. Знам што да правам, за да ме примат во своите домови, кога ќе бидам отстранет од раководењето на куќата.«
5. И кога ги повика должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: »Колку му должиш на мојот господар?«
6. Тој одговори: »Сто мери елеј.« И му рече: »Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши: »педесет!«
7. Потоа му рече на другиот: »А ти, колку должиш?« Тој одговори: »Сто мери пченица.« И му рече: »Земи си ја потврдата и напиши: »осумдесет!«
8. И го пофали господарот несправедливиот настојник, оти постапил досетливо; зашто синовите на овој свет во својот род се подосетливи од синовите на светлината.
9. И јас ви велам: создадете си пријатели со неправедно богатство, па, кога осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта.

*****

Петок –

4. Оти секое творение Божјо е добро и ништо не е за отфрлување, штом се прима со благодарност,
5. бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.
6. Кога ќе ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар слуга на Исуса Христа, хранет со зборовите на верата и на доброто учење, што си го примил.
7. Од погани и бапски приказни одбегнувај, +туку обучувај се во побожност;
8. оти телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сè, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот.

16. Пази на себе и на учењето; биди постојано во тоа, оти, ако постапуваш така, ќе се спасиш и сам и оние што те слушаат.

****

15. И им рече: „Вие се прикажувате пред луѓето за праведни, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост.
16. Законот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовестува и секој со усилие влегува во него.
17. Но полесно им е на небото и на земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
18. Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој, што се жени со напуштена, прави прељуба.

1. И им рече Исус на учениците Свои: „Не е можно да не дојдат соблазни, но тешко на оној,
преку кого доаѓаат;
2. за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море,
отколку да соблазни еден од овие помали.
3. Пазете на себе. Ако згреши против тебе братот твој, скарај го, и ако се покае – прости му.
4. И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: »Се кајам« – прости му.”

******

Сабота –

8. И Писмото, како што предвидуваше, оти Бог преку вера ги оправдува иноверците, однапред му благовести на Авраама: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.”
9. И така, оние, што веруваат, се благословени заедно со верниот Авраам;
10. а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Оти е напишано: „Проклет да е секој, кој не исполнува постојано сè што е напишано во книгата на Законот!”
11. А дека преку Законот никој не се оправдува пред Бога, се знае, оти „Праведниот ќе живее преку верата.”
12. А Законот не е од верата, туку зборува: „Кој ќе ги исполни овие работи, тој ќе биде жив преку нив”.

*****

57. А кога одеа по патот, некој Му рече: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.”
58. Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да засолни.”
59. На друг, пак, му рече: „Врви по мене!” А тој одговори: „Господи, позволи најнапред да отидам да го погребам татка ми!”
60. Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги закопуваат своите мртовци, а ти врви по Мене и проповедај го царството Божјо!”
61. А друг еден рече: „Господи, ќе одам по Тебе, но позволи ми најнапред да се простам со своите домашни.”
62. Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледува назад, не е достоен за царството Божјо.”

****************************************

 
Напишете коментар

Posted by на Декември 8, 2016 во Uncategorized

 

Ознаки:

Коментарите се затворени.