RSS

СВЕТО ПИСМО – СТАР ЗАВЕТ (3)

09 Мај

13. Прва книга Летописи

Овие две книги ја опишуваат историјата на Израил од времето на Адам па се до присилното иселување во Вавилон. Првата книга содржи имиња и родословија од Адам па се до Саул, а преостанатиот дел му е посветен на царот Давид.

Поуки / Мисли:

***** Ако го бараш, ќе го најдеш; ако го оставиш, тој ќе те отфрли засекогаш ***** Штом те избрале, биди храбар и работи ***** Биди цврст и храбар и зафати се за работа; не плаши се и не страхувај *****

14. Втора книга Летописи

Книгата се состои од два дела: владеење на царот Соломон и поделба на земјата на две царства и владеењето на соломоновите наследници, се до освојувањето на Ерусалим од Вавилон.

15. Прва книга Ездра

Книгата започнува со овластувањата на Јудејците добиено од Кир според кое тие можат да го обноват храмот во Ерусалим, да се вратат во татковината, да ги воспостават традиционалните обреди и да го обноват и реформираат религиозниот живот во Ерусалим.

Пораката на оваа книга ја истакнува неопходноста од верата и праведниот живот. Имено, во времето на Ездра започнува да се формира оној јудаизам, во чија средина неколку векови подоцна ќе се роди Исус Христос.

16. Втора книга Ездра

Главната цел на писателот е да го опише враќањето од ропството и повторното подигнување на храмот, како и обидите за целосно обновување  на верскиот и општествениот живот на Евреите, предводени од Зорововавел и Ездра.

17. Трета книга Ездра

Оваа книга е откровение (или серија од виденија) кое првобитно било напишано од непознат еврејски писател. Во книгата се соопштуваат седумте виденија што ги имал Салатиил (кој е поистоветен со Ездра), а исто така се даваат одговори на прашањата поврзани  за разни проблеми (злото, страдањето, прогонството, крајот на светот, судот и новиот свет).

Поуки / Мисли:

***** Жителите на земјата можат да го разберат само она што е на земјата, а жителите на небото можат да го разберат она што е во небесните височини ***** Ти се молам, Господи, нека ми биде даден ум, за да можам да разбирам ***** Надевај се и не плаши се ***** Многумина се создадени, но малкумина ќе се спасат ***** Каква е нивата, такво е и семето; какви се цвеќињата такви се и шарките; каков е работникот, таква му е и работата; каков е земјоделецот, такво е и обработувањето.

———————————————————————————————————-

Поуки / Мисли:

***** Ако го бараш, ќе го најдеш; ако го оставиш, тој ќе те отфрли засекогаш ***** Штом те избрале, биди храбар и работи ***** Биди цврст и храбар и зафати се за работа; не плаши се и не страхувај *****

***** Жителите на земјата можат да го разберат само она што е на земјата, а жителите на небото можат да го разберат она што е во небесните височини ***** Ти се молам, Господи, нека ми биде даден ум, за да можам да разбирам ***** Надевај се и не плаши се ***** Многумина се создадени, но малкумина ќе се спасат ***** Каква е нивата, такво е и семето; какви се цвеќињата такви се и шарките; каков е работникот, таква му е и работата; каков е земјоделецот, такво е и обработувањето.

 
Напишете коментар

Posted by на Мај 9, 2015 во Uncategorized

 

Ознаки: ,

Коментарите се затворени.