RSS

За Библијата….

30 Апр

ДАЛИ БИБЛИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ СЕ ВЕРОДОСТОЈНИ?

Новиот завет е основниот извор на податоци за Исус. Затоа многу критичари во деветнаесеттиот век ја нападнале веродостојноста на библиските документи. Се чини дека непрестајно мора да се брани од оптужувањата кои тврдат дека Библијата нема историска позадина или застарела со новите археолошки наоѓалишта.

Додека предавав на државниот универзитет во Аризона, ми пријде професорот по книжевност заедно со своите студенти, после мојот слободен говор» на отворено. Ми рече: “Господине МекДовл, Вие вашите тврдења за Христа ги темелите на документи од вториот век што се застарени. Денес на своите студенти им укажав дека Новиот завет е напишан многу години после Христа, па според тоа извештаите за него не можат да бидат точни.”

My одговорив: “Вашето мислење и забелешките за Новиот завет се застарени веќе 26 години.”

Мислењето на професорот за напишаните извештаи за Исус имаат свој извор во заклучоците на германскиот критичар Ф.Ц. Баур, кој претпоставувал дека поголем дел од Новиот завет е напишан при крајот на вториот век. Заклучил дека тие извештаи се напишани воглавно врз основа на легенди и митови што се развиле во периодот меѓу Исусовиот живот и извештаите кои после тоа се напишани.

Меѓутоа, во деветнаесеттиот век археолошките наоѓалишта ја потврдиле точноста на новозаветните списи. Откривањето на најраните ракописи, (Џон Риланд – ракопис од 130 година; Честер Бети – папирус од 155 година и Бодмер – папирус II од 200 година), го смалува времето меѓу Христовото време и постојните ракописи од подоцнежните датуми.

Милер Буроус од универзитетот Јеил вели:

“Уште еден резултат од споредувањето на новозаветниот грчки јазик и јазикот откриен на папирусите, ја зголемува довербата во точноста на пренесувањето на самиот текст на Новиот завет.”

Таквите откритија ја зголемија довербата на научниците во вистинитоста на Библијата.

Вилијам Албригт, најпознатиот библиски археолог пишува: “Сега можеме да нагласиме дека веќе не постои солидна основа за датирање на Новито завет после 80 година, цели две генерации пред 130 или 150 година, што ги истакнуваат најострите современи критичари на Новиот завет.” Овој свој став го повторува во статијата “Христијанството денес”. “Според мое мислење, секоја книга од Новиот завет е напишана од покрстен Евреин, помеѓу четириесеттата и осумдесеттата година од првиот век (најверојатно негде меѓу 50 и 75 година).”

Сер Вилијам Рамси се смета за најголем археолог кој било кога живеел. Бил ученик на германското историско училиште, што ја поддржувало идејата дека Делата на апостолите се напишени во средината на вториот век, а не првиот, како што самата книга укажува за себе. Откако је прочитал современата критика на Делата на апостолите, се уверил дека тие списи не се уверлив извештај за фактите од тој период (50 година) и затоа не е вреден да се разгледува од страна на историјата И така во своето истражување во Мала Азија, Рамси не обрнувал големо внимание на Новиот Завет. Меѓутоа неговите истражувања го приморале повторно да ги разгледа Лукините извештаи. Забележал темелни историски поединости и полека неговиот став кон Делата на апостолите почнал да се менува. Приморан бил да заклучи дека: “Лука е историчар од прв ранг… писател што треба да се стави на иста висина со најголемите светски историчари.” И заради точноста на најситните поединости, Рамси заклучил дека Делата на апостолите не би можеле да бидат напишани во вториот век, туку во средината на првиот век.

Многу либерални библиски научници биле присилени да ги прифатат пораните датуми на пишување на Новиот завет. Др. Џон A.T. Робинсон во својата нова книга “Redating the New Testament” (Повторно датирање на Новиот завет), донесува многу радикален заклучок. Неговите истражувања го довеле до уверувањето дека целио Нов Завет бил напишан дури и пред паѓањето на Ерусалим во 70 година.

Денешната критика на обликот вели дека материјалот бил пренесуван усмено се додека не бил запишан во облик на евангелие. Иако времетраењето било многу пократко отколку што порано се верувало, сепак заклучуваат дека извештаите во евангелијата добиле облик на народна книжевност, (легенди, приказни, митови и споредби). Една од главните критики на критиката на обликот и замислата за развивање на усно предание е тоа што времетраењето на усменото предание (како што го дефинираат критичарите), не е доволно долго за да се случат промени во самото предание, што критичарите го навестуваат. Говорејќи за краткото времетраење на пишувањето на Новиот завет, Симон Кистермаркер, библиски професор на Дорт колеџот, пишува:

“Се разбира, собирањето на народното богатство меѓу народите со примитивна култура зафаќа неколку генерации; тоа е постепен процес што се протега низ неколку векови. Но во согласност со мислењето на критичарите на обликот, мораме да заклучиме дека евангелијата се произведени и собрани во време на една генерација или нешто подолго. И според зборовите на критичарите на обликот, обликувањето на поедини евангелија мора да се сфати како продолжен проект со забрзан тек на дејствија”

А.Х. МекНеил, некогашен професор по богословија на универзитетот во Даблин, го оспорува мислењето на критиката на обликот во врска со усменото предавање. Истакнува дека критиката на обликот не се занимава со пренесувањето на Исусовите зборови со внимателност која е потребна во овој случај. Внимателното разгледување на текстот од 1. Коринтјаните 7,10.12.25 покажува внимателно чување и опстанок на изворното предание на тие зборови. Во еврејската религија вообичаено било ученикот напамет да го научи рабиновото учење. Добриот ученик бил како “исправна цистерна што не може да пропушти ни капка вода”, (Мишна, Абот, II, 8). Ако погледнеме на Исусовото поучување во облик на арамејската поезија, се гледа дека било лесно да се запамти нејзината содржина.

Пол Л. Маер, професор по античка историја на универзитетот Вестерн Мичиген, пишува: “Тврдењето дека христијанството својот мит за воскресението го развило низ подолг временски период или дека изворните податоци се напишани многу години по случувањето на случките, едноставно не е можно да се прифати.”

Анализирајќи ја критиката на обликот, Албригт напишал: “Само современите експерти за старите јазици, на кои им недостига и историскиот метод и перспектива, можат да сплеткаат таква мрежа како онаа која ја исткале критичарите на обликот.” Албригтовиот личен заклучок е дека “времетраењето од дваесет до педесет години е премногу кратко за да се дозволи било каква забележителна грешка во основаната содржина дури и во пооделни Исусови изреки.”

Често ми се случува, кога со некој разговарам за Библијата, да добијам саркастичен одговор, дека не можеме да се потпреме на Библијата Таков човек вели: “Па Библијата е напишана пред повеќе од 2000 години. Во неа има многу грешки и недоследности.” My одговарам дека јас можам да се потпрам на Библијата Тогаш му го опишувам случајот што ми се случи на едно од предавањата на часовите по историја. Изјавив дека верувам дека постојат повеќе докази и факти за вистинитоста на Новиот завет отколку за било кои десет класични книжевни дела заедно. Професорот, што седеше во ќошето, се смешкаше, како со тоа да сакаше да каже: “Ма ајде, ве молам, немојте…” Реков: “Зошто се смеете?” Тој ми одоговри: “Вашата смелост на часот по историја, да дадете таква изјава за Новиот завет, може да се сфати само како смешка.” Па, ценам кога некој ќе го каже своето мислење па дури и на таков начин, бидејќи тогаш скоро секогаш го поставувам следново прашање. (Никогаш не сум добил позитивен одговор). Реков: “Кажете ми, господине, како историчар, како го поверувате било кое книжевно дело од историјата за да одредите дали е точен извадок од изворните текстови и дали е веродостојно?” Интересно е дека тој никогаш ништо не поверувал. My одговорив: “Јас имам некои методи на поверување.” Сметам дека историската веродостојност на Светото писмо можеме да ја провериме на ист начин како и сите останати историски документи. Воениот историчар Ц. Сандерс споменува и толкува три основни начела на историографијата. Тоа се: Библиографска проверка, внатрешна проверка на фактите и надворешна проверка на фактите.

Библиографска проверка

Библиографската проверка е испитување на пренесувањето на текстовите со чија помош старите записи стигнале до нас. Co други зборови, бидејќи не ги поседуваме изворните текстови, се прашуваме колку се веродостојни преписите (МСС) што ги имаме со оглед на нивниот број и времето кое поминало меѓу изворниот текст и денешниот препис.

Многу е вредно и големо богатството на веродостојноста на текстовите од Новиот завет кога би ги споредиле со текстовите на другите познати антички извори.

Историјата на Тукидида (460-400 пр. Хр.) достапна ни е само во осум МСС кои потекнуваат од 900 година после Христа, скори 1300 години откако делото е напишано.

Ракописите на Хердотовата историја се исто така од подоцнежен датум и се ретки, а сепак Ф.Ф. Брус заклучува: “Ни еден експерт за класични јазици не би ја довел во сомневање веродостојноста на Херодотовата или Тукидидовата историја, само заради тоа што најраните текстови на нивните дела кои се денеска во употреба се препишани 1300 години посе изворно напишаниот текст.”

Аристотел својата поезија ја напишал околу 343 година пр. Хр., а најраните ракописи на преписи што ги имаме датираат од 1100 година после Христа, скоро 1400 години разлика, а во опток има само пет копии.

Цезар ја составил својата историја на Галските војни меќу 58 и 50 година пр. Хр., a веродостојноста на тие текстови лежи само на девет или десет примероци кои датираат од периодот 1000 години после неговата смрт.

Кога доаѓаме до проблемот на вистинитоста на ракописите на Новиот завет, засрамени сме од обилноста на метеријали. После откритијата на ракописите испишани на папирус, со кои се премости разликата меѓу Хривото време и вториот век, на светлото на денот излегоа уште многу други ракописи. Денеска постојат 20000 примероци на новозаветни текстови. Илијадата, на пример, има само 643 ракописи и е на второ место според веродостојноста после Новиот завет.

Сер Фредерик Кенион, кој бил директор и главен библиотекар на Британскиот музеј и единствен авторитет што можел да дава изјави во врска со ракописите, заклучува: “Временската разлика меѓу датумот на изворното пишување и најраните познати преписи станува толку мал што, всушност, би можел да се занемари, исто како и последното сомневање во тоа дека Новиот завет до нас стигнал во целост, онака како што бил изворно напишан. Веродостојноста и општата целосност на книгите на Новиот завет може да се сметаат за одредени.”

Експертот за новозаветен грчки јазик, Ј. Харолд Гренли додава: “Експертите, делата на античките класици ги прифаќаат како општо веродостојни, иако најраните преписи се напишани многу подоцна од изворното пишување и бројот на постојните текстови во многу случаи е многу мал, сосема е јасно дека веродостојноста на Новот завет е сосема сигурна”

Примената на библиографската проверка на Новиот завет не уверува дека тој има поголема веродостојност како стар текст, отколку било кое книжевно дело од старата антика. Покрај тоа и стотина години на интензивна текстуална критика на Новиот завет ни дава право да заклучиме дека е составен автентичен новозаветен текст.

Внатрешна проверка на фактите

Библиографската проверка го одреди само тоа дека текстот кој денеска го имаме е оној што е изворно напишан. Сеуште треба да се одреди дали запишаните извештаи се веродостојни и до која мерка Co тоа се занимава внаштрената проверка, втора на листата на проверки за историчноста на некое дело кои Ц. Сандерс ги поставил.

Во оваа точка литературниот критичар сеуште ја следи Аристотеловата изрека: “Сомневањето треба да оди во корист на самиот документ, а не да биде искористено на страна на критичарот.” Co други зборови, како што тоа Џон В. Монгомери го поедноставнил: “Мораме да ги слушнеме тврдењата на самиот документ што го анализираме, без да се претпостави дека има грешка или лага, освен ако самиот писател не се осрамотил со некои контраверзности или погрешно наброил познати факти.”

Др. Луис Гошталк, поранешен професор по историја на универзитетот во Чикаго, во водачот што на многумина им служи при историските истражувања, го објавува својот историски метод. Гошталк истакнува дека способноста на писателот или сведокот да ја каже вистината, му е од голема помош на историчарот за да ја одреди веродостојноста, “дури и ако таквата вистина е напишана во некој документ, присилно или со лага, или во друг случај била за осуда, или пак се темели на случајно сознание, или пак доаѓа од сведок што тоа го зборува заради своја корист.”

Таа способност на “кажување на вистината”, тесно е поврзана со близината на сведокот со запишаниот случај и географски и хронолошки. Извештаите во Новиот завет за Исусовиот живот и неговото учење, запишани се или од луѓе кои биле очевидци или биле поврзани со очевидците на вистинските случки и со учењето на Исуса Христа

Во Лука 1,1-3 пишува: “Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на словото, намислив и јас, откако испитав се од почеток, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле”.

И во 2 Послание на Петар (1,16) напишано е: “Зошто ние ви ја покажавме силата на доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку откако станавме очевидци на неговото величие.”

Во 1 Послание на Јован (1,3) пишува: “Она што го видовме и чувме за тоа ве известуваме, та и вие да имате општење со нас; а нашето општење е со Отецот и со неговиот Син Исус Христос.” Јован во своето евангелие пишува (19.35): “И кој виде – посведочи, и сведоштвото му е вистинито; и знае дека кажува вистина, за да поверувате и вие.”

Лука во своето евангелие дава детален опис (3,1): “Во петнаесеттата година од владеењето на ќесарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод – четворовласник над Галилеја и Филип брат му, четворовласник во Итуреја и Трахонитската област, и Лисиниј -четворовласник во Авилинија.”

Близината со случките запишани во извештаите е необично делотворно средство за потврдување на точноста на она што го изјавиле сведоците. Историчарот меѓутоа, мора исто така да ги земе во обзир и очевидците кои свесно или несвесно зборувале лага, иако биле во близина на случката и во состојба да зборуваат вистина

Новозаветните извештаи за Христа кружеле наоколу, низ подрачјата на оние сеуште живи Исусови современици. Тие луѓе сигурно можеле да ја потврдат или да ја побијат точноста на тие извештаи. Застапувајќи го својот дел од ширењето на евангелието, апостолите се повикувале (дури и пред најжестоките непријатели) на општопознатите факти во врска со Исус. Тие не велеа само: “Гледајте, па ние сме го виделе тоа..” или “Слушнавме дека..” туку во очи можеле да им кажат на своите прогонители: “И вие знаевте за тоа… и вие го видовте тоа; и сами знаете дека беше така..” Човек мора да биде многу внимателен кога пред своите противници вели: “И вие го знаете тоа”. Бидејќи ако изнесените податоци не се точни до последна поединост, тогаш ќе мора тие зборови да се потруди да ги голтне назад. “Луѓе Израелци, ислушајте ги овие зборови: Исус Назареецот, човек посведочен пред вас од Бога со сила, чудеса и знаци, што ги направи Бог преку него, како што и сами знаете.” (Дела 2,22).

“А кога го зборуваше ова во одбрана, Фест извика со висок глас: “Си полудел ли Павле! Многубројните книги те довеле до лудило.” A тој одговори: “He ,сум луд, уважени Фест, туку кажувам зборови на вистина со здрав разум. Тоа го знае и царот, пред кого и слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто да му е непознато, зошто тоа не е вршено во некој агол.” (Дела 26,24-26)

Во врска со квалитетот на примарниот извор на новозаветните извештаи, Ф.Ф. Брус, професор по библијска критика и егзегеза на универзитетот во Манчестер, вели: “Првите проповедници на евангелието не сметале само на пријателски расположените сведоци; имало и други кои не биле баш пријателски, кои исто така биле добро запознати со главните факти за делувањата и смртта на Исуса Христа. Учениците не смееле да си дозволат некоја неточност (да не зборуваме пак за било какво манипулирање со фактите), бидејќи веднаш би биле соочени со оние кои би се радувале кога учениците би направиле такво нешто. Напротив, една од најјаките точки на изворното проповедање на апостолите било повикувањето на вистинити работи кои на слушателите веќе им биле познати; и не само што можеле да кажат:

“Ние сме сведоци на она што ви го зборуваме”, туку можеле да кажат: “И вие сами знаете за тоа” (Дела 2,22). Кога би имале и најмала намера да ги завртат фактите во било кој друг правец, можните присутни сведоци кои биле нерпијателски расположени би ги исправиле нивните тврдења.”

Лауренс Џ. Мекгинли од колеџот Св. Петар, ја коментира вредноста на непријателски расположените сведоци во однос на запишаните извештаи: “Пред се, очевидците на наведените случки сеуште биле живи кога преданието било потполно обликувано; а меѓу тие очевидци имало и лути непријатели на новото верско движење. А сепак преданието било пренесувано низ добро познати дела и јавно поучувана наука во време кога лажната изјава би можела да биде нападната.”

Експертот за Новиот завет Роберт Грант од универзитетот во Чикаго заклучува: “Во времето кога тие (синоптичките евангелија) биле напишани или се претпоставува дека биле напишани, имало очевидци чие што сведоштво не било можно да се занемари… Тоа значи дека на евангелијата мора воглавно да се гледа како на веродостојно сведоштво за животот, смртта и воскреснувањето на Исуса Христа.”

Вил Дурант, историски истражувач, целиот свој живот го поминал анализирајќи извештаи од античкото време. Тој пишува: “И покрај предрасудите и однапред поставените теолошки заклучоци од страна на евангелистите, тие објавуваат извештаи за многу случки кои, кога би биле измислени, сигурно не би ги спомнале – натпреварувањето на апостолите кој ќе биде прв во Божјото кралство, нивното бегство после Исусовото апсење, Петровото одречување од Исус, Исусовата немоќ да направи чудо во Галилеја, спомнување на некои слушатели кои тврделе дека тој е луд, неговата несигурност во раните денови на неговата служба, неговото признание дека не знае што ќе биде во иднината, неговиот очајнички повик на крстот; се разбира секој кој ги чита овие редови нема да се посомнева во вистинитоста на ликот кој стои зад него. Кога неколку едноставни луѓе во една генерација можеле да измислат така моќна и привлечна личност, така возвишеиа и морална и таква вдаховена визија за човечко братство, би било чудо само по себе, многу по неверојатно отколку било кое чудо запишано во евангелијата. После два века Висок критицизам, описи на животот, карактерот и учењето на Исуса Христа остануваат јасни и сочинуваат најистакнат лик во историјата на Западната цивилизација.”

Надворешна проверка на фактите

Третата проверка на историчноста е онаа која се однесува на надворешните факти. Предметот на овие расправи се состои од тоа дали други историски материјали го потврдуваат или побиваат внатрешното сведоштво на самите документи. Co други зборови, уште какви извори постојат, освен оние кои ги испитуваме, со кои би ја поддржале точноста, вистинитоста и веродостојноста на текстот што го проучуваме?

Готшалк тврди дека “ускладеноста или совпаѓањето со други познати историски или научни факти често се решавачки за проверување на фактите, било преку еден или повеќе сведоци.”

Двајца пријатели на апостол Јован ги потврдуваат внатрешните факти кои Јован ги објавува. Историчарот Еузебие го зачувал пишувањето на Папие, бискуп на Хијерапол (130 година): “Старешината (апостол Јован) знаеше вака да каже: “Бидејќи Марко бил Петров преведувач, напишал се што тој (Петар) спомнал. Беа тоа зборовите и делата на Исуса Христа, но не по некој редослед, Бидејќи тој не бил Исусов слушател, ниту пак негов другар; но подоцна како што реков, тој му се првдружи на Петар којшто го прилагодил неговото учење онака како што наложуваа потребите, но не како тој да ги собирал сите изјави на нашиот Господ. Марко без било каква грешка, на тој начин ги напишал случките кои му биле спомнати; бидејќи најголемо внимание обракал само на едно, да не го испушти сето она што го слушнал, ниту пак да додаде некоја лажна изјава.”

Иринеј, Лионски бискуп (180 година. Иринеј бил ученик на Поликарп, бискупот на Смирна, кој бил христијанин цели 86 години, a бил ученик на апостол Јован) напишал: “Матеј своето евангелие го објави за Евреите, на нивен јазик, додека Петар и Павле го проповедаа евангелието во Рим каде што и основаа цркви. После нивното заминување (т.е. смртта, за кoe постои предание веројатно дека се случило во времето на Нероновото прогонство 64 година), Марко, ученик и преведувач на апостол Петар, ни ја пренесол на нас во писмен облик сржта на Петровата проповед. Лука, следбеник на апостол Павле, ги собрал проповедите на неговиот учител во книгата Евангелие. Јован, Господовиот ученик, кој се потпирал на неговите гради (тоа се однесува на Јован 13,25 и 21,20), и сам напишал евангелие додека живеел во Ефес во Азија.”

Археологијата често ни дава јаки надворешни докази. Таа допринесува кон библискиот критицизам, но не во подрачјето на вдаховеноста на Библијата и објавата, туку ни дава докази за точноста на случките кои се забележани. Археологот Џозеф Фри пишува: “Археологијата потврди неброени страници што беа отфрлени од критичарите како неисториски или како спротивни на познатите факти.”

Веќе видовме колку направи археологијата во случајот на Сер Вилиам Рамси за промена на неговото првобитно уверување за историчноста на Лукините извештаи и заклучил дека Делата на апостлите се сосема точни во описот на географските поими, антиквитет и друштвото во Мала Азија.

Ф.Ф. Брус бележи дека “таму каде што се сомневало дека Лука не бил точен во своите описи, точноста се потврдила со некои надворешни факти, па според тоа оправдано е да се каже дека археологијата ја потврдила точноста на извештаите на Новиот завет.”

А.Н. Шервин – Ваит, историчар на класиката, пишува дека “што се однесува на Делата на апостолите, потврдата за нивната историчност е надмоќна.” Продолжува и вели дека “било кој обид за отфрлање на историската основа, дури и во поединостите, сега ни се чини апсурдна. Римските историчари одамна ги прифатиле тие факти како вистинити.”

Откако лично сакав да ја поткопам историчноста и вистинитоста на Библијата, дојдов до заклучок дека таа е историски доверлива книга. Ако некој ја отфрли Билбијата како недоверлива во тој смисол, тогаш мора да ја отфрли скоро целата античка класична литература Непрестајно се соочувам со еден проблем, а тоа е желбата на многу луѓе на Библијата да применат еден вид на проверка, а на световната литература друг вид. Мораме да примениме еднакви проверки, да истражуваме, без разлика дали литературата која ја испитуваме е световна или религиозна. И кога ќе го направиме тоа, сметам дека сме во состојба да кажеме: “Библијата е доверлива книга и историски точна во своето сведочење за Исуса Христа.”

Др. Кларк X. Пинок, професор по систематска теологија на Регент колеџот изјавува: “He постои ни еден документ од античкиот свет што поседува толку убави текстуални и историски сведоштва, нудејќи така одличен низ историски податоци врз чија основа можат да се донесат разумни решенија Поштена личност не може да отфрли таков извор на податоци. Според историските податоци во врска со христијанството тоа се темели на неразумни (т.е. надприродни) склоности.”

ДЕСЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО ВЕРУВАМ ДЕКА БИБЛИЈАТА Е ЗБОРОТ БОЖЈИ
од Р.А.Тори (R.A.Torrey)

Бев донесен да верувам дека Библијата беше Зборот Божји. На млади години прифатив како таков под влијание на авторитетот на моите родители, но никогаш не се запрашав сериозно. Но покасно во мојот живот мојата вера во Библијата беше многу растресена преку влијанието на пишувањата на многу познати, учени и брилијантни скептици. Се најдов себеси лице во лице со прашањето, Зошто верувам дека Библијата е Зборот Божји?

Немав задоволувачки одговор. Се посветив да одам дното на оваа прашање. Ако задоволувачки доказ не може да биде најден дека Библијата е Зборот Божји, ќе се откажам од сета оваа работа, колку и да ме чини тоа. Без сомнение имав многу пријатели кои можеа да имат задоволувачки одговор на ова прашање, но не сакав да се им ја доверам борбата која што се случуваше во моето срце; така побарав помош од Бог и од книги, и после големо проучување и мислите ми беа извадени од темнината на скептицизмот во голема светлина на верата и сигурност дека Библијата од почетокот до крајот е Зборот Божји. Следниве страници главно доаѓаат од тоа искуство на конфликт и конечна победа. Ќе дадам Десет Причини зошто јас верувам дека Библијата е Зборот Божји.

Прво, на основата на сведоштвото на Исус Христос

Многу луѓе го прифаќаат авторитетот на Исус Христос но не го прифаќаат авторитетот на Библија како целина. Сите ние треба да го прифатиме Неговиот авторитет. Тој ни е потврден нам преку пет Божествени сведоштва: преку сведоштвото на Божествениот живот што го живееше; преку сведоштвото на Божествените зборови што ги збореше; преку сведоштвото на Божествените дела што ги вршеше; преку Божественото потврдување на Неговото воскресение од мртвите; и преку сведоштвото на Неговото Божествено влијание на историјата на човештвото. Но ако го прифатиме авторитетот на Христос мораме да го прифатиме и авторитетот на целата Библија. Тој дефинивно и конкретно ни сведочи за Божественото авторство на целата Библија.

Го наоѓаме Неговото сведоштво како Стариот Завет во Марко 7:13. Тој овде го наречува Мојсеевиот закон “Зборот Божји”. Тоа, се разбира се однесува на првите пет книги од Стариот Завет, но во Лука 24:27 читаме, „И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишано за Него во целото Писмо.” и во 44-тиот стих Тој вели: „Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се исполни си што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон, во Пророците и во Псалмите.” Евреите го поделиле Стариот Завет на три дела – Законот, Пророците и Псалмите – и Христос ги зема секој од тие делови и го отпечатува Неговиот авторитет врз нив. Во Јован 10:35 Христос вели: „Писмото не може да биде нарушено,” така учејќи ја апсолутната точност и неприкосновеност на Стариот Завет. Дури и по специфично, е возможно во Матеј 5:18, Исус вели, „Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква (јота), ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне си.” Јотата е најмалата буква од Еврејската азбука – помала од половината по големина од било која друга буква, а цртичка е најмалата точка од консонанта – помалку од крстот што го ставаме во „т” – и Христос овде ни изјавува дека Писмата се апсолутно вистинити, дури до најмалата буква или точка од буквата. Така, ако го прифаќаме авторитетот на Христос, мораме да го прифатиме и Божествениот авторитет на целиот Стар Завет.

Сега, што се однесува за Новиот Завет. Го наоѓаме Христовото потврдување во Јован 14:26, „Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи си и ќе ве потсети на си што ви реков.” Овде гледаме дека не само учењето на Апостолите требаше да биде целосно вдахновено, но и нивните сеќавања на тоа што самиот Христос учеше. Понекогаш не прашуваат како знаеме дека Апостолите правилно се сеќаваатп што тоа Исус рекол – „можеби заборавиле?” – точно, мoжат да заборават, но самиот Хритос во Евангелијата ни вели дека не Апостолското сеќавање на тоа што Тој рекол, но Светиот Дух ќе ги потсети, а Духот Божји никогаш не заборава. Во Јован 16:13-14, Христос вели дека Светиот Дух ќе ги води Апостолите во „целата вистина”, така во учењата на Новиот Завет имаме целосна сфера на Божјата вистина. Учењето на Апостолите е повеќе комплетно отколку тоа на Исус, затоа што Тој вели во Јован 16:12, „Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина,” Додека Неговото учење беше делумно поради нивната слабост, учењето на Апостолите, под ветувањето на Духот, беше да се земе во целосната сфера на Божјата вистина.

Така, ако го прифатиме авторитетот на Христос мораме да го прифатиме тоа и за целата Библија, но мораме, како што видовме, да го прифатме Христовиот авторитет.

Второ, на основата на исполнетите пророштва

Има два вида на пророштва во Библијата – прво, јасно формулирани, и второт усни пророштва.

Во првите имаме имаме јасни пророштва кои се однесуваат на Евреите, безбожните народи и Месијата. Ако на пример ги земеме пророштвата за како илустрација, да погледнеме во Исаија 53, Михеј 5:2, Даниел 9:25-27. Многу други можат да бидат спомнати, но тие ќе ни послужат како илустрации. Во тие пророштва, напишани стотици години пред да дојде Месијата, ги имаме најпрецизните тврдења за начинот и местото на Неговото раѓање, начинот на Неговиот прием од страна на луѓето, како Неговиот живот ќе заврши, Неговото воскреснување и Неговата победа над смртта. Кога тие пророштва биле запишани биле крајно неверојатни, изгледале невозможни да се исполнат; но тие биле исполнети до најситен детал за начинот и местото и времето. Како да го објасниме ова? Човек не можел да ги предвиди овие неверојатни настани – тие се случиле после стотици години – но Бог можел, и Господ е Тој кој зборел преку тие луѓе.

Но пророштвата се во повеќе чуден стил. Се што е во Стариот Завет – историјата, институциите, церемонииите – е пророчки. Првосвештеникот, обичниот свештеник, Левитите, пророците, свештениците и цареците, се е пророштво. Скинијата,  се пророштва. Во сите овие работи, проучивајќи ги детално и сериозно во светлина на историјата за Исус Христос и црквата, гледаме откривање на старите институции ракоположени од Бог да наоѓаат директна цел, пророштва за смртта, искупувањето, и воскреснувањето на Христос, денот на Пентекост, и целата историја на црквата. Ги гледаме длабоките Христијански учења на Новиот Завет, предвидени во тие институции во Стариот Завет. Единствениот начин на кој можеш да го цениш сето ова е да земеш во самата Книга самиот и да студираш се за жртвите и празниците, итн., се додека не ги најдеш вистините на Новиот Завет како сјаат во Стариот. Ако, во студирањето на некои елементарни форми на живот, основни органи, кои се непотребни сега, но со процесот на развој станале за употреба во тој животински наследник, велам, грбот на тие елемантирани органи е Бог, Кој в најмалото животно, приготвува за живот.

Трето, на основата на единството на книгата

Тоа е еден стар аргумент, но доста задоволувачки. Библијата се состои од шеесет и шест книги, напишани од повеќе од триесет различни луѓе, и период на составуање кој се протега повеќе од ијлада и петстотини години; напишан на три различни јазици, во многу различни земји, и луѓе од секаков тип на социјален живот, од овчари до рибари и политичари, се до цареви на нивните престоли; напишана под секакви видови на околности; но и покрај сите овие чудесни ситуации и околности и луѓе наоѓаме едно апсолутно единство на мислата.

Прекрасно нешто за тоа е што оваа единство не се основа на површинското. На површината често пати изгледа дека има контрадикторности, и единството доаѓа само после длабоко и долго проучување.

Уште по прекрасно е живиот карактер на единството, започнувајќи од првата книга и се додека не се стигне до кулминацијата во последната книга од Библијата. Го имаме прво семето, потоа посадувањето, потоа развитокот, расцветувањето и на крајот берењето на плодот.

Да претпоставиме дека огромна градба треба да биде издигната, и се донесени секакви камења од различни места. Секој камен бил изделкан во крајната форма во каменоломот каков што бил донесен. Овие камења биле од секаква форма и големина, квадратни, цилиндрични, тркалезни, итн., но кога биле донесени заедно секој камен си го нашол своето место, и кога биле ставени заедно, изникнал пред тебе апсолутно перфектен храм во секој линија, со своите куполи, ѕидови, потпорни ѕидови, подови, никаде дупка или пукнатина. Како си го објаснуваш тоа? Би можел да речеш:

„Основата на тие индивидуални работници во каменоломот била умот на некој архитект со експертен ум кој испланирал сe, и дал на секој работник инструкции што да работи.”

Така и во овој величествен храм на Божјата вистина која ја нарекуваме Библијата, чиишто камења се биле оформувани во долг период од време и на место толку отдалечени едно од друго, но и најмалото делче се вклопува со другото делче, приморани сме да речеме дека основата на човечките раце кои пишувале била Брилијантен ум кој ги научил.

Четврто, на основата на неизмерната супериорност на учењата на Библијата споредени со било која и секој друг книга

Доста модерно е во некои кругови да се споредуваат учењата на Библијата со учењата на Буда, Конфучие, Сократ, Маркус Аврелиј, и голем број на други автори од народите. Разликата меѓи учењата на Библијата и оние на другите луѓе се наоѓа во три точки—

Прво, Библиjата во себе содржи ништо друго освен вистината, додека сите други имаат вистина помешана со грешки. Вистина е дека Сократ учел како еден филозоф треба да умре; исто така учел како жена од градот треба да го спроведе својот бизнис. Постојат скапоцени камења во учењата на овие луѓе, но (како што Џозеф Кук една рекол) тие се „скапоцени камења извадени од калта.”

Второ, Библијата ја содржи целата вистина. Не постои вистина која што може да биде најдена било каде за морална или духовна тема која што не можеш да ја најдеш во содржината на кориците на старата Книга. Често кога зборувам на оваа тема, прашувам некој да ми донесе една вистина за некоја морална или духовна тема, којашто не можам помеѓу кориците на оваа книга, и никој не можел да го направи. Имам поминато низ многу труд да споредам некои од подобрите учења на нехристијаните со тие од Библијата. Тие навистина имаат некои скапоцени мисли, но тие се знаеле тие или не, украдени скапоцени камења, и тоа украдени токму од таа книга на која тие се исмеваат.

Третата поента за супериорноста е ова: Библијата содржи повеќе вистина од сите книги соберени заедно. Соберете заедно од целата литература од дамнешни и денешни времиња сите убави мисли коишто можете; ставете го настрана целото ѓубре; ставете ги сите овие вистини што сте ги собрале од литературата преку сите години во една книга, и како резултат, дури и тогаш нема имате книга којашто може да го замени местото на оваа единствена книга.

Ова не е голема книга. Во рацете држам копија којашто можам да ја носам во џебот, но во таа една мала книга има повеќе од вистината, отколку во сите книги кои што човекот ги има напишано преку сите години од историјата. Како си го објаснуваш ова? Има само еден разумен начин. Ова не е човечка книга, ова е Божја книга.

Петто, на основата на историјата на книгата, и нејзината победа над нападите.

Целсус се обидол преку брилијантноста на неговата генијалност, Порпир преку длабочината на неговата филозофија; но не успеале, Луциан се насочил против неа со потсмевувањето, Диоклецијан со моќта на Римската империја, но не успеале. Едикт кој во позадина ја има целата машинерија на империјата било издадено наредба секоја Библија да биде изгорена, и дека секој што имал Библија треба да биде осуден на смрт. Ако ова беа човечки книги, ќе беа уништени и заборавени веќе пред стотици години, но бидејќи внатре се крие силата Божја, и покрај тоа што преку годините големи луѓе од светот се биле против неа, и само еден мал остаток од луѓе за неа, сеуште го исполнила прекрасно Христовите зборови, и покрај тоа што не во оригалното пророштво, Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат Марко 13:31

Шесто, на основата на карактерот на оние кои ја прифатиле и оние кои ја отфрлиле книгата

Две работи зборуваа за божественоста на Библијата – карактерот на оние кои ја прифатиле, и по истиот начин, карактерот на оние кои ја отфрлиле. Не велам дека секој човек што исповеда дека верува во ова книга дека автоматски е подобар од оној кој не верува, но покажи ми човек кој живее несебичен, посветен живот, еден кој без резерва се предал целосно на Божјата волја, и јас ќе ти покажам човек кој верува во Библијата дека е Зборот Божји. Од друга страна, покажи ми човек кој го отфлра Божествениот авторитет на ова книга, и јас ќе ти покажам човек кој живее живот на ненаситност, или похот, или духовна гордост, или по своја соптсвена волја.

Да си претпоставиме дека имаме книга напишана од некој писател, луѓето кои што најдобро го познаваат тој писател би рекле дека е негова, и луѓето кои што најмалку се запознаени со тој човек би рекле дека не е; кому ќе му поверувате? Сега, луѓето коиштп најмногу го познаваат Бог ќе ви речат дека Библијата е Негова книга; а тие кои што најмалку го познаваат ќе ви речат дека не е Негова. Кому ќе му верувате?

Потаму, како што луѓето стануваат подобри тие се склонни повеќе да ја прифаќаат Библијата, и како што стануваат полоши тие повеќе ја отфрлаат. Сите ние познаваме некои луѓе кои се биле грешни и што не веруваат, коишто преку оставањето на нивниот грев, го изгубиле неверието. Дали некој од нас познава човек којшто бил грешен и што верува, и оставајќи го гревот да ја изгуби и верата? Колку што поблизу човек живее до Бог толку поуверен станува дека Библијата е Божјиот Збор; колку подалеку се одалечува од Него толку поуверен станува дека не е.

Каде е крепоста на Библијата? Во чистиот, несебичен, и среќен дом. Каде е крепоста на неверникот? Во коцкарската сала, во кафеаната и во јавните куќи. Ако некој човек влезе во кафеана и стави Библија на шанкот, и си порача да пие, ќе си помислиме дека има некое чудно противоречие во неговите акции, но ако стави некое атеистичко списание на шанкот, и си порача да пие, нема да си помислиме дека нешто чудно се случило.

Седмо, на основата на влијанието на оваа книга.

Има повеќе сила во таа мала книга да ги спаси луѓето, да ги очисти и да ги разубави нивните животи, отколку секоја друга литература собрана заедно – повеќе сила да го подигне човекот кон Бог. Потокот никогаш не е на повисоко од неговиот извор, така и книгата која има сила да го подигне човекот кон Бог како што никоја друга неа, мора да доаѓа од Бог на начин како што никоја друга не дошла.

Както што пишувам, имам во умот еден човек, како никој друг, кој штп беше тотална жртва на алкохолот; човек со големи интелектуални дарби, но кој што беше притиснат и демонизиран од моќта на гревот, и беше атеист. Но Божјата светлина засвети во мрачното срце на овој човек, и преку силата на ова книга тој беше транформиран во еден од најпонизните, пријатните и прекрасни луѓе што ги знам до денес.

Која друга книга го има направено ова? Која друга книга ја има моќта да поправи не само поединци но цели општества и нации?

Осмо, на основата на неисцрпната длабочина на ова книга

Две илјади години нема ништо додадено кон оваа книга, и покрај тоа што многу луѓе не можеле да ја исцрпат и покрај тоа што ја проучувале цел живот. Џорџ Милер ја прочитал повеќе од сто пати, и изјавил дека секогаш кога ја читал била посвежа и посвежа. Може ли тоа да биде вистина за некој друга книга?

Но уште по величествено од ова – не само поедини луѓе, но цели генерации веќе две илјади години копале во неа и дале на светот илјадници томови посветени на нејзиното толкување, и сеуште не стигнале до дното. Книга што е од човек напишана, човек може и да ја исцрпи, но сите луѓе собрани не можеле да стигнат до дното на оваа книга. Какво објаснување ќе дадеш за ова? Само на овој начин – дека во ова книга се сокриени бескрајни и неисцрпни богатства на мудрост и познавање на Бог.

Еден брилијантен унитириански писател, во обидот да го дискредитира вдахновението на Библијата, рекол: „Колку безбожно е да му препишеш на еден бескраен Бог дека Го напишал целиот Него Збор во една толку мала книга.” Тој не гледа како овој аргумент може да се сврти против него. Какво сведоштво е за божественоста на ова книга дека таква бескрајна мудрост може да се собере во на толку мал простор.

Девето, на основата на фактот дека кога растеме во знањето и светоста, растеме и кон Библијата

Секоја разумно мислечка личност кога почнува да ја проучува Библијата наоѓа многу работи со кои не се согласува, но како што продолжува со проучивање и растење во сличноста на Бог, колку повеќе се доближува до Бог, толку повеќе се доближува до Библијата. Колку поблизу и поблизу доаѓа до Божјата гледна точка, толку помалку има несогласување помеѓу нас и Библијата. Кој е неизбежниот математички заклучок? Кога доѓаме таму каде што Бог е, ќе има средба помеѓу нас и Библијата. Со други зборови, Библијата е напишана од Божја гледна точка.

Замисли си дека патуваш низ шума под команда под водство на искусен и многу препорачан водач. И доаѓаш до место каде што патот се разделува на два. Водачот ти вели дека треба да се тргне по патот на левата страна, но твоето сопствено пресудување се издига над фактите пред да види јасен доказ дека патот по кој треба да се тргне е на десната страна. Се свртуваш и му велиш на водачот:

„Знам дека си имал големо искуство низ шумите, и дојде да ме водиш затоа што беше високо препорачан, но моето сопствено пресудување ми вели јасно дека патото на десната страна е оној по кој треба да тргнеме, и морам да го следам моето пресудување. Знам дека моето расудување не е безгрешно, но тоа е најдобриот водач што го имам.”

Но откако си тргнал по патот, после некоја далечина си приморан да запреш, да се свртиш, да се вратиш и да тргнеш по патот кој водачот рекол дека е вистинскиот.

После некое време доаѓап на друго место каде што патот се разделува. Сега водачато ти вели дека патот на десната страна е правилниот по кој треба да се тргне, но твоето пресудување јасно ти вели дека треба да се тргне по тој лево, и повторно го следиш твоето пресудување со истиот резултат како порано.

Откато би го имал оваа искуство четириесет или педесет пати, и секој пат си бил на погрешниот пат, мислам дека би имал доволно чувство следниот пат да го следиш водачот.

Тоа е токму моето искуство со Библијата. Во почетокот ја примив како авторитет над другите. Како скоро сите млади луѓе, мојата доверба беше растресена, и дојдов на крстосница на патот повеќе од четириесет пати, и го следев мојот сопствен разум, и како резултат себеси грешка, а Библијата секојпат во право, и верувам дека отсега натаму ќе имам доволно чувство да ги следам учењата на Библија што и да вели моето сопствено расудување.

Десетто, на основата на директното сведоштво на Светиот Дух

Започнавме со Бог и ќе завршиме со Бог. Започнавме со сведоштвото на втората личност од Тројството, и ќе заклучиме со третата личност од Тројството.

Светиот Дух го става својот печат во душата на секој верник за Божествениот авторитет на Библијата. Возможно е да се дојде до место каде што нема повеќе да ние потребен доказ дека Библијата е Божјиот Збор. Исус вели: „Моите овци го слушаат мојот глас,” и Божјите деца го познаваат Неговиот глас, и јас знам дека гласот што ми зборува од страниците на таа Книга е гласот на мојот Татко. Понекогаш ќе сретнеш некоја верна бабичка, која ќе ти рече дека знае дека Библијата е Зборот Божји, и кога ќе ја праша, и кога ќе ја прашаш за причината зошто верува дека е Зборот Божји, таа не може да ти даде причина, едноставно ти вели:

„Знам дека е Зборот Божји.”

Ти велиш: „Тоа е чисто суеверие.”

Не, не воопшто. Таа е една од Христовите овци, и го разпознава гласот на нејзиниот Пастир од другите гласови. Таа е една од Божјите деца, и знае дека гласот кој и зборува од Библијата е гласот Божји. Неа не и се потребни аргументи.

Секој може да го има тоа сведоштво. Јован 7:17 ни вели како да го добиеме. „Ако некој сака да ја исполнува Неговата волја, ќе знае дали е наукава од Бога.” Само предај ја твојата волја на Божјата, без разлика каде ќе те однесе, и ќе се ставиш во позиција кон Бог што кога ќе ја читаш ова книга ќе препознаеш дека гласот што ти зборува од неа, е гласот на Бог кому ти си ја предал твојата волја.

Пред некое време, кога зборував на нашите студенти на темата како да се зборува со скептиците, меѓу слушателите имаше еден дипломиран студент на Британски Универзитет кој беше попаднал во длабок скептицизам. На крајот на лекцијата дојде кај мене и ми рече:

„Не сакам да бидам неучтив Г-не, но моето искуство противречи на се што рековте.”

Го прашав дали го следел правецот на моите постапки и не нашол светлина во нив. Рече дека го следел. Влегувајќи во друга соба каде што имав напишано еден завет кој гласеше:

„Верувам дека има апсолутна разлика помеѓу доброто и злото, и така застанувам на страната на доброто, да го следам што и да ме чини. Ветувам искрено дека ќе вложам голем труд да откријам која е вистината, и ако некогаш откријам дека Исус Христос е Синот Божји, ветувам дека ќе го прифатам како мој Спасител и ќе го исповедам тоа пред светот”

Му го дадов тоа ливче на господинот и го прашав дали ќе го потпише. Тој одговори,

„Се разбира,” и го потпиша. Му реков:

„Ти не знаеш дека нема Бог, и ти не знаеш дека Бог не одговора на молитвите. Јас знам дека Тој го прави, но моето знаење нема полза за тебе, но ова е возможно клопче кон знаењето. Сега вети дека ќе ја бараш искрено вистината, што значи дека ќе го следиш ова возможно клопче. Сакам да ти предложам една молитва како ова: „О, Боже, ако постоиш, и ако одговараш на молитва, покажи ми дали Исус Христос е твојот Син, и ако ми покажеш дека е, ќе го прифатам за мој Спасител и ќе го признаам пред светот.”

Со согласи дека ќе го направи тоа. Потоа му предложив да го земе евангелието од Јован и да го чита секој ден, да чита по само неколку стиха наеднаш, бавно, но со размислување, и секогаш кога ќе чита да го моли Бог да му даде светлина. Се согласи исто така и на ова велејќи, „Нема ништо во ова.” Како и да е, на крајот, го сретнав повторно, и ми рече, „Има нешто во ова.” Му реков, „Го знаев тоа.” Тогаш тој продолжи велејќи, како да бил зафатен од некоја река и бил однесен, и дека после не многу долго би бил христијанин.

Пред некое време го сретнав истиот човек повторно, и ми рече дека не можел да разбере како бил толку слеп, како воопшто бил послушен на расудувањето кое го имал; дека сега тоа му се гледа крајно безумно. Му реков дека Библијата ќе му го објасни тоа, дека „А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух,” но сега се ставил себе си во правилно позиција кон Бог и Неговата вистина, и сe станало јасно. Тој човек, кој ме убедуваше дека е „многу особен човек,” и дека методите кои имале влијание на другите нема да имаат и нему, но ставајќи се себеси во правилен однос кон Бог, дојде до место каде што прими директно сведоштво на Светиот Дух дека оваа Библија е Зборот Божји; и секој друг може да го направи истото.

ВО ШТО СЕ СОСТОИ РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ БИБЛИЈАТА И ОСТАНАТИТЕ КНИГИ?

Најнапред, Библијата се разликува од другите книги по тоа што е полна со свежина која зрачи од неа. Да повторам уште еднаш: за да се искуси таа свежина, потребно е нејзино темелно и длабоко истражување. Некој во неа може да најде одговор на прашањата за иднината, друг можеби ја чита за да ја исмее, а трет пак, ја чита за да го запознае Бог. Првиот и вториот веројатно ќе се разочараат од неа, но затоа пак третиот ќе добие вечен живот.

Библијата е непресушен извор и може да се чита еднаш, двапати, десетпати и секогаш да е со истата свежина. Еден шведски писател рекол: „Библијата е се уште моќен извор на животот како и порано. Може ли некој да потврди дека Библијата уништила нечиј живот? Таа е Божји Збор, нежен развигор на вечноста и можеш да ја читаш колку што сакаш, а да не се умориш”.

Англискиот физичар Мајкл Фарадеј (1791-1867) со глад ја читал Библијата. и со голема љубов им зборувал на луѓето за неа. Би можеле да споменеме уште цела галерија личности, кои зборувале за убавината и за свежината на Библијата.

Светото Писмо е оаза сред пустина, каде што жедната и уморна душа може да најде поткрепа. Во Библијата мнозина нашле утеха кога биле во голема жалост, или надеж кога биле во очај. Таа е секогаш свежа, што не е случај и со другите книги. Ретко кога читаме некоја книга по втор пат, а да не ни биде здодевна. Уште се поретки книгите кои ги читаме по трет пат. Тоа е разликата помеѓу живата и мртвата книга. Co ова не порекнуваме дека постојат прекрасни книжевни ремек-дела, но ниедно не може да се спореди со Библијата која ги надвишува сите заедно.

Можеби некој ќе рече: „Па и неа ја напишале луѓе!”. Да, тоа е вистина, но да видиме што вели за тоа самата Библија: „Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Зашто никогаш според човековата волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветлувани од Светиот Дух” (2 Пет.1:20-21).

Секој збор што се наоѓа во Библијата е инспириран, односно вдахновен од Светиот Дух и содржи живот. Луѓето кои биле инспирирани од Светиот Дух ја напишале оваа книга. Книгите од светската литература, колку и да се вредни и признати, сепак бргу застаруваат. Се случува во книжарниците да се продаваат книги по намалени цени. Зошто? Главната причина е неактуелноста на тие книги. Една теорија заменува друга, па така книгите стануваат несовремени. Единствено Библијата останува свежа, современа и секогаш на цена. Колку ли само крадци постанале чесни луѓе преку оваа книга. Еден американски гангстер го опишал својот живот во една своја книга под наслов: „Бев гангстер”. Иако бил роден во христијанско семејство, сепак тргнал по погрешен пат. Во текот на 2. Светска војна станал специјалист за електроника, a no војната се вработил во полицијата изработувајќи апарати за прислушување. Иако бил познат по своите пронајдоци, според неговото мислење не бил доволно платен. Така, се одлучил да работи за гангстерите, додека и сам не станал еден од нив. Во подземјето на Калифорнија доживеал многу авантури. Во ноември 1949 година, во Лос Анџелес, под еден шатор ја слушнал пораката на евангелизаторот Били Греам, и после проповедта поттикнат од самата порака, решил да го остави стариот начин на живеење. Го примил Христос во своето срце и тоа било почетокот на неговиот нов живот. Многу нешта со кои ги мамел луѓето ги продал за да им ги врати парите на измамените. Преку Божјиот Збор, Библијата, овој некогашен гангстер, станал чесен и вреден христијанин. Ова е само доказ дека Библијата поседува моќ на трансформација, што не е случај со ниедна друга книга.

Сепак, и покрај ова како и многу други сведоштва, постојат луѓе кои неуморно се обидуваат да го поткопаат и урнат угледот на Библијата и ја споредуваат со обичните книги. За жал, и некои христијани ги прифатиле овие критики како основани, па верата во Бог им се разнишала. Затоа, уште денеска потребно е да се заземе јасен став во поглед на тоа прашање, за да можат младите во верата кога се пред искушение, да најдат цврста потпора. А оние кои се уште не поверувале, да ја разберат и да откријат какво богатство се крие во Библијата.

Се до денес, науката не е во состојба да одговори на прашањето: која е причината за смртта? На ова прашање, Библијата дава кус и јасен одговор: „ Платата за гревот е смрт!” (Рим. 6:23).

Тоа значи дека причината за смртта е гревот на човекот. За ова зборува и мудриот Соломон во своите Поговорки: „ Правдата го издига народот, a гревот е за негов срам ” (14:34).

Причината за секоја неволја е во непослушноста кон Бог. Ако некој сака да добие одговор на прашањата од животна важност, мора да ја чита Библијата сериозно и темелно, бидејќи само така ќе дојде до саканата цел. Брзото и површно читање како и критикувањето, никаде не водат. Кој ја чита Библијата со отворено и искрено срце, преку неа може да дојде во контакт со живиот Бог.

НАПАДИ ВРЗ БИБЛИЈАТА

За жал, речиси во сите училишта, од основните па се до високите, професорите им пренесуваат на децата, на младината и на студентите застарени науки. Се случува, некои млади момчиња или девојки кои заминале на училиште. со вера во Бог, да се вратат дома со празни и скршени срца. Некој насила им ја истргнал нивната вера и потполно ги осиромашил и упропастил. Како последица од сето тоа е порастот на неморалот, непочитување на постарите итн.

За ова, голема вина имаат и многу теолози кои наместо да ја градат верата во Бог, тие ја поткопуваат. Меѓутоа, Библијата јасно и гласно вели дека Бог не дозволува да биде надитрен и дека човекот ќе си пожнее тоа што си посеал! Ако сеел лошо семе, Бог ќе го казни, макар бил и врвен теолог!

Светото Писмо е вистинито од почеток до крај. Познатиот „принц на проповедниците” Ч.Х. Сперџен, застанал на страната на апсолутната веродостојност на целата Библија. Тој рекол: „Се бориме за секој збор од Библијата и веруваме во буквалната инспирација од Светиот Дух, т.е. веруваме дека не постои поинаква инспирација од оваа. Ако некој ни го одземе Зборот, тогаш смислата сама по себе ќе се изгуби”.

Библијата е најмеродавното откровение на Божјата волја за човекот. Во Стариот Завет повеќе од 2.000 пати се спомнува изразот: „ Така вели Господ (Бог)!”. Но, не се само овие стихови Божји Зборови, туку целата Библија е Божји Збор.

„Бидејќи Бог не греши, не може ни Библијата да греши!” – рекол некој. Непогрешливоста на Библијата се темели врз непогрешливоста на Бог. Некои теолози тврдат дека Библијата не е Божји Збор, туку дека само го содржи Божјиот Збор! Co тоа сакаат да кажат дека Светото Писмо се состои и од човекова мудрост и од Божјите зборови. He! Библијата е буквално Божји Збор! Од првата книга, па до последната, се што е напишано е Божји Збор.

„Сине човечки, те поставив за стражар над Израел, затоа слушај го Мојот Збор u предупредувај ги луѓето!” (Езек. 3:17).

Библијата е пишувана по Божји налог, и во Негово име зборувале пророците и апостолите. Сам Исус Христос ја потврдува веродостојноста на Стариот Завет велејќи: „Ако му верувавте на Мојсеј, ќе ми верувате и Мене, заилто тој пшиува за Мене. Но, бидејќи нему не му верувате, како ќе ми верувате Мене што ви зборувам? ” (Job. 5:46-47).

Апостол Павле својата вера ја потврдил пред судијата Феликс со зборовите: „Ноти признавам, дека според учењето кое тие го нарекуваат ерес, My служам на Бог и на татковците наши, и дека верувам во се што е напишано во Законот и во Пророците, и дека се надевам на Бог, бидејќи ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат. А за тоа и сам се грижам секогаш да имам чиста совест пред Бог и пред луѓето ” (Дела 24:14-16).

Самиот Господ Исус и апостолите им служеле како пример на првите христијани. Кога Тој и Неговите ученици веруваа во веродостојноста на Светото Писмо, кој е човекот за да ја расипува таа вера? Кому треба повеќе да веруваме: на Бог или на луѓето?

Библијата е најпознатата книга во светот, a ceпак најмногу е критикувана од оние кои ја читале површно или воопшто не ја читале. Многу луѓе кои живеат во грев тврдат дека Библијата е несовремена и неверодостојна. Бог е спремен да докаже дека таа е Негов Збор, но прашањето е дали луѓето се спремни да Го послушаат и да се оттргнат од своите гревови.

Пред се, Библијата е напишана за да ни го покаже патот кон Бог. Ако не се поклопува со денешните науки, тоа не и пречи, бидејќи којзнае уште колку науки и учења ќе се сменат додека на крај не се утврди дека Библијата и науката која е од Бог одобрена, потполно се сложуваат.

Во науката, една теорија заменува друга, па така, онаа наука која до вчера важела како вистина, денес се прогласува за лага, бидејќи и помеѓу самите научници постои конкуренција.

Веродостојноста на книгата на пророкот Даниел честопати е сметана за дискутабилна. Се тврди дека Даниел не е авторот на оваа книга, туку дека е напишана многу подоцна, а само е наречена според него. Намената и била да служи како охрабрување на израелскиот народ. Во 4. глава од оваа книга има запис за царот Навуходоносор како привремено го загубил разумот. Многумина ова го сметаат за бајка. Но, што се случило?

Пред извесно време пронајдени се два доказа кои го потврдуваат записот на Даниел. Тие се напишани на вавилонски јазик со клинесто писмо, a за тоа пишува и познавачот на историјата на Вавилон и Асирија, Маркус фон Рибур. Овие, како и други докази не се занемарливи, иако Библијата е вистинита и без докази.

Најкритикуваните книги од Стариот Завет се петте Мојсееви книги. Меѓутоа, самиот Исус Христос сведочи дека Мојсеј ги напишал. Во Евангелието според Јован вели: „ Зарем не ви даде Мојсеј Закон? Ама никој од вас не го исполнува тој Закон!” (7:19). Под поимот Закон се подразбираат сите 5 книги на Мојсеј, или Тора, како што ги нарекуваат Евреите.
Модерните теолози би морале да го променат својот став што се однесува до авторството на овие книги, ако сакаат да куртулат од Божјиот суд. Јован Крстител еднаш им рече на теолозите од тоа време, односно на фарисеите и садукеите: „Змијски рожби, кој ви кажа да бегаше од гневот што иде? Донесете плод достоен за покајание!”

Повеќето луѓе кои не сакаат да признаат дека целата Библија е веродостојна, се плашат да не ги наречат старомодни и не сакаат да бидат исмејани. Сепак, Исус Христос однапред кажа дека вистинските христијани ќе бидат исмејувани заради својата вера.

Многу модерни теолози се обидуваат да создадат ново Евангелие. Еве што вели апостолот Павле за тоа во Гал. 1:8: „Но дури и ние, или ангел од небото да ви проповеда евангелие поинакво од она, како што ние ви го проповедавме, нека биде проклет!”.

Евангелието е Божјо дело. Тоа е Радосна вест за спасение на грешниците не по нивна заслуга, туку според Божјата милост и преку скапоцената крв на Божјиот Син што ја пролеа на Голготскиот крст. Секој грешник кој верува дека Исус Христос умрел заради неговите гревови, ќе биде спасен. Таквиот верник го отфрла стариот начин на живеење, па од благодарност кон големата жртва на Божјиот Син, почнува да живее свет живот.

Евангелието зборува за Исус Христос како единороден Божји Син, зачнат од Светиот Дух, роден од девица, кој умре на крст и беше погребан и на третиот ден воскресна од мртвите со силата на Бог. Тој докажа дека Неговиот Збор е вистинит.

Многу свештеници и проповедници не ја прифаќаат оваа наука и проповедаат човечка мудрост. Нека сам Бог ги поттикне нивните срца, за да се вратат од погрешниот пат, за да не ги стаса проклетството од писмото до Ефешаните. Основната причина заради која многу луѓе го отфрлаат Божјиот Збор, е таа што не веруваат во чуда. За нив порано се зборувало злонамерно, но во последно време и тие гласови замолкнаа. Имено, во природата постојат многу нешта кои не можеме да ги протолкуваме поинаку, освен да ги прифатиме како чуда.

Ако Бог не е во состојба да прави чуда, тогаш Тој не е Бог. Познатиот математичар Паскал рекол: „Последниот чекор на мудроста е да го признае постоењето на многу нешта кои го надминуваат разумот. Ако не дојде до тој заклучок, тогаш таа е многу плитка”.

Кој не верува дека Бог го создал светот, тој не верува ни во чуда. Кој пак, не верува во чуда, не може да верува ни во Бог, затоа што Бог е натприроден. Впрочем, зошто ми е верата во Бог, ако не е во состојба да ми помогне? Верата во таков Бог би била одвишна. Библијата, на своите страници честопати ги спомнува чудата, па еве едно од нив. Сара, жената на Аврам, не можеше долго време да роди. Еднаш Аврама го посетија тројца туѓинци. Нему уште порано му беше ветено дека ќе има син со Сара, но тоа ветување никако да се исполни. Еден од туѓинците му вети: „Догодина во ова време, враќајќи се, јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара жената твоја ќе има снн”(1Мој. 18:10). Сара го слушна ова и се насмеа, затоа што беше многу стара, како што беше и Аврам, нејзиниот маж. „Тогаш му рече Господ на Аврам: зошто се насмеа Сара во себе велејќи, вистина ли е дека ќе родам кога ќе остарам? Има ли нешто неможно за Господ? Догодина во ова време Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара ќе има син!” (1Мој.18:13-14). И навистина, по една година на Аврам му се роди син според Божјото ветување и му даде име Исак. Аврам имаше сто години кога му се роди Исак, a Сара на сето ова, вака коментираше: „Господ ми нанесе смеа; кој ќе чуе за мене, ќе ми се смее. И рече: кој би рекол дека Сара ќе му роди на Аврам деца? Но, сепак му родив син во староста негова ” (21:6-7).

Целата Библија е преполна со Божјата слава. Што се однесува до верата во Божјите дела, мнозина се скептични, а што се однесува пак до теоријата на еволуцијата, тогаш веруваат во нешта за кои воопшто нема докази. Едно од тие нешта е дека човекот потекнал од едноставна клетка, и во текот на милионите години се развил во денешниот облик. Секако, повеќето луѓе се спремни да веруваат на лагите на ѓаволот, кој е наречен „татко на лагата”, отколку на Бог и на Неговиот Збор.

Теоријата на еволуцијата е всушност еден вид религија, бидејќи мнозина веруваат во неа. Колку се бедни оние христијани кои не ги прифаќаат Божјите чуда! Ако од Библијата ги откинете сите страници на кои се опишани Божјите чуда, не ве-рувам дека ќе остане барем една страница!

Бог сака преку чудата опишани во Библијата да ја разбуди верата во нас и да ни помогне во нашите неволји. Бог е во состојба и денес да прави чуда.

Пред некое време ме посети еден претставник на една секта, кој се обидуваше да ме увери во неговата наука. Помеѓу другото, ми рече дека Библијата е вистината само ако верувам во неа. My одговорив дека Библијата останува вистинита без разлика дали јас верувам во неа или не. Вистината е апсолутна и не е зависна од мојата (не)вера. Преку верата, јас само станувам учесник во она што е напишано во неа. Каква трагедија би била кога вистината на Библијата би зависела од (не)верата на луѓето.

Некои луѓе на пример, ни денес не веруваат дека космонаутите биле на Месечината. Дали навистина биле таму? Секако дека биле! Дали јас можам со своето неверување да придонесам тоа да не е вистина? Вистината си е вистина, верувале ние во неа или не. Исто така, Библијата е Божји Збор, без разлика што мислам јас за неа. Така е и со Исус Христос; Тој е Божји Син, верувал јас во тоа или не.

Од каде потекнуваат лажните науки и модерната теологија? Имаат само еден извор: недоволното познавање на Светото Писмо. Исус Христос им рече на садукеите кои не веруваа во воскресението: „ Зар не се лажете, бидејќи не ги познавате ни Писмата, ни силата Божја? ” (Мк. 12:24).

Ѓаволот се плаши од Бог и од Неговиот Збор. Лутер рекол: „Само едно зборче може да го сруши ѓаволот”. Кога Исус беше во пустината, Тој цитираше стихови од Писмото и го избрка ѓаволот. Секој кој сериозно се користи со Библијата, ќе извојува многу победи. А оној пак, кој се сомнева – ќе пропадне. Затоа, не сомневај се, туку верувај и постапи онака како што постапи Исус: „Бегај од мене сатано, зашто е напишано: На Господ твојот Бог да му се поклонуваш и само Нему да му служши!” (Мт. 4:10).

Секој што ги отфрла овие сведочанства и продолжува да го урива авторитетот на Библијата, нема да остане неказнет, затоа што Бог не дозволува да биде надитрен. Апостол Петар вели: „ Освен тоа ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што на него обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот не осамне и Деницата не засвети во вашите срца ” (2 Пет. 1:19).

Многу начитани луѓе сметаат некого за неписмен ако не ги познава делата на Гете или Шекспир. А колку неписмени можат да се сметаат оние кои до сега не ја прочитале Библијата, бидејќи таа е најпознатата книга во светот? Дали ти си ја прочитал Библијата? Еве што вели за Библијата и самиот Гете: „Преку Библијата се подмладува секоја генерација… Самиот јас ја сметам за многу драгоцена, и само неа и ја должам сета моја благодарност за мојата наобразба. Затоа и не ми се допаѓаат злите, горделиви и погрешни напади врз неа. Јас сум уверен дека колку повеќе човекот навлегува во неа, толку повеќе му станува попривлечна”.

Сум прочитал многу дебели книги чии писатели употребиле огромен фонд на зборови, и колку повеќе пишувале, толку помалку кажале. Секако дека има и исклучоци. За разлика од нив Библијата е во состојба да каже во неколку редови доволно, за што на луѓето би им требале цели томови. Чујте го само мелодраматичниот извештај во 22. глава од првата книга на Мојсеј, за Аврам и неговиот син Исак. Обрнете внимание на зборовите на Исак, кои се многу чувствителни. „ По тие настани Бог, искушувајќи го Аврама, рече: Авраме! А тој одговори: еве ме! Бог продолжи: земи го сега саканиот син твој Исака, па оди во земјата Морија и принеси го таму како жртва сепаленица на една гора што ќе тија покажам! И утредента рано, откако стана, Аврам го оседла магарето свое, зеде со себе двајца од слугите и Исака синот свој, па откако исцепи дрва за жртвата се крена, појде и дојде на местото за кое му рече Бог.На третиот ден, кревајќи ги очите свои, Аврам го здогледа местото оддалеку. И им рече на слугите свои: останете вие овде со магарето, ајас и детето ќе одиме онаму, па откако ќе се помолиме, ќе се вратиме кајвас. Изеде Аврам дрва за жртвата, му ги натовари на Исак, а самиот тој зеде во свои раце огнило и нож; па отидоа обајцата заедно. Тогаш му рече Исак на Аврама, таткото свој: Татко! А тојодговори: што е, синко? Ирече Исак: ете огнило и дрва, а каде е јагнето за жртва? А Аврам одговори: Бог ќе обезбеди синко. јагне за жртва. И обајцата го продолжија патот. И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Аврам направи жртвеник и кладе дрва на него, а откако го врза Исака, синот свој, го стави на жртвеникот врз дрвата. Тогаш. ја пружи Аврам раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој. Но ангел Господов викна од небото и рече: Авраме! Авраме! А тој одговори: еве ме! И ангелот продолжи: не кревај рака своја врз детето и не прави му ништо! Еве, сега знам дека се плашиш од Бога штом не го пожали саканиот син свој заради Мене. И Аврам ги крена очите свои и погледна, а тоа – зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Аврам отиде, го зеде овнот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој, И го нарече Аврам ова место: Господ ќе обезбеди! Затоа и денес се вели: на гората Господ се јави! А ангелот Господов повторно го викиа Аврама ирече: Се колнам во Себе – вели Господ – кога така направи и не го пажали саканиот свој син заради Мене. Навистина, Јас ќе те благословам и преблагословам, и потомството твое ќе го намножам и пренамножам како ѕвездите на небото и како песокта на морскиот брег! A потомците твои ќе ги завладеат градовите на непријателите свои. И ќе бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата, зашто го послуша гласот Мој. Тогаш Аврам се врати при слугите свои и се кренаа, па се вратија заедно во Вирсавија. И таму се насели Аврам ” (22:1-19).

Најубавото во Библијата е тоа што е објективна. Таа не ги опишува само позитивните работи, туку и слабостите на своите јунаци. Така на пример, Библијата говори за Аврам дека неколкупати во својот живот излажал. Исто така, говори и за апостолот Павле кога еднаш го искарал Петра и тоа сосема оправдано заради неговото лицемерие. Некои луѓе го сметаат Исуса само како син на Јосиф и Марија од Назарет. Дека бил добар благороден човек, но не и Божји Син. Таков како што го сметаат не е во состојба некому да помогне ако е на смртна постела. Библијата и овде ги поставува работите на вистинското место. Исус е истовремено и Бог и човек. Во состојба е да направи чуда и во овој дваесетти век. Оној којшто не верува во безгрешното зачнување на Исус Христос, се уште си останува во своите гревови.

Ако црквата Христова верува во семоќноста на Господ Исус, ќе опстане во сите борби, но ако ја отфрли оваа вистина, тогаш тешко на неа! „Никој не може да постави друга основа, освен поставената, која е Исус Христос!” (1Кор. 3:11).

Видовме дека Библијата се разликува по многу нешта од другите книги. Она што највеќе ја воздигнува е фактот што има Божествено потекло. Мојата молитва е, Бог да ги разбуди заспаните христијани кои ќе бидат спремни да ја признаат Библијата како врховен авторитет и непогрешлив документ за Божјата љубов кон паднатиот човек. Божјиот свет Збор е во состојба да ја обнови црквата одвнатре. Библијата треба да ја прифатиме со вера, затоа што Бог изобилно ги наградува сите оние кои My веруваат.

ЗОШТО Е НАПИШАНА БИБЛИЈАТА?

Библијата е огледало на луѓето. За да го илустрираме ова подобро, ќе се обидам да ви раскажам една случка што се случила во Африка.

Некој мисионер кога дошол во Африка, со себе понел многу подароци. Сакал да го израдува поглаварот, па го поканил да си избере нешто. Од сите работи избрал едно огледало. Целиот среќен се скрил зад едно дрво и прв пат се видел себеси во огледалото. Кога си го видел своето лице, се разбеснил и го скршил огледалото.

Зошто постапил така? Се исплашил од себеси, кога за прв пат се видел во огледалото, затоа што бил неуреден и грд. Дали откако го скршил огледалото станал поуреден и поубав? He.

Еве зошто е напишана Библијата. Таа е огледало на душата. Човекот може да се види во огледало и да се дотера, па дури може и да му се налути! Преку Библијата, Бог сака ние да се дотераме и уредиме. Нашиот внатрешен човек ќе остане грд, ако не ги читаме и не ги пазиме зборовите од таа Книга.

Како е со тебе? Дали сакаш да се видиш себеси во тоа огледало и да се корегираш, или пак го игнорираш? Многу Библии се покриени со прав. Ако и твојата е таква, веднаш извади ја од по лицата и огледај се во неа.

„Сите ние во своите раце земаме разни книги за да дознаеме што размислувале со своите срца нивните писатели. Меѓутоа, оваа книга, Библијата, ја земаме за да дознаеме што се случува во нашите срца”(П. Мауро).

Луѓето ја критикуваат Библијата, но таа е напишана за да не критикува нас. Еве и доказ за тоа: „ Зашто Зборот Божји е жив и дејствува и е поостар од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. И нема создание сокриено за Него туку се е голо и откриено за очите на Оној, пред Кого ние ќе одговараме” (Евр.12-13).

Некој рекол: „Тој Збор не е како што е зборот на човекот, туку како живо суштество, бидејќи сам Бог делува низ него”.

Иако овој Збор е спореден со меч со две острици, сепак намерата не му е да уништи, туку да поправи. Меѓутоа, Бог не дозволува да биде надитрен. Секој кој не го прима Неговиот Збор како лек кој лечи рани, истиот тој Збор ќе го суди. Исус Христос вели: „Ако некој ги чуе зборовите Мои и не поверува, Јас нема да го судам, оти не дојдов да му судам на светов, туку светот да го спасам. Којшто се откажува од Менв и не ги прима зборовите Мои, има кој даго суди: Зборот што го кажав, тој ќе го осуди во последниот ден. Зашто Јас сам од себе не зборувам, туку. Таткото, којме прати, Тој ми даде заповед што да кажам и што да зборувам ” (Јов. 12:47-49).

На неколку места во Библијата се спомнува дека Зборот Божји е жив. Дотука видовме дека тој Збор се споредува со меч и со живо суштество. Еве сега уште една споредба која говори за Неговата моќ: „Зарем не е Мојот збор како оган, вели Господ, и не е ли како чекан што крши карпа? “(Ерем. 23:29).

Божјиот Збор е моќен, а тоа го забележале и многу луѓе кои го извртувале и го употребувале за сопствени цели. Меѓутоа, воопшто не е мудро овој Збор да се злоупотребува, бидејќи оној којшто ќе го изврти, со истиот тој Збор ќе биде казнет.

Големиот реформатор Мартин Лутер напишал: „Библијата е писмо кое Бог го напишал за мене, според кое треба да се управувам и според кое Бог ќе ми суди”.

Библијата е напишана и затоа, за да не дојдеме пред Божјиот суд неподготвени. Бог сака да ги спаси сите луѓе од вечната смрт и од пеколот, бидејќи ги љуби. Зарем не сведочи за ова и самата Христова смрт на крстот? Тој те љуби и тебе токму додека ги читаш овие редови и сака да се помириш со Hero преку посредништвото на Исус Христос. „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, туку да има вечен живот ” (Job. 3:16).

Дали ја прифаќаш оваа љубов на небескиот Татко? За оние пак, кои што ќе ја отфрлат таа Божја љубов, нема да има милост за нив на Судот, макар и да живеат како најголеми светци.

БИБЛИЈАТА Е НАПИШАНА ЗА ДА HE СОЧУВА

Библијата е напишана исто така, и од причина за да ги запази луѓето од служење на лажни богови. Секаде, кајшто луѓето ја отфрлаат Библијата како основа за животот, потпаѓаат под силата на темнината.

Пред владењето на царот Јосија (639-609 пред Христос), свештениците во храмот престанале да читаат од Писмата, па затоа народот паднал во голем грев. Тие ги обожувале сонцето, месечината, ѕвездите… Во втората книга за царевите, 22. глава, забележано е дека и самите свештеници го заборавиле Писмото. Еден ден, била пронајдена книгата на Законот, па му ја прочитале на царот. Кога Јосија ги слушнал зборовите на оваа Книга, ја искинал својата облека. Увидел дека неговиот народ се наоѓа во ужасна темнина, па затоа заповедал да се очисти и храмот и народот.

„Тогаш царот му заповеда на првосвештеникот Хвлкији на другите свештеници и на вратарите,да ги изнесат од храмот Господов сите работи направени за Ваал и за Астарта и за сета небеска војска, и ги изгори надвор од Ерусалим, во долината Кидрон и заповеда да ја пренесат пепелта нивна во Ветил. И ги отстрани многубожечките жреци, што ги беа поставиле јудејските цареви да вршат кадења по идолските светилишта во јудејските градови и во околината на Ерусалим, и оние што му кадеа на Ваал, на сонцето, на месечината, на планетите и на сета небеска војска ” (2 Цар. 23:4-5).

Секогаш кога луѓето ќе почнат да им се клањаат на разни божества, како феном?н се појавува и неморалот. Така, во многу храмови постоеле таканаречени „храмски проститутки”, а сразмерно на тоа цутело и гатањето.

Можеби сега подобро ќе разбереш зошто Бог во Стариот Завет заповедал да се уништат некои народи кои им се клањале на лажни богови. За жал, и Божјиот народ ги презел лошите навики и обичаи од безбожните народи.

Царот Јосија наредил да се истребат сите гатачи и оние кои комуницираат со духовите на умрените. Исто така, ги отстранил и предметите на обожување кои биле подигнати во Ерусалим и во околината. Ниеден цар не бил толку решителен како Јосија. Се што правел, се раководел според упатствата дадени во Мојсеевите книги.

Дали ситуацијата денес се разликува многу од тогаш? Зарем нема и денес многу свештеници кои не се доволно запознаети со Божјиот Закон? О, кога и денес би се појавиле некои како Јосија, кои би го обновиле христијанството и би се бореле за напредокот на Евангелието и за уништување на духовната темнина со помош на Божјата сила! И денес ги има оние кои што се клањаат на сонцето, на месечината и на ѕвездите. Луѓето не можат да живеат без хороскоп, и од недела до недела купуваат весници во кои има хороскопи, за да дознаат што ќе им донесе иднината. Таквите луѓе Бог ќе ги истреби, ако не се покајат и ако не ја напуштат таа практика. Кој ја отфрла Библијата, тој постанува плен на темнината, која го апсорбира.

Дали веќе си ја прифатил Библијата како патоказ во твојот живот? Бог не ги создал ѕвездите за да им се клањаме. Наместо Hero да го прашаме што ќе ни донесе иднината, ние ги прашуваме ѕвездите и гатачите.

Цицерон, кој умрел во 43. година пред Христос, прашал: „Дали е можно додека гледаме во небото и ги набљудуваме небесните тела, да не дојдеме до заклучок дека Бог постои? Зарем не сме принудени да признаеме дека постои некое совршено мудро суштество, совршена личност која владее со се, дека постои Бог кој што е насекаде присутен и кој управува со својата сила? Кој се сомнева во овие работи, тој го порекнува и постоењето на сонцето кое не грее. Времето ќе ги уништи сите лажни теории, а истовремено ќе ја потврди онаа во која е втемелена природата”.

Професорот А. Толук пред еден век и половина напишал: „Ако сите проповедници во светот замолкнат, и ако ниеден нема да зборува за Бог, таму горе ќе се проповеда и ќе се говори без прекин за Неговата слава и чест”.

Пораката на ѕвездите од отвореното небо нема крај и се повторува од ден на ден се додека не настапи Судниот ден. Навистина, ѕвездите говорат безгласно, но оној кој сака, ќе ја разбере нивната порака. Видливата хармонија на нивните орбити многумина ги уверила во моќта на великиот Бог, кој е неограничен во својата мудрост.

Псалмистот Давид вели во еден Псалм: „ Кога ги набљудувам небесата Твои, делата на Твоите прсти, месечината и ѕвездите што си ги поставил: што е човекот, та внимание да му обрнуваш, и за родот човечки да се грижиш? ” (Пс. 8:3-4).

Природно е човекот да го слави својот Творец, но за жал, во повеќето случаи не е така. Веќе рековме дека луѓето повеќе сакаат да ја слават творбата, отколку Творецот. Дури и апостолот Јован еднаш падна ничкум пред еден ангел и му се поклони, иако ангелот е создаден од Бог да им служи на верните. Ангелот му покажа на Јован многу нешта кои што ги очекуваат верните. Пораката била толку прекрасна и возбудлива што Јован падна на колена пред него. „И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој што ми го покажа ова. Но тој ми рече: стој, немој, бидејќи и јас сум слуга како и ти и браќата твои – пророци, и оние што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони му се наБог!”(Откр. 22:8-9).

Да не ги потценуваме ангелите, но сепак сета слава не им припаѓа ним, ниту на созданијата, туку на самиот Творец.

Кога бев дете. ме поучуваа да му се молам на ангелот-чувар. Дури многу години подоцна сфатив дека тоа не е в ред. На Бог треба да му се обратиме кога ни е потребна заштита и, ако за тоа Тој искористи ангел, тогаш тоа е Негова работа. He треба да ги молиме ангелите да не чуваат, туку Бог, кој ќе ни испрати ангел-чувар. Тие се службени духови кои Бог ги праќа да им служат на оние кои се спасени и кои му служат Нему.

Ѓаволот, како противник на Бог, со сета своја сила се труди да им ги заслепи очите на луѓето, за да не ја видат светлината на Евангелието. Затоа, читај ја Библијата со молитва, за да не те измами ѓаволот. Бог сака сите луѓе да ја познаат вистината, и оној, којшто ја чита Библијата со желба да биде спасен, нему Бог ќе му го покаже патот на спасението. Така, Библијата е напишана за да не сочува од служење на лажни богови и да не води по вистинскиот пат.

ДАЛИ ВО БИБЛИЈАТА ПОСТОЈАТ ПРОТИВРЕЧНОСТИ?

Луѓето не ја отфрлаат Библијата бидејќи си противречи самата себеси, туку бидејќи им противречи ним.
Многу површни читатели наоѓаат во Библијата стихови кои не им се потполно јасни, па мислат дека си противречат едни со други. Веднаш ја ставаат на страна и повеќе не ја читаат. Зарем тоа не е сатанска мамка за да ја разниша нашата вера во Бог? He плаши се, во Библијата нема ниту една противречност. Потребно е само да се посвети малку повеќе време и внимание. Некои стихови можат да се разберат само така, кога барем делумно се познава јазикот на кој Библијата е оригинално пишувана.

Многу луѓе, или малку или воопшто не ја познаваат Библијата, а сепак остро ја критикуваат. Овде сакам да наведам еден таков пример, кој се случил во 1927. година во Германија. Некој свештеник редовно се состанувал со една група луѓе и со нив дискутирал за Библијата. Еден ден, кон групата се приклучил и еден „нов”, кој до тогаш не присуствувал на разговорите. Сите срдечно го поздравиле, но тој сепак се чувствувал непријатно во групата. На состанокот бил прочитан текст од Библијата врз кој се разговарало потоа. Придојдениот прашал дали би можел и тој нешто да каже. Останатите се согласиле, а тој им рекол: „Значи вие овде ја читате Библијата? Јас тоа го сметам за систематско заблудување”.

Присутните се погледнале меѓу себе, а човекот продолжил: „Тоа и ќе ви го докажам! Во Библијата пишува дека првите луѓе, Адам и Ева имале два сина, Каин и Авел. Каин го убил братот свој, а понатаму пишува дека заминал во една земја и таму се оженил. Од каде нашол жена? На земјата се уште немало луѓе освен семејството на Адам! И сами можете да согледате дека целата Библија е само една обична пародија!”

Останатите во групата почнале да се смеат. Нивната смеа се раширила низ просторијата и ова многу го збунило придојдениот. Тој се надевал дека со оваа своја констатација ќе ги разубеди останатите, а всушност се случило спротивното.

Тогаш му објасниле дека секој од нив на почетокот дошол кај свештеникот со истата приказна, и дека свештеникот ги поставил работите на свое место.

Тогаш свештеникот го запрашал: „Дали знаеш каде во Библијата стои дека Каин заминал во некоја далечна земја и таму се оженил?” Човекот не знаел што да каже. „Зарем тоа не го знаеш?” И продолжил: „Добро! Тоа и јас не го знам, бидејќи тоа го нема во Библијата. Во 1. Мојсеева книга 5:4 пишува дека Адам и Ева имале уште многу синови и ќерки. И пред да замине, Каин се оженил со една од сестрите. Кога луѓето се намножиле, Бог забранил вакви бракови помеѓу браќа и сестри. Дали сега ти е јасно?”

Новодојдениот климнал со главата, затоа што не очекувал ваков исход на разговорот. Дали и ти можеш да согледаш дека Библијата никако не ги заблудува луѓето, туку напротив, кнезот на овој свет е тој кој ги заблудува сите оние кои ја отфрлаат Библијата.

Можеби и ти си се обидел да најдеш некоја грешка во Библијата. Но дозволи и, и таа да ги пронајде грешките во твојот живот. Таа не е напишана за да ровариме по неа, туку за да го открие сето она што е лошо во нас. Дали ќе и допуштиш?

КАКО ДА ГО ДОБИЕШ МАКСИМУМОТ ОД ЧИТАЊЕТО НА ТВОЈАТА БИБЛИЈА
од Томас Ватсон, скратено и модернизирано од Матеј Воган

  1. Отстрани ги пречките. (а) Отстрани ја љубовта кон секој грев (б) Отстрани ги одвлечувачките грижи на овој свет, особено алчноста (Матеј 13:22) (в) Не прави шеги со Библијата и на нејзина сметка.
  2. Подготви го твоето срце (1 Самуил 7:3) Направи го ова преку: (а) собирање на твоите мисли (б) Отстранување на нечистите желби и намери (в) Не приоѓај да ја читаш Библијата безгрижно или во забрзаност.
  3. Читај ја со длабока почит, знаејќи дека во секој напишан ред, Бог ти зборува директно тебе.
  4. Читај ги книгите од Библијата по ред.
  5. Здобиј се со вистинско разбирање на Писмото. (Псалм 119:73) Ова најдобро се постигнува со споредување на соодветни делови од Писмото еден со друг.
  6. Читај со сериозност. (Второзаконие 32:47) Христијанскиот живот треба да се сфати сериозно затоа што бара напредување (Лука 13: 24), а не враќање назад. (Евреите 4:1)
  7. Настојувај да го запаметиш она што го читаш (Пс. 119:52) Не дозволувај да ти биде украдено (Матеј 13: 4,19). Ако не остане во твојата меморија, тешко дека ќе ти донесе придобивки и ќе ти биде од помош.
  8. Размислувај на она што го читаш (Пс. 119: 15) Еврејскиот збор за размислување значи да биде интензивиран твојот разум. Размислување без читање е скок во грешка; читањето без размислување е неплодно. Тоа значи да се раздвижи приврзаноста, да се подгрее од огнот на размислувањето. (Пс.39:3)
  9. Читај со понизно срце. Спознај го фактот дека си недостоен и дека е потребно да ти се открие Бог (Јаков 4:6).
  10. Верувај дека сето тоа што го читаш е Божјиот Свет Збор. (2 Тимотеј 3:16) Знаеме дека никој грешник не можел да го напише сето тоа, поради начинот на кој Библијата го опишува гревот. Ниеден светец неможе да го богохули Бог со тоа што ќе се претставува дека Божјиот Збор е негов. Ниту пак некој ангел би можел да го напише од истата причина (Евреите 4:2).
  11. Вреднувај ја Библијата многу високо.(Пс.119:72) Таа ти е од животно значење; преку неа беше роден (Јаков 1:18) треба да растеш преку неа (1 Петар 2:2), (Јов 23:12).
  12. Сакај ја Библијата ревносно (Пс.119:159).
  13. Читај ја со искрено срце (Лука 8:15) (а) Посакувај да ја знаеш целосната Божја волја, (б) Читај ја со цел да бидеш променет и да бидеш подобрен преку неа (Јован 17:17).
  14. Примени го на себе се она што го читаш, сфати го секој збор како кажан за тебе. Нејзините осуди на гревот како осуди на твојот грев; должностите и послушноста кои се барани како должности кои Бог ги бара од тебе (2 Цареви 22:11).
  15. Обрни големо внимание на заповедите од Библијата колку што и на ветувањата. Размислувај за тоа колку ти е потребно водство колку што ти е потребна и утеха.
  16. Внимавај да не бидеш завлечен од малите ситници, но биди сигурен да обрнеш доволно внимание на големите и важни нешта (Осија 8:12).
  17. Споредувај се себе си со Словото. Каква е споредбата? Дали е твоето срце нејзино пресликување или не?
  18. Обрни особено внимание на оние делови од Библијата кои зборуваат за твојата индивидуална, посебна и моментална ситуација, пример (а) Болка, неволја– (Евреите 12:7, Исаија 27:9, Јован 16:20, 2 Коринтјаните 4:17, (б) Чувство на Христовото присуство и насмевка– (Исаија 54:8, Исаија 57:16, Пс. 97: 11) (в) Грев– (Галатјаните 5:24, Јаков 1:15, 1 Петар 2: 11, Поговорки 7:10 и 22-23, Погов.22:14) (г) Невера– (Исаија 26:3,2; 2 Самуил 22:31, Јован 3:15, 1 Јован 5:10, Јован 3:36).
  19. Обрни посебно внимание на примерите на луѓето во Библијата кои биле како живи лекции (а) Казни (Навуходоносор, Ирод, Броеви 25:3-4 и 9, 1 Цареви 14:9-10, Дела 5:5,10, 1 Кор. 10:11, Јуда 7) (б) милост и ослободувања (Даниел, Еремија, тројцата млади луѓе во вжарената печка)
  20. Не престанувај да ја читаш Библијата се додека не се вжари твоето срце. (Пс. 119:93) Нека не само те информира, но нека те пламнува (Еремија 23:29, Лука 24:32).
  21. Практикувај го она што го читаш (Пс. 119:66, Пс 119:105, Второзаконие 17:19).
  22. Исус за нас е Пророк, Свештеник и Цар. Ползувај се од Неговата служба што ја има како Пророк (Откровение 5:5, Јован 8:12, Пс.119-102-103). Барај од Исус не само да ти ги открие Писмата, но да го отвори твојот ум и разбирање (Лука 24:45).
  23. Биди сигурен да се ставиш себе си под вистинска служба на Словото, верно и темелно да го толкуваш Зборот (Погов.8:34) биди желен и сериозен во Неговото чекање.
  24. Моли се да имаш придобивки од читањето (Исаија 48:17, Пс.119:18, Неемија 9:20).

Сеуште можеш да имаш придобивки и поминувајќи преку природните препреки:

  1. Можеби не изгледа дека имаш добивка колку другите. Сети се на различните приноси (Матеј 13:8) и покрај тоа што приносот не е колку онаа на другите, сепак е вистински и плоден принос.
  2. Можеби ќе се почувствуваш бавен во разбирањето (Лука 9:45, Евреите 5:11)
  3. Твојата меморија е лоша (а) сети се дека и покрај ова можеш да имаш добро срце, (б) сеуште можеш да ги запаметиш најважните нешта ако не можеш да запаметиш се, биди охрабрен од Јован 14:26.

ПРОУЧУВАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА  НЕ МОЖЕ ДА ТЕ СПАСИ!

Вистинското спасение не може да се најде преку ништожното примање на некоја вера, било да е вистинска или библиска.

Разбирањето само со главата не е патот до небото!

“Мораш да се нановородиш”, значи повеќе од тоа само да треба да  веруваш определени канони.

Проучувањетo на Библијата не може да те спаси! Мораш да поминеш преку тоа; мораш да дојдеш до живиот, личен Христос, инаку и прифаќањето и на најздравото верување не може  да ти биде од полза за спасението на твојата душа.

Спасението лежи само во Исус!

“Вие ги проучувате Писмата,  зашто мислите дека имате вечен живот во нив;  и тие сведочат за Мене.  Но вие не сакате да дојдете при Мене, за да имате живот.” (Јован 5:39-40)

 
Напишете коментар

Posted by на Април 30, 2015 во Uncategorized

 

Ознаки: ,

Коментарите се затворени.